Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    Па што цепидлачиш ондак
    Роди го, ако се погоди алергично на мачкиве твои дојди пиши како си го решила проблемот, нека послужи за пример како да се справат членките со иста таква мака, не пишуваш овде демагогии, колку повеќе ги спознавам луѓево толку повеќе си ги сакам мачкиве …
     
    На *Amethyst*, Martka, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Тука лежи разликата, гледаш?
    Јас не ги трерирам како помалку, понебитни, поневажни.

    Моето и твоето сфаќање на миленикот е различно во сржта, независно од деца. И двете да немаме деца, твојот и мојот однос со нив нема да биде ист, оти сега како што е, мене ми се приоритет, не сум си јас приоритет.
    Илустративно, поминував низ тешка финансиска криза, на нивниот квалитет на живот никако не се одрази, но од себе кратев се', па и храна ако требаше да одберам кој што ќе јаде.

    И ЗА МЕНЕ ТАКА ТРЕБА.

    Не кажувам на другите што да прават, не им кажувајте на другите што да прават или како треба да живеат.
     
    На senjorita-v, 1209 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Јао човече.

    Проблемот го прочита? Не?

    Ај почни од таму и од муабетот дека како свекрва, золва, тетка, стрина ватевр, нема да се откажам од миленици ради внук и разбирам зошто роднините не се откажуваат?

    Другиве демагогии си ги измислија после :)

    Како што напишав понапред, еден од најголемите стравови е тоа, затоа што знам дека животот ќе ми биде растрган на сто страни.

    Но, ако се случи, ветувам ќе споделам како сум го решила проблемот :)
     
    На senjorita-v и Polyincognito им се допаѓа ова.
  4. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    8.181
    Пол:
    Женски
    Ама сега, ко за некој што неговите мачки му значат повеќе од сите луѓе колективно, многу се интересираш за медицина. :rofl: Инаку, знаев дека не си лекар, ама знам дека имаше спомнувано работа во болница.
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Лол. Ме интересира наука, имаш нешто против?
     
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    Абе ја ја прочитав членката која имаше пишано тука и бааги беше критикувана не битно, ти се стави на тапет со твоите мислења едно врз друго и ете ти сосема друг правец.
    Иначе како најлесно да те ограби човек? Ти ги киднапира мачките па потоа ти бара откуп:)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    8.181
    Пол:
    Женски
    Шега беше де. Не се лути.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Мхм, затоа се скроз заштитени екстра од потребното ;)

    Не ја критикував јас членката, напротив, посочив дека свекрва и' не ги чува соодветно мачките, не може и надвор и внатре. Во 40ка тоа го имам пишувано зошто моите се само внатре, затоа што ми спијат на перница, нема потреба се' од надвор да ми донесат. Башка ризиците по нив.
    Свекрва и' треба да си ги вакцинира и среди здравствено мачките и само дома да седат, независно дали има бебе или се само возрасни.

    Разбирам дека не сака само надвор да бидат оти ни јас не би ги оставила, ама затоа се комплетно здрави и редовно чек ап на ветеринар за да можат слободно да живеат внатре без несакани последици по никој.
     
    На senjorita-v и Smiley92 им се допаѓа ова.
  9. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Женски
    Ќе направам нешто што обично не го правам, а тоа е да се вклучам на рандом тема со лично мислење. Нова сум, не сум многу активна и обично форумов го користам поретко ако имам некое прашање и досега ми бил од корист, но по грешка пред некое време, наместо да кликнам на Непрочитани Теми, кликнав на Непрочитани Мислења, видов интересни теми, па одвреме - навреме кликам чисто колку да видам што се случува наоколу, искрено.

    Во темава случајно влегов, ама баш налетав кога беше спомнато мислењето со мачките на нечија свекрва и сега влегувам пак и гледам тоа е уште актуелно, само и однесено во непотребна димензија, па затоа посакав да се вклучам.

    Имено, не сум мажена, немам дете и немам милениче, ама тоа не ме спречува да си имам свои ставови, нели?

    Искрено, не разбирам како не можете едноставно да се согласите дека не се согласувате и толку, да си продолжите со животите наместо наметнување дека вашето мислење е "она вистинското" и сите мора да се согласат, инаку на клада ќе одат или ќе им реплицирате цела недела. Не сме сите исти и тоа е ОК, аман.

    - Свекрвата (или кој и да е) ако решила да чува милениче, треба вистински да го чува или да постави граници. Само хранам маалски мачки; мои се, ама само во двор ги чувам; мои се ама само внатре ги чувам; мои се ги чувам и внатре и надвор. И по тоа се одредуваат следни правила, односно вакцинација, бањање, болви, ветеринари и сл. Не може неодредено да биде - мои се, ама не ги чувам соодветно или не се мои ама ги прибирам наоколу секој ден. Треба да е јасна на што е и на што се сите околу неа.
    - Мене ме нервираат муабети дека снаата е "дојдена" и она нема право на збор пошо не е нејзин дом. Ужас. Ама од друга страна, реалноста сепак е таа, кај нас многу мораат да живеат во заедница. Што е постаро јајцето или кокошката? Туку, вие општо си имате проблем со директна и отворена комуникација, па полесно е на форуми да се жалите. Верувам дека со некои луѓе е тешко да се разбереме, ама верувам и во убав муабет и во компромис. Ако од некоја причина, не може да се постигне, решението не е да фрлате туѓи мачки надвор или ко лудацине што ставаат отров по улици, игралишта, паркови, туку повторно да се обидете да најдете нормално решение кое ќе ви одговара лично на вас, затоа што без компромис, не сте многу должни тогаш да мислите на другата страна. Ама фрлање на клоци туѓи мачки како и да се чувани е малку психоза искрено.
    - Ако се сака да се најде решение, ќе се најде едноставно. Го утепавте девојчено со реплицирање, а суштината е таа. Ако сакам да најдам решение, ќе најдам. Ќе направам испитувања, консултации, ќе прашам за искуства од страна, ќе оделам простор, ќе внесам терапија, што и да е.
    - Никој не е помалку мајка од вас само затоа што размислува поинаку. А имам приметено и вие што сте "најмајки" од толку што сте убедени во тоа, после 30 години децата ќе ви бидат социјално нефункционални, затоа што детето А, мама НА. Helicopter parenting, ги чувате у стаклено ѕвоно, никад кал да не допрат, никад температура да не кренат, мама е тука, мама ќе те рани, пере, пегла, издржава, мама се. И после имате психозни свекрви, дечковци неспособни врска да одржат, мажиња со Едипов комплекс и некоја залутана снаа што ќе бара помош утре по форуми. Само го продолжувате кругот на истото од кое вие се жалите тука веќе 2000 страни.
    - Мислам дека многу издраматизиравте. Снаата моја е алергична на мачки, ама уште од мала, љубовта кон нив и била посилна и си побарала било какво решение само да може да ги чува. Си пие терапија, си чува мачки, замислете и тоа е опција. Адријан Гаџа на времето исто зборуваше, прво пие терапија, после ја отвара вратата од спална да биде со мачките, цел живот така и рече не би сменил ништо.
    - Засрамете се малку, "најмајки", жени, демек пријателки на женски форум за поддршка на девојка која ви вика дека нема деца, а сака да има и пишувате мачки да си чува место деца и се потсмевате со неа. Браво за нивото.

    What I'm trying to say, најверојатно е малку да оладите. Никој не е најпаметен, никој не мора да ве слуша за лични одлуки, никому не треба да солите памет за лични одлуки и прифатете дека е ок со нечии ставови да не се согласувате. Just move on.

    Инаку, со дм вдомивме маче кое ни дојде во двор, прво беше надвор чувано, после се согласивме и за дома. Отидовме, купивме се што е потребно од транспортер, храна, легло и го однесовме на ветеринар пред да го земеме дома. Прочистено, здраво, вакцинирано, стерилизирано, плус каивче за болви му земавме. Постепено, почнавме хибридно да го чуваме. Односно, она самата си излегуваше кога ќе и се присакаше и самата си влегуваше после. Редовно ја проверуваме дали е ок, дали е чиста и секоја вечер во кревет кај нозете ни спие. Па еве, здрави, живи и нормални сме. Ама пошо се грижиме соодветно и сме сакале да најдеме решение кое одговара на сите. Инаку, пример да чувам милениче дома и пример доаѓа некој да живее со мене во тој простор, а однапред знае дека му пречи тоа, тогаш нема потреба ни да доаѓа, пошо сигурно нема пример кучето да си го дадам за да може дечко ми да се всели. Тоа е манипулација. Ми пречи, ама сигурно ќе ја убедам у нејзин дом јас да бидам приоритет. Не идат така работите, исто како што ни вие нема да дозволите друг рандом да ви наметнува нови правила на живеење у ваш простор. Така да, малку сакате на други да кажувате кој што да прави, ама вам ако ви кажат полните 2000 страни на форум од нервоза.

    Bottom line, let's agree to disagree и продолжете со животите. Се извинувам што е многу долго мислењево, ама сакав да бидам јасна, иако знам дека уште нема повеќето да ме разберете. Убава вечер имајте. И ве молам не ме спамирајте со уште 100 страни реплицирање или конфронтирање, ве молам продолжете дискусија ако имате потреба без да имам нотификации. Фала ви!
     
    На natalie :), Miss666, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    8.560
    Пол:
    Женски
    Мислењево ко да го напишала некоја баба родена во 40тите.
    Туѓ дом? А и свекрвата тука е дојдена уствари исто како и снаата.
    Значи снаата треба безгласна буква да биде?
    Треба само да ќути па макар ако треба и нозете на свекорот да му ги мие и водата да ја пие.
    Излезете малку од амзово време.
    Лесно е да се каже за одделување. Ама живееме во Македонија и знаеме дека не е баш едноставно,влијаат многу фактори.
    Додека се снајдат младите како родители на синот ако го сакаат и почитуваат сите ќе бараат компромис и решение. Не некој да глуми шериф негов бил станот и ќе прави што сака. Нешто што не е во ред не е.
    Ајде сега ако станот е на свекрвата па и нека и буричка по фиоките од снаата и личните работи. Ова нормален човек знае дека не е ок. И домашна култура е тоа. Нешто што е туѓо не се чепка без прашање и дозвола. Или нејзин е станот и нека се понаша како индијанец.
    Значи вие утре и на вашите сопствени деца ако случајно искочи да живеат со вас некое време, ќе им глумите шерифи дома у стилот што сакам ќе правам мој е станот. Без да седнете и да побарате компромис и решение.
     
    На Oneo, MeowMeow, *Amethyst* и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Не ми се верува дека воопшто спомнувате анафилактичен шок кај дете. Па и тогаш ќе се размислело што со мачките(facepalm)
    Само ај дај боже на ваша глава да не дојде… speechless.
     
    На MeowMeow, Martka, VDT2906 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Твоето неродено дете не е сите луѓе. Апсурдно е неговото условување. Не знам зошто си толку ревносна да браниш нешто кое моментално не си го доживеала. Она што ми забоде очи беше, дури и во услови на анафилакса нема да се размислиш да ги отстраниш животните. Или е инает во прашање или размислување надвор од цел разум. Слободно можам да заклучам дека порадо би го гледала своето дете да се гуши и бори за живот, да му инјектираат адреналин, отколку мачката да не ти преде околу нозе. Татково во приказнава не знам кај би бил, ама сосема оправдано би било да го земе тоа дете далеку од неразумното однесување на својата мајка.
     
    На *Amethyst*, Martka, Skorpija25 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.770
    Допаѓања:
    141.839
    Прво одење у болница со бебе, прво прашање од доктор, имате ли мачка. И не, не заради алергија.

    Но, има секакви родители, па и такви што би боцкале дете за алергии од мачки, ама не би ги тргнале за да му овозможат на д етето нормален развој. Има родители кои пушат у иста соба со дете, што пијат и врескаат по деца, родители што тепаат деца, родители што само во извод се родители, а децата се кај баба, родители со комплекси и малтретираат деца со учење... Секакви има. И затоа се и децата после различни, и во однесување и во здравје, и во одење од дома на прва шанса ... Или останување со мама до 30, па и носење на жена дома кај мама...

    Нека живее кој како сака, како што не викате социјално на родител кој си тепа дете, нема да викнете ни на мајка која боцка дете на дневна основа ради мачка. Оставете секој своето дете да го упропасти според своите желби.
     
    На MeowMeow, *Amethyst*, M.B. и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Еве јас ќе те цитирам на овој пост иако знам дека нема да вроди со плод бидејќи не знаеш да го одбраниш она што го размислуваш. Нејсе, многу розево гледаш на светот, на себе и на својот живот. Сосема незрел и невин пристап на нешто во кое или за, немаш искуство.
    Дали идниот твој сопруг би го бирала врз основа на неговата финансиска моќ и имот? Како инаку не би се мажела за некој што единствена опција има да ја понуди заедницата. Или пак на прв состанок го поставуваш тоа прашање? Веројатно знаеш како функционира љубовта, не бираш во кого ќе се заљубиш. Пред се се работи за хемиски реакции, а потоа и несвесна психологија. Освен по ново ако сакаш да бидеш старлета па од старт хемиски си поврзана за оловото од парите.
    Кога веќе сите страни се согласни за живеење во заедница (да се прашани старите за таков живот и да не се согласуваат, ќе разберам ) треба и да се поработи на взаемниот однос. Никој не е газдарица, туку сите се рамноправни членови кои треба да функционираат како семејство.
    Трето, не паметувај, затоа што никогаш не знаеш каде и што ти носи животот.
     
    На MeowMeow, *Amethyst*, Skorpija25 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.985
    Допаѓања:
    13.761
    Јас не знам што се докажувате со некоја што не е се уште мажена, а камоли мајка. Нема поента. Камелија нека научи какви компликации даваат алергиите, па нека се докажува тогаш.
     
    На Oneo, MeowMeow, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.770
    Допаѓања:
    141.839
    Како бе може да кажеш дека оти си се заљубила, ќе живееш у заедница? Па срамота е бе да станеш зрела за мажење, за деца, а да не можеш покрив над глава да обезбедиш? Двајца возрасни, се заљубиле и решиле да упропастат неколку животи. Ау. Сакајте се, не е проблем. Ама фатете учете, работете, оспособете се само да можете да живеете, па после раѓајте.

    И на прв состанок не сум прашала за пари, ни на последен, оти сама сум правела.
     
    На baby-star, Noemi, Smiley92 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Да, да знам. И минатиот пат напиша колку си ти паметна и животот уште од раѓање ти е испланиран.

    Џабе и да се објаснувам кога нивото на емпатија ти е под нивото на морето.

    Не се сеќирај воопшто за мене. Живеам подобро од тебе:D
     
    На simoncelicius, Emy867 и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.770
    Допаѓања:
    141.839
    Не се секирам јас за тебе. Ама да кажеш дека е океј да се мажиш у заедница само оти си се заљубила е тажно. Некој ќе те прочита и ќе се е заебе.
    А ти живеј и 10 пати поубаво од сите, само не лажи дека е убаво со свекрва, без кров над глава, оти некој ќе се зезне.
     
    На Ena05, Miss666, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.251
    Допаѓања:
    124.622
    Пол:
    Женски
    Извини, ама за внук/внука би се откажала од се. Алал да и е на таа баба што мачката/кучето и е побитно од бебе од син/ќерка.. И ти одиш во крајности. Јас разбирам љубов кон животни, ама бебе да ми се гуши да не може да ми дојде на гости или ете живееме во ист простор па ќе прежалам маче, куче што да е само детето да е добро..
     
    На simoncelicius, oblace1, Oneo и 13 други им се допаѓа ова.
  20. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    8.181
    Пол:
    Женски
    По логиката заработи за свој дом, и свекрва ми не живее во свој дом. Оти ниеден работен ден стаж нема.
     
    На *Amethyst*, Skorpija25 и Anyshka им се допаѓа ова.