4 години живеевме под кирија мене ми се згади више најискрено. Претеризам е ама поубаво така него да фрлаш парите во ветер. Ништо не се знае во животот може ќе се заштеди па ќе се продаде тој стан и се купи поголем.
Даваат кредит на неизградена куќа, врз основа на степен на изграденост, и не ти ги даваат лично на тебе туку на изведувачот по потпис од надзорот дека е стварно така и така. Субвенцијата конкретно важеше и за на нива и за спрат да кренеш, и стан да купиш. Да не ја должам, од други причини меѓу нас не изградивме куќа на плацот и го продадовме, ама плацот беше доволна хипотека и идната куќа, не ни бараа плус хипотека ниту жиранти. Секако зависи и што сакаш да градиш и која е вредноста на земјиштето итн. За стан знам со сигурност дека не бараа друг стан за хипотека туку тој што го купуваш, освен ако проценител не го процени далеку пониско од кредитот што го бараш, тогаш бараа учество или жирант. Не знам за какви врски станува збор, ниту знам како се правилата сега, ама во тие години кога со тоа се занимавав, врски не ми бараа, туку конкретни услови. Ако некој сака да гради/купува, озбилно нека си го погледне проектот, има и за млади до 35 и за над 35, реално доста пари се заштедуваат. Моментално е неисплатливо во Скопје да купиш никаков стан, во предпродажба (пред зграда да постои) ги продаваат по 1200 евра, барем за оваа околина да сакам свое да купувам, би одела на градење куќа во село, многу поефтино испаѓа.
Жената е породена, живо и здраво нека ѝ е бебенцето. Нека ми прости, јас ја ставив во дискусија како пример дека има коректен однос со свекор и свекрва, единствен проблем беа уличните мачки на свекрва ѝ, а тука ја нападнаа членки со познатата 'туѓа куќа, туѓи правила'. Да не ја должам, реално никаков трошок не треба да паѓа на нејзе, се согласувам, ама ако не постои друг начин за да се реши проблемот со мачките, ниту би сакала бебето да ми живее со мачки шо буричкале в контењер, ниту да правам сцени со свекрва за некој месец (членката пиша дека ќе се селат). Со лутење и карање се постигнуваат само кавги, развлекување на проблемот и отворање на нови. Ама па ни со ќутење ништо не се постигнува оти никој мислите не ни ги чита, како и ние шо не читаме туѓи мисли. Затоа сум секогаш за отворена комуникација, играње со отворени карти. И да не сфати жената на прво, можеби ќе разбере на десетто. Ако не сфати таа, можеби ќе сфати свекор, сопруг, друг член на заедницата шо ќе предложи решение или ќе разговара дополнително.
Не со ќутење, тоа е и проблемот генерално, што никој не игра со отворени карти, ни стари ни млади. Што поискрена комуникација, толку помалку проблеми - кога знаеш искрено на што си и колку може да "добиеш", подобра перспектива имаш дали можеш или не можеш така да живееш. А исто често овде е спомнувано - дур бевме дечко и девојка беше сонце, после се смени. Тоа е идејата на 20 годишниве што викаш не знаат, верувај знаат оти помалце ги имаат тие очила, попроникливи се и што е најважно се многу поотворени. Јас на 20г. се срамев да му речам на дечкото дека нешто ми е непријатно во врска со неговото семејство, сестра ми на пример има 20 сега и и те како си кажува кога и' е нешто непријатно или и' ја поминува границата. Муабетот ми е, ако уште предвреме не сонуваш дека ќе сте мајка и ќерка, не трчаш тањири да им миеш на гости кога си и кафиња да пијуцкаш со потенцијална свеки и јасно ставиш граници, помали се шансите да те заебава покасно ако нели, дојде до брак или заедничко живеење. Ова ми се примери од темава од жени што збореле, не зборам на памет. Затоа викам тек тие што допрва ќе живеат возрасен живот треба да се опулат и тоа многу.
Од љубомора ќе пукнеш. Даваа и сеуште даваат на тие што исполнуваат законски услови. И што не плачат од условите. Да, хипотека, да забрана за продавање одреден период, да, камати, да 30 години....ама ако ТЕБЕ ти е полесно да мислиш дека е со врски и невозможно и дека е еден во 100 000, мисли си. Јас не мислев и успеав. Ни ден не сум спиела под туѓ покрив. Кириите ги изедовме, 5 години на три места одевме, ама барем по наши услови живеевме. И сами. И не живеев со мама па со свекрва. Самостојност, види у речник. Нешто што го немаш кога друг ти дава покрив. Многу лош вител е кога ќе мислиш дека сите други имале среќа, врски, или што и да е, ама ти не. Уствари се работи за храброст и кукавичлук. Затоа има такви што се борат и такви под суќната на свекрвата.
Чка, реално жената е доста млада омажена и тука има голема разлика, на 20-22 не може речиси никој да купува и гради, точно, посебно што и самите се уште малтене деца и малку имаат осет за светот надвор. Малце подруго е кога "ќе го изедеш стапот" сама и со партнер, ќе се помачите и сами, па после ќе раѓате деца. Мислам не може да има иста перспектива кога ќе родиш на 21 и 31, карикирам. На 21 аклот во журки, акање по свет и факс ми беше, вистина штедевме, ама не е дека баш се брзавме да купуваме станови и деца да гледаме. Не е ни едно погрешно, перспективата е само многу различна.
Не знам колку рано се омажила, ама ако е мажена на 22 и сега е 32, они 10 години не плаќаат кирии и тоа е одлична заштеда за свој стан. Ако и по 10 години уште не успеале да заштедат, онда стварно треба да ги чуваат уште. На 21 паметот не ми бил да живеам со свекрва. Никогаш уствари за таков хорор не сум размислувала, ни било опција. Секој свое гнездо треба да има. Се мажат без да имаат работа или образование, без план за иднина, раѓаат без идеја за детето како ќе расте ... И после сите други се криви, посебно жената што им дала една соба за да живеат, беспари. Им носела мачки, им фаќала гаќи, ги озборувала... А они сонциња.
Абе не зборам за неа, муабетот ми е малце поинаку аклот ти работи на 30 за животни прашања, поинаку на 20 Ти цц 30 имаше кога засноваше семејство, така што тие години искуство си го прават своето, нормално е. За неа не знам сама нека си каже, колку што знам, а може грешам, има живеено со свекрва и им купиле стан, и е во добар однос. Фората е што ако е во добар однос и' се посреќило, реално
Јас уште од сега ќе тргам колку можам за децата кога ќе пораснат да помогнам финансиски, ни ќерка ми со свекрва да живее, ни син ми да живее со мене. А и свадби големи нема потреба, пари по вода фрлени. Место 10000 евра за свадба, поарно учество да се плати за живеалиште. Приоритетите ни се изместени како народ општо.
Ја избегнував темава ама морав ова да го споделам и ете... не има повеќе сигурно што сме мажени од едно место на друго(каде се зборуваат нели различни дијалекти, па така и некои од зборовите и поимите различно се изговараат). Но да наметнуваш нешто упорно,или да нагараш "Ова ние кај нас вака го викаме "... Крај краева што има врска кој каде како го викаме. Битно е да се сакаме и почитуваме, а не да се надмудруваме или да се покажуваме пред другите... Да скратам, се почна зимата кога незнаев што е коледче...(и тоа сигурна сум би го напишале со Т да се нашалам) Ок! Ја сфатив логиката, поимот држи вода но дотогаш во моите години и околина не се употребувало. Беше реакцијата 'како? Незнаеш што е коледче..Јас така малку подзастрамена викам 'не' .. Па торбе наполнето со оревчиња со костенчиња со паричиња, за Бадник за Коледе- коледче... Ооооо, викам јас- пакетче, торбенце (и ред нели други поими) Значи незнам дали ме верувате, ама мислам и осеќам како намерно да ми се зборуваат некој вакви поими за да ме збунат, да ме "подзафркнат" пред другите итн. Мислам ... Стварно што има логика упорно да ми го објаснуваш зборот, кога постои синоним за тој збор. Незнам, странец да е па ќе сакаш на попрост збор да те разбере, а не свој човек тука ДА ГО УЧИШ ова вака е кај нас, и демек незнаеш ама да знаеш (што воопшто не ми е проблем оти јас ги сакам сите дијалекти-тие се богатство на јазикот) ... и тоа таа реченица континуирано да ја слушаш 'ова ние вака го викаме' (*нема да потенцирам каде) ВЧЕРА: Каде е тоа црното што е од тулумбарчено од детено? (Јас сум во кујна работам, гостите во двор седат- а прашањево е поставено од свекрва ми) Одам по скалите горе, збунета , да помогнам,да најдам што бараат .. Кое викам јас? Какво тулумбарче? -Ова, ми вика и се смешка. Ова е тулумбарче. Ние во ...... го викаме тулумбарче. Леле луѓе, ми зовре. Добро реков, јас не сум од друга држава. Од 60 км растојание сум ... Недај боже реков да сум од Струмица или од Гевгелија како ќе се разбереме... (Да се погоди некоја снаа зборлеста па да видат) Па ова викам е канта. Кантиче (Не ми текна во возбудата да речам кофиче) .. не реков тулумбарче...НАЛЕТ! Стануваше збор за кофичето играче што си играше син ми И, и други поими што на секое се потенцираат но од лутина не сум се потрудила ни да ги запомнам. Би, ама да се на еден поинакув ненаметлив начин искажани Смешки, но во моментот се стварно 'подбуцкувалски' работи Шта чеш Убав ден на сите
Офф И јас мислев за тулумби правење...па ми текна ко објасни. Кажи и шадрван се вика, Биљарка така кажа. Сега, и маж ми си кажува некои зборови како што ги знае, и свекрва ми, па јас им ги кажувам моите зборови, и така. Понекогаш и по три збора за нештото имам, тоа-и јас сум од ,,мешан брак,, мајка од скопско татко од негде, маж од негде...
Јас имав слободно време и исчитав, иако нештово беше прилично долго. No offense. Во се се согласувам, ептен on point, едино ми пречи идеализирањето на странција. Јас не мислам дека живеат такви “совршени“ животи, напротив тешки сероњи во ментална изолација се.
Bozeee so kakvi nebulozi te zamara...sledniot pat koga nesto ke ti kaze deka ne go znaes kazi i: daldisana sam nesto,a I kuremo me boli I nemozam da pamtam
Јас имам многу среќа. Ова го мислам искрено. Маж ми уште додека бевме дечко и девојка си купи негов стан, со негови пари. Е ама во градба. Јас непланирано останав бремена и одлучив дека ке ја задржам бременоста и дека ке живееме со свекрва ми додека бидне станот. Прва причина што е свекрва ми супер човек, со разум и разбирање. Додека бев таму бев малтене на гости, сите обврски таа ги вршеше како пред да отидам јас, мене ми препушти да си го гледам детето и целосно да се посветам. Тоа што поминував понекогаш со правосмукалка не го сметам за работа. Во одлични односи сме, секогаш се чувствував прифатено и сакано од нивна страна. Втора причина што не сакавме кирија, е тоа што куќата е доволно голема, со многу спални, не ни беше тесно. Знаевме дека тоа ке е краток период и ок беше. Никогаш не ни се мешале во ништо, само помош ни нуделе. Штом бидна станот веднаш го средивме и се преселивме. Не е 160 кв ама е доволно голем до 3 спални соби. Со свекрва ми и свекор ми сум сеуште во одлични односи, со кафе пиење и ручеци. Да не заборавам, секој ден ручек ни прави. Се понуди, прифативме. Сега сум на диета, па за мене посебен ручек прави, како што беше и претходно ако јас не јадам нешто. За твоите квадрати ич не ми е мака. Гледаме втор стан, за локација уште се мислиме. Стан во кој ке имам и јас финансиски удел. Реално ми се посреќи. Од две страни имаме родители кои не поддржуваат и помагаат без притисоци и мешање. Кога и да сме побарале помош биле тука за нас. Одделени сме веќе 2 години и односот остана ист. Да не речам подобар, кога секој си ја има својата приватност.
Еве уште еден пример, сам човекот си купил стан. А тука убедуваат дека двајца работоспособни не можат да купат.
Така, така. Земи за пример двајца со плати од по 20.000 да речеме и спореди со еден што чим можел да си дозволи сам да купи стан, сигурно има примања повеќе од првиве двајца заедно. Е и сега рачунај дека маж и на Мила пред тоа живеел со мајка му и татко му што е невидено олеснување. Сите на форумов сте со станови, куќи, мачени, премачени, а све што е моја генерација и малце постари (кои не се од дома потковани) или живеат во заедница или делени по спратови со свои или со свекрви. Ене го брат ми за 45 кв, за да спие на седмосед кога ќе дојде, заглавен е 30 години. Затоа дома 4 години не е свртен, останат е по бродови, а снаа ми и двете деца се повеќе кај баба им (мајка и на снаа ми), не се свртени во станот. Ама јебига, живот. И за што е жртвата? Братучет ми и братучетка ми утреден ќе се обезбедени со станови ради тетин ми и тетка ми. Јас разбирам дека ти си се помачила, ама не се сите ти. Свекрва ми да има 10.000 еур да ми даде, на плацот наш ќе почнеме да правиме апартмани и мм поголемиот дел од работите ќе ги среди сам и ќе дојдам на форумов и ќе ти продавам пуфки како сум преспособна да имам апратмани, а ти не си. 10.000 еур ама ич не се "ништо" ко што ги претставуваш ти.
Да. Среќа е. Среќа не сте имале сериозни проблеми. Или здравствени. Тогаш да видиш како заштедата или кредитот ќе се пренасочат за нешто друго. Ова што го пишуваш е исмејување на туѓа мака. Демек јас можев. Другите се будали што живеат во заедница. Поинаку не можам да ти ги сфатам муабетот. Јас не познавам пар што не сака да си основа свој дом, само понекогаш околностите се поинакви.
Читај убаво. Хипотека ни даде, за да земеме уште 10000 ЕУ. Не пари. Ние ги исплативме 10 000 ЕУ и и ја ослободиме хипотеката. Пара никој не ни дал. 100 денари не ни дале. А стварно не ми е јасно како на сите пријателите ви се со минималец, од 20 000. Јас на минималец само мајка ми ја знам.