Жената што ги чува мачките не ги чува добро. За тоа сме сите согласни. Ама, ама кај неа си ги чува. На тоа се надоврзаа душебрижнициве како тоа мачка се сакало највеќе. Ете се сака. Јебига, секакви не' има. Во реалноста си ги бирам мачките пред внуците т.е. немам што да бирам, ама да треба внуците со мене да живеат, колку и да ги сакам, од мачките нема да се откажам, нека си се снаоѓаат родителите ако не им чини вака.
Па ако дозволиш дете да дојде до анафилактички шок како последица алергија на животно, да, треба да те пријават во социјална служба. А егзема, уртикарија, гушење, кивање, чешање на очи, не би ги ставила во група на благи реакции кои се третираат со сирупче. И не менувај теми, збориме за тебе, твоите деца мачки и твоите деца кои би ги родила. Да повторам, не очекувам некој за мене и моето дете да менува нешто. Едноставно не одам таму. Ни очекувам баба да фрли мачка за дете. Ама дека приоритети има помешани, има. Збориме за родители, мајка и татко, кои свесно би нанеле штета на свое дете, како што тврдиш дека би направила. Не знам дали се препрочитуваш до кој степен е неразумно да кажеш дека дете може да има алергија ама животното не го даваш. Дома сите па како биде. Внуци јас не спомнав, ни па другите. Во своја куќа секој си прави што сака. Друг момент е да сакаш животно повеќе од дете, но и тоа е друга тема.
Колку повеќе ја читам темава толку повеќе си ги сакам родителите, мислам праиме споредба за приоритети меѓу мало човечко битие кое многумина минуваат трнливи патишта да го добијат и мачкаа беее!!!
Ок пријави ме коа ќе дојде ден, договорено? Чисто да знаеш, многу ретко, ама можно е, човек на човек да е алергичен. Кого ќе отстраниш размисли, ако второто ти е алергично на првото. Ако не можеш да сфатиш, не гледам поента, не можеш. Тие животни се мојот живот, јас имам емоции према нив, тие имаат емоции, не се кактуси, живи битија се. Не разбираш и океј е, не знам што е поентата на дискусијата натаму, кога буквално ти одговорив дека ако е неопходно ќе живеам во 2 стана за физички да ги одделам, ама нема од никого да се откажам. Тоа е одговорот за анафилактички шокови и останати екстремни симптоми, благи симптоми ќе менаџирам. Друг одговор нема. И да, темата Е внуци, од таму почна, тоа што милувате да смислувате сценарија за да ви служи на поента е друга работа. Темата е труднава снаа има проблем со свекрвата, мое мислење е дека свекрвата несоодветно ги чува мачките, треба да се вакцинираат и да живеат исклучиво внатре. Другото ви се драматизирања и удирање во гради најмајки, мислам, у реду е. @elimkd споредбава, криви ми се фудбалерите оти јас немам нозе. Јас изричито сум рекла одамна и уште зад тоа стојам, не би идела на 20 ивф, можеби малце потпомогнато, ама немам намера да подредам живот на тоа да родам. Па нивна работа на тие што даваат неброени пари и чудесии, не разбирам, ама не ни морам да разберам, нивна работа.
Колку ќе беше полесно да можеа снаиве да се прогласат алергични на свекрвите, па така полесно да ги избацат ко миленициве. Вака, компликејтед у пм..
Како ретко, син ми едвај го излечив од флеки по тело од маче. Го дадов на татко ми но он надвор си ја чува, внатре не. Сакам животни и чував но да не се иде во крајност, секако дека дете нема да страда заради животно. Ја разбирам донекаде и Каме, колку што читав живее сама со мачки затоа е толку поврзана со нив, може кога и ако роди ќе и се смени мислењето.
Живеам сама со мачки година ипол. И искрено, лајфлајн ми се и сум многу осетлива на нив, не барам разбирање, доволно е почитување на туѓ простор и избор. Така што потполно разбирам свекрви, золви, девери што немаат намера да се откажат од своите животни. Од раѓање растев со кучиња, пред да се родам моите имаа куче. Постариот мачор живееше со мене и моето семејство, кога се отселив дојде со мене. Помалиот подоцна го вдомив.
Камелија, дете кое нема можност да одлучува за себе, да го пумпаш со лекарства за нешто што може да го избегнеш ми е малку неразумно.
Пак ли да повторам? Мислам доста е. Тебе неразумно, мене ми е неразумно сунет на дете, неразумно ми е бушење уши на дете, па тоа го правите (прават). Непотребно нанесувате болка на дете, не разбирам, јебига, не е дека мене ме праша некој. Пред да ме цитирате пак, ај размислете што ако се деси едно на друго дете да е алергично, или едното е со посебни потреби и агресивно и го загрозува животот и здравјето на другото. Ќе се откажете од едното? Од кое? И ти праша што со кучето кое каса во двор. Чие е? Тој што го чува не си води сметка за кучето и не го чува добро. Треба или да го чува добро или да го даде на некој што ќе го чува добро.
Да, 28 пат. Кој дел од "моите мачки ми значат повеќе од сите луѓе колективно" не е разбран? Така на свекрви, золви, девери им значат нивните. Ок?
Измеша лончиња и тенџериња за дете се работи сигурно нема да се откажеш од детето ако е со посебни потреби си има институции каде би можело да се лекува ако не може тоа да се прави дома. И не може дете да биде алергично на друго дете. Читајќи те подобро чувај си ги само мачките. Прашај ја мајка ти дали и по цена на твојот живот би чувала животно ако и она би била толку голем љубител на миленици.
Ок, баш овде ќе прашам што да чувам. Екстремно ретко е алергија човек на човек, ама постои Ама не чини тој муабет. Ај бркајте муви и натаму, чус
Ок. Тогаш кога "твоите мачки ти значат повеќе од сите луѓе колективно" зошто наместо медицина, не си одбрала ветерина?
Немам родено дете, кога ќе родам, ако родам, ќе кажам дали исто ги сакам или детето повеќе. Во моментов мислам на сите живи луѓе на светот.
Не студирам медицина, ниту сум студирала, нит сум работела медицина, али фино прашање. Како што одамна имам напишано, прв избор ми беше ветерина, за жал не добив поддршка, добив за сосема нешто друго, т.е. вториот избор. Инаку да, вечно каење ќе ми е што не одбрав ветерина, тоа ми беше сон, имам пишувано по темите. Други прашања?
Еве и да постои алергија на луѓе тогаш секако ќе давам терапија зошто се мои деца човечко битие.. не мачка и куче.