А јас би те советувала што побрзо тоа подобро, без заобиколување да си расчистиш со мажот т.е. дечко ти кај сте и што сте, оти ако продолжиш вака допрва ќе пишуваш за проблемите со твојата свекрва како многумина овде, а всушност најголемиот проблем лежи кај нивните мажи.
Немој да се лутиш, ќе ти пишам искрено. Сама си крива, никој друг, никој. Да помогнеш во организација да, може. Ама цел товар на тебе, ало девојче не си ни верена, како и да се осеќаш во таа куќа ти си сеуште само гостин и така треба да се однесуваш. Има жени кои се лутат ако туѓинци им се плеткаат во кујна со желба да се докажат, твојава па е дијаметрално спротивна, односно го користи твојот труд и добрина до максимум. Таа да спие, дечкото се напил па и тој спие, а ти да чистиш, ма немој молим те, а славата нивна. Од сега па натаму кога си таму припомагај малку, ама никако до тој степен. И не е дека ќе ти паднат рацете ако помогнеш, туку треба принцип да се почитува, а и ти повеќе да се почитуваш себе, ако сакаш и они да те ценат.
Мене мт ме потсеќа на една фраза од нена неколку десетици страни погоре на темава. Беше нешто во стил „сака да си има женичка за секс ем мама сабајле да му пржи лепчиња.“ Ако е таков, не ти треба и подобро да спречиш отколку да лечиш.
Мила моја, мм не е ама ич мамино синче па одвај излегувам на крај со свеки! Што имам 100% поддршка од него! Внимавај, по со време види може или неможе да се живвее така. Ако он не сака да се дели, рачунај дека ќе си дремеш на судопер, или ќе си го поминеш животот во карање. Ако сега не си го стави прстот на глава па да размисли кои му се приоритетите и што е правилно, откако ќе се земете односно живеете заедно, се ќе биде бетер. Свеки беше злато додека не отидов таму! Колку пати ќе кажеше мм аман од онаа мајка ми, ваква таква никаква, јас будала го правев. А ај сега да се прашаме кој е будалата!? Теси е 100% во право, ти да си му тука за играње, ама ина мама да и помогнеш, немој да се умори затоа што таа е најважна, ти не баш. Ако бар малку се пронаоѓаш во зборовиве, мисли му ја.
тогаш штом е таква работава, разговарај со дечко ти, објасни му дека ти не си уште никоја и ништо и во таа куќа, па и кога ќе бидеш нешто дека не може така да се однесуваат спрема тебе, во бракот и те како е битна подршката од мажот, ако ја немаш, тешко тебе, гледај навреме додека уште не си се верила, стапила во брак, го сакаш да, ама од таков немаш никаква потреба, што не може да те поддржи во ништо, само мамичка, мама ова, мама она и да се обидуваш да направиш од некој нешто што не е, не бидува, така да не се надевај дека еден ден твојот дечко ќе престане да биде мамино галениче
Не ја коментирам свекрва ти, тоа си е друга приказна, ама ми падна в очи болдираново-вистина не знаеш млеко да свариш? Се надевам дека не мислеше сериозно. Тоа се основни работи кои треба да знаеш да ги работиш за себе, не за свекрва ти или некој друг. Кога вариш тазе млеко ставај и по малку вода, помалку од пола шолја. И пази бе со тоа ринглите, утре не дај Боже може ќе оставиш некоја рингла вклучена па ќе направиш некоја белја, не само капаци да изгориш. Ај да кажам и јас збор дав за свекрва ми, кога веќе сум на темава. До сега се немаме замерено за нешто покрупно или што би не довело до тепачка. Скоро секоја вечер пиеме заедно кафе, мезиме нешто благо ако има, ако нема ќе си речеме ај утре ќе направиме , колку да ни биде полесно, не дека одма ќе направиме . После си оди долу, ние горе ќе си легнеме. Не се случило до сега да седи до полноќ со нас и да гледа серии, уствари она не ни гледа турски серии, ги мрази . Најчесто јадеме или сите заедно во кујна горе, или они јадат покасно поради работни обврски или си земаат храна па долу јадат. После јадење задолжително и кафе, по некој трач муабет или нешто слично, можеби и различно и секој на своја страна. Некогаш јас готвам, некогаш она, некогаш секој ќе си спржи за себе, кога немаме доволно време за готвење и така. Некогаш садови јас мијам, некогаш она. Некоја покрупна замерка немам, не е од тој тип на свекрви кои се мешаат и сакаат да командуваат со снаите, поприбрана е и има свои граници. Нормално дека кога живееш во заедница ќе се најде некоја поситна или покрупна работа која ќе те изнервира некогаш, но за тоа постојат компромиси. Сите сакаме да живееме одвоено, да имаме пари, работа, свој простор, пари за градинка или да сакаме свекрвата секој ден да ни чува деца. Но во денешно време на невработеност и тежок и скап живот треба да се навикнуваме и на тоа што го имаме, да не го изгубиме и него. Подобро е да најдеме начин да направиме се да функционира пристојно, но ако веќе не може така, да не ги правиме работите уште покомплицирани.
Девојко извини ама за ова сама си крива, како и сите други кои се уште без прстен на рака си се распостелувате кај дечковците дома како да е ваша. Ти си му него девојка. Остави на страна муабети за земање, додека не кажеш пред матичар ДА ти си таму само ГОСТИН и така треба да се однесуваш. Е сега, јас а и многу други НИКОГАШ не си дозволиле да се раскомотат толку кај дечко дома за да си дозволи мајка му и татко му да ми каже да одам да раскренувам!!! Ама, јас никогаш не сум останала кај дечко дома со спиење ако се неговите дома, никогаш не сум седела на ручеци, вечери си слично. ( И тоа зборувам за долги врски). Сум одела на кафе кај него и толку. А ти и многу како тебе ја правите кардиналната грешка, им дозволувате да се однесуваат со вас како домашна затоа што си одат по она, кога веќе е цел ден овде нека помогни. Е сега тоа ПОМОГНИ за некој е да ти даде се да работиш а она да лежи. Ти зборувам зашто слушам од пријателки на мајка ми кои имаат синови како зборуваат за девојките што им спијат дома. Затоа постави си дистанца, и додека не кажеш ДА малку олабави. Верувај така повеќе ќе те ценат. А за мамино синче, не знам лек, јас раскинав со еден таков, зашто тоа е најстрашна категорија на маж.
Се согласувам со Нена, како и со некои други феминки погоре. Ти си пред се‘ ДЕВОЈКА на синот, не си ниту снаа, па може да се каже не си ни снаа to be! Што мајка бараш да чистиш, раскреваш, миеш садови? Кога одиш на слава на друго место (во комшии на пример) и таму раскреваш и миеш садови? Премногу си се опуштила и затоа си го окркала, па дури со ладна вода си миела. И зошто воопшто си седела до крај на славата? Зошто како и сите гости не стана и не си отиде со време? Една позитивна работа во твојава грешка е што НАВРЕМЕ си разбрала (се надевам) со кого имаш работа. Девојче, БЕГАЈ од таа куќа, од таа фамилија и од тој дечко што побрзо. Лага е дека работите ќе се сменат. Заблуда е ако мислиш дека тој заради тебе ќе се промени. Тоа што се случило тој ден (и таа вечер) ти е само трејлер од тоа што ќе ти се случува цел живот доколку се омажиш за тој твој дечко. Има уште дечковци по светот, знаеш? Некој од нив е можеби токму за тебе!
Tessie тоа беше вечерта да си има секс со жена му а на сабајле мама лепчиња да му пржи да го испрати со насмевка и галење на работа
Нена може да биде и полошо навечер да има секс со жена му а,насабајле очекува жена му д а и пржи лепчиња на мама... (сум се нашла многупати во оваа ситуација.) А во ситуацијата како што ја опиша ти сметам дека повеќе се работи за натпревар на внимание...кога веќе неможи со секс дај јас да му испржам лепчиња...убав тој на мама
Свекрвите во секоја снаа гледаат ривалка. Толку години се грижеле за синот и наеднаш доаѓа некоја и им ја превзема улогата. Тоа што им го прават на снаите го прават од љубомора.
Хаха, ова и кај мене беше. Со разликата што мојана само ќе спомнеше и немаше многу да замара „и ти вака да направиш/ и ти онака да направиш.“ По одреден период и тоа го снема. Мене да и` погодам на свекрва ми никад не ми било некоја голема амбиција па затоа изгледа со време си сфатила колку може тоа да допре до мене. И знае дека доколку не и` се допаѓа тоа што јас го правам за неа, можам и да си речам „е се откажувам, не знам така да го правам“. Значи почитувам совет и ука од постар и се`, ама вака да замара од чист инает не сум и` дозволила. Не можам да очекувам дека ќе и` погодам повеќе во животов отколку нејзината ќерка, па затоа не ме ни погодило тоа толку. Неколку пати на такви коментари од типот „ќерка ми вака го прави тоа“, ќе одговорам „Стварно? Интересно. Сите си имаме свои марифети.“ Толку.
интересно ова е тесие ама мене после повекето пати кажани леле керками кога го правесе тоа се топесе во уста од преубаво сто бесе,и јас секогас се обидувам да кажаам ааха,навустина?убаво, ама веке претерува.. после многу Честото вакво кажување и јас викам;е па и јас на мама многу работи и погоодував и она ги сакасе така,нормално дека ке прави убаво како сто и јас правеве кај мама моја некогас и така си и кажува ама морам да кажам последен период ми се смаЧи да повторувам од овие работи сто до сега и кажував,мислам некој ден ке ми пукне филм и ке и се изназборам се незнам сто ке биде.
Taка, така, те разбирам. Јас и си кажав дека беше посуптилна. Само сакав да ти потенцирам дека не си сама со такво искуство. Ќе да е нешто психолошки штом е одлика на многу свекрвици.
Па кажи и дека и ти сакаш да пробаш од тоа што го правела ќерка и, нека те викне кога ќе направи! Само остро и со поставени граници да знае до каде може да оди. Или снаата ќе биде лоша или свекрвата, ретко и двете да се добри!
Добро како дозволи да те командаат уште од сега. Дрска ќе бидам за да ти ги отворам очите. Со кој памет си спремала, раскревала....а? Ти си му девојка, уште не си му ни жена, не знаеш ни дали ќе му бидеш, а ти си им изигравала слугинка? Зошто си пукнала од срам? Затоа што г-ѓата си нашла некое муле (однапред извини за изразов, ама размисли убаво и ќе видиш дека сум во право) како тебе и уште од сега почнала да го команда. Таа си седела со НИВНИТЕ гости (а ти очигледно не си гостинка, туку никој и ништо т.е си, слугинка и потрчко), а ти си спремала. Зошто? Што сакаше да постигнеш? Да те видат ГОСТИТЕ (чекај, пак, ти не си гостинка ), дека нивниот внук/брат/комшија итн. итн. има вредна девојка. Баш напротив, сфатиле дека си глупа и наивна, во нивните очи си смотана (пак длабоко извини, навистина извини што вака ти се обраќам , ама за твое добро). Браво и за дечко ти ...тој си се напил, си терал гости (во споствената куќа) и дозволил девојка му да служи....Аферим. Па уште и татко му, и тој дошол да ти заповеда да помогнеш со раскревање. И пак си излегла мутава. Г-ѓата си легнала да спие, а ти си миела и ти смрзнале рацете. Дете, памет за друг пат....ако дечко ти се начука, ти земај палтото, кондурите и ДОМА. Него не му било гајле за тебе, дозволил да те возат сите по дома, а ти си отишла и седнала да видиш како му е, па уште и не си кажала ништо, да не ја правите голема. Дете, ова е веќе голема работа, немој да мислиш дека не е голема, дечко ти некако како да не му е гајле баш за тебе. Јас кога му бев девојка на мм, еден празник бев поканета од неговите на гости. И како гостинка заедно со др. гости си седнав на маса и си бев гостинка. Една тетка ми рече нешто да сум станела да донесам (не се сеќавам баш како беше), ама јас само реков дека јас сум гостинка во таа куќа и да се обрати на домаќинот. Си истеравме гости и си заминав пред да си одат и другите гости...културно се поздравив и си отидов...нема јас што да останувам и да мијам чаши, чинии итн.итн. И до ден денес кога ќе дојдат кај нас дома гости кои влегуваат во соба кај старите (а не кај нас), поставува, раскрева и мие свекрва ми и обратно. едит. Сега прочитав дека ти било страв да не ти рече дечко ти дека рацете ќе ти се изеле. Ти уште од сега се плашиш на таков коментар. Покажи малку заби, држи до себе, имај свое јас. Еве ти и пример од моето минато. Имаше денови кога со свеки се менувавме за миење садови (сега се поделивме и секој си мие свое) и речиси секогаш се случуваше кога треба јас да мијам, свеки да ги извади сите тавчиња и тенџериња уплескани. Чекаше мене да ми дојде ред за да ги измијам. Мм кога ќе ме видеше дека окапувам над судопер, доаѓаше и викаше-добро бе, уште си во џубокс (така во војска го викале мивалникот), откако те донесов во куќава само во џубокс си. Мајка му на тоа ќе речеше дека местото на жената е во кујна. Јас си ќутев и иако се нервирав посебно поради коментарите, продолжував со миење, а мм и одговараше-ако е така, овие што си ги уплескала да си ги измиеш и самиот тргаше некои садови. И никогаш, ама никогаш не ми рекол рацете ќе ти се изедат.
Нена, еве јас останувам кај дечко ми на спиење, дури и јадење правам (не ме условува никој, сама сакам да готвам за нас ), веќе скоро година дена, посебен спрат е од куќа, ама неговите родители се во истата куќа. И јас не го практикував ова претходно со дечковци од родниот град, ама од различни градови сме и врската на тој начин ни се одвива што јас одам кај него за да сме заедно. Друго решение би било веројатно да одиме по хотели или што знам други преноќувалишта, каде што веројатно ќе не‘ сметаат за љубовници... Значи, муабетот ми е не секогаш се нештата црно-бели, ни моите не беа на почеток презадоволни од тоа што ќе преспивам таму, ама си расчистив дека нема друг начин да поминуваме време заедно, па навикнаа со време. И други парови од различни места функционираат слично, бидејќи сепак врска од различни градови, не може да подразбира да патуваш со саати, за да седнеш на кафе во некој кафич само, па да си се вратиш дома, пак патувајќи со саати... И јас сум била секогаш против оние наметливи девојки и напорни, како поп ап прозочиња , јас уште не се сметам себеси за таква бидејќи преспивам, иако убаво ми го спушти дечко ми на оваа тема - јас сум сигурен дека моите знаат дека ние спиеме заедно ... Немам постојани контакти со неговите кога сум таму, во тие прилики кога сме се сретнале не сум почувствувала ништо непријатно досега, напротив само фер и коректен однос, греота би било да се пожалам. Мислам сакав само да го разбијам стереотипот дека ако остануваш на спиење, веднаш спаѓаш во наметливите ,,ајде ожени ме бе,, девојки , понекогаш условите можат да ги изменат нашите предубедувања.
хахахааххаха дада ретко и двете да се добри,или едната попуста или другата,али и двете да се зложуват и приватат една со друга ретко,ако едната е другата не. ке и кажам така а и друго може ке ми текне(или пак нека ни кува керкаи нонстоп,да не се маЧам јас а )...
Да има некој психолог на форумов читајќи ги коментариве,искуствава и мислењава за релацијата на односите снаа-свекрва мислам дека има доволно материјал и за докторска дисертација. Јас по професија не сум психолог и незнам зошто е тоа така...ама бившата свекрва многу сакаше да се меша и кажува како да се чисти,како да се готви,како се чекаат гости и ред други банални нешта . Немав золва за да ме споредува со неа таа вака таа онака ...ама пак затоа пак не пропушташе прилика, самата себеси се кажуваше за пример јас вака -јас онака.Мис перфект што да ви расправам нема врска што беше со светлосни години далеку од тоа.Што да очекуваш од некој кој во животот нема прочитано ни обичен весник со рецепти. Џабе на некој ќе кажуваш дека секој си има свои индивидуални марифети и начини на готвење и чистење...исто ко на глув да си му рекол а,тоа знае да биде навистина иритантно и психички неподносливо...не се сите паметни,разбрани и со слух па, да се разбереш со еден збор Ете така јас бев принудувана компирите да ги сечам само таа како што ги сече,(само за да нема кавги и јас будала)јадењата да ги готвам само таа како што готви(инаку никој немало да јаде јас како што ќе зготвам)Затоа моето прво јадење што го направив таму два дена по веридбата го најдов следниот ден фрлено во канта.(јас чуди се зошто ) Ова беше на почетокот.Епа после не можев повеќе да издржам..почнав да готвам јас како што сакам и тоа што сакам,за секое јадење знаеше да прокоментира зошто така сум го зготвила ,па кога ќе ме пофалеше свекорот дека убав бил ручекот и се снеарнуваше од мака..на крајот пак по мое излегуваше .
Се согласувам со Теодора целосно. Во скоро 4 годишна врска ми се случило неколкупати да преспијам кај дечко ми, а утредента заедно да одиме на работа од кај него (само кога морало, пример за именденот, доцна се задржавме, а живееме на 15 км оддалеченост). Не гледам ништо трагично во тоа, додека е со усул, не си наметлив, не пречиш никому ... Не знам зошто се сфаќа тоа како наметнување уз кое следи саундтрак песна ОЖЕНИ МЕ (веројатно затоа што има дел кои оперираат водени од токму ваква агенда). Небитно, поентата ми е - кога сум останувала да преспивам или на ручек, вечера, гости, сеедно, никој никогаш не ме заповедал - ајде сега ова, ајде сега направи вака. Според мене, двете страни треба да си ја знаат мерката и границата, за да се одржи еден баланс и мир. Исто како што мене не би требало некој да ме заповедува да зачистам, мене треба да ми текне сама да го раскренам креветот и нередот позади себе, или чиниите после ручекот. Треба фер и коректно однесување, не некому некој да слугува.