Се додека одењето на психолог и психијатар го сметаме дека некој го правиме луд ние сите сме навистина луди.Во светот таквите посети се нормална работа луѓето си одат за совети, подигање на личната свест и баш заради тоа и не полудуваат
Ахам. И јас снимав. Одамна беше, но не ми помогна сниманото. Она рекла така ама не мислела така. Лошо се изразила, многу грубо било излагањето. Во нервоза било. Па почна да објаснува и извртува за да се оправда демек муабетот имал друга поента. Плус тоа била испровоцирана од мене затоа така рекла. Ме намести тогаш квалитетно. Изгледаше како јас да се обидувам дс ја наместам неа. Со намера сум снимила и сум провоцирала да кажува лоши работи. Небитно, не и поверува маж ми, но се замисли. Почна и во мене да се сомнева.
Ќе снимам да му докажувам, како да не, ако ми верува ок, ако не ми верува што е со мене? Каде е довербата, демек не ме знае па ќе му докажувам дека мајка му ми ги минува границите. Ако дојде до момент да се снимам за да се докажувам, пиши пропало.
Мажите најлесно се манипулирани од мајките. Мојов не дека не гледа, не дека не знае, ама секогаш ја вади на карта дека таква била и дека имала лошо детство.
А дали е барем на твоја страна? И дали признава кога не е во право мајка му? Инаку за другиот дел што ти рекол дека е таква. Со некои луѓе нема разбирачка џабе е се и на глава да стои не може да ја смени. Тоа е карактер. Таа до сега чим не се сменила, не ни верувам после толку години сигурно е 50+ сега дека ќе се смени после 50 години тешко тоа.
Оди во тема за нарцисоидно пореметување на личност и читај. Ќе разбереш и зошто така се однесува кон своите деца и ги малтретира и зошто тие ја трпат и слушаат, а и од друга страна -зошто на другите што ја познаваат им е убав впечатокот за неа. Ќе разбереш и кои механизми ги користи за да ги контролира сите околу неа. Ова овде што го наведе, како предизвикувањето на чувство на вина и (преголема) одговорност на маж ти кон неа, се некои од примерите. Дури и ова што го пиша дека растела со родители кои не и поставиле јасни граници, се и било удоволувано и ја размазувале, оди во прилог на ваквиот профил. Тебе не ти се верува, но на маж ти тоа му било толку често што му е нормализирано. Тој сега треба да научи дека семејните односи може и треба да бидат поинакви. Најпрво треба да сфати дека нејзиното не е нормално и не е во ред. За да се заштитиш себе, него и вашите деца од нејзините манипулации ќе мораш да останеш ваква како што си сега, објективна и разумна. Љубезно и со почит кон неа, ќе си поставуваш јасни граници до каде може и треба да се меша. Ќе си кажуваш НЕ ако мислиш дека треба. Еве читам и други тука пишале, дека им купувале, чистеле, работеле се што ќе им побарала свекрвата, по цена не знам каква се не лична жртва.. Најголема грешка е тоа што на сите нејзини барања се трча да се одговори колку и да се жртвувате, со надеж дека исто ќе ви биде вратено. А гледате дека не се враќа никогаш услугата за услуга и доброто со добро. Еднаш може да пројде тоа, ама за вторпат треба да знаеш со кого си имаш работа. На маж ти со свој личен пример, преку својот однос кон него и децата ќе му дадеш репер за тоа како треба да биде односот еден кон друг. Верувам дека и нему ќе му олесни ако се оддалечи од манипулациите и со време ќе се смени и неговиот однос.
Па нека си ја чуваат дома и нека јадат ќотек. Луѓето ќе речеле дека е луда, зошто одела на психолог и психијатар... А што ќе речат дека е таа кога недај Боже ќе отепа некого дома? Мислам дека треба да и објасниш на ќерка ти на некој внимателен начин, без некого да оцрнуваш, дека не треба да е толку искрена со нив и да не пренесува се што ви се случува дома на нив. Очигледно дека ќе злоупотребат и ќе искористат како повод да се вмешаат.
Абе и од нивна страна гледано, не се криви што се нивни синови. Таа му е мајка, каква и да е. Може и да ја разбира и донекаде или се да и простува. Но, мажите мора да разберат дека таа не е мајка на неговата жена и неговите деца. Ако тој ја разбира, може некој друг не ја разбира и не мора да ја трпи. Не се должни ништо кон неа. Колку и да ја оправдува во себе мора да постави граници и да не дозволува малтрерирањето да се пренесе и на неговото семејство. Одговорен е како родител и за своите деца и мора да ги заштити и да им дозволи да имаат мирно и хармонично детство во својот дом.
Фала ти за опширниот одговор. Ми годеше мислењево. Инаку кај маж ми има огромна промена. Значи претпоставувам пред да дојдам јас и он ја трпел како другите. И сега јас сум и нејзе пречка пошто сега маж ми е постојано со мене фактички сум и го зела синот. Како што си имале некои навики пред да дојдам јас наместо со нив мсж ми се со мене ги прави тие работи. Пример кафе си пие со мене а не со нив и слично. И се гледа дека им смета тоа што тој нон стоп околу мене се врти. Јас многу му зборував на маж ми му кажав дека нејзиното однесување не е нормално. Не дека он не знаел. Ама некој кога ќе ти кажува факти нели ќе седнеш и ќе почнеш да ги анализираш постапките. И он мноооогу е сменет во односот спрема неа. И неа тоа ја боли сега. И нормално глуми жртва за да го манипулира. Ама јас не дозволувам нон стоп му укажувам на тоа како треба родотелите да се однесуваат. сега и ние сме родители дека вака утре на свое дете дали би правеле? И тој сам кажува дека со неа никој не може да излезе на крај дека ако нешто не е по нејзино и најбанална работа одма прави скандал ќе те нападне и пошто е јака на вилица ќе те уништи. И кажува дека тоа не е нормално. А маж ми е карактер што не знае да се расправа и премногу е добар. Ама и става постојано граница иако она се обидува да ја премине од него добива игнор и скроз е тргнат на страна од неа. некогаш викам мајка му е,греота,можеше да биде поинаку. ама сама си го направи ова, сопствениот син да ја избегнува.
Епа, да, нормално дека ќе и пречи. Со неговото внимание си задоволувала своја лична потреба. Сега ќе треба таа функција за неа да ја извршува некој друг, иако таа цел живот ќе се обидува да го добива вниманието од синот. И физички да е оддалечен, ќе го замара на друг начин, пр. со често јавување. Тие што ќе бидат крај неа физичи, тие ќе бидат оние кои ќе и бидат жртви и ќе го носат товарот. И да, можело да биде поинаку, но најверојатно нема никогаш таа да се смени. Пациентите со оваа дијагноза најретко посетуваат психолог, зошто никогаш не си признаваат дека имаат проблем. И дури и да отидат некако под притисок од семејството, со нив тешко се постигнува нешто, зошто според нив, тие најдобро знаат за себе и не се приемчиви кон советите од надвор (колку и да е стручно другото лице). Нарцисоидните личности немаат здрава самодоверба, немаат пред себе расчистено со своите маани и послаби страни и не ги прифаќаат, односно не можат да прифатат некоја несовршена слика за себе како точна, па мора да демонстрираат супериорност за да се убдат себе си (и другите) во спротивното. Поразително е од која страна и да гледаш, ама статистиката не оди во прилог на успешните приказни. Затоа на луѓето кои мораат да одржуваат комуникација или да живеат со вакви лица им советуваат да се оддалечат од нив, колку можат повеќе. Прво физички, а ако тоа не е можно да се оградат од нив со комуникација. Им се даваат совети како да комуницираат со нив кога ќе мораат со цел да тие интеракции бидат што е можно помалку штетни.
Ама добро бе, кога ќе сфатат дека родителите не можат вечно да живеат заедно со децата? Нормално е еден ден да се разделиме, таков е животот, студирање, работа, брак, па не е крај на свет. Сега благодарение на модернава технологија, тој недостиг се ублажува колку толку. Ете и јас имам син, дај боже утре да има семејство, ако него му одговара животниот сопатник, зошто јас да му го расипам мирот? Нема логика. Почнувајќи од бебенца, ете за некоја недела ќе го испратам во градинка, ич не сакам, ич, ама морам, такви се условите, неизмерно ќе ми недостига тие 8 часа, ама знам дека таму ќе се едуцира, дружи... Јас живеам во ист град со родителите, ама не ги гледам секој ден, не сум со нив по цел ден. Така и синовите. Никој не им забранува на тие свекрви да се дружат со синовите, може само помалце внимание да им посветуваат од порано, па дај нека ги пуштат на раат, возрасни луѓе се и знаат што прават!
Проблемот меѓу нас жените е шо сакаме да имаме контрола врз мажите. Жената го воспитува синот и до некаде го контролира и еден ден и иде снаа , и она сака да го контролира мажот, сака само неа да ја слуша и тука доаѓа до сплетки. Не за џабе викат старите две жени под ист кров не бива.
Да, тоа е нормално, добро и посакувано. Ама не и за оној кој има психички проблем. И не за оние кои останале со тој менталитет од пред 200 години кога семејните релации биле такви за да се опстане и функционира во тоа време. Денес се сменети околностите и можностите, сменети се потребите на луѓето, сменети се и односите во семејството и она што е општоприфатено за нормален однос меѓу родители и дете.
Јас мислам тоа си влече корени од постсрите генерации. Еве пример мајката на свекрва ми само неа ја имала немала други деца. Имаат погрешни животни сфаќања. Замисли од дете така да ти е перен мозокот. Неколку пати сум слушнала од неа дека мајката е една. Дека мајката е на прво место па после маж/жена деца. Демек ако се разведеш се враќаш кај мајката. И тоа се пренесувало со генерации. Еве јас сосема подруго сум била воспитувана од моите уште од мала сум слушала дека кога ќе пораснеме сите си имаме свој пат. Свое семејство почит да. Ама нормално прво мажот и децата. Тие ни стануваат се. Тоа е животен процес.
Па не би рекла. Јас мислам дека повеќето членки овде, како и јас, сакаат синови кои ќе бидат свои личности, независни, способни да се грижат за себе и други и самостојни. А исто такви и партнери бараат жените. Самодоволни, самореализирани, стабилно изградени зрели личности, свесни за себе и со добра самодоверба, немаат потреба да го контролираат партнерот и му даваат слобода да биде тоа што е. Го бираат партнерот баш зошто им се допаѓа таков каков што е и не се обидуваат да го сменат. Знаат дека таков им одговара да им е сопатник во животот што го створиле.
Нормално, со твое дете не сакаш никој да си игра, колку и да е возрасен, заштитнички цел живот ќе се однесуваш, ама и тоа има граници, ниту еден брак не е совршен, ама ако му е убаво на детето со жена му, што тогаш. Личен пример, имавме гости, јас ги пречекав, испратив, значи сите адети, свекрвата само седеше и си пиеше и јадеше на готово со нив, иде меѓувремено девер ми, и и вика ај спреми ми нешто набрзина, многу ми се јаде, и таа: како да не, јас имам гости, со тебе ќе се расправам, и си се качи горе. Толку ми беше жал за девер ми, му се насолзија очите, а и мм беше тука, и кажа дека секогаш е така. И во сите тие гости, најдов време, му направив еден оброк. Сакам да кажам, дека не е толку грижлива како што се преправа
Па не кажав дека не е така, нормално дека сакаме нашите синови да бидат се тоа, но и не сакаме да ја изгубиме контролата над нив. Колку и да го негираме тоа, тоа ни е всадено во потсвеста. Затоа најдобро е оделено секој да си живее.
Околностите и општествата се семниле. Ама новиве генерации ако можам така да ги наречам, пошто сега тие се баби и дедовци, останале „верни на традицијата“ до степен што станале ригидни на промените. Не се адаптирале на новото време. Таа ригидност е донекаде и нормална со годините, но до степен кога оди на лична штета веќе и не е нормална. Зошто прво треба да преживееш. Конкретно- во примеров што го кажа - ако жената се разведе се враќа кај мајка и. До пред 200 години жените немале можност да се образуваат воопшто или тоа било само колку да се описмени, немале можност да работат и да се финансиски самостојни. Не учеле занат. Со својата рачна, домашна работа придонесувале за финансиската состојба ама на семејството, а не лична. Добросостојбата на жената ќе била обезбедена само преку машкиот член во семејството- татко, маж, брат и сл. Колку подобро и побогато омажена, толку посигурно. Затоа се учела на тој патријахален однос, како да го негува и почитува и потоа и самата таа го пренесувала така на своите ќерки аа да и тие имаат сигурност. Научен шаблон на однесување, се задржал зошто функционирал за тоа општество. Ако остане вдовица, сама нема да живее, нема да опстане, освен ако не е проститутка. За што би била отфрлена од другите и лошо би завршила најверојатно. За да може да се омажи, мора да има добра репутација а за да се омажи добро и добар мираз. Ама првово било услов. Иначе џабе миразот. Што ја учи Зоне татко и, памтиш? - Образ да чуваш! Образ је највечи капитал! Е сега сменети се работите. Сега не и треба мажот на жената за да е самостојна. Сега се мажи зошто сака. Бира со кого. Луѓето кои се затекнати во промената или ќе се адаптираат или ќе си останат со прстот во уста. Сами и незадоволни. Се распишав на твојот пост, извини. Ама стварно сакав само да го напишам.
Ти се насолзија очи за возрасен здрав прав човек што не му направила мама оброк? И си земала ти да му правиш?
На деверот му се насолзија очите, не мене, ама од односот, на начинот на кој му одговори, на начинот на кој се однесуваше, што на прво место ги стави гостите, иако таа ништо не се помачи околу нив, а и нагласив дека не е прв пат така да се однесува, сепак за свои деца, колку и да се возрасни се би направил, а муабетот е дека глуми, се прави дека се грижи за нив, а од друга страна баш ми е гајле за вас. Затоа и се нервирам кога глуми загрижена мајка!