Не бе зборувале вака да знаете каков човек е. Кој не почуствувал на своја кожа, не знае. Сепак секој со свое мислење.
Јас те сфаќам шо сакаш да кажеш, дека она цело време глуми, али и не е во ред и тоа ти шо си рипнала да му праиш јадење на возрасен маж. Тој самиот не е свесен да земе да си направи без да малтретира некој, па уште и сред гости барал јадење некој да му прави. Тоа е чисто детско понашање на мамино синче и свекрвата е скроз во право шо го одбила. Можел да почека или сам да си направи.
Јас те разбирам. Маж ми кога имал 15 ,години добил затровање од бурек со месо.И воопшто не јаде мелено.Седиме со пријатели,и она се избацуе, еве К... откако се ожени не јаде, мелено она го тера.и сеа нормално прснавме од смеење. Да биде уште посмешно обожавам хамбургери. Седиме одамна така ние две пред 5 год. Ќути и ми вика Абе мајкати да не е болна?!Велам не зашто.Па дека џвака мастики.
Леле толку тешки манипулатор дури и маж ми знае да каже, не беше толку грижлива додека бев сам... А знаете што? ама и на мажите им одговара ајде мама ќе заврши работа...(Овие генерации излудуваат секое машко е паразит и над 20+ уште мамичка ќе го испере, испегла, нахрани...)
Кога пред него ке ми се испонаша секогаш ме заштитува и и укажува каде и е местото. Проблемот е што, таа тоа го сфати и сега пред него мудро молчи а кога е сама со мене или со мене и нејзини пријателки или со золва ми тогаш знае да ги истера роговите. Секогаш кога ке се пожалам од нејзина постапка, скоро секогаш оди со став дека е таква и дека не треба да и се замарам. Само не може да го разбере изгледа цитатов твој кој исто го делам. Не сум должна да ја трпам неа и нејни испади.
Деверот треба да знае сам да си направи јадење. Може жената е лоша, ама примеров е безвезен. Мене срам ми е од мајка ми да чекам да ми направи јадење. Па и уште гости ако чека, да ја малтретирам дополнително на цело трчање, мене да ми пржи јајца. Достате бе мажите ги третирате така.
Ако човек нешто тука напишал, се пожалил, од мака го направил, иначе не би се обратил. Плус, ти ги оценуваат примерите како БЕСМИСЛЕНИ, нека... Имајте пријатна вечер.
Па реално кога ја би и рекла на мајка ми пред гости и пуна маса да ми напраи за јадење може и ќутек да изедам пред нив.
Епа неможе по секоја цена да кажуваме свекрвата е крива.Повеќето од тука ти кажаа дека е глупост дека вечно не е обврска на мајката да се грижи за детето.А и детето машала 30-40 год па се на готово.Ако не знаел да зготви ќе си земел нешто набрзинка да касне.Мора да сфатите дека и мајките имаат право на живот,одмор и опуштање со гости.
Аман бе жени, ете може не знае човекот да готви. Може се брзал. Може немал време. Може незгодно му било пред гости да готви во кујна. А и свекрвата гостинка со гостите, убаво напиша @NewLife. Ќе те распнат жено, како тоа маж да не знае да си зготви аууу.
Може бил распрден. Ако не знае да готви, нека си намачка леб. Ем брзо, ем ефикасно. Или и тоа мамица треба? Инвалиди при раце ги правите мажите, се чекал на мамица, па после ау, зошто, како, шо бара свекрвата да се меша. Па како да не се меша кога вечно дете ви предала, он самиот ништо не знае, затоа таа мора да каже што, кога, како. Да не се чудите после оти темава полна проблеми.
Ако се грижи мамичка за синот не чини, а ваму на толкав ропак зошто јадење не му направила, го ставила мамичка синот од 40 години после гостите на второ место. Ох Господе!
Читам и стварно се нервирам, еве мое искуство може ќе биде од помош.Се земавме ние и сами двајцата во стан они двајца во куќа во село.Секогаш кога и да идевме купувај зачистувај ама и мм ми помагаше тргни кауч да поминам иди собери ѓубре иди искоси трева немаше ден да не отидеме и да не фатиме нешто да подзачистиме, сепак греота огромна куќа огромен двор,а двајца стари.Се сменија работите стариот мозочен удар нема кој мораа да дојдат кај нас прво јас се шизнав дека станот е мал ама со оглед на смените на мм 12 ки на бензиска нема шанси каде попрво да се сврти башка јас штотуку породена.Прво ќутев гледав до каде ќе одат после си ги собрав на куп на маса од а до ш, пред сите како не ви е срам кога вас ќе ви одговара да ми влагата во спална со мало бебе на неколку пати пред дремка го будите, да ми бркате во фиоки додека јас сум до продавница, да не си миете раце после тоалет а бебе дома и ред други работи,абе шизев и зборев сите ќутеа.И им кажав од утре Др правила нејќам збор да ми прозборите абе како да не постојам што сакате правете имате ваша соба ич не ме интересирате ако паднеш тука пред мене јас ви кажувам дека ќе ве прерипам и искочам.Штама ни а ни б и мислеа дека ќе се смирам до утре ама не сабајлето станувам пред бебо набрзина правам АД во кујна го земам и бегам спална они собрани ќе доручкуваат ела снашке направив доручек, не фала не сум гладна и правец надвор се враќав само за дремка на бебе и кога маж ми ќе се вратеше од работа.Како што ми се свртија мене работите сега на нив им се свртија,мм ми беше од голема помош и имав поддршка од негова страна.И така седиме во стан со три соби ама комуникацијата е нула.Hint заржете кога треба пукнете испокарајте се затоа што сите тие нервози што ги трпите ќе се одразат на вас и вашето дете заради каприците на другите.Кога можам јас можете и вие.Менталното здравје е најбитно.
И твојава ситуација е зезната. Во своја куќа не можеш мир да имаш. Не можеле да ја продадат куќата и да најдат некое станче за нив?
Е заради ова подржувам да се отворат повеќе домови за стари лица. Кога ќе остариш - таму. А не кај децата, па немало место па нервози па кавги па треба некој со нив да седи да ги рани да ги пои, пелени а кога ќе се работи е питање бога. Значи зборам за домови какви шо има по странство, од салам персонал, до салам соби, хигиена , парк или нешто за шетање , за релакс на старите. Ама неее, кај нас ако спомнеш дом за стари, одма во несвест паѓаат. Децата требало да те гледаат, а како ќе те гледаат ако си неподвижен и на работа ако треба да одат?? Јас ако имам доволно пензија, би сакала воо еден добар дом. Ем сама ќе си бидам, каде сакам ќе си шетам а и да не можам да шетам ќе има кој да е со мене 24/7, ем нема да бидам терет на децата.
има такви домови и кај нас ама скапи се нема пари старите да бидат таму т е имат продади станот и оди у дом зошто на синот да му го дадеш поклон а него тешко му е да те догледа нека те догледа домот реално