Е па мојот пост беше за оние кои киснат по цели денови кај дечкото дома. Па со тоа им отвараат прилика на свекрвите ( идни) да се однесуваат така како што се однесуваат. Не можеш ти во туѓа куќа да се насадиш, со ручеци со вечери и да не очекуваш таков однос. Па не е тоа хотел ни пансионски смештај, Сакаш да се осеќаш како дома, бујрум фати нешто. Тука ги оправдувам свекрвите.
Гледам ставот на нена околу седење кај дечкото предизвикал богата дискусија тука, па да се вмешам, да си кажам како јас ја сфатив. Значи ако преспиеш ептен по потреба кај дечкото и неговите, нена не рече ништо против тоа. Нена коментираше одредена ситуација чинам, каде девојката киснела кај дечкото и неговите што е навистина неумесно да го правиш кај другарка и роднина, не пак дечко. Јас разбирам од друг град сте, па некогаш по потреба ќе се преспие, ама неговиот дом да си го сфатиш како хотел за гага да си уштедиш на превоз и смештај е стварно безобразно. Штом веќе така го сфатиле домот на родителите од дечко им, ма колку и да е негативно, според некоја на ти го-дај ми го шема и родителите имаат право да побараат од девојките гага помош низ домот. Едната нема да плаќа кирија, другата нема да плаќа домашна помошнишчка. Сурово, но им се може. Не ги оправдувам, јас на нивно место не би постапила така, туку веднаш би поставила таа граница до која може да се оди за сите да бидеме сложни и задоволни. Или пак штом е веќе таква работата, мислат дека поинаку врската во различни градови не би успеала, нека биде рамноправно. Колку девојките ќе седат кај него, толку и тој нека седи кај нив. Или на девојката од дома не и` даваат? Епа и тој дечко има дом и тој има родители и тие имаат чувства и и на нив им е незгодно, ма колку и да сакаат да бидат пристојни. Тоа е начин на воспитување кој преовладува на нашите простори со години, тој таканаречениот „не земај повеќе од две колачиња на гости“ начин на воспитување. Да се искорени е многу тешко, а мене лично воопшто не ми пречи.
Баш така, тоа киснење по дома постојано е непријатно и иритира многу. Колку и да се фини, пристојни и воспитани, сфатете дека им ја нарушувате хармонијата во домот. Може луѓето сакаат да си бучат со правосмукалка, да си одмараат, па и да се испокараат, а со девојката (потенцијална идна, а можеби и не) снајка, не може да сторат ништо од тоа. Затоа треба се` да биде со усул. И со најава и покана. Моето „инцидентно“ преспивање се состои од најава, и со извинување дека можеби сум им попречила. И така е навистина, ставете се во обратна ситуација во која дечкото е ден и ноќ кај вас, раат немате. Сфаќам јас и услови и немање место и се`, ама некои не знаат за ред, и тоа е факт. Башка што се невоспитани.
Леле ама сме се испобуниле со постовите, тоа чудо едно Јас не коментирав во контекст на претходната конверзација, за тоа дали треба или не да фаќа несудената снајка во домот каде отишла да преспива. Јас коментирав од аспект на мајка, која утре сака нејзината ќерка да не се крие и да спие по автомобили и мотели, туку да има слобода тоа да го прави и дома (нормално со усул, се` си има граници ). А тоа дали треба или не нешто да се фати - е домашно воспитување, и тука нема место за ега, надмености и тврдоглавости. Никој не е должен никому да служи, исто како што никој не е должен да ги трпи фрустрациите на некоја „госпоѓа“ која не фаќа ништо само за да докаже свој интегритет (зборам за 2те страни)
И твоево држи вода, ама штознам, од аспект на мајка јас попрво би им дозволила (ако е сериозна врска во прашање, нормално) да се организираат да живеат заедно. Ем ќе си бидат многу покомотни отколку кај било чиви родители, ем ќе се научат на осамостојување и вложување сопствен труд за заедничко егзистирање и функционирање. Заедно нека плаќаат сметки, заедно нека вложуваат, никому да не биде непријатно и никој да не се чувствува како крава молзница.
И јас самата не сум го сакала тоа преспивање кај дечко а и моите се строги во тој поглед. Ептен кога некогаш е неопходно сум преспала, за една нивна слава мислам дека беше ладно завеа снег, тој пивнат. За нови години кога сум била кај него сум преспала. Кога му се роди првиот внук, мм се опи не беше ни свесен дека преспав кај него, се зезам знаел потсвесно, па дури и утрото не можеше да стане беше мамурен па татко му(свекор ми) ме однесе во автобуска зашто вееше снег. Срамови Преспивањето дури било и предлог од неговите. Но да киснам по цели денови таму, не сум. Се случувало да отидам и од пладне таму, но сме седеле кај него во соба. За помагање сум помагала, и благо ќе направам за слава и садови ќе мијам, ќе сервирам, не гледав проблем во тоа, можеби дека не се однесувале непристојно за да се чувствувам дека ме искористуваат или ми наредуваат. Тоа сум го правела само по своја волја, дури и кога свекрва ми се противела за да седнам да одморам. Разбирам некој да живее со дечкото/девојката но во посебен стан, само тие двајца заедно, но премногу е некој да живее кај партнерот уште невенчани, кој патем живее со родители. Утре којзнае што може да се случи, може да раскинат да се испокараат. Тоа не се убави работи, не треба да им се влегува во животот на родителите на партнерот пред брак и да се дава материјал на луѓето да озборуваат, макар да биле родителите и модерни и не знам какви либерални.
A бе теси, прајме муабет за дечишта од по 18-19-20 години, каде да одат да живеат сами? Освен ако не се во странство, на студии, таму како сакаат нека се организираат. Ама ако се тука - или ќе ми се крие од пред очи или тактички ќе ја наведам да ми ги носи дечковците повремено за да ги запознавам и индиректно “контролирам“ п.с. Збориме за ептен различна возраст, за различни ситуации, за различни проблеми. Ај нема врска, битно муабет да се сврти
Во целост се согласувам со Трендафилка во однос на ова.Јас никогаш не сум останала да преспијам кај дечко некој или уште помалце некој останал кај мене да преспива. Неодамна влегов во дебата со блиска личност во врска со ова преспивање. Јас лично без оглед до колку саат сум седела кај дечкото дома секогаш сум се вракала во сопствениот дом.Секогаш се знаело мој дом твој дом и на крајот од вечерта секогаш сум заспивала во сопствениот кревет. Ако не друго гледам по сопствениот пример кога ке дојде братучетка ми кај мене на пренокување после град. Сакале нејкеле колку толку ти се нарушува мирот.Одма се осека тоа кога некој од страна ти седи дома. Ја нема таа опуштеност и класично шетање по гаки Насабајле пред работа ние 3ца дома што сме се караме кој попрв да влезе во вц и да ги заврши своите активности а не па да треба уште некој тугинец да биде.Да мислиме дали е незгодно да претрчаме голи по пешкир од купатило до соба,кој попрв влегол заби да мие, дали има доволно топла вода во бојлер да се истушира. Или татко ми на пример има навика навечер нормално да си легне во спална но секоја нок во текот на вечерта станува и се шуња по дневна и кујна гледа телевизија и заспива со тв во дневна.Да сака човек да стане навечер до кујна ке треба да го буди и да го ремети.И тоа ајде мене ми е жал да го будам и да му се шетам по дневна ( дневната и кујната ни ги дели еден шанк) а не па некој друг да му шета ако ете најбанална работа вода му се припие сред нок. Нека каже кој што сака ама секогаш кога има некој тугинец во кука се ремети домашнот мир.Зошто на нечии родители да им го реметам мирот и да им правам во сопствена кука да им е незгодно да се шетаат по гаки кога фино лепо можам да си отидам дома.Мајката на дечкото ако сака да ме запознае поубаво тоа сигурно нема да го направи ако ми бдее над глава додека спијам .Може културно фино да помуабетиме на ручек на вечера или на кафе и да ми го измери паметот уз муабет.Нема потреба од преспивање и вдомување. Најбитно од се никогаш не знам колку ке ми трае некоја врска.Можеби сме заедно 2 години но тоа не значи и дека ке останеме до крајот на животот заедно.Утре ке раскинеме и што мора секој да знае дома како ми е и моите родители какви навики имаат. Зарем секој дечко што ке го имам во животот треба да го носам дома или на секој треба да му идам дома и да му се бутам во неговото домакинство мегу неговите најблиски луге.За мене домот е свето место и најинтимно место каде се осекам заштитена од сите надворешни влијанија .На кој му се седи на гости бујрум нема да го вратам ,но кој без усул сака да ми се вдомува и да ми чмае по цели денови уште од страрт добива Чао пријатно .
Упорно се вели дека не зборуваме за константно чмаење по дома, а вие тоа па тоа. И супер грл велиш домот е светост, некој и една вечер да преспие ти нарушува навики и не се чувствуваш пријатно? Никој нема право да ти прави ремет? Гости само за на кафе и после дома? Ете ви одговор за проблемите со свекрва и снаа.
Moira те разбирам за тоа контролирање што велиш, но како би ти било тебе, еве син ти да ти носи дома некоја девојка и она да се однесува како да е на гости а ти како да си должна да ја гостиш, да вариш кафе , ручеци вечери а она си седи распослана на кауч и си павка цигара?? нема да ти пукне филм да и речиш, ајде фати нешто кога веќе си се раскомотила овде?? И ај погоди дали после нема да те читаме овде како злобното свекрвиште што ја тера кутрата девојка да и средува по дома.
А не, нема да и` речам да фаќа ништо, ама тоа ќе ми биде знак кој многу ќе зборува за нејзиното домашно воспитување И пре би му рекла на син ми да си размисли околу карактерот на девојката, отколку неа да и` велам дека ми дошла дома и треба да помага.
Нена, ако не е снаа туку девојка, тогаш е гостинка, и се знае кој треба да услужи и да мие садови. Демек којзнае каква гозба е спремана па треба 2 саати да овенеш врз судопер. Кај другари и другарки сме киснеле по цели денови па мајките секогаш не пречекувале расположено па и сакале да поседат со нас да се дружат, и никогаш не побарале на крај да измиеме садови Зошто би било поразлично со девојка или дечко?
Само што сакав истото да го допишам! Значи, секој што официјално не е дел од фамилијата - за мене ќе е гостин/ка, и како таква ќе ја третирам. Од неа нема да очекувам НИШТО, а секоја помош би била добредојдена (секако ова не се однесува на млади и изгубени дечишта, тие немаат ум за такви работи согласно возраста ) Веќе покасно, кога ќе се пооформени карактери, сигурно ќе ги анализирам од друг аспект.
Според мене не оправудвам киснење со денови и по цели денови па и со преспивање кај дечко ни дечко кај девојка. И толку од мене за дискусијата. Мислете ме конзервативна или старомодна ама се знае, кај другарка е друго. Со другарка немам секс кога седиме, а денеска маливе како што кажав не се мислат дали да имаат односи во соба на дечкото додека неговите се во другата соба!!! Па дајте бе имајте малку почит кон таа куќа , не е тоа бордел па ајде опа иха. Држете си малку до себе ако сакате и другите да ве ценат. И искрено мене тоа седење по цели денови кај дечко ми е наметнување во таа фамилија и најчесто се тие девојки од дома така воспитани. Иди ќерко, иди да мора после да те ожени. Е после ќе кукаме овде. Жал ми е ако на некој му стапнав на болна точка со мислењата, ама и мене многу ме допреле па не сум реплицирала со одење контра по секоја цена. Форум е ова и секој има право на свое мислење и гледиште.
Е убаво си кажа, ако девојката на син ти дојде дома, НИШТО не бараш од неа додека е уште како девојка, но подоцна, откако ќе оформат карактери и ќе се земат, е тооогаш настапуваш во вистинско светло и ќе и кажеш кај и е местото и што си и собирала додека ти доаѓала како девојка Дури тогаш твојата идна снаа би ја читале по форуми за начинот на кој ќе ја анализираш. Малку шала, што не значи дека нема потенцијал да биде вистина.
Ма ја не примам никого каква идна снајка, каков потенцијален зетко, мрш надвор Се зезам. Поаѓајќи од себе и моето непуштање за седење и спиење по дечковци, а и познавајќи го мм (да, едно е кога си дечко да ја викаш девојка ти да преспие кај тебе, а друго е кога си татко и ќерката го бара истото ) тешко дека токму тој ќе дозволи некој сурко да седи со него, да пие пиво/ракија и да вртат коцки за табла, а за преспивање и идење по одмори, уште од сега знам дека војна ќе водиме. Тешко, Бога ми, тешко. Јас може и да им речам да си ги викнат партнерите на по една кафица, а мм ЈОК, посебно кога се работи за галеницата татина. Што знам, може Моира е во право, подобро да се на видик, отколку да се буткаат по коли, мотели и др. сумљиви местенца , ама факт е дека татковците многу потешко се согласуваат да си го примат идниот зетко дома, да го видат што сурат е. Знам јас по татко ми, какви кисели фаци правеше кога ќе му кажев дека дечко ми (сега мм), ќе дојде кај нас. Ај да уживам додека се мали, отом потом....ќе досаѓам јас на темава за свеки.
^^^ Уште колку пати треба да се каже дека не зборуваме за постојано чмаење по дома, ама ти како магаре на мост. И немој да одиш воопшто кај дечко ти, и мисли си дека тоа е знак на модерна жена која држи до себе и имаш право да мислиш дека тие што одвреме навреме одат се прости, затуцани и сакаат што побрзо да се омажат И да, мене ми стапна на болна точка оти јас киснев кај дечко ми и само затоа ме зема. (Како да не, одев кога бев поканета)-но ако така ти е подобро да мислиш дека ние реплицираме тука и имаме поинаков став од твојот е оти си ја имаме мувата на капата, така нека ти биде.
Каква болна точка, какво контрирање, какви различни мислења ? Па нормално е секој да пишува од свој аспект, од свое искуство. Моето искуство е либерално, сите мои дечковци биле носени дома затоа што ТАТКО МИ така сакаше, да ги запознае, и од тоа не произлегло ништо лошо до сега. На мм неговите купуваа кондоми и им ги ставаа во фиоките за да им се секогаш при рака на двете деца, па не гледам ниту едниот, ниту другиот, да излегоа фрикови, баш напротив. И не знам зошто мислиш дека ова прашање може да е нечија болна точка? Демек или не ги оставаат од дома да преспиваат, а тие сакаат, или цело време се кај дечкото надевајќи се дека ќе ги ожени, па ги боли тоа што ги карактеризираат ко „лесни и досадни“? Не знам, не разбирам, зошто правдање за твојот став и зошто мислиш дека некој ти оди контра „по секоја цена“? п.с. Абеја женче Има разлика од девојче од 18 години, и девојка од 25, нели? Ти исто реагираше и размислуваше на овие години во однос на помагање/одржување домаќинство? Ќе ги оставам да си ги истераат хај-хуј годините, после ќе анализирам ко што треба,„свекрвишки“
Го цитирам мојот пост кој предизвика лавина коменатри. Значи на девојката и посочив дека очигледно мајката на дечкото е со такво сваќање дека со тоа што она седи кај нив, спие кај нив, треба да си ја користи како куќна помошничка. И дека многу што ги знам мајки на дечковци се такви, верувале или не. Затоа и и напишав дека сама си дозволила така да се однесуваат кон неа. Moira и MSkorpionka ако сте имале вие толку либерлани родители ( и моите се), други немаат. Не осудувам никој, кој како сака нека си прави ама нека е спремен на тоа дека тоа еден ден ќе му биде акнато од глава. Како во случајот на девојката која се жалеше од мајката на дечкото (идната можна свекрва).