Старите се согласуваат да живеат со младите за да има кој да ги чува на старост. Барем повеќето размислуваат така. А не затоа што ако го остават синот, ќе мочал под мост. Сите сме себични на крајот и бркаме свои интереси. Малку дволично. Сакам снаата да ми го бања газот кога ќе не можам од кревет да станам, ама не дај боже мачката контејнерка во двор да ја чувам, затоа што на снаата и е гад да ја доближува до внукот. Па земете лижете канти ако тоа не ви пречи.
Абе се си мислев дека нема во денешно време млади личности со заостанати размислувања. Синот нека си го прчи, а снаата е должна за свекорите.
И на вас крајот не ви се наоѓа. Што треба да прави една снаа во заедница? Ако не помага, тоа не е нејзин дом. Ако не плаќа кирија тоа не е нејзин дом. Ако помага, што е па должна, пак тоа не е нејзин дом. Средина има ли? Или секако снаата е крива за се, па и што се родила женско?
А што има врска со бањањето? Еве и во заедница, зарем снаата е должна да ги бања? А синот што ќе праи? Ќе брца во нос, ќе грицка семки и гледа тв?
Не е должен никој технички, но ако треба и се сака да се помогне не ми логично синот да ја бања мајка му. Тебе логично ти е татко ти да го бањаш? Пази само Харуки да не се згрози од начнатата тема.
Да, логично ми е, по трети пат него го родила, не мене. Јас за мајка ми сум да помогнам што треба иако сме одвоени, маж ми нека им помага на своите, не му бранам. Јас негова мајка ни би бањала ако дојде до тоа, иако многу lлуѓе не ни залегнуваат, па не ни сакам да се случи тоа, не му посакувам никому. И ајде те молам не се враќај во 19 век со бањање, облекување, бричење на стари.
Не мајка ти, татко ти. Се правиш дека не читаш или треба да повторам. Дали би го бањала татко ТИ? Во ете немила ситуација, да треба. Јас еве не би го бањала татко му. И тоа е логично. Ниту татко ми. Ако треба бидејќи сум жена, ќе помагам на жени. Што има тоа со 19ти век? Тоа се човечки односи и битија на кои им треба помош.
Еве син ти и маж ти доживуваат сообраќајка двајцата. Не може татко му, и он е повреден. Што ќе правиш? Значи недајбоже никому ама ете...
Ако нема кој, јас. Тоа е. Не знам што ти е поентата. Што има тоа врска со бањање на машки членови вон моето најблиско семејство.
Што има врска татко, мајка? Двајцата ми се родители, исто би ги третирала. Не одговарам за болдираното од лични причини.
Па ако ти можеш да го бањаш син ти, може и маж ти да ја бања мајка му де, ако нема кој. А ваљда барем една пријателка има таа свекрва у животот.