Зборуваме за ситуација во стан. Ете нема кај да го оставиш. Дете ти се гуши и што ќе правиш? Сакаш не сакаш ќе го дадеш некаде. Тоа е. А ако има начин да не е во контакт, да не се митари кај што е дете, да не ае разнесуваат влакна и слкчно, супер. Ама немаат сите такви опции. Затоа ми е неразумно да рече некој кучето/мачето пред детето. Во стан од 60 квадрати ај одвој да те видам. Нема.. тоа е.
Малце ги мешаш димензиите. Тука не станува збор за стар миленик 12 години што е чуван во домашни услови, посетуван ветеринар, вакциниран и слично. Станува збор за мачки што се пола надвор-пола внатре. Кога се надвор буричкаат по контењери, тоа е се зараза. Бебе да оставиш на кревет кај што се качува мачка што душкала ѓубре и фекалии? Ич да не е алергично, на тој имунитет што го имаат ќе закачи зараза. Ни во сон не би оставила бебе во допир со улично животно, несоодветно чувано.
Не мешам, реков предходно дека се подразбира дека треба да е чисто, особено мачка која влегува во контињер, мачката треба да е дома ако збориме од аспект на хигиена.
Епа така де. Во случајов проблемот на членката е што тоа НЕ е така. Нормално дека има право да бара или да се чуваат соодветно или да не се чуваат. Трудна е, и она и бебето се под ризик. Ако не знаеш да чуваш, ич не чувај.
Проблемот на членката е што свекрвата нема осет да најде решение, тоа што јас го зборам цело време дека треба да си човек и да имаш емпатија спрема сите, животни и луѓе. Решението тука не дека е невозможно, ако си разбран човек ќе го чуваш мачето дома и на чисто, сите среќни и задоволни. Ама и од друга страна не мора да седе каде што е мачето, нека си тера во нејзиниот дел не мора да се меша ако не сакаат да превземат нешто.
Дефинитивно, ама не со секој има разбирачка. Не знам дали имаат заеднички простории или се скроз одвоени. Ако се скроз одвоени не гледам проблем никаков, ако сака и мајмун нека чува дома. Ама ако живеат во заедница, и те како и свекрвата и миленикот треба да се адаптираат на новите промени. Едноставно нема смисла да ти влегуваат улични мачки дома при бремена жена, а во иднина и новороденче.
Апсолутно кучето и е побитно. Да имаш опција да видиш внуче а да избереш дома да останеш заради кучето, дефинитивно бираш приоритет. Никогаш нема да разберам ставање на миленик пред дете. Посебно пред здравјето на детето. Куче не знам како ке задржиш во спална, која да речеме е само твоја. А да седи кучето во дневна која е заедничка просторија, е неемпатично спрема детето. Што ако младите собираат за стан, и им фали некоја сума. Пример за учество им треба сума која ке ја соберат за една година. Кучето ке го пратам во пансион или кај некој што ке сака да го чува, или ке ги пратиш младите под кирија кои собираат пари да се одделат?
Имам куче и гарантирам дека не можеш да го лимитираш затворено во една соба цело време, а и не е хумано, сепак се социјални битија. Во двор е друго, ако се има, сепак има движење, простор интеракција. Така да, ако имаш алергично дете, поарно дади го кучето на љубител, да го чува убаво, па посетувај го и секој ден до крајот. Ама дете со алергија и куче затворено во собче не е ни паметен чекор, ни хумано, ниту па значи љубов кон кучето. За мачки немам искуство, може радо би седеле затворени во една соба, не знам.
Не, не е преоритет, едноставно е, кучето нема да разбере зошто неговиот сопственик го нема, може ако е младо да, ама на стари години со блага деменција и кога 12 години било со еден ист човек и наеднаш тој човек го нема цел месец и тоа како ќе влијае на неговото здравје. Јас го сакам кучето како дел од фамилијата и тотално разбирам зошто нема да дојде, кучето вечно нема да е таму, преку сила уште некоја година му останува, а јас ќе одам да ги видам за кратко, со разбирање се може да се реши. Младите пред да решат да се земат ќе седнат и ќе разговараат за овој проблем и за потенцијални решенија на истиот ако дојде до тоа, и за се друго впрочем, очекувања кои ги имаат взаемно, штом ќе делат дом. Со цимери кога се вселуваш разговараш што ти смета што не нели? Според мене за добри односи во фамилијата разговорот е најбитен. Маче не можеш да ограничиш, ама дека ќе скокне да отвори врата ако го ставиш во посебна просторија, чисто се сомневам.
Ако маж ми ме зел и ме одвел дома зошто да е туѓ дом? Јас гостинка ли сум? Знаеме кај нас како оди одвојувањето посебно со македонски плати. И да. Треба да се бара компромис. Посебно во заедница.
Оф топик ќе сум малку. Немам миленик, не сум чувала затоа што мислам дека се преголема одговорност а имам многу обврски. Значи секогаш сум за тоа кој сака да чува животно да остане до крај со него или воопшто да не си зема таква одговорност. Имаше брзо една случка со куче отфрлено од сопствениците поради нивни лични причини. Му најдоа дом, ама кучето умре од тага...
Како што кога живеев кај моите не им влагаше по спални мачорот на нив. Постои врата. Како што ни сега не можат да излезат од станов. Лично да сум алергична не би ги оставила, не па друго. Јас никогаш ете нема да разберам да ги чувам вака и еден ден воила. Не е љубов тоа према животното. Компромис не е исфрлање на други членови. Ама никогаш нема тоа некои да го разберат, тоа е.
Не е хумано ни мачето да го затвориш во соба. Ни кучето. Најмалку е хумано детето да страда од алергија а некој да вели дел од фамилија е, не може да смениме. Детето нека пие сирупи затоа што животно е дел од семејство. А животот на детето ке е далеку поквалитетен без тој миленик. Никој не кажа да се фрли миленик од некоја рандом причина како што ги фрлаат кога ке им досадат. Овде збориме за алергија на дете, која може да е фатална.
Ти си возрасна жена, а детето е дете. Можеш да одлучиш да пиеш нешто за алергија. Кој не видел алергиска реакција кај дете може да зборува за љубов кон миленик. Зависи за кој степен на алергија збориме. Кај некои близина на миленик, па и влакно, може да доведат до сериозна алергија. За син ми, абе ако треба маж ми ке го ифрлам од дома, а не пак животно. Нема ништо побитно од здравје и добрибит на едно дете. Филозофии со затворање врата се само филозофии.
А јас реков дека не можеш да разбереш Нема да навлегувам во лични моменти, ама за добробитта нивна, човек можам исто да исфрлам. Од милион начини, не е начин исфрлање на животно. Ама овде не е темата тоа. Тема е свекрви. Сум се наслушала "си го сака кучето/мачето повеќе од внучето" и само имам да превртам очи на тие глупи муабети, секад од жени што не чувале дома, не спиеле со тоа животно и немаат поима каква поврзаност е во прашање. Па одма имаат потреба да се искажат дека родив и цел свет околу мене треба да се врти. Никакви алергии, чисто се' им смета, золви, девери, мачки, кучиња ју нејм ит. Али добро ми посака таа погоре, поарно сама да живеам него секакви да ми измислуваат правила. И не, не се само филозофии. Така живееше мачорот 3+ години, додека не се иселив, имаше одредени соби каде што не можеше да влезе.
Јас самата сум љубител на животни, и самата сум израсната со мачки но одамна не чувам сега.Имено пред некое време заради такви околности со мало детенце морав скоро 3 месеци да седам со мачка.Детенцево мое мораше да седи во една соба заради таа мачка и се отепа од кивање и триење очиња иако мачкава не влегуваше во нашата соба.Колку и да ни се мили животните децава се пред се, мене лично ми пречеше и беше период па ајде некако..Инаку не би трпела па и војна да стане
Не сакам ни да помислам да треба да се ослободам од кучево,мислам ќе умре од тага,колку и да звучи глупаво ама слично е чувството како да треба да бираш меѓу две деца,кучево ми е прва љубов,ми помогна во борба со анксиозност и стерилитет,премногу го сакам така да скроз ги разбирам тие што наоѓаат компромиси и решенија без да се ослободат од миленичето.
Ако исфрлање за тебе е на улица, тогаш ке се согласам дека тоа не е хумано кон животното. Никогаш такво нешто и нема да предложам. Ама ако се бира меѓу миленикот и детето, кои би биле твоите приоритети? Тука тврдите дека миленикот ке почине од тага, ама ако бебето е алергично на миленикот, тогаш кои се опции? Пансион или друг дом. Затворање по соби ти е ризик да летне влакно и да направи проблем. Не е муабет дека некому смета мачката затоа што е мачка и кучето што е куче. Алергија е нешто што родителот не сака бебето да има на прво место. Кој има време да шета куче па да го враќа во пансион, да сд бања дома за да е со бебето, ама пак се нема време заради прозорци на будност, па работа обврски, зезната ситуација. Во идеални услови сите ке се среќни. Ама во услови на алергија, мора да се бира. Алтернативи многу јас не гледам. Освен одење со глава во ѕид, па миленик во една соба а бебе во друга. Трчај шетај миленик, во тоа време бебе има потреба од тебе а не од таткото. Убаво е во теорија ама во пракса комплицирано. На крај пак доаѓа дека некој е побитен, дал миленикот дал детето.
Најголем страв ми е тоа, но ќе пие терапија (ако се докаже на тест дека е алергично), како што би пиело и за било која друга алергија. Нема поважно поневажно, ако две деца имаш и едното некако смета на другото, нема да го отстраниш, ќе бараш решение за сите. За тебе животното не е на тој степен, за мене е. И нема што понатаму да се збори кога реков - не секој може да разбере. Бившиот мислеше дека е алергичен на мачки, така некој доктор рекол кога бил дете, без тест, имал алергиска реакција ама била препишана на мачката. Не само што не е алергичен на мачки, туку на сосема друго е, што никад порано не испитале, а јас се запнав да испита, за ако стварно е, да пие терапија и да живее со мачорот, тогаш само еден беше.