Што мислиш дека е попаметно? Дали кирија да плаќаш, знаејќи дека станот никогаш нема да биде твој. Или да поживееш во заедница, раатот е тој што е, да заштедиш и да купиш свој имот перспективно. Никогаш никој нема да ме убеди дека живот под кирија е во ред. Краткотрајно решение, да. Но на долг рок, воопшто неисплатливо. Мене ми и многу логично да се инвестира дури и во спрат од куќа. Секако, доколку се разговара и физички и психички се постават граници кое чиво е. Дали во зграда со будали ќе живееш или со свекрвата будала, ништо не менува. Јас само колку се нервирав со покондурени сељаци што ги носеа кучињата да вршат нужда во подрум, паркираа пред гаража да не можеш да излезеш, паркираа на моето паркинг место, паркираа пред сам влез од зграда, до доцна журки правеа, се дереа, урлаа, вршеа нужда во лифт. Во Скопје пази. Не во маало во Индија. Кога ќе видиш и вака и така живееш во некаква заедница. Едниве ги знаеш и може на маж ти да му се качиш на глава за нив, за другиве барем јас решение не најдов.
Абе овие младиве, џен зи ли како ги викаат, многу силни деца излегоа. Упс, Камелија била. Утеха ти се Камелијо, утре ко ќе се поуправиш малку и ко ќе ти се отворат очите ни мачки ќе се видат ни бутур Се надевам ќе дојде тој ден, во спротивно лошо ти се пишува. Мачки, Божесваштаадиомио..
Апсолутно се согласувам. Мене ме нервира кога некоја членка ќе пише дека има коректен однос, ама ѝ смета нешто (пример ете членката со уличните мачки на свекрвата) и на тоа следуваат низа коментари 'си пошла во туѓа куќа, ќе трпиш, ако не ти одговара иссели се'. Пази, грото од немажени девојчиња. Едноставно, јас сум тип на човек шо сака да разговара и смета дека голем дел од проблемите се решаваат со комуникација. Не може сѐ во животот да е само црно или бело, ниту пак животот да е траекторија од која некои луѓе никогаш не забегуваат.
Сакам да знам како се гради куќа 160 кв. Со маж имаме стабилни примања високи за наш стандард. На страна имаме одредена сума ама не е доволна за куќа. За плац и дозволи. Како да изградам куќа без кеш? Опции кои ги имам се помош од родители, кредит за кој ке треба да дадеме нешто под хипотека или да почнеме за едно 10 години со овие примања. @Cka кажа си направила сама со маж ти, дај совет за 100, не 130 ни 160 ми требаат.
Да светка, трепка и ја сумира темава. Коренот на сите проблеми во целава тема упорно се форсира дека е финансии. Притоа се работи за здрави, прави, млади, работоспособни индивидуи. На сите картите не ни се поделени идеално, ама најмалку некој трет од фамилијарната заедница е должен за било каква помош околу вас и било каков конфликт околу тоа треба прстот на чело прво. Престанете да очекувате од некој било што, ако се понудил или помогнал бидете благодарни и за малку, но прво плукнете си на сопствените раце. Крвното сродство не е папочна врвца да ве храни цел живот.
Па да, реално и во странство со хипотеки купуваат или градат куќи. Кеш, освен некој милионер, тешко дека ќе може да си купи, било каде и со било која нормална работа.
Ако немаш нешто на твое име, значи треба некој друг за тебе да земе кредит, да ти е жирант и сл. Така?
Ама мораш да имаш за куќа бар нешто изградено не може банката на фиктивна куќа да ти даде хипотека. Плус треба да е на твое име т.е на тој што подига кредит.
За градење куќа не знам точно, затоа "мислам" напишав... за купување готови стан, куќа знам дека се става под хипотека.
На жими мајка не даваат кредит. Мора да има куќа или стан, да процени банката вредност и да даде кредит. Од кај знае јас дали ке изградам 100 кв или ке дигнам 4 ката по 100, или ке земам кредит па никогаш нема да ја изградам.
Муабетот ми е, не се сите така способни како што пишуваат. Математики толку по толку и останува за викендче во Охрид. Да не живееш со свекрва, пак ти треба родител или предобар пријател кој ке те гурне со хипотекардно кредитче. Инаку ке си плаќаш кирии за четворочлено семејство и ке спиете на аголна во гарсоњера.
Добро де, реков, за градење не знам, за купување знам. Можеш под хипотека да го ставиш станот или куќата што ги купуваш. И да имаш некој влог.
Членката кажа сама со маж и изградила куќа од 160. Без помош од мајка и ке изграделе 130. Мене ме занима како да изградам без ничија помош 100. Испадна дека некој зел хипотекарен кредит за нив. Способноста на дело.
Не, сами бевме баратели двајцата, имотот што го градевме е под хипотека, со голема вредност е, околу 150 000, а реално потрошивме 100000. Затоа е можно. Ама за да имаш таква пресметка, треба да поминеш у сите банки ( јас у сите 7 што ги најдов бев), барав добри понуди и споредував, за изведувач барав понуди од 26 фирми, правевме анализа цели ноќи, и имавме добар надзор кој ни заштеди околу 10000 ЕУ. Два месеци ретко јадевме, еднаш на ден, ама се издржа.однор немаше, ама и тоа помина. На наше име е, не е на никој друг. Иначе банката дава пари во транши и има проект за да ја види куќата. Ако не е по проект, не дава пари. Вака кога ќе видам... Знаеш дека ви банките има архитекти, проценители... Идат, гледаат... Не дава наеднаш пари, туку според градењето. Кога не сте граделе, не сте се мачеле, се ви изгледа чудно. Ко мене да живеам со свекрва. Да, за 10 000 ЕУ, свекрва ми даде хипотека, за една година исплативме кај неа. Беше дали да имаме тераси и рамен кров со тераса или не. Опција беше. Она сама рече и се понуди, не баравме, оти ние ни свадба не правевме ни поклон даде некој. Поклон ни беше една година хипотека. Не да ме чува мене и маж и дете една година ако тоа е неспособност, онда да, неспособна сум )) бар имаме ташаци да почнеме сами и да направиме нешто, не да и биде крив некој друг. Излезете од комфорот и може ќе ви помогне некој. Може и не. Ама нема да ве одгледува. За финасиски совети, ако не ве бива,има фирми кои ќе ви помогнат.
Не ветар, цреша на врвот. Сега можам цел град да го гледам од покрив, иначе не можеше и без тоа, ама вака е подобро. Измена во тек на градба се вика тоа.