Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    7.298
    Еве пример ќе ти кажам. И јас и мм сме си високо образование. Земаме просечни плати. Од тие плати да треба да издвоиме за кредит ќе немаме за леб. Буквално.
    Потребите на детето настрана.
    Тие што решиле да се одвојат и да имаат свој дом не измислиле топла вода. Туку такви примања имаат.
    За тоа не можеш да се исмеваш на финансиската моќ на другите. Знаеме какви мизерни плати се земаат овде. И да. Злобни сте со коментарите. Демек некој можел друг не.
    На мм душата ли да му ја земам за да земеме кредит?
     
    На simoncelicius, *Amethyst*, Stressed Out и 8 други им се допаѓа ова.
  2. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Пак ке ти кажам небо и земја ни се размислувањата.
     
    На buba4e89 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    И јас да многу работи во животот не можев да најдам доволно добра причина зошто да (не) се случуваат, ама додека не си во туѓа кожа, најлесно е да зборуваш.
     
    На Emy867, Skorpija25, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    8.011
    Пол:
    Женски
    Затоа има жени што имаат деца по 14 години и се уште ништо не работат, со изговор децата.
    Е ова никако не можам да го сфатам. Сопругот умира од работа, оваа дома, од една во друга соба, децата ги гледа.
    Глупости.
     
    На Cka, CameliaMiller, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    Се согласувам со тебе, примерот со презимето иницијално го зедов за да ја дообјаснам мојата поента, и секако беше искористено во поинаков контекст од членката што ме цитираше.
    Презимето и мене не ми е важно, ниту пак го прави семејството, само спомнав која е симболиката на таа традиција. Или барем како јас сум ја сфатила.

    Уште го држам ставот дека возрасни личности треба да се ослободат од предрасудите кога носат одлуки и да проценат што е тоа што најмногу им одговара на животните прилики. А темава машала полна предрасуди...
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Ни јас не го разбирам тоа. Не го разбирам и неработењето и ако детето е 4 години и 40 (без реална причина), ама ако ете, така се договориле со партнерот и не им смета на двајцата, мене ич не ме смета.
    Едино би ме засегало ако дојдат да чепнат во мојот џеб.
     
    На Emy867, Skorpija25, tanjaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Дај те молам прати ми таков стан од 150 евра,гарсоњера можеби има ама стан тешко.
     
    На simoncelicius, *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Ама еве ти си чист пример на семејство кое не живее во заедница, живее на растојание поголемо од 1000км од свекрва, сте створиле сѐ сами со маж ти и пак свекрва ти те нервира.
     
    На Skorpija25 и Anyshka им се допаѓа ова.
  9. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Ова се станови од 200 евра и гарсоњери од 25 квадрати,убаво што си се потрудила да се докажеш ама за жал неуспешно.;)
     
    На simoncelicius, *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Не ми паѓа на памет.
    Твоите комплекси, разочарувања, заостанати мислења јас не можам да ги променам, дел се од твоето воспитување и твојот карактер.

    Како на пример, емпатија кон животни е нешто што се учи, тебе родителите не те научиле прво, затоа не ни можеш сега да разбереш, ниту било кога ќе разбереш.

    Како што дома се учи дека и мајка и татко еднакво се чуваат и бањаат, ама на 30+ нема да го сфатиш тоа. Како што дома се учи дека синот треба и може да се замара со мајка му, а не ти.

    Можеби си порасната во семејство кај што на најјако бил пуштен патријархат, не знам, па оттаму ти се и очекувањата за кој каква улога има во домот заснована на пол и други стереотипи.

    Некои од нас поинаку се растени и воспитувани, прост пример ти е, мене не ми бранеле да нахранам или погалам улично куче, а често гледам мајки/баби како тоа го прават. Или фактот дека татко ми сосема еднакво цел живот готвел, перел, чистел, дека баба ми никогаш мајка ми ја немаше бањато.

    Од мајка ми во живот не сум слушнала дека треба да живеам со свекрва, дека мажот може тоа, а јас она пошто сум женско.

    Не беше ни прашање дека сама ќе живеам после разделбата со вереникот, дека нема да се вратам (од нив највеќе поддршка добив), но затоа многу жени ме прашаа зошто жена сама под кирија живеам (или кај моите или кај маж).

    Сето е воспитување и подоцна свои ставови на тоа воспитување, затоа не можеме да се разбереме. Затоа што од никој НИШТО не очекувам, ни од бившата свекрва, а не, не ми беше карактер по ќеиф.

    Фората е да сфатиш дека твоето не е единствено исправно. За тебе е. За свекрва ти е друго исправно. За мене трето. За Трпана четврто.

    И знаеш што? Сите сме во право.

    Само што кога не си сам и живееш со родители, се прилагодуваш на нивните правила. Како што си се прилагодувала пред да се омажиш :) Исто е. Само не ти одговара и тоа те разочарува.

    Ама нека не сум во право, сеедно е. И како свекрва ќе бидеш иста, што ќе очекува од снаата да ја бања, тогаш следен бран на реалност ќе те удри кога не, нема да го прави тоа.
     
    На April20, bittersweet, Smiley92 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Немам линк од мојот, под кирија, 10 000, 45 со тераса. И да, тројца живееа овде пред мене, замисли.
     
    На Cka и Polyincognito им се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    8.011
    Пол:
    Женски
    Залудно се објаснуваш.
    На некои личности многу полесно им е да бараат изговори и да се жалат.
     
    На Smiley92, buba4e89, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    A што мора па во СК да се живее, макар и да нема крај со крај да се врзи? Битола има по 100 евра станови по 50 кв, ете баш во мојата зграда. Платите не се презначително пониски од СК, по маркети, по фабрики, исто ко Скопје претпоставувам. Зошто мора да се живее во Скопје, по цена и на сопствен комфорт, колку да се каже СК живеам? Од тој пуфкарлук се испразнија градовите и селата. Може да се има убав и пристоен живот, не е срамота да живееш Прилеп, Штип, Битола, Кавадарци, Струмица, итн.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Едно е дискусија друго е напорност ама да ја знаеше раликата немаше да го тупиш.
    А сега продолжи си слободно.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Па благодарна си на твоето семејство пошто е твое, на мажот е лошото :D

    А не е, само тебе не ти чини.

    Скокај постови и делови слободно, тоа е до твоите способности за дискусија, не моите.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.817
    Пол:
    Женски
    Може ли да ве замолам цивилизирано да дискутирате?
    Ако сметате дека со некој не сакате да дискутирате, не реплицирајте, наместо да се служите со навреди.
    И едните и другите.
     
    На Skorpija25, Nausicaa, Smiley92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Па за други не знам, тука се родив.
    Нема логика да се селам по други градови, семејство, работа, пријатели, се' ми е тука. Ова јас.

    Другите ваљда оти работа имаат во Скопје, ама тие не живеат во заедница секако.
     
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.985
    Допаѓања:
    13.761
    Зошто некоја не би сакала да го бања својот татко? Навистина, зошто?
     
    На Martka, elimkd и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Не зборам за тебе, јас ако се сеќавам добро со бившиот на периферија имавте земено плац, така беше? Значи сепак тогаш баравте нешто што би било убаво, но и поволно и прифатливо.
    Зборам општо... за млади брачни парови што едвај врзуваат крај со крај во СК пример, ама работат работи кои ги има секаде, за плати кои ги има секаде. Нека е и периферија Скопје. Становите СК во Центар се и до 2000 евра квадрат, нормално дека не може никој да си дозволи, ама не ни мора реално. Може прекрасен живот да се живее и во некоја населба на страна и во село, и во друг град. Порадо би одбрала да живеам на страна некаде, па и во друг град, отколку со свекрва во Центар, пример. Или 250 евра кирија :|
     
    На Smiley92 и Cka им се допаѓа ова.
  20. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.186
    Пол:
    Женски
    Јас само дојдов да ви кажам на темава дека со 20.000 не се живее, се животари. Периодов сме само со една плата, за жал еден од нас остана без работа, платата е поголема од 20, ама со сметки и бензин ни остануваат толку за храна.
    Секој ден готвам манџи,тавчиња за да заштедам и пак не стигаат, плус месо не јадеме, еднаш неделно или нс 10 дена земам пилешко само.
    Пазарам во евтини маркети и пак едно искачање не ми е испод 500,600. Цениве се ненормално високи а дете си сака сок, овошје ,млекце, па ти побарало чоколатце, бурекче сакало, за нас не мора да има ама за него :(
    Со 20.000 не се проаѓа месец за храна , а пак уште ако се потрошиле прашакот, шампонот, средствата, сапуните:worried:
    Да не заборавам лекови кои некои секој месец мора да ги пијат , или витамини неопходни за дете..основни работи за живот.
     
    На simoncelicius, Oneo, crimson и 14 други им се допаѓа ова.