Фрли рипче фати крапче се вика тоа. Мислам, дека @Cka го има напраено тоа, веројатно да, ама дека сите неспособни што не можат така, па и не баш. Пред 15 години живеев во Скопје, со маж, без дете. Не можев да си дозволам дете. Во мал стан, купен од родители, само дневни трошоци подмирувавме. За 3 години, 3000 евра успеавме да заштедиме, колку да успееме да се преселиме од мк. Двајцата со факултети, двајцата вработени, летување еднаш во Претор. Да немавме потпора од родители, да се образуваме, да се осамостоиме, којзнае кај ќе бевме денес. На запад, каматните стапки беа скоро па ич. Сега се на ниво како што секогаш биле во мк, и стоп, штама, пазарот на недвижности на лед, луѓето не можат да си дозволат хипотека.
Да. Ама немаше. Не ми се свиѓаше без него. И уште го има проектот, кој сака може. Јас со него штедам околу 25000 ЕУ. Да не беше проектот, ќе беше станче некое.
Јас жени вистина не знам каде живеете и во какво опкружување, ама изгледа само јас 90% од луѓето што ги познавам работат по маркети, конфекции, во фабрики со 3та смена за неполни 350 еур плата, луѓе што се мачат да врзат крај со крај.... Па ние што се вика само основни работи што купуваме во маркет трошиме скоро по 10.000 на големото пазарење, еднаш месечно, да не зборам плус попатни трошоци. Каде се гориво, сметки итн. Не верувам дека баш секој може да си приушти свое ако малку стисне заби. Мм утепан од работа е, едвај успеавме да скрпиме да купиме спална, зошто имавме само еден француски лежај купено за во спалната, другото беше се старо од собата на мм и нешто ја донесено. Море немам видено 7 години, а воопшто луксуз не тераме, среќа па езерово ни е блиску, детево плажа да види. Годинава спална, нема море. До година којзнае. Човек депресија да го фати како си се расфрлате со цифри ко нешто едноставно да е. Ее кирија 150 еур, еее сметки уште толку, за јадење шо ќе ти остане? Треба ли да се облечеш? Треба ли детето да го извадиш негде? Таман пред 2 месеци тргнавме 300 еур, колата се расипа, отидоа 250. И се така во круг. За 1 година едвај 1000 еур имаме заштедено и пак ќе речам ама ич не живееме луксузно. Сите знаеме што е најубаво, ама и со моменталниве цени на недвижнини, алал да му е на тој што ќе се нафати да купи. Стан кај Мида 120000 еур, 60 кв.
Се согласувам, а за конкретниот проблем што мислиш дека е решение? Пошто да и' кажеш да ги исфрли мачките свекрвата, џабе, нема да се случи тоа. Да сум јас сама ќе преземам иницијатива да се вакцинираат и затворат дома, пошто тоа и' се опциите искрено. Свекрва и' да имаше осет према кого било, немаше така да чува мачки in the first place. Ај Бриџо да сме живи и здрави, ќе видиме Јас со такви будали не делам зграда, за тебе не знам. Зградиве се полни со деца и кучиња пошто се понови згради, под прозор ден и ноќ врева имам, мене не ми смета. За мене ако ме прашуваш ми се исплати, за други тие си знаат.
Не можам да се едитирам. @Alexandrite и наназад имам кажано дека не е лоша, напротив, добра опција е да се инвестира во спрат, под повеќе услови како што и сама кажа. Прво зависи од народот со кој треба да делиш двор, пошто и тука компромис ќе треба секако. Јас пораснав во куќа изградена од татко ми и чичко ми така одделени, макар и дворот е поделен, си бара компромиси, не е баш секогаш наједноставно, а како перспектива моето и тоа семејство се во навистина одличен однос. Тек ако не се може да е голем проблем. Како да е, да можеше да се гради над куќава на моиве, ќе се одлучевме со бившиот за таа опција, ама не може, а мајка му има стан. Ќе имавме малку проблем мајка ми да ја убедиме дека не знае најдобро пошто таква си е жената, мајка ми е, ми доаѓа дома и пробува да ми пререди оти знае најарно нели, знам да и' речам "де не биди свекрва" Инаку да, ако е на име на мажот барем, ок, пошто иначе да се задолжиш илјадници евра или да ги инвестираш така, не е паметна одлука и тоа во темава се гледа. Не можеш ни од бракот да излезеш ако треба, пошто те врзува финансиски, за жал реалноста е дека во таква ситуација свашта ќе трпиш и да не иде пошто ти се врзани рацете, не можеш да докажеш дека е твое, ако е копук а често се, нема да ти исплати итн. Така што апсолутно сум за такво живеење, само со отворени карти на маса на кој каде му е границата и твојата инвестиција ако веќе инвестираш сериозни пари (спрат кошта не баш малку да изградиш), заштити се.
Би разговарала отворено шо мислам за таквото чување на миленик. Би понудила да покријам дел/сите трошоци околу вакцинирање, прочистување, стерилизација, храна, ама искрено јас лично не би презела одговорност околу одгледувањето. Доколку би сакала да чувам миленик можеби би ја презела целата одговорност околу сѐ, дури и би инсистирала мачињата да се вдомат по секоја цена. Не ми смета во домот каде што живеам да има миленик, ама под услов друг да го одгледува. Јас можам повремено да му давам храна, чистам песок, шетам, ама долгорочно не.
Па не, реално никаков трошок не треба да паѓа на нив. Сепак свека инсистира на мачињата, значи она си сноси одговорност. Туку, женава може и се има породено до сеа, не знам што се отвори пак дискусијава.
Јасно ми е, на тоа и мислев. Не да ги чува снаата мачкиве, него да и' помогне во смисла едуцирање на бабата, да ја научи како треба и зошто не е ок мачка надвор внатре да оди, без оглед дали има бебе или не. Да се понуди за помош околу ветеринар, развозување и слично. Не да преземе цела грижа, ни јас не би сакала да преземам грижа за суштество што не е мое, ама за да се најде средина би пробала да помогнам, не едноставно да се лутам оти не прават како што сметам дека треба. Таа ситуација е апсолутно ризик за сите, и луѓе и мачки, не е начин и мора да се корегира, ама не мислам дека ќе постигне што било со лутење или карање. Посебно кај постари генерации, не се едуцирани доволно и тоа е, баба ми ме отру дека биле греота само дома, епа греота сум и јас се' да ми донесат од надвор, греота се и они да ги изгази или отруе некој. Куче ај ќе ограничиш само во двор да ти е, мачка не можеш, и кај сака ќе оди и со др. мачки ќе се социјализира, затоа или ја чуваш само дома или само надвор, освен ако имаш доволно имот/куќа, па да ја ограничиш во само 1-2 соби да влага, а не и да ти спие на перница. Куче шеташ, ама ако ти е дома чистиш шепи итн, не го праќаш право од шетање ајт на тросед. Така што бабата е само неедуцирана и нема осет искрено, затоа мислам дека најдобар пристап е да и' се помогне, да и' се објасни, со карање и инает само контра ефект може да се добие.
Општо, ситуација. Ако се породила ете бебе има и мачки што нит се прочистуваат, вакцинираат, искачаат надвор и влагаат дома, секако не е ок таа ситуација, ни за возрасните.
Ја уше пред години зборев тука дека жениве на форумов у паралелен универзум живеат, немаат допирна точка со обичниот човек у Македонија. First world problems, шо би се рекло. Ја знам како живеев у Македонија, и некој шо дошол од ништо, не може да му дочара на некој шо бил колку толку привелигиран да речам, шо имал поддршка од неговите, барем и најмалце. Али затоа овие нас можат да судат, оти ете жени, мајки, краљици, се постигнале ,, сами ,, у животот. Јес да пуштиле мама тато нешо ситно, дале плац, знаете, ко на Трамп самосоздадениот билионер шо татко му му дал заем од скромни милион долари да почне бизнис, кхм. Али ок, секој неговата мака му е најтешка.
Еве ние имаме хипотекарен. Се е на име на маж препишано за да има на која основа да дадат. Доаѓа проценител од банката , проценува стан , куќа и врз основа на тоа ти даваат сума.
Два месеци може човек без одмор, разбравме. Плац имавте или и тоа е вклучено во проектот? Се на се, сте го собрале кајмакот. Знаеш дека за проектот бараа партиски врски? Јаки и тоа. Или ке тврдиш дека си аплицирала и пуф ти дале за предобар проект? Ташак е голем, ама да не романтизираме сега дека твојата свекрва е прекрасна особа што земала хипотека за ваши лични преференци. А други дека се луди што имаат икс однос со свекрва. Чудно е што на тој кредит ви фалеле баш 10к. Мене не ми треба совет, искрено.
Овде во конкретен пример дале кредит на неизградена куќа. Прв пат дознавам дека има опција да одобрат кредит на проект кој е нива. Не дека друг немал замисла за своја нива со носорози кои трчаат во квечерина. Помошче ваму, врскичка таму, платичка ваква, една у сто иљади ситуација, ама други неспособни.
За да земеш хипотекарен кредит треба стабилна работа ( најдобро државна) зошто е голем ризик. Кој би се нафатил да земе хипотекарен, а работи приватно негде или во маркет пример. Земеш исплаќаш со години недај боже губиш работа остануваш и без куќа и без парите што си ги вложувал до тогаш. Ти го запленуваат имотот.
Со две просечни плати со две деца под кирија не се ЖИВЕЕ. Поубаво да земеш станбен макар и да е гарсоњера и да мачиш после вреди знаеш дека е твое. Но Кирија со четири члено семејство не.
Мене кирија ми е пари у магла искрено, ако веќе ги имаш тие пари да ги дадеш за кирија подобро дај ги за рата за стан. Ама па и сега со цениве плафон што почнаа да претеруваат и стан од 30 квадрата да е 45/ 50.000 евра е претеризам.