Се знаат кои се причините за живеење во заедница. Мене тоа ми е како потсмевање за туѓата финансиска моќ. Ја користиш својата привилегија која ти е дадена од старт за да презентираш надмоќ во однос на останатите, кои погоди, не им било дадено ништо. Ниту знаеш нешто за туѓиот живот, ниту знаеш за нивниот карактер, уште помалку за условите во кои се израснати. Не знам каде живееш ама образованието не игра никаква улога врз џебот. Човек со средно образование може да зема поголема плата од магистер на науки. Каков непродуктивен совет и одговор. На никој не му е сјајно по дома, ниту пак на тебе. А најчесто најголемите критики врз туѓиот живот доаѓаат од лица со најхаотична позадина.
Кои? Сиромаштија? Ништо не може да ме натера да растам дете под туѓ кров. Срамота е на 25 години да трчаат да се мажат, а неспособни се за елементарен живот, една соба под кирија. Кој старт?! Која привилегија?! Сама живеам од 18, а сама се хранам и плаќам кирии од 23. Еден ден не сум зела ни од мои ни од негови пари. Се сама сум заработила, со маж ми заедно. Ми помогнале што можеле, ама нит ми купиле нит ми дале стан, ни ми платиле еден месец кирии, ни сметки. Ако не сум способна со маж ми за се тоа, немало да раѓаме ни да се венчаме. Па после да се жалам на светот, на државата, на свекрвата... Оти ни се мажело, ни се правеле деца, а ние деца у главата.
Абе ми помогнале моите на почетокот и сум им вечно благодарна. Подобро да ми помогнат отколку да чувам деца под ист покрив со свекрва. Тоа е еднакво на самоубиство.
Како може возрасни личности здрави прави да решат да живеат во заедница мене не ми е јасно. Да сите сме свесни каде живееме и дека не е лесно ама пак се вракаме на тоа дека не е невозможно. Испаднете од комфорот и престанете да кукате. Во однос за животниве никој жив човек нема да ставам пред детето го бришам без око да ми трепне а не па животно.
Технички не е туѓ кров. Туку куќа и на татко му. Детето ваше би си растело во своја куќа. Ја спомна помошта. Ме интересира дали тоа што го имаш денес ќе го направеше без таа помош или уште подобро, колку време ќе ти требаше без таа помош, да го имаш тоа денес? Дали си се запрашала дали сите имаат услови да дадат помош на децата за да отпочнат нешто? А без помош, да не се лажеме, ретко кој со скромна плата може да си дозволи свој имот со опремување и навремено платени сметки и хранарина. Не знам зошто ти е толку тешко да сфатиш дека сите луѓе не се исти и не се движат по иста траекторија. Јас и за тебе имам решение, ако не ти се допаѓа туѓото жалење на одредена тема, не читај. Не знам што е проблемот. Кого тоа да праша снаата да се пожали, тебе ли? Која си ти?
Е многу сте нежни, вистина. Јас сум алергична на мачки до максимум, досега сум имала контакт со милион, а и дома чував неколку. Терапија и то е то. Па затоа се измислени апчиња против алергија, не знам зошто се крева толку паника. Имам и куче кое го чуваме дома од бебе, кога и да приметам дека имам некоја реакција и на него, одма си пијам апче и како нова сум. Ќе ни се срони бисерот демек ако сме под терапија, де аман само преувеличувате нешто.
Забавни прашања, морам да признаам. Не се ни произнесувам на темата "чија е куќата" оти произнесена сум, ама смешно ми е многу како сите за себе сакаат разбирање и "која си ти", ама не го нудат истото. Маж нема да бирам (и не бирав) според финансиска моќ, ама со разум. Тоа што живееш кај свекрва не значи дека треба да ти брца по фиоки, ама да очекуваш дека животот ќе се одвива (нејзин, нивни) по твоја траекторија, сфаќања и уверувања, е тотално нереално - и доаѓаме до прашањето, а која си ти да очекуваш од некој да живее според твои сфаќања за живот?
Јас очекувам секој да си живее како што сака или треба. Ако пробуваш својата мачкарска емотивна приказна да ја вметнеш не е исто. Затоа што ти попрво би гледала детето анафилакса да доживее, него мачката да ја дадеш на некој друг да се грижи. Тоа не е мое гледиште за нешто подобро или полошо, туку факт за обезбедување на нормална средина за раст и развој на детето.
Денарче не ми дале. Денарче. А без нивната помош немаше 160 кв куќа да имам туку 130. Ако немаат услов, нека не се мажат. Значи не се способни за самостоен живот. Не па за дете. Затоа ќе трпат влакна од мачки у уста на дете, свекор што им пуши у соба на дете, девер што носи женски на секс у соседната соба, свекрва што им фаќа гаќи... Оти се неспособни сами. Да можат, нема да ја има темава Моето дете да е алергично на мачки, и да ми каже свекрвата како Камелија што вика, нека пие терапија, мене мачките ми се побитни од внучето, да сум способна ќе си одам. Да не сум, ќе трпам и ќе трујам дете. Ама кога се мажат побитно им е се од здрав разум. Двајца возрасни да немаат за една кирија е срамота. Да трујат дете, е срамота. Ама не мора сите да живеат убаво, нели. Кога живееш под туѓ кров правиш како ќе ти кажат. Оти сам не можеш. А со тебе и детето, оти не можеш ништо да направиш да му помогнеш. Оти нели, мораш да се омажиш, макар и по цена на нормален живот. Никогаш нема да сфатам да се омажиш и да живееш у патријархат, уште полошо, скриен матријархат. Да не можеш да си гледаш дете по твои правила. Да го осудил на живот во развој со лекови оти некој повеќе сака мачки од внуче. На крајот, свекрвата може да е луда. Нејзина куќа, нејзини мачки, нејзина лудост. Ама мајката има одговорност. Да е детето пред маж и, пред мачките, пред свекрвата. Свекрвата нејзиното го одгледала, и ете колку толку пораснал, му се дига и се жени. Може не е оспособен за самостоен живот ама пораснал. Сеа он нека се мачи.
Батали ти анафилакса, сфаќања за било кој аспект на животот е. Од запршка до чување 3 мачки дома, од секоја ситница, која си ти да кажеш каква траекторија на живот тие луѓе треба да имаат?
Јас па не познавам парови што живеат под ист покрив со свекрва. На посебен кат, посебна куќа, кирија да, но во денешно време да живееш во ист влез со свекрва ми е нонсенс. Јас се чудам за некои снаи, се жалат дека им се мешаат свекорите, дека им влегуваат во спалната без да тропнат, им се мешаат за детето и не преземаат ништо. Епа нека не се жалат, нека си трпат.
Не знам дали се трудиш да ми вметнеш нешто или да не сфатиш. Како тоа јас некаде кажав каква траекторија треба да има нечив живот? За мачките ли?
И тебе истото нека ти го речат за она што те боли. Или не бива така. Колку сте злобни, чудо невидено. Ти дојде снаата на мајка ти темата да се пожали. Глеј си работа ако те нервира туѓото жалење.
Не сум злобна, полека со навредите. Те навредив лично тебе? И да, неспособност е да живееш под ист покрив со години.
Сигурно и ти се неспособна за нешто во животот. Треба некој да ти каже? Што корист имаш да наречеш некого неспособен, а да не е навреда?
Секогаш е истото коа ке им ја плеснеш вистината без разлика за свекрва, маж или шо и да е одма се навредени.
Точно така. Но многу полесно е жалењето и неидењето на работа, со оправдување децата, наместо почнување на работа и осамостојување. Иако не ми е јасно со кој памет стапуваат во брак пред да се осамостојат.
Ни јас. Сите другарки ми се омажија и отидоа или странство, или купија станови. И две не се мажени, од кои едната само е со мајка и, оти мајка и не може сама. Другата зема кредит на 30 години и си купи стан. Многу е едноставно: двајца возрасни се не можат да си најдат покрив над главата, било кредит, кирија... Не треба да се мажат и да се пикаат у гаќите на свекрвата
Абе батали мачките човече, друго ти зборам. Значи живееш кај свекрва оти немаш пари за на страна, така? Свекрва ти си има свои ставови за животот, свои уверувања, може и обратно да е, еве јас да одам да се уселам кај свекрва што нејќе мачка со очи да види. Никој нема право да очекува од друг да живее по негови правила, мене ми е преслатко мачкиве да ми позираат на трпезарија, има и слики на форумов, ама ете свекрвата се гади и готово. Која сум јас да очекувам дека ќе биде мојата траекторија поважна од нејзината? Мачка замени со што сакаш, запршка во манџа, пуштање машина за перење, пушење дома и што сакаш стави де. За да кажеш "која си ти" прво ти треба да сфатиш дека свекрвата такоЃе си има своја траекторија, што ти сакаш да ја нарушиш со своето доаѓање и да очекуваш дека твоето е исправно, а нејзиното погрешно. Ако веќе одиш во исто домаќинство со некого да живееш, нереално е да очекуваш твојата траекторија да им е приоритетна. Ќе им биде нивната. Оти колку "која си ти" се останатите, толку и ти - а која си па ти?