Не се алергични луѓето на крзното туку на протеин кој е содржан во перутот односно мртвите клетки на кожата. Може и да бидат алергични на нивната урина или салива. Што се однесува на гореспоменатата хипотетичка ситуација, миленик и дете не е исто. Кај Камелија прочитав, подобро да ме нема отколку да треба да бирам. Првo, ти си одговорна личност и таа што одлучила да има дете и миленик. Значи ти си таа што треба да ја решиш ситуацијата, a не да се предаваш затоа што детето не ти е приоритет. Јас не викам да се пушти миленикот на улица, но има и други алтернативи. Повеќето зборат за минорна алергиска реалција, но јас познавам личност која се гуши во присуство на миленици. Замислете на дете секое сабајле му даваш терапија, го труеш, затоа што ти не си направила правилен избор.
Пониски се, но алергијата е од првутот на кучето, т.е. кожата и лигите, а бидејќи се лиже, секако е можно. Разликата е во тоа што одржувањето на крзното е различно, но нема баш хипоалергено куче.
Ако добро ме прочита,не реков дека нема да излегува, ама ако имам дома дете со алергија на полен, нема дома да чувам цвеќиња.
Добро те прочитав, но поентата на претходните мислења е дека не можеш да го заштитиш вака. А и цвеќе и миленик- магаре и музика споредба. @Alexandrite малку си смешна, си зимате за право да си го мешате носето кај што не му е место.
Претходните мислења ги читав отпосле, јас само дадов свое мислење на прашањето што @1209 и го имаше поставено на @Dust, дали ако детето е алергично на полен нема да излегува надвор?
Сеуште не кажа што е за тебе отстранување. Ако збориме за улица, е едно. Ама отстранување е и да го однесеш во пансион или кај трета личност. Мислам дека е јасно дека се збори за докажана алергија на миленик. Кај децата алерго тестови под 3 години се нерелевантни. И сега, ти ке го бупаш детето со сирупи за алергија додека се докаже од што е, или ке отстраниш се што може да е причинител за таа алергија. За алергии, јас имам алергија која ја немаат ниту родителите ниту баби и дедоци ја имале. Денеска за жал се повеќе деца се алергични на сенешто. Не знам што си разбрала. Меѓу деца никогаш нема да бирам. Кажав дека може само второ дете да ми биде исто битно како син ми, не помалку или повеќе. Друг човек не. Животно уште помалку.
Точно, затоа реков поширока е темата. Крзното е еден алреген, плунката е друг, перутот е трет. Тие кучиња не се лигават мн, не се перутат и не пуштаат влакна. Затоа ги сметаат за најмалку ризични. Значи зошто да се натегаме, може некој не знае, па ете за децата да им растат со куче, ова бил бил спасот. Има високо алергени кучиња, има и ниско алергени... исто како што има и такви растенија. Не е исто липа и бреза пример.
Оффф вечитата полемика кучиња, мачки, деца, дома, двор. Кога ќе сватите дека не вреди за овие работи да се расправате, сите со целосно право ќе прават како мислат. Ниту јас ќе сменам мислење на некого дека животно не е за дома ниту он мене дека е за дома. Chill..
https://forum.femina.mk/threads/Домашни-миленици-и-мали-деца.31853/ Еве ви соодветна тема за муабетот. Испомешан е со проблемот на членката, па да не ве префрлам да се испомеша све. Можете мислењето од тука да го цитирате во соодветната тема и да ја продолжите дискусијата.
Ама не знам зошто мислиш дека јас, ти, Трпана треба да сме исти? Исто да живееме, размислуваме? Се осеќаш помајка сега? Нема да се разбереме оти не го знаеш чувството, како што јас не го знам мајчиното. Знам луѓе околу мене многу што имаат деца и животни, нивното мислење (и постапки) се поблиски до ова што го зборувам. Ти прави што сакаш со својот живот, не им кажувај на другите. Т.е. не очекувај дека другите ќе се прилагодат на тебе и твоите сфаќања, оти ќе се разочараш.
Жената сака да ти каже дека свесно не би ставила здравје на свое дете заради миленик. Не дека треба да се напушти миленикот кога ќе се добие дете, напротив деца треба да растат со животни. Ама ако ти свесно ставаш миленик пред дете тогаш остани си со мачките најубаво.
Џизс. Миленик ќе ставам пред дете ако детево го однесам у дом ебате беља. Начини постојат; за тие што сакаат начини. Очекување дека свекрви, золви, девери ќе се откажат од миленици ради вас и вашите деца, се нереални очекувања. Данке.
Ти еднаш се препираше со членкиве тука дека ако свекрвата решила да ти копа по ствари ќе го прави тоа и дека снаата не може ништо јер она е дојдена. Па еве сега ќе те прашам еве недај боже детево ти е екстрем алергично на миленик еве мачки пошто имаш, значи степен му смета и ако си ги галела па го допреш него и реагира. Еве нема начин ти викаат или дете или мачката што ќе правиш?
Џабе ја расправате, кога ова веќе е подлабок проблем на општеството, очекувањето дека снаата треба да живее во затка со 100 души и мажот па и да се пролагодува на нив. Ако не е на име на мажот ми , тогаш не е мој дом и треба да си бараме чааре. Ама ако е на негово име, и те како треба да барам прилагодување од останатите членови ако ги има, па и од мене.
Некако одговорив погоре, нема да се повторувам оти пак нема да сфатиш што ќе правам. Екстремни мери како менување на дом ако треба. Се'. @Adidas888 почна муабетот со жената и свекрва и', јас ги жалам тие мачки со таков сопственик, но реално ако си се кај жената дома нема тука што. Не можеш да очекуваш дека некој ќе се откаже од миленик ради тебе, оти ако навистина го сака, се грижи и го чува како што треба, нема да се откаже. Чаре е да си бараш чаре без да очекуваш, ама тоа е ноу-ноу муабет. За себе си кажав, секој е недобредојден кај мене ако не ги почитува нив и нивното постоење, маж, мајка, баба или комшија. И јбг, така сакам, така живеам, за мене сосема правилно.
Те разбирам, и супер чим имаш дом шо го викаш свој и каде шо ќе можеш сопствени правила да си воведуваш. Еве и јас сум алергична на полен или на нешто од цвеќиња и дома не ги чувам затоа шо последната пат во болница три дена завршив. И во мојот дом никад нема да се чува цвеќиња, фала бого шо не живеам со свекрви и останати камикази па да се караме.