Аааа неее, ти напомена дека се работи за девојка (но не дечишта млади на пр.18 и помалку год.), не се вади сега, моли се само твојата идна снаа да не го прочита твојот претходен пост, дека дури после ќе ја анализираш инаку си ја нае*ала. Јас кога напишав овде, немав намера да цитирам некој или да контрирам, дури не ги ни исчитав мислењата, туку сакав да се изјаснам за киснење кај дечкото дури и живеење кај него. А за одење едни кај други на гости, сме оделе сите, кој помалку кој повеќе. На почетокот ми било срам од неговите, но со годините се опуштав, па откако се прифативме како семејство јас сакав и да им помагам колку можам. А и знаевме дека ќе стапиме во брак кога тогаш, во тоа бевме сигурни и немаше што да ми биде непријатно. Нашата врска беше доста долга и се навикнавме едни на други. Ситуацијата со свекрвата ми е слична како на Серафима, без турбуленции и доста солидна.
А бе Ненке, јас си држев ептен до себе, не преспивав, не чмаев со саати и денови, не миев садови после седенки итн. итн., а една почит што ја добив кога влегов тука....шта да ти причам, кад све знаш Да, може некој и ќе си помисли дека девојката се наметнува, ама тоа се гледа, се приметува кога некој ти се убацува, а дечкото ако е паметен ќе знае за каква особа се работи...а ако тој не сфати, па мамица е тука да му ги отвори очите (освен ако сексот е предобар, па се` друго ќе се занемари ) Да не заборавиме дека има и такви покварени машки кои ги користат ваквите гуски што сакаат да се упикаат и откако убаво ќе ги прочитаат, ќе си ги измаваат во секој поглед (дури и сексуален) и им ги маваат клоците. Разни људи, разни чуди. Неможе да се генерализира и за жал не знаеш каква судбина може да те спотера.
^^^ Твојот пост не предизвика лавина коментари, туку фактот што и Теодора се вклучи во темата свекрви и снаи И нема ништо лошо во твојот став кој е опишан во првиот твој пост кој го посветуваш на девојката, имаш ти други постови на кои ти е реплицирано.
Па да, „девојка на син ми“, како инаку би ја нарекла? И искрено се надевам дека идната ми снаа ќе ги прочита моите постови (лично ќе ги зачувам), да се поштедам бар себе си од незгодни ситуации и објаснувања Како и да е, јас го кажав мојот став, очигледно либерален нели, и немам проблем со тие кои не се како мене. Секој си го креира својот живот, на крај битно е да сме задоволни од него, така? А дотогаш (крајот) ќе си филозофираме тука, и ќе си разменуваме мислења и искуства. И дајте аман ве молам малце послободно и без многу тензии во пишувањата, на секој втор збор безпотребно се бара алтернативно значење.
Треба да гласаме да се сменат називите "снаа" и "свекрва", мислам дека добиваме осип од самите зборови... По дефиниција снаата не чини и треба да и се наоѓаат маани, по дефиниција свекрвата е петтоглава аждаја. Поинаква терминологија за почеток, па за едно 50 години пак, и така. Промените се позитивни кај луѓето!
Девер ми ќе прави свадба наредниот месец. Свекрвата (мајка му) постојано се меша, а не дава ни пара. Ај што му се меша на него, ама и се меша и на идната снаа (мојата јатрва). Јатрва ми е многу нервозна. Едвај ја трпи. Со кое право се меша, кога не финансира? Ама таква е таа. Ќе кажува што треба да се прави и на свадбата ќе си ја прчи. Не знам веќе каков коментар да дадам за неа.
знам како и е на идната ти золва... и кај мене е исто ништо не помага а само одмага со мешање дури и каков фустан да носам прави проблеми . фустанот требало да биде од сатен и прав обичен на тенки прерамки , па имам таква пиџама може и во неа да бидам . малце золва ти нека ја стегне нека и покаже заби дека таа нема да биде невеста и дека свадбата не е нејзина , зошто колку повеќе молчиш толку повеќе ти се качуваат на глава .
Јатрва ми е. Ианку, проблемот е што деевр ми многу ја слуша мајка му. Заради тоа јатрва ми не се меша. Не сака да се расправа со девер ми. Опасна е мојата свекрва. Само кажува што треба да се купи, а не рекла да им даде пари за тоа што треба да се купи. Опасна е свекрва ми. Сака да биде главна ѕвезда на свадбата. Тешко јатрва ми кога ќе имаат дете. Ќе поминува низ истото низ кое што поминував јас.
КАКО ДА ГО ОТКРИЕТЕ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА СНААТА? Со векови е познат односот меѓу снаата и свекрвата, кој и покрај обидите да биде цивилизиран, понекогаш знае да се претвори во вистинска војна. Зошто дури и најтолерантните меѓу нив, понекогаш не можат да ги избегнат конфликтите или натпреварувањето на моќта и влијанието со жената која го освоила срцето на нивниот син? Одговорот бара многу подлабока анализа, но постојат неколку совети како да ги спречите вечните конфликти со новата жена во живототна вашиот миленик- синот. Психолозите издвоиле пет типови на снаи и даваат совети како да се зближите со нив. Несигурната снаа се карактеризира со постојано плачење за секоја ситница, константно нешто и треба и никогаш не е задоволна. На почетокот на бракот глуми дека е независна и способна, но со тек на време нејзините вистински карактеристики излегуваат на виделина. Кога нешто ќе ви забележи, никогаш тоа нема да ви го каже во лице, туку на вашиот син со еден „тон“солзи ќе му раскаже како сте ја повредиле. А што треба вие да направите? Ќе се изборите со неа така што нема да ја сфаќате сериозно. Меѓутоа, кога ќе забележите дека претерала, не ја свиткувајте опашката, туку јасно кажете и што мислите. На вашиот син објаснете му дека секоја приказна има две страни и дека не треба дадонесува одлука пред да ве сослуша и вас. Подмолната снаа е најопасниот вид на снаа. Секој слободен момент ќе го искористи да ви докаже како вие се што правите е погрешно и ќе направи се за да ви го загорчи животот. А зошто тоа го прави? Затоа што е многу несигурна. Отворениот разговор во таков случај не може да се избегне. Друго решение нема. Вие двете мора да пронајдете начин да се сложувате,бидејќи вашиот син се вљубил во неа и одлучил да создаде семејство токму со нејзе. Детективката е многу напорна снаа, таа поставува безброј прашања на кои никој нема вистински одговор. Таа сака во секој момент да знае што прави вашиот син, а понекогаш го следи во чекор за да има увид во се. Најсреќна е кога критикува и има совршена меморија. Таа ги памти ситниците штосе случиле пред десет години и без проблем „ги вади од ракав“кога за тоа ќе и се укаже можност. Со нејзе мора да бидете пријател или непријател, но многу подобро е да бидете она првото бидејќи во спротивно нема да излезе на добро. Кога ќе станете пријателки, објаснете и дека вашиот син ја одбрал нејзе затоа што таа е жената на неговиот живот. Кога ќе сфати дека работите за неа и за нејзиниот брак, „детективката“ ќе се претвори во совршена снаа. Ледената кралица е жена која кокетира со сите, обично изгледа како топ модел, но е постудена и од Сибир. Бакнежите и нежностите не се нејзина карактеристика бидејќи тоа за неа претставува само губење време. Умее да биде и груба, па кога вашиот син ќе побара малку внимание и нежност, таа може да го откачи со следниве зборови: „Остави ме на мир, гледаш дека имам маска на лицето.“ Најважно и е да биде најубава. Разговарајте со неа и објаснете и што ве вознемирува и што треба да промени, истакнувајќи дека ги разбирате и почитувате нејзините потреби, но дека не треба да ве загрозува вас. Совршената жена, всушност, претставува идеална снаа. Таа изгледа прекрасно, совршено нашминкана, дотерана, испеглана, секогаш знае каде и што треба да каже, насмеана е и никогаш нема проблеми. Го сака вашиот син, одлична мајка е, а вас искрено ве почитува и цени. Токму тоа и ве збунува, односносе прашувате дали е можно да е искрена? Да, можно е. Вие имате прекрасна снаа и престанете да барате недостатоци таму каде што ги нема. Наместо тоа, не мешајте и се во домашните работи, туку прашајте ја дали и е потребна помош. Почитувајте ги нејзините потреби и желби дури и кога не ги разбирате.
Виновна сум што предизвикав дискусија, признавам ... Не ја нападнав Нена, да нема забуни, напротив Нена ја сметам за сериозен дискутант и си има ставови до кои се држи, што секогаш почитувам само сакав да нагласам дека и јас немав чисто одобрувачки став по ова прашање, додека не се најдов во ситуација да немам баш избор. На моја возраст не ми се прават интимни дејствија по коли и грмушки , плус ни акустично, ни никако нема никој во куќата увид (изразов ) во нашите активности, бидејќи родителите на дечко ми се најдолу во куќа на три спрата, дечко ми е најгоре сам на цел спрат, така да ни на утро не се меткам никому, да нарушувам мир или било што. Моите не се баш либерални, долго имав и коментари и лутења, ама мораа да прифатат, им реков и нив, еве и на форум истото ќе го речам - ако ми понуди некој опција како да се гледаат возрасни луѓе од различни градови, без преспивање (ете кај мене ми е понепријатно да преспиеме и тоа нема да се случи, па затоа локациски е кај него ,,срамниот,, чин ) - сериозно ќе ја разгледам и ветувам, дури и би ја прифатила, ако е разумна ... Она што спомена Анат менталитет, јас би рекла повеќе сака нашиот народ да се крие зад овој прилично удобен израз, ама во коментарот на родителите на сопругот гледам повеќе желба да се наметнат како морално супериорни, знаете веќе она - во наше време не беше вака... Во секое време имало секакви случаи и секакви луѓе, тоа е јасно како ден. Ако не ја видат девојката до свадба родителите, а на свадба е ,,малку,, трудна пак има шанси да и‘ влепат етикета на неморална, со преспивањето барем се знае дека наследникот е зачнат под нивни покрив (се зезам, не одам на оваа опција)...Главниот проблем на овие односи е што постојат луѓе, а најчесто се жени, нАли затоа темава е толку активна, со его дека тие се нај, нај - најпаметни, најголеми домаќинки, најубави итн. и секоја друга ја сметаат за конкуренција на било кое поле. Ова нема врска со возраст, ама на било која возраст колку побргу се научи дека има или ќе се појави некоја попаметна, поубава или поголема домаќинка, толку подобро и за себе и за околината. Онаа со неизбалансирана перцепија за себе и нездрав компетиторски дух, има проблем сама со себе да живее, не пак во заедница... Лолита е во право, оној наметлив однос кон родителите на дечкото, се забележува, не е само преспивањето тука во игра. Јас за цел период дури ни на шега не сум ги нарекла никаде свекор или свекрва, за мене само по официјализирање на бракот стануваат тоа, дури ни веридба како таква не ги прави тоа, ама тоа е мое гледање. Кога сум на гости, ни се кријам, ни се наметнувам, ама пак ќе речам, барем до сега, сум наишла на почит и коректност, која е взаемна. Сите сте млади на темава, некои имате, некои ќе имате деца, ќе ви требаат нервите за вистинските проблеми, кои неповикани доаѓаат сами, а тоа дали некој ме погледнал накриво или преместил некои садови во кујна, се баналности и прашинка во споредба со оние предизвици кои ги носи животот.
јас за мојава си кажав мене жената ми е многу фина, значи навистина,толку години ја знам, и со месеци сум била кај нив еднаш кога бевме на солариум со дечко ми, се испржив јас цела црвена, женава паника, ме соблече по гаќички ме мачкаше со креми ме пустеше.... мене срам ме фати, вика не се срами женски сме.таква си е женичкава. и во неколку наврати сум се разболела, па и апчиња ми давала во ниедно време, и лекарства итн инаку дечко ми ми кажа дека највеќе и било мило тоа што многу сум сакала да се шетам со нејзе низ град демек не ми било срам со стара жена, уживала у прошетките ни мене искрено, здравје боже ако утре се земеме, не би ми пречело да живеам со нејзе, јас дури и чудно ама сакам да сум заедно со нејзе ама дечко ми кажа категорично не! абе јас мирно моме сум, не за друго
И јас сум многу задоволна од мајка му на дечко ми ( не така далеку и моја свекрва ). Уште првиот ден кога се запознавме воспоставивме одлична комуникација и ја имаме како таква континуирано. И покрај тоа што е сериозно болна и неодамна оперирана, жената секогаш кога ќе отидам мора нешто да направи и да зготви и покрај тоа што сите и викаме да одмара и да не се секира многу, многу за да прави 2-3 пати во денот за јадење. Многу е грижлива жена, гледа во се да погоди, ќе праша какво е зготвеното, дали му фали нешто, пред да готви обавезно прашува што имаат другите желба за јадење. Кога сум кај дечко ми, ако седнам на масата да јадам, најчесто јас раскревам и мијам садови. Жената можела со илјада болки да зготви, јас здрава и права, нема да ми се сронат бисерите ако замијам неколку чинии. Не е тип на жена која и покрај нејзината возраст и искуство секогаш '' се таа знае''. Напротив, прашува ако нешто што сум го направила јас и се допадне и после тоа продолжува да го прави на тој начин (што искрено ептен ме радува). За славата на дечко ми јас изразив желба да учествувам во спремањето и рака на срце жената воопшто не се замеша во стилот - не така -вака или не вака-онака. Како што мислев и знаев така правев, таа само ми подаваше ствари кои што јас не знаев каде се наоѓаат. И дури и кога самата ќе почнеше нешто да прави, ме прашуваше мене како мислам јас, а потоа правеше. Кога дечко ми ми кажуваше дека со снаата од постариот син, мајка му цели 15 год. се немаат никогаш скарано,иако живееле и во заедница порано ми беше многу чудно. Меѓутоа, откако почнав да доаѓам кај нив дома, видов дека е навистина така. Живеат во посебни куќи во ист двор, имаат многу разбирање, многу често може да се случи едната да зготви да ги викне сите на ручек, па после неколку дена другата и така стварно одлично тераат. Посебно што ме изненади во разговорите со оваа жена е што син не син, таа ако не е во право не ги брани и застанува на страната на снаата. Реално, ова е многу голема реткост денеска и стварно ќе ми биде драго ако остане таква каква што ја запознав и кога официјално ќе станам дел од нивното семејство.
Јас сум од тие што никогаш немам останато кај дечкото на спиење иако врската ни е подолга од 10 години. Проблеми од дома немам но едноставно мене никогаш не ми било пријатно. Потекнуваме од исти град иако доста сме одалечени, ама таква ми е филозофијата, јас под туѓи кровови не спијам дур се туѓи, си имам кај да си одам. Проблеми со неговите никогаш сум немала, држам блага дистанца, едноставно така ми е најубаво. Е сега се случува да јадеме кај него, или да спремиме нешто, ама знаето што на крај на денот ТОЈ е домаќинот, а јас гостинот. Тоа значи спремање, раскревање прави ТОЈ, а јас се разбира помагам. Значи не дреман на компјутер дур се раскрева или спрема, ама ТОЈ си е главен (не мајка му, туку лично дечкото) Мислам дека ние жените грешиме што од сам почеток ги штедиме маживе и после така си се навикнати (некоја феминка погоре пиша и рекол дечкото рацете нема да ти се исушат ако ги измиеш садовите, ма немој молим те, а него што ќе му се исуши ако поработи во кујна). Ќе ви пишам што ја снајде другарка ми. Ова е само еден пример Спојлер значи си преспиваше кај дечкото и нели малку по малку како дома, е арно ама како дома не е исто што и дома. Значи почна со ај собери ги алиштата, ај пружи ги, ај бе еден ручек ќе им спремам, ај да зачистам. Прво една ноќ ќе остане, па викенд, па повеќе и на крај скоро нон стоп. И како готова работата се сакаме и ќе се земеме и затоа вака слободно. Мајка му во меѓувреме почина. И останаа тројца мажи сами.И она таму со нив живее и чисти прави све, ама сега за сите и башка сама. Помина време, ајде една година нели жалост, па уште една. На овој никако не му текнува требаше да се земаат (а што да му текне него му беше супер, си има жена го пере и чисти). Она од почетокот како демек сеедно ми е дали сме официјално земени или не, ама времето си минува и испадна небило така и почна да го буцка прво од околу. Не бре, овој флегма, после работа кафанче, дома ќе си дојде средено се, ракииче и салата, гости си вика, роднини, другари она дочекува и се повеќе се буни веќе гласно. Ќе се собереме во дружтво она ни вика зборете му. Овие па ја зезаат работиш на црно не пријавена За на крај нејзините родители да го седнат на отворен разговор и овој рекол онака мртов ладен добро бе ајде ќе ја женам. налет да ви кажам, налет. не глумете домакинки пред време да не останете на тоа
Каснам малку, ама тој не е сакат па да не може да ми свари кафе или да ми направи вечера, нема потреба мајка му да трча околу мене. Многу јасно, некогаш и таа нешто ќе ни спрема... ние и ретко седиме заедно, некогаш на кафе ќе седнеме, или таа ќе дојде во собата да ме види. И јас мојот дечко го викнав на барање на татко ми. Обично само кажував кога ќе си фатев дечко, ама сега овој побара да го запознае и ќеф му беше на човекот. Па и се здружија, открија заеднички гледишта, се интересираат за исти работи, еве сега и кога сум во Скопје тој ќе отиде кај нив на кафе, пошо едноставно им оди и муабет и се, неизнасилено! Плус, кај мене никогаш нема да се заклучиме во соба, незгодно ми е. И еден ден да раскинаме, никој ништо нема да ни каже, ни па фала богу некој не припрема за свадба. Којзнае дали наредниот ќе го носам дома, можеби нема ни да и се допадне на татко и на мајка, па и нема да го вртам дома. Крај краева, самиот сака бе, ќеф му е, се радува! Некои снаите ги прават како жива напаст, како женички кои дигнале суќната, извлекле јазикот и као којзнае што да спремат. А синчето им мило нема да си го погледнат, можеби пак тој ја сака дома. Ама не, милото мамино најарно е! Спојлер Ќе ви пишам што ја снајде другарка ми. Ова е само еден пример Спојлер значи си преспиваше кај дечкото и нели малку по малку како дома, е арно ама како дома не е исто што и дома. Значи почна со ај собери ги алиштата, ај пружи ги, ај бе еден ручек ќе им спремам, ај да зачистам. Прво една ноќ ќе остане, па викенд, па повеќе и на крај скоро нон стоп. И како готова работата се сакаме и ќе се земеме и затоа вака слободно. Мајка му во меѓувреме почина. И останаа тројца мажи сами.И она таму со нив живее и чисти прави све, ама сега за сите и башка сама. Помина време, ајде една година нели жалост, па уште една. На овој никако не му текнува требаше да се земаат (а што да му текне него му беше супер, си има жена го пере и чисти). Она од почетокот како демек сеедно ми е дали сме официјално земени или не, ама времето си минува и испадна небило така и почна да го буцка прво од околу. Не бре, овој флегма, после работа кафанче, дома ќе си дојде средено се, ракииче и салата, гости си вика, роднини, другари она дочекува и се повеќе се буни веќе гласно. Ќе се собереме во дружтво она ни вика зборете му. Овие па ја зезаат работиш на црно не пријавена За на крај нејзините родители да го седнат на отворен разговор и овој рекол онака мртов ладен добро бе ајде ќе ја женам. налет да ви кажам, налет. не глумете домакинки пред време да не останете на тоа Ова ме потсети на фб глупостите, ако изгубиш пенкало ќе умреш. Затоа, еве што ќе ти се деси ако преспиеш кај дечко ти
Не, мила не го напишав како предупредување, туку како нечие искуство. Овде сме да разменуваме искуства и мислења. Сите сме различни, ама сепак е добро да чуеш како другите размислуваат, баш затоа постои и форумов.
Така е, затоа и јас си кажав што мислам. Примерот со другарка ти е 5 од 100 да кажаме, зависи од местото кај што е израсната, условите, образованието ... Јас не верувам дека, барем во мојата околина, живеат многу такви женски кои ќе си замислуваат дека се машини и ќе си го дозволат тоа. Твојот пример и нема баш врска со дискусијата за преспивањето, туку е специфичен сам по себе. Дали од страната на момчето или од нејзина страна, не знам од кај попрво да се почне! Општо ми е чудно и како некои родители ја мерат снаата, како некоја стока, колку ли е таа кадарна за работа. Тука разгалениот син воопшто не се ни зема во обзир. Па и невоспитан, едни садови не знае да измие, оти подалеку од прагот не е ни пуштен, само за мајчичка. Немој жена му гладна да не го остави, бре. И колку е мерата на преспиени ноќи кога тоа треба да прејде во брак, кога никој ништо не ти гарантира, не ни треба. Земи сликај ги сите и види која поубаво прилага за у кујна.
..специјално за темава се зачленив на Femina..поздравче до сите.. долга и широка е приказнава затоа ќе ја скратам ..со свекрва ми бевме супер,како пријателки и за кафе и за совети и за се стварно немаше никаков проблем 2 години така супер си живеевме ..арно ама дојде јатрвица и толку беше женава ептен се промени, па уште кога добија бебе деверот уште толку се влошија работите..ние со маж ми немаме деца и така си останавме во заден план. за се и сешто тие си се договараја ние што се вика задња дупка на кавалка секој ден нервози се каравме нон стоп ...имавме само 2 соби за живеење па јас сакав да одиме кај мајка ми па мм не сакаше... оф леле ко ќе се сетам...па од обичните глупости па кој готвел кој чистел и тн. кај мајка ми ко ќе појдев секогаш нервозна и секој ден како пекол така 3 години седевме и на крај крајот видовме невидовме за нас немаше место таму си ги собравме парталчињата и трошка пари што ги имавме настрана и му ја дувнавме и тоа не во мкд .. така да сега сум рает ни да ме бараат ни ги барам на скајп..со мојте си се слушам секој ден,маж ми со неговите...чат пат ме барат да ме видат ама си наоѓам изговори. Oд сам нема поубо ни свекрва ни свекор.. A мажот ми сега е смирен .. сепак каква таква мајка му е ..а истото важи и за др роднини ,по малку и тој веќе се свестува и согледува како стојат нештата..како што викаат од далеку појасно се гледаат работите ..
...те лаже, никој не готви како мајка...односно свекрва... ...да живеат свекрвите, односно мајките !...
Баш долго размислував дал да се жалам... стварно свекрвата ми е фина, не сме нешто преблиски, ама ни оди муабетот, се согласуваме за многу работи, блиски сме ( би рекла) доволно за нероднинска врска Проблемот ми е следен- многу сака да чисти, мислам дека ужива кога чисти. До сега се случило два пати (во рок од 3-4 месеци) да зачисти кај нас. Значи двата пати бев на пат, дошле на кафе со свекорот кај дечко ми, и демек, ај гледам средуваш (да ти помогнам) и чистела- зачистила кујна, плакари, прашина... Нит сум и рекла, ниту ми е убаво да знам дека ми чистел некој дома (btw имам жена што ми го одржува домот, која ја плаќам Можеби од една страна сакала да ме поштеди од работа кога ќе се вратам, ама до некаде и постапкава ја разбирам- џабе и жената и ти чистите, пак син ми во валкано седи. Не знам... како да сфатам- можеби грешам, ама зошто да чисти кај што живеам (без да побарам помош)???? Совет?