Живеам под кирија, нема врска тоа. И сега како што е ситуација знам дека правам повеќе од 90% од луѓето, едноставно ќе најдам решение, што во никој случај нема да биде бркање на член. Ебате животот после што ќе го живеам. За себе си зборам.
Сфатив ќе му даваш на детето терапии за да можеш да продолжиш да ги чуваш. Како што си го терала дечко ти да зема ако е алергичен, само што тој е возрсен човек и може да одучи дали ќе пие или не. Пак не одговори ако е или или што ќе правиш?
И јас исто би постапила . Работата е шо со некои свекрви неможеш на крај да излезеш. Во овој случај на членката, треба мачките да се валцинираат, прочистат, и се дома да си бидат. Нема надвор.
Постои. Само си контрадикрорна ептен некогаш не знаеш кај тераш со мислењата, а те читам оддамна ( во многу ситуации и се согласувам со тебе) многу често на краток временски период мењаш мислење.
За неа не постои пошто се работи за неа. Како кога напна пред некое време кога членка се пожали дека свекрва и и буричка по работите, она рече епа нејзина куќа што сака ќе прави. Не можеш да и кажеш на свекрвата зошто тоа е нејзина куќа и она може не сака компромис она е дојдена нема право да бара приватност. Значи или снаата ќе си оди или свекрвата, ама пошто свекрвата е дома снаата си оди.
Јас мислам дека родителот треба да направи се за доборото на неговото дете. Барем мислам дека секој треба да направи во корист на детето, и детето да има предност пред мачки, некој што сака да пуши, се коцка наместо да однесе дете на одмор и слични ситуации каде избор се има. А најдоброто не е да буташ сируп на дете за да останат мачките дома. Не збориме овде за нијанси и нешто субјективно, нема тука простор за чувства емоции. Здрав разум само.
Алергиите се сериозни. Нормално дека здравјето на детето е најважно. Ако се живее во ист дом, мора да се има договор како ќе се чува миленикот за да не биде во близина на детето.
Сите сме согласни дека миленикот не треба да се исфрли на улица кога ќе дојде нов член, едноставно не е хумано. Но ако миленикот е ризик за здравјето на моето дете ќе гледам да го вдомам некаде каде ќе биде чувано и сакано ако треба и ќе плаќам пансион, ама секако нема да давам терапии на дете само за да можам да го чувам. Детето ми е пред се колку и да сакам животни.
Не мислам дека мењам и примерот што го даваш буквално обратно од тоа што го пишуваш имам кажано Напишав дека ќе направм се'. Се' значи и преселување во стан или куќа каде што ќе можам физички да ги одвојам. Се' значи се'. Не очекувам да разбереш. @MilaSs12 ич нека не те боли туѓ здрав разум.
А како физички ќе одвоиш дете од миленик? Кого ќе затвориш детето или миленикот како на мало дете пример 2 години ќе му кажеш дека не треба да го фаќа мачето или на мачето ќе му кажеш да не оди кај детето?
За многу работи не не боли па ги дискутираме и јас и ти и другите. Не разбираме затоа што на дело тоа што го збориш е неизводливо. И тоа што споредуваш возрасен човек што ке се одлучи дали да пие апче и дете на кое то ке ми дадеш без да размислиш.
Ти ми кажуваш дека немам здрав разум и тоа го сметаш за конструктивна дискусија? Чоек, шо сакаш прави на свои деца. Јас кога ќе ги имам - исто. Тебе не ти се споредува, мене ми се споредува. Немам лично искуство, имам околинско. За себе ти кажувам дека ако треба дом ќе променам, да не бидат во контакт, ама животните нема да си одат. Ти што сакаш прави. И ова зборам за анафилактички шокови. За благи симптоми ќе се третира како што се третира и секоја друга алергија, јебига, причинителот ќе постои. Кога ќе заврши природниот животен век на причинителот, може нема да земам следен, ама ова веќе постоечково е дел од семејство и толку, нема тука ама. Нема нешто што за нив не можам да го направам, верувам така би било и за дете, ќе ги измислам сите начини на светот. Не очекувам да разбереш, за мене лично и евентуалното мое потомство. Друго треба да разбереш - т.е. не ти, туку општо - на тие што милениците им се семејство, нема да ги отстранат заради вас. Ако тоа се очекува, ќе дојде до разочарување. Затоа не очекувај, моите животни ми се побитни од сите луѓе на светов колективно, како што тебе твоето дете ти е побитно од сите луѓе на светот колективно. Не мораш да разбереш и да одобриш, но што побрзо прифатиш, нема да има чудење како бабата не го исфрла миленикот ради внукот. Се надевам е појасно, ако не е, јебига, коа ќе родам пријави ме на социјални служби.
Ама што да ти објаснам кога нема да го оставам животното? 14 пати повторив Замисли ги сите екстреми, тоа ти е одговорот побогу.
Може. По секоја цена сите. Ете. Можеш да одбереш меѓу 2 деца кое? Дете 1 или дете 2? Кое го бираш? Како може да нема или-или?
Супер што животните си ги сакаш како идните деца и што ги ставаш на исто рамниште ама да се вратиме во реалноста. Не го зачитав од старт муабетот ама претпоставувам снаата сака да ги избрка мачките од домот на свекрвата што е лудост. Свекрва ми ако сака змии нека си чува дома, нејзино право, јас нема да одам зашто колку она си ги сака змиите толку јас си ги сакам децата. А за споредбава деца и животни дај не претерувајте, сакајте си ги вие и понатака ама не убедувајте дека меѓу мачка и дете не можеш да избереш (ако дојде до момент да треба да бираш).