Кога веќе се караш со маж ти заради таа змијата, тогаш следниот пат кога ќе дојде избркај ја, барем да знаеш за што се караш а не без врска да ви праи проблеми.
^ Жената е змија ама да подигаш кредити за туѓо да местиш тоа е огромна грешка. Огромна! Ќе стиснеш заби, ќе воведеш ред. Правда и човечност, ма која правда бе која човечност. Од кого очекуваш? Од жена змија и маж лигуш?! Мора да се бориш да воведеш ред и мир. Не очекувај ништо од неа, мењај брава, не отворај ко ќе доаѓа. Бегала од маж на 60 години, сега не и чини а до сега топ и бил.
Ама зошто очекувате помош околу децата од некој трет? Разбирам тешко е, ама твои деца се, има градинки, пристопачни се и сите што ги праќат од мали таму не се будали. Дур трае породилното сте со бебето после тоа се бара решение, не секој што дочекал старост му е сон да чува деца. Мене не ми е, ако истото се очекува од мене на стари години ќе ми биде тешко. Помош привремена е нормално, ако некој понуди, ако не, никому ништо. Детето е само ваше, не треба да се рачуна на некој друг автоматски, па и лош ако не чува бре бре.
Абе се сложувам со тебе 100% дека не треба да се очекува помош ама да киснеш кај некого дома на секои 2 дена место да седиш како мисирка, ќе прашаш дали треба помош. Знае да се јавува кај син и и да прави проблеми во брак на тазе породена жена, а не знае пелена да смени. Тоа е злоба.
Па тоа е проблемот, што маж ми беше прекрасен, за се се договаравме, ептен убаво ни беше, ама мајка му која секогаш глуми жртва, таа е потпалувачот во секоја ситуација, не знам како да ви објаснам, го смени за 360 степени. Скоро секој ден му кажувам дека во оваа криза и ситуација сме поради неговите, ама нема фајде. Таа му пишува секој ден пораки, му се јавува, не го остава на мир. И пак тој е "заслепен" по неа. Јас не викам да не ги сака и почитува, далеку од тоа, никогаш не би застанала меѓу нив или да го терам да одбере, ама треба да се знае местото на секој. Кога си замина таа од кај нас, абе 100 лоши зборови ми изнакажа, и сега ми пишува понекогаш, ти си моја ќерка ми вика. Абе ќе полудам, како може да ме прави будала!
Така де, јас кога забременав, не очекував помош од никого оти ме навредуваа дека не можам да имам деца, а навистина не беше така, туку одлагав оти сакав моето дете да расте во убави услови, одлагав поради последиците што ми ги нанесоа другите, и да, мое дете е и јас ќе се жртвувам за него, ама ако не можеш да помогнеш не одмагај.
Совршено јасно. Мојава цел ден како хиена над мене, провокации, навреди летеа, ама чекаше да си дојде сопругот од работа и да ги пушти солзите. Му ствараше чувство на вина, демек она се жртвувала за него, спиела на ладно, одвојувала за факултет итн. А он сеа жена донел и сите ги заборавил. Мора решение да најдете. Ако веќе не живеете заедно тоа е добра страна. Помош не барај од неа. Свести го маж ти дека е сега татко, на тебе ти е потребен, речи му тоа дете кога ќе порасне не треба кредити да наследи, туку нешто да можете да му овозможите. Океј е, родители, сфаќам, многумина се би дале да ги видат живи, но во вашиов случај најдобро е граници. Ете на гости нека идат понекогаш. Ништо повеќе.
Нели? Па ај жена возрасна да се однесува љубоморно, не е дете па да разберам. Ниту сум и побарала помош, оти прв ден кога дојдов дома од болница, и се тупнаа веднаш да го видат мали, па и други гости имав, и дојдов од пат, изморена од пораѓај, абе јас частам, служам, родителите се ми имаа подготвено, купено, украсено (иначе не комуницираат со нив) а она абе не се помести од кревет. А убаво беше кога јас од чистење цела куќа коските си ги оставив таму.
Остави. Како правеле што правеле. Нека. И што ако доаѓаат? Ќе издржиш неколку часа. Битно не си секој ден под стрес и под исти кров. Сега главно ти е да си го средиш односот со мажот. Да не го напнуваш против неговите, контрапродуктивно ќе биде. Дај се од себе, на убав начин меѓу вас да биде подобро. Не се карај, не му префрлувај, некогаш премолчи. И мене ме болеше за мои родители што се слушав. Ќе сфати самиот, сигурно му е сфатено, но се чувствува должен на нив или едноставно му е жал.
Затоа душо напатена, јас веќе ни чаша од свекор и свекрва кај нив не преместувам. Зошто во ова усрано поднебје каде што сме родени, чим синот се жени, макар живееле и на 10.000 км, првиот момент кога ќе се сретнат снаа и свекрва се очекува снаата, готово, да чисти, да пере, да готви и се тоа со насмевка, преубаво да и е. Ако има деца, по можност децата да ги заборави, има со баба да спијат, ти робинка да си. Секој ден се каам што ме плукнал Господ овде во оваа недојдија. Колку сакаш биди ти современа, ако ти се погодат затупени, џабе е се, тонеш во нивната затупеност, сакала или не. Не викам дека не постојат и снаи такви, истите тие што биле такви снаи, сега се свекрвите што сакаат и крвта да ни ја испијат. Уште од сега ја жалам жената на внук ми што е бебе, зошто имав можност да живеам 6 месеци со снаа ми што нејќеше ни чашата од вода да си ја крене од маса, мајка ми ја служеше ко проста и збор не рече. Уште и во тањир да и ставаш и да се дурли ко дете мало зошто и се допреле месото и оризот. Е оваа утреден месо живо ќе и јаде на снаата. И се така во круг. Ја имам дома под мене, глуми колку си ја сакала свекрвата и све она и правела, ама фала Богу мм голем бил па памти како и што било и знае да и го плесне. Стално кај што една е на место, другата не е. Седни си го маж ти и направете муабет ко зрели луѓе. И објасни му се' убаво. Неможе мене свекрва ми вербално да ме нападне и мм мене да ми е лут на крај. Да се едитирам: Чим некоја ко мене што не ќути на ништо има нерви изгубено, што останува за некоја што ќути. Ми се плаче за судбините на жената на овој проклет Балкан. Бар се испукав ако ништо друго.
Така е. Молчам со години, ама се надевам ќе дојде мојот ден, па да видам и јас светло на крајот на тунелот.
Се согласувам, не се само свекрвите криви, има и такви снаи, ама стварно јас не барав луксуз во животов, ептен сум кротка личност, ниту од родители мои, ниту од мм, сум сакала со свекрва да одам, да иде, кафе муабет, ама не. Кога не оди, не оди, не можам да се преправам.
Леле господ да ме чува само здравје кога ќе бидам свекрва да не се извештерам вака како мојава и како овие што ги читам. Јас не можам да разберам што им станува на жениве кој имаат синови, кога ќе станат свекрви и баби. Ова сериозно треба науката да истражи, вака не е само на Балканов читам и странски форуми вакви вештерки насекаде ги има.
Да ме навлагаме во твоите одлуки да избегаш од дома, ете биднало. Само со искрен разговор, ќе седнеш и ќе му кажеш на маж ти, си пробала да бидеш човек, да ја примиш дома да ја угостиш, иако не заслужила затоа што ви треснала врата кога вас ви било најтешко. Не му збори ништо како е она најлоша или било што, кажи му само дека од сега понатака сакаш мир и ред во твојот дом, сакаш да се одмориш после работа и да си го гледаш детето на раат, а не да изиграваш служавка на здрава права жена што дома на мажот нозете му ги мие, ама кај тебе не може да стане кафе да си направи. Ако не, он нека си ја гледа, скроз игнорирај ја без пародон. Ако си во океј однос со мајка ти, ја би те советувала да дојде и она на поседок 1месец, спреми ја убаво, па нека победи појакиот. Маж ти праќај го да пазари, да чува дете, давај му 500 обврски да осети на своја кожа.
Затоа е пуна темава. Веќе станува трагично. Ги утепал простатлукот. Е! Ама кому ќе се докажуваш. Кому?! Од комшиката што чула дека снаа ѝ мете дур оваа си ја прчи?! Жими гзов си ја прчи, лажат. Али ај да не се збори по комшии. Пу.
И мајка ми така викаше. Само паметот да ми стои. Еве и јас со син единец си велам, ако доживеам да бидам свекрва имам пример каква да не бидам.