Абе ако се жалиш постојано, што да се рече. Или оддели се или трпи си. Што има ти да ми кажуваш дали сум јас неспособна за нешто кога јас зборев општо за некои што се жалат, а ако си и ти во тој кош, ок, што да речам друго. Имаше една членка, се жали од свекрва, ги бркала нејзините роднини, но не сака да се оддели оти имала готово јадење, платени сметки ха.
Приоритетна е ако мачките што копаат по канти, газат по улица со плуканици и измет да ги тупосаш со внучето и да газат и лежат по намештај и секаде. Зошто свекрвата тогаш дозволува да живее во заедница? Еве нејзина куќа е. Ако дозволуваш некој во домот да ти живее значи и ти ќе треба да направиш компромис. Мене тоа ми е рационално размислување за градење на здрав однос. Ако не сакаш некој да ти поставува правила, не го примаш дома. Едноставно е.
Па вие не знаете колку само сте грешка ако мислите дека штом некој живее одделно од свекор/свекрва има раат.. ама тука не се криви свекор/свекрва, ај тие што се злобни, расипани, не и даваат мир на снаата ама каде е тука мажот бе? Па мажот треба да е тој што ќе застане зад својата жена кога таа е повредена/навредена/понижена/излажана/манипулирана од свекор а најмногу од свекрва (да најмногу од свекрва оти тоа се посебни категории на суштества). А на тема домашен миленик и дете очигледно ви се изместени вредностите и размислувањата. Да дозволам јас бебе мое 9 месечно да го боцкам со разни лекови против алергија заради куче/маче е извинете ама треба да ми фали нешто. Нема да го оставам на улица секако ама или ќе оди кај моите во двор или ќе се вдоми на друго место.
Ако те боли некој тебе така да те нарече, го боли и некој друг. Може ти да навредуваш, а не смее никој тебе. Како бе така? Ај ми се разбуди бебето. Во секој случај размисли за ова.
Не, не е. Ти сакаш да биде оти ти мислиш дека е твоето исправно, а нејзиното погрешно. Од каде излезе мачки по канти влагале? Еве моиве по канти не влагаат, па ако утре свекрва некоја не е ок со нив, што? Крива е? Мора да ме прифати? Тој што доаѓа се навикнува на ситуацијата, не обратно. Пред да дојдеш ваљда гледаш дали мачки чуваат, пушат дома, слушаат вести на најгласно, прдат во дневна. И ги гледаш и си викаш - ај бе ќе ја оправиме. Ама нема да ја оправите. И на неа, како и на тебе, нејзиното е најисправно. Не си побитна, ама тешко тоа се џвака.
А ти за што ме навредуваш бре? Ај кажи за што се жалам јас? Барем да ти објаснам. Или колку да пишеш нешто.
Леле да ти дозволи. Дозволи! Ти дава милостина свекрвата оти гледа дека нема можност син и да се ожени без да му даде кај да живее. Вика од овој шупелка не бива, да ги приберам оти јас ако не сум, под мостот ќе живеат. Двајцата не ги бива за една соба под кирија. Уште ве одгледува мајката, на 30 и колку години? Па уште не чини?! Рационално размислување и здрав однос е: сине, сакаш да се жениш? Пријатно. А не, дојдете со невестата, мама ќе ве чува и вас и вашите деца, и се ќе биде убаво. И врапците ги бркаат врапчињата од дома кога ќе пораснат, само ние кај свекрвата одиме.
У државава има мал милион работни места кај шо плаќаат минималец и некој ги работи. Значи тие луѓе не заслужуваат дете да имаат? Имаат каде да живеат (кај родителите на едниот) нормален живот, едноставно не заработуваат доволно за да можат да земат станбен или да плаќаат кирија, па поради тоа не треба да имаат дете? Малце се претерува, ама ај.
150 евра е мал стан. Ако двајцата не можат да заработат толку.... Или мора на одмор у грчка? 22000 по 2, се 44000. 10 000 за кирија, 34000 за сметки и јадење. Ама мама ја нема. И ова е минималец. За со средно.
Моментално е 20.000 минималец. Не знам, јас немам сретнато ќирија за 10.000, можеби има, кој знае. А што ако мамата зима 10.000 пензија?
Едната плата да оди за сметки и кирија(кредит) со другата се живее. И сега следува ама како ке живееш со 20.000 ете така ако сакаш можеш ама не подобро е 40/50 000 чисти да ни остануваат ама ке трпиме срање цел живот и ке кукаме како е тешко да си самостален.
Па се тоа се планира пред брак, каде ќе се живее, финансиите како ќе се распределат, планирање на дете итн.
Да. Никој не вика дека е лесно ке бидеш скратен од многу работи ама нема да живееш бо детската соба на мажот ти со детето.
Секако. Ама ете, има парови што цел живот работат за ситни пари, едноставно има луѓе што немаат вештини и познавање за да најдат подобро платена работа. Многу е нефер да се каже дека не треба да оформат семејство. Ако некој нема ни за јадење, логично не треба да има дете, ама зборувам за нормален живот, ама ете во заедница. Некој се труди и рмба, ама пак неспособен испаѓа. Да беше само јадење, супер. Да не набројуваме што сè друго ти е потребно у животот (не зборувам за летен одмор), сите знаеме дека не е само јадење, поготово ако имаш дете. Може да отвориме тема за што трошиме сите фамилијарно, можеби ќе дојдеме до заклучок некаков. Види, ако навистина свекрвата е толку лоша, сигурно човек ќе се запраша дали уопште би имал било каков контакт со толку лоша личност. Ама има сосема нормални родители, воспитани, културни, со разбирање и почит. Заедница не значи автоматски несогласувања и конфликти. Зборувам за нормален однос; подобро е да не оформиш воопшто фамилија само затоа што би живеел во заедница? Патем, ништо не е зацртано во камен, нештата можат да се сменат понатаму. Аха, да, 100%.
Фала што постои уште некој што има такво мислење како мене. @CameliaMiller Никогаш не би се одкажала од мачките. Тие се мои и секогаш ќе останат . На некој му се побитни внуци на друг своите мачки.
Стапувањето во брак значи дека човекот е самостоен и независен. Ако работат двата, може да живеат самостојно без свекрви. Но полесно е жалењето отколку идењето на работа.
Каде го има тој мал стан за 150 евра денес? Многу ме интересира. Во Скопје не сум слушнала некој да плаќа толку кирија некои 5 години. Не се само сметки и јадење, како не разбираш. Одмор една годишно е нешто кое секое дете треба да го има, а и возрасни кои работат постојано. Не е луксуз ни чепост. На постара кола еден квар може да е 250 евра. Значи ни за храна нема да има тој месец. Сум за одделно живеење па и во најдобри односи да си со свекрва и свекор. Ама да се напињаш со цифри е сулудно.