Не се чудете зошто така се сфаќа тоа преспивање кај дечковците - таков ни е менталитетот. Мене тоа фино лепо ми беше префрлено од страна на свекрвата и свекорот, дека сум идела кај нивниот син да спијам оти сум сакала да ме ожени. Ете, да си знаете, да не ви речат утре нешто такво, да не се чудите. Кога го слушнав тоа, ваква останав
Во врска со споредбите и замерките јас уопште не сфаќам зошто толку при срце ги земате, јас и мајка му на Петко слично готвиме, па не сум имала често замерки меѓутоа пред извесно време за некој ручек татко му се осмели да искоментира нешто (не се сеќавам што точно беше но нешто во смисла на " манџава многу густа ти е и не солена, Х другачие ја прави, требало по течна и ...."), првин ме изненади но во истиот момент му вратив "Јас така знам, така мислам и така сум ја направила, ако ти, Х или Петко знаете подобро повелете утре вие згответе јас со драго срце ќе седнам да се најадам па ако ми се допадне ќе ве пофалам." И толку беше, од тогаш никој ништо не искоментирал, ниту некој се налути, јас се заштитив себе и нема да дозволам било кој да ми наоѓа замерки за нешто за што јас сум вложила труд и сум одвоила од своето време, не патам од тоа дека сум најдобра па со отворен ум прифаќам сугестија, но не само со зборови туку и дела, под тоа подразбирам не само забелешки за готвење туку и за чистење, диплење, пеглање и сл. Јас нештата ги правам како јас мислам дека треба, ако некому не му се свиѓа нека повели и нека направи ако е навистина така подобро сигурно ќе го променам мојот начин. А за работење и помагање јас и сега иако сум верена и живеам со Петко долго време не дозволувам се по дома јас сама да правам иако моментално немам никакви обврски и сум по цел ден дома. Ако на пример јас избришам прашина, усисам и сл. свекрва ми го средува ВЦто, готви, мие садови. Не ми паѓа на памет да изигравам куќна помошничка сега а уште помалку додека му бев само девојка, едно е да помогнеш а сосема друго е дотичната да легне а јас да раскревам и мијам, во таква ситуација и јас ќе легнам па кога ќе стане ќе станам и јас да помогнам притоа велелепно ќе и речам "Не фатив ништо, те чекав тебе, видов одмараш па нејќев да ти лупам". Или свекор ми да дојде да ми рече иди помогни и на Х, ќе го прашам зошто Х не дојде културно да праша да и помогнам, јас би се бунтувала Петко да ми рече а не па татко му. Девојче не ти се изеле рацете, нема ни да ти се изедат ама на тој коментар можеш културно да вратиш "Не, не ми се изедоа, немаше ниту тебе, ниту на мајка ти или татко ти да ви се изедат ако нешто помогневте". Преќутувате на све и свашта, веднете глава и кога не треба и после Цацко ви е крив кога никој не ве почитува.
Јас не сум останувала да преспијам затоа што сум имала полициски час од моите. Се знаело кога треба да бидам дома, а не ретко се случило кога ќе се приберам мајка ми да погледне колку е саат...случајно да не каснам. Неодамна на една семејна собиранка, падна муабет баш за оваа тема, за останување кај дечковци на преспивање и еден од присутните почна да кажува дека често девојките лажат дека остануваат да преспиваат кај другарки, а всушност спијат кај дечковците. Јас реков дека мене никогаш тоа не ми се случило, а тој почна да се клешти демек лажам. Тука скока свеки и го потврди мојот коментар, дека во нашата 1.5 год. врска никогаш не сум преспала ниту сум останала до сабајле, иако и ние живеевме јас на едниот крај на Ск, тој на другиот (30 мин. вожња со кола, не знам колку точно км.) Мм (тогаш дечко ми) ме викал на преспивање, дури и викал дека ќе му кажел на татко ми дека гарантира за мене и дека ќе се вратам (нема да одам бегалка ), ама мене ми било глупо и непријатно да останувам. Може и влијанието на моите некако потсвесно направило да имам негативен поглед кон преспивањето. Всушност кај нас татко ми беше бајаги строг и патријархално не` држеше и воспитуваше и забрането ни беше преспивањето. Дури и на одмор не сум била со мм пред да се земеме (татко ми не ми дозволи, а јас го послушав.) До душа никогаш и не сум ни помислила дека може да ми се залепи етикета дека останувам да преспијам затоа што сакам да ме ожени , туку ете сум се чувствувала непријатно, во смисла- ќе станам и ќе се видам со твоите и ќе си кажеме добро утро и одма ќе знаат дека сме правеле срамски работи. Не дека не знаеле , ама ова некако би било апла. Сепак тоа беше пред 8-9 год.
^ Ако речат па преку таквото (пардона ме) На фини и културни луѓе ќе им биде мило понекогаш да имаат можност наутро да и сварат кафе на девојката на синот и да помуабетат малку со неа (да не сте само деца, сеуште премногу млади па да стално се влечкате по дома и си играте тетки), а на леви карактери секогаш сенешто ќе им смета и секогаш ќе си најдат причини за приговарање...
Многу, многу чудни сме ние жените. Снаа и свекрва, една со друга се јадат, а и двете му го мислат најдоброто на најсаканиот маж во нивниот живот. И ист е случајот како да се сопернички. И не ми се јасни мајките како сакаат вечно нивните синчиња да им се влечат по нивната суќна. Разочарувачки за една жена е да не дозволува нејзиниот син да најде жена која ќе ја љуби и која ќе биде мајка на нивните деца. Разочарувачки е да се влезе во некој однос без почит. Во Македонија љубомората претерано царува во секое срце. А најтешка е љубомората која гуши и не дозволува најблиските да си живеат среќно и Слободно. Мајка ми и баба ми секогаш ќе ми се враќаат во мислите. Тоа се жени кротки, а борци. Тоа се тивки жени кои ракувале со своите семејства. И двете си добиле заслужена почит од своите мажи, а и меѓусебно си се почитуваа. Имаа така мирен однос кој сеуште неможам да го сфатам. Јас мајка ми никогаш не сум ја слушнала да се кара со баба ми. Преспивањето во домот на дечкото, додека неговите родители се таму и мене ми е малку непријатно ама немам ништо против тоа. Само кажувам дека јас во таква ситуација не би се чувствувала пријатно. А ако мојата свекрва некогаш ми спомне дека нешто не ми е добро зготвено верувајте нема да се налутам. Па јас сега се учам да готвам, а и немам цел да бидам подобра готвачка од неа. Некако тоа не ме исполнува. Мене целта ми е да бидам добра во кревет и да ја имам и добивам целата можна љубов од него.
Арно велиш Скорпионке - на фини и културни луѓе. Ама овие не се такви. Се чудев зошто и мм и сестра му сакаат да побегнат што подалеку од овде, сега ми е јасно зошто. Ако ми префрлија што спиев кај мм уште додека бевме во врска, што ли ќе речеа да знаат дека кога студирав претежно имав машки цимери (никој од нив дечко, да се разбереме) Лолитке, и јас не би преспивала кај дечко ако сме од ист град, само ептен ако немав друг избор. Да го сретнев мм додека уште студирав, подруго ќе беше.
се слагам дека треба да има граница за се. денешниве девојки се обидуваат толку многу да им се допаднат на сите што на крај паѓаат во сопствена стапица. и јас кај мм неам преспиено како девојка а неговите ги запознав официјално после 2-3 години врска и нормално си бев гостинка цело време. дури и кога почнавме да живееме заедно во скопје, кога одевме во нашиот град секој си спиеше по дома мене никако не ми дозволуваа да преспијам кај него а и мене ми беше непријатно. си се знаеше местото на секој. и до ден денес кога сум кај нив не ми даваат ни масата да ја раскревам а мене пак ми е непријатно и колку толку фаќам. ручек никогаш не сум направила таму се знае тоа е куќа на свекрва ми и тоа е нејзина задача, само еднаш направив погача и ме испофалија демек многу е убава хахах и многу го ценев тоа баш ме охрабруваа. а за мм да не спомнувам ако речам ај демек да им спремам нешто вика абе ти луда си ај марш у соба облекувај се излегуваме и што да правам јас си го почитувам мажето.
Друго ми текна.... Спојлер Во моментов се` уште сме преокупирани со проблемите со нашите свекрви и нашето преспивање/нераскревање и други ситни и небитни работи. Замислете кога за некоја година (а брзо ќе дојде тоа време, еве според мајка ми, кај да е, ќерка ми ќе матурира и ќе оди на факултет) на НАШИТЕ деца ќе треба да им одобруваме или забрануваме преспивање.... Сега за сега имам само 1 дете, а дај Боже да имам 3, верувам дека ќе сум отворена мајка и дека ќе им дозволувам да преспиваат, ПО МОЖНОСТ повеќе кај нас дома, да ми се пред очи за да можам да ги анализирам до најситен детал Е тоа ми беше дилемата....зошто бе да не сакаат да преспива девојката кај нив? Зарем не ги интересира која е таа со која син им го дели креветот?? Единствено објаснување кое ми текнува во моментов е дека не сакаат да не случајно идната снаа види нешто што не треба Вака, откако ќе се земат - дошла маца на вратанца сама, нема назад
Јас да се надоврзам како постара и како некој кој имал муабети со жени кои би биле идни свекрви (т.е. мајки на синови). За преспивањето си имаат повеќето некој став дека не сакаат девојките на преспивање да им се мотаат дома. Дури и колешки кои ги знам како современи не сакале (генерално) девојките на синот да им преспиваат дома. Едноставно, не им е пријатно на повеќето, туѓ човек кој не им е близок да им се мота дома ноќе или наутро. Од друга страна, имам слушнато и став дека ако спие дома кај синот прво, не е од „фамилија“, не ја воспитале, не и водат сметка итн. или од една поблиска имам слушнато дека и пречеше затоа што имаше претпоставка кај неа дека штом преспива кај нив, кој знае кај кого се спиела претходно, некако... па, не им се допаѓа девојката со такво однесување. Инаку, имам зад себе доооолга врска и мајката на тогашниот дечко ми кажува еднаш дека некоја роднина и се пожалила дека девојката на синот им преспива дома и дека „не може да ја смисли девојкава оттогаш“ и ја прашала женава како и е неа јас кога преспивам. И женава цела горда била кога кажала „А, не, никогаш и се нема случено да преспие, секогаш си оди дома“. И ем мајкава на дечково мој горда ( ) ем другава и рекла „Ете, а колку време се заедно! Се гледа од фамилија дека е. Не бе, не чини на син ми онаа...“ Ова колку за илустрација . Не велам дека сите се со тој став, но тоа е просекот.
Модерни времиња мајче, модерни и нови мајки, се апдејтираа потребите и желбите Лично не мислам дека тоа има било каква врска, и јас нормално по тоа ќе се водам. Фамилијата на девојката/дечкото (за мене е апсолутно и тотално небитен полот, не ги делам децата така) може да е со отворени сфаќања, да си имаат отворен однос со ќерката/синот, да му веруваат на збор и на тоа дека нема да прави глупости надвор и по туѓи куќи и така најперфектно да си функционираат. Јас сакам девојката/дечкото да ги запознаам, како мајка, како набљудувач од страна, и мислам дека во еден неврзан муабет уз кафенце ќе дознаам многу повеќе за карактерот и однесувањето на девојката/дечкото отколку фактот дека нејзините не ја оставаат да преспива кај дечкото, па тоа да ми биде репер за „воспитаност“. Мислам, и кај мене моите беа против пушење - па јас се распушив на факултет Секој со својот став и своите принципи, јас верувам и очекувам дека моите ќе се ептен либерални, пошто во такви сум израсната и такви ми одговараат
Гледам се фативте за преспивањето додека уште сте дечко и девојка, па ај и за тоа да пролафам. Пред Петко имав троа подолга врска, година и нешто, момакот немаше момент а да не „коленичеше“ пред мене за да спијам кај него, но тоа никогаш не се случи (освен еднаш за Нова Година кога бевме 30 души собрани и сите останавме), прво јас несакав а второ зашто мајка ми не ми дозволуваше. Со мајка ми можев многу лесно да го решам проблемот и да дозволи, но не сакав, па најлесно ми беше да му кажам дека несмеам а не дека несакам. Со Петко беше друга, сосема спонтано почнав да си преспивам, некогаш се успивав, некогаш намерно останував и сл. Е сега сфаќањето на родителите е поразлично, на пример мајка ми е поконзервативна па секогаш беа муабетите „Срамота е, мали сте уште, дечко ти е, што вика мајка му/баба му/комшиите“, иако и кажував дека е се во ред попушти и помалце мрчеше но пред да се вериме никогаш целосно не се сложи дека во ред да преспивам кај него додека сеуште идеме. Неговите пак се полиберални, и тие беа што први ми рекоа „Зошто фрлаш пари за такси за натака-навака кога дома одиш само за спиење, остани и преспи“. Воопшто не се чуствував дека им сметам, ниту пак моето често преспивање го толкуваа како мое индиректно наметнување на тезата „Петко човече дај ожени ме.“ ззошто уствари моето преспивање беше од желба за повеќе блискост а не за себе-наметнување и упикување. Во тој период додека бевме само дечко и девојка а јас преспивав, ниту еднаш не се случи некој од мене да очекува а уште помалце да побара да помогнам. Се случувало да сум таму за викенди и мајка му да чисти, па фино од култура јас заедно со Петко ја средувавме неговата соба, садови миев само ако нешто заедно додека сме сами готвиме па немаше смисла да оставам хаос во кујната притоа ќе ги измиев другите садови ако имаше останато нешто. Се случуваше, а и се уште се случува во сабота или недела кога мајка му е дома да ни направи кафе и појадок и да ни ги донесе во кревет кога ќе слушне дека сме будни, јез да тогаш беше почесто, можда женава сакаше да ме навлече и залаже побрзо да се полажам . Но како и да е, немам ништо против преспивање само ако, ко што Теодора и Трендафилка кажаа се постават граници. Еве ќе ви раскажам скорешна случка, во која јас како снаа испаднав кучка намерно. Сега брзо беше, сабота, татко му на Петко во сабота се враќа порано од работа и притоа господинот од работа се опремил со хемикалии и слични средства за чистење, највеќе за прозори. А баш таа сабота јас откако станав ни кафе не испив, туку средував хаос низ дома, свекрва ми беше на пат, а баба му на Петко требаше да дојде, па бришев прашина, чистев ВЦ, усисував и правев ручек, 4-5 саати не бев седната и на крај само што седнав со Петко и баба му да помуабетам влета татко му со желба и средства за чистење. Прозорите стварно не беа избришани од Нова година и плачеа за чистење, но јас тој ден бев веќе многу уморна и последно што ми беше на памет е да бришам прозори. Татко му на Петко почна да ги мие од надвор со намера дека додека он ги мие од надвор јас ќе фатам од внатре да ги бришам, наместо тоа јас си седев и пиев кафе, кога влезе му кажав дека сега е на ред да фати и од внатре да ги избрише. Човеков се сецна, не очекуваше таква реакција но јас му реков буквално со овие зборови „Х мене денес не ми е дојдено до прозори бришење, ако ти се чисти изволте, исчисти, јас кога готвам ги мијам и садовите зад мене, не очекувам од вас вие да ги миете, така сега или избриши ги прозориве или седни и остај кога ќе можам и сакам ќе ги избришам, знам дека се за чистење ама денес неможам“. Многу од вас ќе станеа да помогнат, и иако мртви уморни ќе рмбаа само да нема проблеми, јас на пример не се плашам од конфликти ако настанат па макар и по моја вина ќе се потрудам да ги решам но тоа не значи дека и кичма треба да ми паѓа само за да бидат сите среќни и задоволни. После муабетот свекор ми си седна и ништо не рече, наместо тоа јас следните неколку дена додека сите беа на работа направив генералка низ цела куќа и на сите тројца заедно им реков „Јас кога ќе почнам и кога веќе сакам да правам нешто не очекувам помош од друг без да се консултирам.“ И така, незнам жени како така сами си дозволувате некој да ве искористува, јас и кај мајка ми, и сега и секогаш ќе се гледам прво себе, нема да се малтретирам и измачувам само за да некој трет биде задоволен, не, не, тој филм од мене никој не го гледа. А ако треба и ќе се карам, ама овца никој нема да ме прави.
Гледам мојот пост предизвикал дискусија. Значи јас не зборувам генерално туку и се обратив конкретно на девојката. Очигледно е дека неговите си ја сватиле работата Кога е тука цел ден нека си фати нешто итн да не се повторувам. А верувајте нема на која мајка и татко на дечко ма колку биле фини и културни не им смета ако девојката буквално кисни по цели денови дома. Знам како што кажав од искуство на мајка ми пријателки кои се жалат дека не им е баш сеедно кога насабајле ќе видат штикли во ходнник а немаат дома ќерка. Е сега која како ќе се постави зависи од карактер. Оваа на девојкава очиглено си ја сватила малава како маша за работење, и си вика Кога си тука заслужив да ме двориш, а најстрашно е што дечкото тоа го дозволува. Инаку мене лично ми било непријатно да преспивам кај дечко кога неговите се дома. Таква си сум, што да правам. А сега гледам дека децава се толку слободни што дури и секс имаат додека родителите на едниот или другиот си гледаат филм во дневна. И после сакаат таа свекрва да ги почитува? Е и таа почит треба да си ја заслужиш и да си ја оправдаш. Како ќе си се поставиш така ќе те третираат. И се согласувам со секој збор од постот на Лолита.
Ах колку сакав да спијам кај дечко ми,ама не ме пуштаа од дома . Не ми се случило никогаш да преспијам иако имало услови за тоа.Не дека свекрва ми нешто ќе речела,ама мене не ми било својствено да преспивам кај дечко ми.Се случи еднаш да прашам и одговорот беше -НЕ,категорично.И да врне и да вее,дома ќе си се вратев. Ама тоа беше во минатиот век,јас прва ќерка,околу 20-тина год.,моите беа строги.Сега ги гледам не се толку со сестра ми. И желбата ми се исполни.Сега спијам кај него и кога он не дома.
ај и јас да искоментирам на темава преспиванје.со мажот ми сум 15 год.заедно од кои 6 во врска а 9 во брак.многу ретко одев кај него само по некој повод (празник ,роденден)и не се каам воопшто.нити преспивав кај него некако не бев слободна .дома си е дома.мајка и на една пријателка велеше дури да се омажите трчате кај него,после едвај ке чекате кај мама да дојдете.преголемата блискост пред бракот со родителите на идниот сопруг според мене не е добра скоро секогаш се врака како бумеранг.така да јас и ден денес си се држам на дистанца со свекрва ми.статус кво -ситуација.
кај деЧко ми (сега мм) преспивав повеке пати од приЧина што бевме во разлиЧни градови И останував кај него за викенди предходно не сум преспивала кај ниеден деЧко! Исто и мене свекрвами додека бевме под исти покрив ми покажуваше како се готви , како се прави компир пире и слиЧно Јас ја слушав од уЧтивост и пак си правев како јас си знам И сега знае кога ке дојде кај нас на руЧек да го прооба јадењето и да дотури сол слуЧка друга имавме ние додека бевме во врска и беше дојден кај мене во Мк на неколку недели и ми кажа како неговите рекле сега мора да ја ожениш ° Такви се Балканците еднаш се фатиш со нив , нема откаЧување °
Главно машките секогаш се поврзани повеќе со мајките, а мама за ова на некој начин како цел живот да ме припремаше Пошо тргнувам од мојот татко, како прво. Тој и ден денес како возрасен кој одлучува за самиот себе, некогаш и во името на фамилијата, кутриот се носи си четири жени, и тоа сите сме од различни карактери со бубачки и ѓаволи, ама искрено ни јас, ни пак мама, посебно па не сестра ми - не можеме се баба! Ау, јака и душа на мајка со неа, најсериозно. И тато иако пристапува, јас, јас сум главата на семејството, баба на овој или оној начин (посебно да го изнервира) секогаш му влијае. Па тука е мама као да му го осветлува патот, та вака, та онака треба. И на крајот мора јас да се дрзнам тато бееее, абе удри на масата, а пошо сум галеница и паметница, најчесто сум и послушана. И врти сучи, на мажите најчесто и е најтешко. Освен ако не е некој гад, па се околу него да има страв и трепет. Дечко ми го изгледала самохрана мајка и неговата баба, памтен неверојатна жена. И имам среќа што е прекрасно воспитан, млад човек со желби и амбиции, и пред се нормална особа што не носи на себе 96093568 фрустрации. Логично е да биде поврзан со мајка му, иако често се во дуели и тоа за глупи работи, па треба да се кријам да не се испосмеам пред нив. Среќа и жената е модерна, добра и паметна. Ние можеби сме од ист град, ама функционираме како да сме од различни места пошо јас студирам во друг град. Затоа кога ќе си дојдам, главно по цел ден сме заедно или кај мене или кај него. Моите немаат ништо против, го прифатија како дел од семејството, како трето дете Се знае, за викендите нема два сладоледа, туку има три; правеме вечера за пет наместо за четири души. Главно разговараме за мене, филмови, книги, музика, политика и се смееме, многу се смееме. Заедно уживаме во храна и вино, чат пати и ракија и моите никогаш нема да ми кажат, пошо не ни мислат дека им пречи. Тие гледат колку се сакаме и каква сум јас пред него, тоа ги прави среќни. Кога сме кај него, најчесто седеме во неговата соба. По излегување знам да се задржам до 4 часот, преспивам само кога мајка му не е дома или баба му ако го ослободи станот, па одиме кај неа. Тој често доваѓа во Скопје на 4-5 дена и тие ми се едни од најубавите денови. Постапуваме зрело, никој не ни прави проблем, сите сме среќни и задоволни. Се надевам така и ќе остане. А ако пак студиравме во ист град, секако дека немаше по цел ден заедно да бидеме и секој викенд да останувам кај него до 4, ама така ни се погоди и искрено поубаво ни е -инаку помалку ќе спиевме заедно
Јас пред да се омажам само еднаш имав отидено кај него дома и тоа по повод неговиот роденден(неговите не беа дома).За нивната слава малиов запна дојди та дојди..на неколку дена,ќе спиеш кај мене..од различни градови бевме.Ама јас не попуштив...не појдов ни како гостинка затоа што се разболев а,и да можев секако немаше да останам со преспивање,,се познавам себеси и знам дека ќе потонев од срам а и се косеше со моите принципи и убедувања .Да не ме сфатите погрешно не гледам ништо лошо и неморално кај девојките кои преспиваат кај дечковците туку јас сум си така многу срамежлива.Немав ништо против да појдам да се запознаеме,да пијам по едно кафе и сиктер да ме нема ,ама да спијам таму не идеше во предвид Башка тоа и моиве се прилично строги родители..па како што кажа Лолита и домашното воспитување игра улога. А откако се омажив свеки во повеќе наврати ке спомнеше зајадливо,исклучиво само кога ќе бевме сами, како синот нејзин носел многу девојки дома на преспивање,колку девојки сменил...со гордост во гласот ко којзнае што да направил Посебно ми ја спомнуваше неговата бивша која ден и ноќ била таму ама на крајот им ги удрила клоците...сигурно видела колку е часот. Изгледа дотичнава не можеше да се помири со фактот дека не сум му девојка туку жена и не се смири се додека не си заминав оттаму.Епа сега нека и кажува на некоја друга ..ехее...синко мој колку жени имаше пред тебе....нема да ме чуди тоа од нејзе..
Ај сега да ви ја претставам мојата свекрвичка . Во брак сме скоро 7 години и заедно сите живееме. Засега тие ни се условите, но во план сме ова лето да оспособиме друг простор, се со цел да си бидат на раат од нас. Гости, врева... а тие се постари личности и им треба повеќе мир. Фала му на Бог, ние со неа сме буквално како мајка и ќерка. Со неа си излегувам кога мм има обврски, со неа си правиме се. Толку е грижлива, немам, ама немам збор да кажам за неа. Во нашиот случај, искрено и покрај се’ јас се чувствувам виновна, зашто понекогаш помислувам дека недоволно се грижам за неа. А таа кутра душа, за мене прави буквално се. Не треба да и речам нешто, зашто таа веќе знае што ми треба, бидејќи ме следи во работата. Ако е потребно би заминала на другиот крај на градот и тоа во секој миг. Жената навистина има трпение и смирение од кое треба многу да учам. Затоа и понекогаш се срамам од себе. Се надевам дека еден ден ќе научам нешто од неа. Кога бевме во врска и денес е сеуште истата. Ми дозволуваше да преуредувам, ми даде потполна дозвола се да правам. Искрено тоа ми беше многу чудно. Ќе средеше нешто, ќе избришеше или слично и ќе ми речеше: - Сега како што мислиш дека е најубаво така да го наместиш. Јас искрено не им верував на ушите што слушав и што гледав. Од старт се прифативме двете. И денес од мило (како што ми е обраќа), никогаш ништо друго не ми рекла. Не се срамам да кажам, дека од неа научив да месам, од неа научив многу работи што не ги знаев. Не дека не сум знаела, но пред да се омажам дома бев само заангажирана за десертите. И денес е исто се. Некој да не гледа од некоја страна, ќе си рече овие не се добри и не е вистина ова. Кога правиме ручек се довикуваме двете: - И сега од ова да ставиме?! -А стававме од она или она?! И таа е иста кон мене. Иако е повозрасна, воопшто не е горда дека се знае. И таа ме прашува да не заборавила нешто да стави. Не велам дека нема и некои испади, има, се наоѓаат. Ама се прифативме како такви. Кога таа е нервозна молчи, а кога сум јас нервозна и јас си молчам. Така двете си знаеме дека не ни е денот за муабет и двете со молчиме. Фала му на Бог досега не сме си кажале ни еден збор на повисок тон. Се знаеме да си кажеме и да се поучиме двете. Понекогаш сме тврдоглави за нешто, ама најважно е што си се сосолушуваме и не се спротиставуваме. Морам да кажам дека има преголема доверба во мене, а и јас во неа. Ми има кажувано тајни што никој не ги знае, ни свекор ми, ни мм, па ни нејзината родена ќерка. А најјаки сме кога ќе направиме нешто погрешно. Тогаш превземаме двете виновностоа ни е одбрамбен систем. Така помалце ни приговараат и свекор ми и мм. Јас сум многу благодарна на Бог што ми ја испрати и што си имам таква личност до себе . Ви посакувам и на сите други да им се средат работите и да си имаат разбирање со свекрвичките .
Истово ова и‘ се случило на мајка ми на времето. До душа тогаш било ептен друго време, но таа е од друг град 200 км оддалечен, дошла само еднаш, заради некоја пригода (некоја свеченост) и морала да остане. Немало хотел во тоа време овде (а можеби имало, но било многу скапо), и немало автобус за да се врати назад по завршувањето на свеченоста. А баба ми (нејзината свекрва) цел живот потоа и‘ велела: „ ... кога идеше тука, кога спиеше, арно ти беше...“ Поучена од ова, мајка ми никогаш немаше да дозволи да преспијам кај дечко ми (сега сопруг), а и немаше потреба (од ист град сме и блиску живееме). Таа дури ме советуваше и да не одам често на гости (на кафе, на ручек) кај нив, за да не ми префрлале во иднина - и ја послушав но, ова беше голема грешка! Да знаев јас точно со какви луѓе ќе си имам работа, друга ќе беше играта! Здравје боже, ако имам ќерка нема да и‘ бранам со време да оди и да види со какви луѓе ќе си има работа, па како ќе реши - така. Во однос на преспивањето, и мене не ми е пријатно, но можеби така е подобро.
А јас би рекла дека не само менталитетот, туку и стандардот ни е таков, 30 годишни 'дечковци' уште живеат со мама и тато, истото важи и за девојките. Немаме стандард за целосно (па и делумно ) осамостојување, ајде не зборувам за полнолетство, ама си завршил факултет, ако имаш среќа ќе најдеш и работа, ама нема услови да си створиш свое катче каде никој нема сабајле да гледа дали има туѓи чевли пред врата. Можеби муабетот е за друга тема, ама тоа се причинско-последични врски.