Исто и јас мислам. Немам дете ама кучево како дете си го сметам. Ама пак муабетиве се нереалистични. Ќе пиело детето терапија...има и други опции измеѓу исфрлање на миленикот на улица и да му го ризикувате цело сегашно и идно здравје на едно мало дете во раст.
Сакам да се вмешам во муабетов, реков и самата сум љубител на животни можеби моментално немам па затоа немам развиено поголем осет.Кажуваш дека е исто како да треба да бираш меѓу двете деца дококолку едното би му пречело на другото.Замисли пример иде човек дома и ти вика да бираш кое дете да го земе или дали да го земе детето или миленикот.Мислам дека сепак полесно би се опростила од миленикот.Ова се е хипотетички, сакам да кажам детето сепак е на скала погоре зошто пред се мајка си му
Не споредувај дете и возрасен човек. Животно не може да ти е дете. А да ставаш дете под терапија за животно е крајно нехумано и неетички. Ако алергијата може да се контролира. Секој со своите одлуки живее. Не секогаш тоа што го правиме е најдобро за нас и тие околу нас, но нејсе.
Не би. Најарно јас да умрам. Буквално пред години имав кошмар кој уште го памтам, се разбудив без да одлучам, не беше во прашање хипотетичко дете. Никој нема низ врата да ми влезе и хипотетички едното да го бара, џабе без везе примери. Постојат начини и начини, за кој сака. За кој не сака, џабе постојат начини.
Ама јас споредувам кој со кого сакам, сфаќаш? Постои забрана некаде? За мене и домот е така, кај други не е, како што е некој алергичен на полен, куќна прашина и милион работи, ќе живее со симптомите јебига. И бившиот бил дете при настанов, не возрасен. Што е скроз игнорантно да не провериш од родителите, ама ај.
Ти верувам, можеби и сеуште не си станала мајка и тоа игра улога цел свет го ставаш позади тоа детенце, а гледам колку љубов имаш за животните и сигурно си предобра личност, реков и јас ги сакам ама не баш до толку во тие избори, можеби не доволно
Не сум мајка, ама нема да навлегувам во таа тема затоа што имам претходно зборувано и нема потреба. Ама ќерка сум, сестра сум итн. Не можам ни да замислам да треба да бирам, најарно мене да ме нема и да не доживеам таков избор.
Јас се надевам и верувам дека нема да доживееш потреба од такви избори.Преголема љубов имаш во себе и нема да ти се случи такво нешто
Џабе се расправате. Оној кој никогаш не чувал милениче, не ја почувствувал таа љубов, а поготово не како член на семејство никогаш нема да разбере кква дишевна болка може да предизвика разделување,давање миленик. Апстрактно е тоа за нив и ен може да се разбере дека ке бараш чаре и компромис само да биде на сите добро.
Ако имаш ситуација кај што домашен миленик повеќепати каснал член од семејството, а шета слободно низ дворот, а истовремено во куќата има и мало дете, која е подобра варијанта? Да се даде кучето некаде, да се врзи кучето или детето заради кучето да не излегува во двор? Во последната ситуација ја каснало бабата дури го држела внучето во раце. Не сакам да помислам што би се случило доколку бабата го држела детето покрај неа, а не в раце.
Полен не можеш да отстраниш, прашина не, ама миленик да. Во свет на болести и алергии, апсолутно не може да кажеш за бившиот кој е маж и за дете односно бебе. Бившиот да требал да пие нешто против алергија ке одличи сам. Вака ти одлучуваш дете да пие а може да се избегне тој дел. На крајот сте во право. Мене миленик нема да ми е исто што и дете никогаш. Тоа што го родив е над се во животов и нема нешто кое ке е еднакво. Може само второ дете ако имам некогаш. Друг човек не а не пак животно.
Ама нели ти реков не можеш да разбереш? Како да ти објаснам кога не можеш? Не можам миленик да "отстранам" и тоа е тоа. Ти можеш. Јас не можам. Бившиот бил дете кога му кажале дека е алергичен, без никаков тест. Цел живот симптоми на алергија имаше и препишуваше на мачки, дур не испита од што му е. Тоа ти кажав, дека пречесто се мисли дека некој е алергичен на животно, а не е. Алергиите имаат огромен дел наследна позадина, нема гаранции нормално, но ако е родител алергичен поголеми се шансите да е и детето. И ај сега ќе оправаме ситуации и ситуации. Ти кога ќе ми кажеш меѓу две деца хипотетички кое ќе го одбереш, ќе ти дадам и јас одговор зошто 1000 начини ќе најдам ама нема да се откажам од нив ни случајно.
Мајка ми е алергична на липи. Дома липи немаме, па не е "поштедена" ниедна година. Нема таква стерилна средина, не постои. Највеќе што можеш е редовно да чистиш и усисивач со ХЕПА филтер да користиш. Нормално ако знаеш на што си алергичен. Или на куќна прашина алергија, еве не знам, чаре не постои.
Се оди во крајности со претпоставки,можеби ќерка ми во иднина ќе е алергична и на полен па ќе МОРА да пие лекови,сметам дека моето куче љубовта што ни ја дава и психолошкиот бенефит што го има врз развојот на ќерка ми не се мери со Лоратадин(пр.) Тој и е другарче,поттикнува емпатија кај неа,ја поттикнува на одговорност и куп други позитивни работи.
@Stressed Out имате прекрасно ама сепак хипоалергено кученце. Ризикот за такво куче да предизвика алергија е пренизок. Мојата кучка од друга страна, да не правам муабет среќа децава немаат алергија
Постојат. Сосема различен тип на крзно имаат, не пуштаат влакна, крзното им е како човечката коса… израстува и треба да се стрижи, а кај мојава има дупло крзно кое се менува со митарење. Доста имам истражувано на таа тема, долга и широка е, да не одам оф топик. Шансите од вакво куче да се развие алергија се процентуално многу пониски.