Абе да, ама животот не секогаш иде по плановите. Ете, има луѓе што немаат доволно прилив за свое место, ае нека се самоубијат. Башка, колку има свекрви/свекори кои имаат ниски пензии и им одговара да живеат со фамилиите на децата. Ако се сака, може да се живее нормално и во заедница.
Ајде бе она не го доживеала, јас еве сум “легитимна” оти сум мајка и тврдам како што пишав и предходно, ако детево се погоди алергично на моите 4 кучиња кои моментално не се со нас па не знаеме дали е алергично, нема да барам од нашите да се решат од нив пошто сме во иста куќа, ниту пак ако јас ги имам ќе се решам од нив. Они ми се дел од фамилијата и ги сакам како човечки битија и ќе направам се што е можно за да ги задржам. Јас како мала бев алергична на хрчакот кој го имавме, 4м бев по болници оти имав отоци на цело тело, прво пршање со плачење кон докторката беше дали мораме да го фрлиме хрчакот. Значи од мала ја имав таа емпатија и љубов кон животните, не ми беше битно што примав преку 30 инекции и бев подложена на секакви испитувања, ми беше битно дали ќе го задржиме хрчакот. Да на моите ни на крај памет не им падна да го отстранат, оти мојата психичка состојба им беше исто толку битна како и мојата физичка, па ми даваа терапија за алергијата, ништо не ми е еве, тој хрчак живееше уште 4 години и после него чував уште многу, впрочем брат ми чуваше до скоро исто. И тоа не беше наивна алергија, како што реков бев во Ск на доктор и еден месец скоро лежев во болница.
Не знам што има врска дали е лоша или добра. Не се мажам со неа. Јас од старт му кажав на маж ми дека не сакам да раѓам под ист покрив со неа. Бев само два месеци додека го средиме нашето и ми наметнуваше нејзини правила од околу. Еднаш ми рече: Ај бањај се сега зашто после ќе дојдат другите мажи ( свекорот и деверот) и ќе се заредат во купатило. Епа јас ова со години да го трпам? Не, фала. И да е најдобра на свет, ќе има рчкања, несогласувања.
Има станеви од 150е. Еве ти пример од блиска пријателка моја. Маж и се тројца брака, родителите негови и плус баба и дедо има во куката значи можности за живот еднакво на нула. Плакаат еднособен стан под кирија 150е двајцата се со минимални примања. Живеат ок детето има се. Е сега никој не вика дека е луксуз одморот ама не им приоритет. Значи приоритетот е мирот по цена да се направи жртва за многу други работи шо би требало да се нормални. Поентата е дека се може ама колку од лугето сакаат да прават жртва.
Зошто да мора да се оди на одмор еднаш годишно? Еве ние кога работевме на куќата, не бевме на море, туку викенд до Охрид две лета. Морало, како да не.
Ако старите се согласиле снаата и синот да се вселат со нив, значи прифатиле влегување на уште еден рамноправен член во заедницата. Патем и тоа што го земате нивното презиме е симболично за тоа: станувате дел од тоа семејство и како таков имате права. Кога влегува нов член во заедницата, а после кога ќе дојдат и други (бепчиња), заедницата треба да се прилагоди да ги опслужи сите членови на истата. Тоа се прави со дијалог, емпатија, отворен ум и добра волја. Барем така јас ја гледам заедницата во 21ви век. Додека функционална заедница носи бенефити за сите, самоволие од било која страна е деструктивно за сите. Сметам дека денес ние како жени имаме многу повеќе избор отколку жените порано и не треба унапред да си го скратуваме заради предрасуди (кои многу често провејуваат низ темава, сите свекрви лоши, ќе ти рошкаат во фиока, како снаа немаш право на глас, за да имаш мир само сам, итн.) Не дозволувајте предрасудите да ви го водат животот, проценете ги ситуациите такви какви што се и врз основа на тоа носете паметни одлуки. Не живеат сите во заедница зошто не можат сами финансиски да издржат. Дури и да е тоа случајот, тоа не ги прави неспособни да се родители, ниту пак треба да си го ускратуваат тоа право. Толку се индивидуални овие работи, што не постои универзално реалистично решение кое упорно се нуди во темава (20 квадрати, кредит, кирија). Би им препорачала само на жените што се заинтересирани да живеат во заедница прво да испитаат терен, па после да носат одлуки за брак и деца. Имајте пари настрана што никој не ви ги знае. Пристапувајте на проблемите како возрасни личности, а не како деца.
Секако дека не треба да се трпи такво нешто. Ете ти си пример дека ништо не е зацртано во камен и нештата се менуваат. Ако денес некој живее во заедница, не значи дека ќе живее и утре. Муабетот ми е дека да се има опцијата да се живее во заедница не значи дека треба да се отфрли опцијата да се формира фамилија. Секако не треба да се живее во токсична средина, поготово ако се има дете. Ама ако животот е нормален, а се нема друга опција во моментот, сосема логичен ми е изборот заедница.
Да, толку се мали станови. Во попериферни населби можеш комотно да најдеш двособен наместен стан за тие пари. Не мора да бараш луксузно наместен стан во Дебар Маало.
Од збор до збор се согласувам. Само во делот да се испита терен, барем во мојот случај беше/е така, пред брак, додека бевме дечко и девојка, свекрва ми се однесуваше со мене како со ќерка исто со неа и јас се однесував супер, почнавме да живееме во заедница првиот месец супер беше се. Наеднаш преку ноќ од кога почнав да одам на работа (тогаш најдов нова супер работа, со повисока плата, со супер услови) женава почна да праве драми и сплетки. Сакам да кажам пред брак свекрвиштава знаат да манипулираат толку добро за да помислиш да живееш со нив (пред се синчето да не се оддели од мамичка) ама после тоа се вештици што само сакаат синчето нив да ги сака и да ја покорува жена си. (не зборувам за сите, секоја чест на исклучоци ама 6 другарки сме кај 5 од нас свекрвите се такви манипулативни кучки)
Сум кажала многу пати, и во најдобри односи да си, возрасни треба да живеат одделно. Пак ке си се сакаат и на кафе или ручек. Во врска со цените за кирии, јас одамна немам слушнато некој да плаќа толку мала сума, ама супер што се снашле. Секако дека мир цела година е побитен од 10 дена на море. Е сега квадрати толку по толку, сите јаки направиле се сами, помош од никој, на 25 години плата плафон за кредит за стан, сите поверувавме.
Не навлегувам во тоа како е правилно или подобро кој како сака нека живее. Еве ние сме на периферија и даваме од 6000-8000 ден на гориво.Ако ми кажеш можеш и со автобус во старт ќе ти кажам неможам зошто од 8 сме на работа а детето е од 7 ипол.Значи ќе живееш на периферија ама ќе си даваш на гориво.Сите добра ги нема а животот е ужасно скап,тоа е факт. Кај нас решение беше едниот да има втора додатна работа за викенд.Додека можеме ќе гуркаме.
Искрено, жив пример ми се братучед ми и снаа ми. Многу сум блиска со него, ко брат и сестра сме растени, имам колку толку удел и во приказнава со скромна финансиска и физичка помош, значи јас знам целосно ситуацијата. Двајцата вработени во маркети. Значи не збораме за платишта, туку две минимални плати. Се пробаа со неговите - нервози; Се пробаа со нејзините - нервози; Се пробаа со кирии - 2-3 стана сменаа поради што ете ќе сакаа газдите да си се вселат и сл. Деца имаат, значи и тие се трошоци. Полека полека, нешто со позајмица, нешто со штедење, дадоа влог минимален, си зедоа станче 50 и некој квадрат, старо зградиче. Шо можевме сите помогнавме, кој фарба, кој ламинат реди, овај другар струјата, онај другар водата, чистевме рибавме... го дотеравме во пристојно место за живот за цело семејство. Ќе враќаат цел живот пари, ама секоја чест - капа симувам. Ама станот не е ни нов. ни во центар, на страна си е, во внатрешноста од државава. Е сега сите сакаат Скопје, во центар, во цут нова зграда, минимум 70 кв... па се нема пари, сиромаштија... е се нема. Никој не сака на страна, во помал град, или во село, па порадо би се стегале во собче со свекрвица. Ако се сака, се може, со труд, паметно планирање и желба. Тешко е, ама возможно. И јеби га, таков е животот, тежок, треба борба, ама како да им докажиш кога кај нас децата до 30 години се мама меси тато носи, мислат се треба да е дадено на послужваник. Јас имам најголема почит кон секој млад брачен пар што со пот и со труд си постигнал да си обезбеди покрив над главата, дали е кирија или кредит.
Сосема непотребно е да споредувате животни со луѓе, мачки со бебиња, снаи со свекрви итн. итн. Позадината на сето тоа е љубов. Секој безусловно ќе го брани она што го љуби. А што ми е мене мило и драго, а што на некој друг, никој нема право да осудува. Никој, ама апсолутно никој нема право некому да наметне кого треба да сака или да го критикува зошто на пример мачето го исполнува повеќе од внучето. Ако одам во нечиј дом, каде нешто не ми одговара, своеволно ќе напуштам, не е нормално да барам од домаќинот да го преврти светот и досегашинот живот наопаку за мене. Некој си наоѓа среќа во мачето, некој во внучето, трет во цвеќињата. Да се откажам од животинче што можда 10 години сум го чувала, ми е незамисливо, под никакви услови, никогаш. Последен залак би делела, но нема да го напуштам.
Вака кога се пишува, а еднаш не пробале да прочитаат... значи од телефон, у последниве три минути најдов станови, ако бараш секој ден интензивно, ке најдеш и поевтино. Еве за 12 000 https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...m/se-iznajmuva-garsonjera-vo-aerodrom/4725149 еве за 14 000 https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...etno-opremen-stan-na-odlicna-lokacija/4722554 еве за 8600 https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...m/se-izdava-garsonjera-vo-novo-lisice/4648311 еве за 12 000 https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...-stan-od-50m2-vo-aerodrom-na-vtor-kat/3571787 пак за 12 000 https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...znajmuva-garsonjera-kisela-voda-rampa/4724962 еве за 12 000 https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...voda/se-iznajmuva-stan-vo-kisela-voda/4724928 еве за 10 000 https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...os/se-iznajmuva-stan-vo-kuka-vo-kozle/4712510 еве за 11000 https://www.pazar3.mk/oglas/ziveali...voda/se-iznajmuva-stan-vo-kisela-voda/4724208 и ако кажеш дека ке склучите договор за подолг период, цената се намалува. И тоа наместени станови. Да не зборуваме дека младите од свадбата што им ја платиче родителите имаат кеш. Работата е дека има станови, има работа, ама пусто не можете да се одделите од мајка или мажита од мајките. Или па побитно ви е да имате нокти купечки и партали и да одите на одмор, па си викате, вреди за тоа свекрвата да ми носи улични мачки, а детево нека се оболува. Сами си правите приоритети. Факт, побитно ви е се од тоа да се помачите малку. Се на тацна мора да имате. за детето да ми биде здраво?! Залак, да. Дете, не.За дете и маж 10 години што го чува, ќе го оставам не па мачка.
Затоа што море е здравје. Не за да закачиш слики на инстаграм, туку да детето да дише сол и јод. Се е толку загадено, воздух катастрофа, тие 10 дена на море се благодет за детето. Не збориме овде за Миконос, туку за еден одмор со крпа на песок, кој многу го немаат, а со плативе и кирии нема ни да го имаат. Си била скоро во Охрид да видиш цените кои се?
ништо не значат 10 дена на море, кога мајката секој ден е нервозна за 355 дена од свекрва. Деацата повеќе страдаат од лошите семејни односи, ама никој не се замара со тоа. Ама 10 дена на море, еј... 355 нека се труе.
Бевме викенд пред неколку години. Не се сеќавам колку плативме, но секако помалку од 10 дена во Грција. А море 10 дена и здравје како да не. Ама ај да не почнувам.