Не е за продажба куќата здравје еден ден кога ќе оздрават ќе се вратат таму, ако слободно нека сонуваат ама да бидеме реални едниот кога ќе почине не можеш другиот да го оставиш сам во стан едноставно со брзиот начин на живот ако верувате не се стига дома да се свртиш а не па да идеш да гледаш некој на други место ако се продаваше овој стан до нас ќе беше бинго ама нажалост не.Тоа е се помирив ама гледам на светлата страна сум помогнала ми вратиле со лошо толку од мене ако сакаат секој ден нека се молат пред врата од спална моето завршило.Утре ден јас на работа дете во градинка не му требаат баба и дедо што после тоалет не мијат раце а јас на 70 години да ги учам немам намера ќе идам во град ќе си испијам едно кафе.
Од кога сум член и од кога знам за темава зборев дека треба да бидете со сите карти отворени на маса и нема циле миле. Сите глумите совршени бракови, а сите давате совети кои ни дома не ги применувате. И не е ништо чудно ако нечиј девер не знае да готви ќе се научи кога ќе живее сам, сега е касно да се преваспитаваат возрасни луѓе ама учитете си ги децата да можат самостално да живеат,да си зготват нешто. Милион рецепти има на нет, со храната можеш да ди правиш разни миксови на вкусови. Од друга страна нејќам да навредам никого со мислењево, ама отворајте 4 очи со кого стапувате во брак. Од сѐ, што прочитав овде се имам крстено и фатено за глава и од старт на дечковците им зборев дека ничија слугинка нема да бидам, ниту пак во заедница ќе живеам. Така да, посреќни ќе сте на странс во зависност од условите. Жалам што уште не е искоренето она старомодното кај некои луѓе дека снаата во куќа треба да е чистачка,готвачка,садомијачка и дека свекрвата има право да ја навредува ако е непослушна. А мажот мамин син. Жално, 21 век.
Не знам, јас на пример немам во план да пробирам дома никого ако е сам, а е здав и способен за самостален живот. Не ми се деца. Можеби ако се сами и болни, па ќе се најде решение. А за домовите, да добра опција се ама не на Балканот. Јас не би си ги ставила родителите таму за некој да ги тепа, да ги изгладнува. Пред некој ден читав за некој дом во Сопиште како ги малтретирале луѓето, ми се згади.
Жал за возрасен маж кој побарал јадење од мајка му иако е способен сам да си направи? А, за ставање стари луѓе во домови пазете. Некаде не ги третираат арно. Прво информирајте се.
Јест да е способен ама не знае. Не знам што е смешно жално е, ама тоа е пропуст на самата мајка. Јас таков наж не би пуштила да се врти во кујна, не дај боже ќе запали нешто.
Членката убаво појасни дека не знае. Ти сигурно не си го видела па да кажеш. Не знам што ја напаѓате, таа подобро го познава него од вас.
Јас никаде не прочитав такво нешто дека "појаснила". И не напаѓам. Секој маж знае да си намачка паштета на леб а не да почне да плаче како мало дете оти не добило тоа шо сакало. Тоа е разгаленост.
Може ни тоа не знае, пробај да разбереш што пишувала пред да нападнеш некого само за да го истераш своето. Не планирам да се убедувам,има секакви случаеви.
Мажите и те како знаат да си направат јадење ама така му одговара, да му стои некој на нозе 24/7. Да е сам, баш да видам дали ќе умре од глад.
Ма немооој, на 20- 30 години не знае леб да си намачка? Ама нема врска, како и да е, арно кажа членката погоре , се додека има такви жени шо ќе им трчат по газот на мажите, ќе има и такви разгалени мажиња. И немој да ме нападнете сега со часови по македонски јазик.
Да, има мажи што не знаат да си намачкаат леб и паштета, радо би си купиле нешто. Кога би ги прошириле видиците би го забележале тоа. Добро, тоа е твое мислење. Јас познсвам личности што не знаат и сега што правиме?! Еве колегава не знае да мачка, жена му мачка и нонстоп тоа го збори. Жена му готви, жена му мачка… Не знам вика ете да намачкам. Прост е, разгален е сѐ. Што ако некој раце и не може да мачка? Што тогаш? И тогаш разгален? Што ако има некоја болест му се тресат рацете? Што ако има некое нарушување???
Мене ми забоде очи тоа шо членката го оправдува тоа шо он незнае леб да намачка па и пред гости се разгалува. А маж веќе. И после се жалат по темиве дека маж им не фаќал дома ништо. Мене лично би ми пречело, да си дојдам од работа, да земам да чистам, да готвам , во меѓувреме и децата да ги пазам и гости да чекам , и да дојде мм и да ми каже намачкај ми да јадам па и да се налути ако го одбијам. Не е во ред тоа.
Ова што ти го набројуваш доле е екстрема.Она што членката го зеде како пример е чист дебилизам . Здрав прав маж да не знае леб да намачка…Ма да секако. Па дома имам дете од 8 год и знае сама да свари готова супа и макарони.Не знаел леб да мачка…
Ако не е инвалид или со ментални заболувања, тогаш не постои причина да му се оправда таква разгаленост. Не знаел, ех
Нели . Ова испаѓа како ние жените да сме чудо на природата, wonder women, а мажите за греота, прости се. Па кој тогаш им дал да водат цели држави кога незнаат леб да си намачкат?
Не е он проблемот мајка му е. И паднало жал, му направила јадење.Крај. Од целото мислење за јадењето се фативте. Еве колегава 50 и кусур години жена му од уста не ја вади и за него не била жена што не му спремала доручек. За мене не е така, ама што ќе се убедувам кога за него не е жена онаа што спиела повеќе од 6 саати. Проблемот е мајката, тоа никој не го спори.
Па како нема да се фатиш за тоа кога тоа и беше поентата? Она во приказната е модерна Пепелашка, служела гости, дошол принцот, маќеата одбила да му спреми за јадење, Пепелашка се расплакала и она тоа добро дело го направила. Мислам...не знам што очекуваш да се коментира? Пу, вештерка свекрвата. Ете, ќеиф да праиме
Уф, има неколку можности. Да го упатиме во темата храна за бебиња -6-12 месеци. Да јаде паштета со лажица. Мајка му да му купува бебешки кашички. Штознам, ваљда има и други опции. Ама што и да е, ако не е способен да се нарани сам, не знам како е способен фамилија да основа, мислам дека е тоа некој минимум критериум.