Немавме на периферија плац, исто 4км од Центар, само во друг дел од градот. Знам дека не зборуваш за мене, ама и тие што живеат во Скопје, а не се од Скопје, не живеат во заедница оти родителите им се во друг град, пак живеат под кирија или во купени станови. А живеат тука оти тука работат. Инаку јас лично да не морам да одам на работа, не би живеела во Скопје, барем не толку блиску до Центар, преферирам да живеам во село. Немам пари за да живеам во село
Ај не рипајте многу многу со вашите "совршени" животи се они сами створиле никој ништо у живот не им помогнал никој не трпеле никој не ги заебал до сега. Абе све способни овде собрани... анонимниов форум е далеку од анонимен да знаете.
Не е проблемот од тебе да делиш, туку од детето да делиш за мачето. Кога ќе имаш дете мачката не е првотангирана у твојот живот. Ете ти линкови од кај мене, за 3 мин најдов 10 стана со 200 евра. Секако се подобри и поудобни од ергенската соба на маж ти кај свекрвата. А кога барав за нас, бевме у стан тројца од 74 кв, на Илинденска, за 200 евра. За 0 можев кај свекрва, ама маж ми е одвоен од цицка одамна. Ама ти си барала, си нашла. Овие сакаат со свекрвата, друг се грижи за нив. Не се мачат они. Со просечно плати од 30000 не можете да одвоите 200 евра за кирија? Заедно имате 1000. Имаш, ама не ти се даваат. Или у превод, поудобно ти е кога друг ти дава живеалиште. Не ти се смеам на парите, доволно имаш. Храброст немаш. Убаво види, се има. Еве јас одговорно тврдам дека ние тројца, месечно максимум 200 евра даваме за јадење, 70 за бензин. Еднаш годишно е регистрација. Алишта имаме не носиме марки, немаме комплекси. Гаќите ми се евтини, ама не ми ги фаќа свекрвата. Тврдам дека со 23000 колку што е една најниска плата без раб искуство се плаќа и литија и сметки а со 23000 се друго. Сама готвам, сама чистам, и се храниме здраво. Нема ресторани, нема чистачки дома. Појадок секој ден си носиме од дома. Како може 20000 да ви се малце за јадење за цел месец, не знам.
За другите членки не знам, јас одамна не сум анонимна, така што тие реално што ме знаат го знаат тоа што го зборувам. Тие што не ме знаат, нека си мислат што сакаат. Од сите овде ја знам @Cka и можете да сањате дека измислува, искрено. Или да се тешите, ватевр.
- Леле колку вие само бетер свекрви утре ќе бидете од тие што се жалите тука. - Мислам дека има општа фрустрација меѓу постарите и поновите генерации. Ај милениалс уште трпат некои работи, ама Gen Z, не е*ат жива сила. И на сите тоа им пречи, само пошо они немале опција да го тераат животот по нивно и наместо да речат, ајде да направиме подобро барем за следните генерации, нив тоа ги фрустрира и идат по она ако јас сум страдала, сега мораш и ти. Ако јас сум трпела, мораш и ти. Ако јас сум зимала туѓо презиме, мораш и ти. Никој ништо не мора. - Само тука имам приметено себичност како на ниедно друго место кајшто сум живеела и патувала. Пошо ако на некој му речеш дека не сакаш деца, одговорот ќе биде А, кој ќе ти подаде чаша вода на старост? Уште неродени, веќе ги планирате да ве чуваат. - За жал, на Балканот живееме, а он треба да е посебен правец у психологијата. Во странство, се има стандард, секој се грижи за здравјето од најмала возраст, за на стари години сите да бидат витални и здрави. Палат патиките и се шетаат, патуваат, се дружат со други пензионери, вежбаат, седнуваат на ручек/кафе надвор. Тие што не можат, си најмуваат сестра да се грижи за нив, имаат многу напредни опции, кои не се како тука ужасни. Ама ни на крај памет нема да очекуваат децата да ги "дочуваат". Им кажував на мои пријатели од надвор дека баба ми живее со нас, не можеа да го сфатат концептот, се чудеа. - Ова со бањањево родители, ме потсети кога на еден близок пар, кајшто таткото не беше и уште не е вклучен околу грижата на детето, му реков зошто не си ја бања ќерката (кога беше бебе), кога веќе не менува пелени пошо му било гадно, барем нешто да помогне и ми рече па незгодно ми е, женско е. По таа логика мајките треба само за ќерките да се грижат, татковците само за синовите. Попрво како изговор ќе внесете сексуализација на бебе/родител отколку ако можете да помогнете некому. Језиво. - Проблемот е што сами не се знаете кои сте и што сакате, пошо од мали ве учат дека смислата на животот е брак и деца, ништо друго. Само кај нас свадба е најголемо животно остварување. Пола да се замараа околу бракот колку што се замараат околу самата свадба, друг муабет ќе имаше сега. И после доаѓаат проблемите пошо не сте искусиле самостоен живот, свекрвата ве мачи, оној ве мачи, таткото е само биолошки родител пошо без вас нема ни да знае облеката на детето кај му стои и вие си наоѓате некоја смисла само во детето. Целиот свет ви се врти околу нив до болен степен, немате живот надвор од дома, нема излегување сами со пријателки, нема хоби, нема ништо подалеку од тоа дете и фаст форвард, честитам, станувате токму ко оние од кои се жалите. - Апсолутно се е погрешно овде, од разликата во воспитување на машки и женски деца, очекувањата од нив, економскиот стандард, нивото на општа писменост, начинот на живот во и надвор од заедница, се е генерациски многу погрешно и не гледам дека тука нешто ќе се смени ни за 500 години. - Утепавте веќе со мачкине, аман, сфативме, светици сте. Мораше во крајности да носите со хорор хипотези, а залче, а ако умре детето, а ако треба да бирате. Џизс. Вие глејте си вашиот избор, а другите својот. Ко за некои што 2000 страни пуните жалејќи се дека некој ви се меша у фиоките или животот, многу лесно се мешате во туѓите. Ко што имаше некој пишано, пола од овие што коментираат пушат цигари, детето им јаде виршли и фаст фуд, пие кока кола место вода, расте гледајќи караници, нечувствувајќи љубов, се воспитува преку таблет за да не досаѓа, слободното време го поминува по молови место паркови, расте со toxic masculinity ако е машко, ако е женско расне со учењето дека мора да слугува на другите, не се комуницира со нив подлабоко од тоа што имале за домашно, ама мачките во дворот биле животозагрозувачки, во ред, сфативме. - Заборавивте како ние израснавме надвор во кал, песок, трева, трчајќи, паѓајќи, галејќи улични кучиња, носење дома куче или маче, чување хрчаци/зајци/желки ги правите децата со сила стерилни и беж. Стаклено ѕвоно никогаш не е во ред, side effects доаѓаат отпосле кога детето ќе ви уплаќа психолог за да си ги излечи траумите од вашето "совршено" родителство. Ама сфативме, мачки/кучиња ќе направат детето у шокови да паѓа, да умира и секоја крајност измеѓу, у реду е, еве ви награда. - Исто, поради стандардот и традициите за жал се нема оној период на независност кај нас. Од дома у брак, во заедница или со мажот, никој не осетил малку слобода и независен живот, не знаеме сами со себе да уживаме, не па уште со три генерации у соба. Статистички, ние најдоцна се иселуваме од дома и уште не сфаќаме колку тоа не уназадува. - Во заедница со други освен со мажот и децата не би живеела ниту да ми плаќате. Него вие битно се венчавте, мисијата животна е остварена, а никој не седнал дур е у врска да направи муабет како ќе се живее, што ќе се работи, каде ќе се живее, каков лајфстајл ќе имаме, на што ќе биде фокусот, дали сакаме деца, како ќе се воспитуваат тие деца, муабети за пари, религија, штедење, буџет, ништо. Битно сте се земале, честитам. Не знаете да ги правите муабетиве затоа што не знаете што сакате и страв ви е да не останете немажени ако видите дека имате различни ставови за битните теми. И да, се менуваат ситуациите, се се случува, ништо не оди по планот, затоа пак комуницирате ко што треба. Немате комуникација ни самите со себе, не па со други. Со свекрвиве исто, попрво ќе ќутите, ќе се жалите на мажот, по форуми, наместо да комуницирате нормално. Барем од ваша страна да знаете дека сте направиле се што треба. А, ниту знаете по форуми да комуницирате, пошо се начитав клетви, навреди, потсмејувања, крајности, хорори, или-или ситуации, фрустрации. Благодарам на вниманието. )
Не бе нема веза, не им ги пукај меурите од сапуница, нема такви станови ниту плати поголеми од минималец. Во фабриките во Бунарџик по 27-28 000 илјади земаат обични оператори, без факултет, без никакви посебни вештини, али нема веза. Нека го поминат животот мирисајќи ги прдежите на свекорот и свекрвата и кукајќи од детската соба на мажот како животот не е фер.
200 денари е еден леб, млеко и јогурт. По 30 дена се 6000 денари. Сѐ останато со уште 6000 плаќаш? Те молам кажи ми во кој маркет пазариш оти нас двајца, син ми не го ни ставам во пресметките за храна, не ни стигаат 20.000 месечно за храна. А не јадиме по ресторани, јадиме дома готвено, ништо посебно, кавијар немаме на мени.
Остај ти не знаеш со 300 евра и кирија и сметки и храна се плаќа, кој ти е крив што не знаеш да си ги распоредиш парите. Многу бајки се кажуваат овде.
А ти шо не ебеш жива сила имаш 20 години, живееш во куќата на твоите родители, со платени сметки и храна и од дома бараш 200 денари за кафе. И толку имаш исполнет живот шо дојде на форум, во тема за снаи и свекрви за да гледаш сеир и да делиш совети од твоето долгогодишно искуство. Браво за тебе.
Da me nervira I ke me nervira do kraj jas si go znam toa...ama nemoze nisto da mi pregovori,bidejki nitu sedam vo nejna kuka,nitu smetki mi plaka,nitu Mi pere/gotvi... E zatoa jas mozam se da I plusnam vo faca,mozam I po 10 god da ne zboram so nea,mozam I najlosa/najdobra da bidam ama ne zavisam od nea... A mnogumina ovde em zavisat od nov,em imat korist od niv em se bunat samo radi izmislen luksuz I sto ke kaze narodot... Mojava si e alcna za pari,za luksuz,za k'c pred narodot...mojava mislese deka jas ovde ke stanuvam vo 4h za rabota za ona da ima...vide deka toj film kaj mene ne go gleda so pomos na maz mi se smiri...sea e pu pu da ne ja urocam cveke ( so trne )
Како стигна до 6000 остаток? Од 20 000 колку што е минималец, ако двајца трошат 6000 за храна (а јас сама не трошам повеќе од 3-4 000 искрено, готвам секој ден, некогаш за 2 дена, некогаш замрзнувам, што значи за уште еден како мене 6 би ни стигнале за храна) уште 12 000 имаш. За тројца или за 1 сметките се исти, освен струја, за мене 1 ми е 1000-1200 највеќе, со тоа што во сушара сушам и тањири во машина мијам, за тројца со пазење и штедење не знам колку би дошло, ама моиве тројца, во куќа од 100м2, ни 2000 не им стига сметка, ама пазат, на ефтино се користи струја. Со 20 000 е МНОГУ тешко, ама не е невозможно, ти треба огромна организација и свесност. Јас на почетокот бев дупка сиромашна пошто немав поима да менаџирам пари искрено, претходно друг менаџираше јас трошев, ама се' се учи. И не верувам дека некој мора на век и векова под кирија да живее, само по 100ти пат во темава, не зборувајте дека не е возможно, и самите ние и луѓе околу нас знаеме што ете наоѓаат начин да преживеат. Ја имам зборено другарка ми, во времето со 12 000 плата кога можеше да се зема, во нејзин стан, сама без ничија помош живееше, сметки плаќаше, се хранеше и мачка чуваше, што е секако трошок нели. Тогаш и јас и се чудев, ама ете можело, ми дојде на глава да се снаоѓам со малку и да менаџирам до денар, тешко, ама се учи.
Токму за овие лични фрустрации зборувам и култура на однесување, фала ти што ми го поддржа примерот. Инаку, ништо од тоа што наброја како претпоставки за мене не ти се точни. И да, на темава сум за снаи и свекрви, за прво да видам како не треба, а после, не се секирај, нема да се жалам тука ни од мачки, ни од пребарување по фиоки. Ти праќам многу љубов, ти треба <3
Епа тоа сакам да кажам, ако не се разумни битија ќе прават кавги и нервози каде и да се. Ама ако се луѓе, пред сѐ што си го почитуваат и сакат синот/сопругот, ќе научат да комуницираат, да толерираат и да живеат заедно.
Кога сакаат нека дојдат, куќа отворена и ќе им кажам се по ред кое од каде и како е. Па кило јогурт и кило млеко ме пиеме секој ден . Купуваме од Кам и од пазар. Пазар за една недела е 1000ка, 2000 е кам за една недела. Купуваме само у сабота. У тек на неделата максимум сладолед, 100 за три. Месо мелено мешано, свинско и јунешко, едно кило се три оброци. Копани кеса се три оброка, еднаш со ориз, еднаш чорба, еднаш со макарони. Прашок за перење е 500 месечно, 500 за омекшувач. Купувам на попуст. Вчера на пример правев мусака, 5 компира с е пола кило, 250 грама месо мелено, еден морков, една пиперка, една главица кромид, две лажици сос од патлиџан. За Макс 200 денари ручек за тројца. По 7 ( а не е секој ден месо) се 1400 денари. Појадок јадеме на работа сендвичи, а детето на школо, 2400 е за неа за цел месец со ручек. Ете толку е јадење. Макарони со сос 100 денари. Крофни само пола кило брашно, 30 денари и еден квасец од 10. Леќата е еден оброк 50 денари за сите. Реално, се може. Е сега, немам искуство за млеко за доенчиња знам дека е скапо, не знам колку, ама ете, ако од 46000 не стаса за млеко, тогаш е океј да се оди кај свекрва.
Членката рече дека не трошеле повеќе од 200е месечно за храна. Минус 6000 се уште 6. Види, и јас да сум сама можам да живеам на леб и маргарин и една манџа да ја мрзнам и јадам 10 дена. По вашиве математики супер се живее во Македонија, јас не знам шо бегаат луѓето во странство. Фрустрирана не сум, ме нервираат напади кон членки што немаат подобар излез од тоа што го живеат. Сите знаат шо е најдобро. Некои немаат муда, некои поддршка, некои финансии, некои среќа. Фала ти за љубовта, никогаш повеќе љубов не е на одмет. <3
@CameliaMiller, сакав само да прашам, што ако ти речат, штом така, нема да ги гледаш внуците, не сакаме децата да си ги изложуваме на алергени и тоа е тоа, што тогаш? Едноставно ќе прекинеш контакт?
Znaes kako: oni da pokusat-pa ako im se moze... Vecinta ovde ne znaat deka najgolemiot problem e kaj maz im a ne kaj starive... Eve ja utre da resam da si odam-mislis ke nema problem? Ohooooooo 3 dena I ke pukne ama jas ne davam na sebe,isto I maz mi ne dava na nas..e tuka moze da se potegne muabetot ovaa e moja kuka....e ne tipce,eve ti dokument si ja prepisal na moe ime zatoa sum i renoviral,eve ti dokaz kolku imam investirano,eve ti dokumenti kolku pari ti imam prakano i ajde cao... Kaj mene za se si ima dokument za se si ima dokaz zatoa I stol da mi zema od sprat koga ke mi javi jas skrinsot I dokazo mi stoi... sekoe odenje vo Mk video kako sum ostavila video kako sum nasla... Pa greota ke sum na 36 god da me zajbava babetina od 60 god so 0 sati raboten staz vo zivotot
Ама членката се тројца, од кои 1 дете. Така што таман и' е математиката, и јас да имам уште двајца толку би излегло, ако сама за себе трошам 3-4 000 на храна. Ако е минималец еден, уште 8 000 остануваат, со кои, пак ќе кажам, претешко е, но не е невозможно. И у реду е кој каде сака нека живее, проблемот е друг, како што кажав - очекувањата спрема можностите. Не други, лудо е да ОЧЕКУВАМ јас моите посебен режим на живот да имаат заради мене, возрасна сум. Ако ти се можностите за заедница, мора да се прифати дека е тоа тежок компромис, а не да очекуваш од старите дека ќе го баталат својот живот и своите желби за да ги исполнат твоите. Тоа ни од сопствен родител не можеш да го очекуваш кога си возрасен. Дур си дете си го подредиле животот на тебе, не е ок да си го подредуваат доживотно, и стварно тоа само тука на Балканов ќе го видиш. Баби да чуваат деца пошто како може да не сака внуче да чува, снаи да бањаат свекрви, очекувања од двете страни ненормални. И не, не е животот во Македонија убав и лесен, ужасно е тежок, ама размислувањето "бабата нејќе да го чува, сака да шета, бог да чува" нема врска со пари, има врска со менталитет. Исто како тоа дека снаата ќе ја бања свекрвата, а не синот што и' е дете. Тоа е до менталитет, а не до материјални услови. Пошто има луѓе на кои пари не им фалат, ама вака размислуваат. Малку ли куќишта на непркнати синови се направени, да има кога ќе се жени, а ни детево (иден маж) ни снаата евентуална некој ги прашува, при куќа на страна да живее, срамота. Јас знам за луѓе по светов што на мајка и татко кирија им плаќаат, овде од цицка не можеме да се одделиме. Не бев ни јас поарна, до добри 27-28 со моите живеев и мислев дека така треба, дур не си ја осетиш и маката и убавината сам, не можеш да го сфатиш тоа. По игра на случајности го сфатив, можеше да биде многу поинаку, нели. Ама малце е безобразно да мислиш дека мажењето ес ис ти дава некое право посебно, правото ти го дава маката, неважно на брачен статус и слично. Конкретно за живот зборувам, пошто искусив се', од живеење со мои родители, до живеење кратко со негова мајка, до живеење ние двајца сами, до живеење сама со две души што од мене зависи да преживеат. Итн. И затоа кога ќе ми каже некој дека е невозможно, малце не е убаво. Екстремно е тешко, бара многу жртви и многу менаџмент, ама возможно е.