Како би игнорирала ти некој да ти доаѓа на врата да офка, кука, лелека што донел во куќа, непоштена била, па комшии искачаат, она како припаѓа демек пред нив, брза помош викаат, еве ако имаш совет без она свашта, пошто да свашта има по светов, повели. А, да, плус и на работа му иде да му цимоли и досаѓа.
Само на ова да се надоврзам. Другарка ми сега даде две кучиња кои со кои и растеа синовите оти големиот син на 16 години разви алергија на кучето.. Не е во ред да чуваш животни дома кога на некој му штетат. Особено не на бебе кое од алергија може да развие тешки опструкции па и астма. Ама ете побитно е кучето, мачето, папгалот итн.. Тоа е. А внучето е дете на брат ти, не е снаата која го донела дома така да.. Ако не ти е жал за снаата бар за брат ти да ти е жал. Јас разбирам љубов кон животни и се тоа ама да ставам дете да се гуши од алергии ( а сум видела колку е тешко тоа), да завршува на урбазони зашто тетка му кучето или мачето и е побитно .. ете не знам.
Pa ete nemozelo alergija ako zivee so nego od koga e rodeno,ama aj dokaži na lugeto,deka važni se decata poveke od bilo što,ama nie što mislime taka gi mrazime zivotnite
А ако алергиската реакција е толку силна што може да предизвика анафилактичен шок пак треба детето да трпи? Малку претерувате. А јас обожавам животни и онака најидеална опција ми е бебе да расте со куче, затоа и вакво сценарио ми е хорор бидејќи навистина не знам што би правела. Деликатна ситуација е.
Па тоа кажувам. На Урбазони завршуваат, се спушта доле, опструкции, осипи што не.. Нека одат до Козле на да им кажат. Ама пази Снаата ако и смета нека си оди. А детето е и од братот/синот!!
Да, се кладам дека тие што сте алергични на храна, не бегате од таа храна, не читате состав, не прашувате по гости "Има тортава ореви?" него си пиете апченца секој ден и гајле немате. Од кожна алергија од козметика дм како дете на ургентен завршил. Не од кикирики, од купка за бањање. Ден денес ја има, среќа многу е послаба ама пак пази. И сите го испуштивте моментот дека мачињата шетале надвор, не се строго чувани внатре. И тоа е најголем проблем тука. Нека расте дете слободно со миленици ако се чувани само дома и бањати, вакцинирани и све. Или па само во двор и нема близок контакт со бебето. Ама тука не е таков случај. Значи и јас галам улични и ги хранам ама после раце мијам обавезно. Ама исто така не сакам животно да ме лиже во лице, не сакам плунка негова у моја храна, колку и да ми се мили.
Ова ситуацијава од Everybody loves Raymond ја извади, ај признај. Мама све прави за Рејмонд, а брат му Роби цимоли. Зависи и тие 100 жени што си ги анкетирала за вештини во кујна колку знаат да зготват. Ако незнаат грав да направат, ништо од знаењето на девер ти. Се знае местото на жената каде и' е. Поубаво од мама и баба никој не знае! Има да остави гости и да пржи јајца со љубов и насмевка за синко 40 годишен. Ако синко сака и гаќи да му донесе дур се бања и тоа треба со љубов. Ама ете и ти не си за фрлање. Само да не заплаче кутриот, ајде.
Брат ми исто размислува како мене, така да не држи вода тука муабетот, вие што не ги сакате животните како ние што ги сакаме никогаш нема да разберете. Брат ми да дојде до оваа ситуација ќе најде решение кое не вклучува напуштање на кучето кое тој го донесе и кој е наш сопатник 12 години. И кажувам и јас дека сум алергична и не не се гушам ја менаџирам, мајка ми е со астма исто така менаџира. И пак ќе кажам доволно луѓе имам во фамилија со алергии за да знам дека ретко ама многу ретко се развива алергија накнадно посебно кај деца што раснат од мали со животни. Ама нема веза муабетот е сосема друг. Да брат ми ако мисли да се жени и ако дозволува снаата да и го руши животот на мајка ми, арам да му е, не го сметам за брат повеќе, или нека се почитуваат взаемно и нека најдат средина и решение кое ќе биде ок за сите или нека изградат свој дом со правила. Исто важи и ако мајка ми се понаша како горенаведените свекрви. Пред се да се биде човек и решение ќе се најде за се. И да другите мои 3 кучиња не се ексклузивно само дома, излегуваат и надвор и секако нема да дозволам да го лижат детето ама секако дека ќе го носам сега таму и во таа околина. Најлоша мајка, дајте медаља.
Ти посакувам да не доживеете она што многу го доживеале од алергија од животно. А брат ти како татко, алал да му е. Кучето пред детето.. ама вие си знаете. И те молам не ме класифицирај ние што не ги сакаме животните. Нит ме знаеш нит ме познаваш.
Јас сметам дека човек што го напушта животното кое било дел од фамилијата во моментот кога ќе се јави непријатност не ги сака животните вистински не можеш да ме убедиш во спротивното. И да брат ми ќе биде најдобар татко еден ден оти знае како да де понаша како човек. И не реков дека кучето е пред детето, реков дека ќе се најде решение кое одговара на сите, како пример да не живеат со нив.
А ако нема решение да живеат на страна? Што правиме тогаш? Ајде ве молам, животно да ставам пред дете нема шанси. Најубаво е да расте со милениче ама ако му штети здравствено нема шанси.
Ќе го чуваат кучето во една бебето во друга соба додека не најдат подобро решение, кучето нема вечно да живее. Ете пример мајка ми не дојде сега во Лондон да го види беберо оти кучето нема кој да го чува, старо е и без неа ќе умре. Не и се лутам ама ич, тотално ја подржав, не значи дека не го сака внучето или дека кучето и е побитно, ама има емпатија.
Многу е подобро да ја отстраниш причината за лекарства, отколку да си го труеш детето од бебе со апчиња кога и онака нема никаков имунитет.. Полен не можеш да отстраниш, храна можеш да забраниш (исфрлиш од мени), влакна од мачки и животни извини ама нема секаде. И јас чувам 2 кучиња, лабрадор и мешанче од лабрадор и сибирски самоед и има влакна за извоз ама ако утре детето ми е алергично, кучињата ќе бидат во бокс во двор, а не дома на тросед.
Алергијата нема врска со тоа дали се улични, дали се дома, дали се најмазени пазени сфатете веќе. Јас лично обожавам мачки. Ама обожавам. Арно ама пулмолог каже никако дома мачки да чувам. Зашто? Се гушам. Имам алергија а сум ја развила на постари години, зашто кај баба ми и дедо ми цел двор мачки имаше гајле немав. Немојте така, дете во една соба, куче/маче во друга соба. Не велам фрлање на миленик на улица, тоа е зло, ама ќе го дадеш на некој.. не е ок.
Секогаш има решение, не е решение на улица. Моите и да ги пуштам на улица, ќе спијат пред порта. Ама да давам апчиња за да ги чувам дома - никогаш. А во случај да се работи за живеење во стан, ќе бидат исклучиво на балкон, а ако е толку сериозен степен на алергија ќе ги однесам во пансион и ќе си ги земам за шетање секој ден, ќе одвојам по саат два ама дома да ги чувам за да пати детето, нема да дозволам. Жалам.. Патем, јас сум од оние што повеќе си ги сака кучињата од мажот..
Не нема да го дадам Нена, зошто знам дека ќе умре ако го дадам, едноставно нема да го преживее тоа, ќе најдам друго решение. Ете сега моето бебе да се покаже дека е алергично нема да го носам кај моите или нема да се качувам на спратот каде што се тие или ќе ги оставам во дворот повремено, ама не нема да ги дадам на друг, нема на свекор ми да речам или кучето и јас, оти куќата е негова, не можам да си дадам такво право. И не не мислев дека слергијата има врска дали се улични, мислев нема да ги исфрли кучињата на улица.