Не, исмејување е само за тие што се здрави, прави и имаат две плати и чекаат свекрвата да испере гаќи, па они да перат. Што не смеат да стенкаат кога имаат секс оти деверот е до нив. Оти деца растат у детската на мажот. Ако може маж да се нарече некој што живее у детска
Колку голем сакаат? За едно собен стан? Или кирија немаат да платат? И јас кога немав за кредит, одев по кирии. Ама немав свекрва над глава. Овие си сакаат да се со мамичка. Не знаат и не можат сами. Не се парите проблем, психата е
Јас навистина не познавам таков пар. Здрави, прави, кредитоспособни а да живеат во заедница. До душа не сум ни сретнала пар да не сака да си основа свој дом а притоа да може.
Да немав свој имот и јас ќе живеев со свекрва додека не соберам пари за свое. Пари за кирија ми се најлоша инвестиција. Подобро ќе трпам и ќе живеам во детска, отколку да давам пари што никогаш нема ќарот да им го видам.
Епа ете така. Прво мм е на минималец, да не е способен да оди приватно да мести струја по куќи, ќе трпев за "леб". И не кажав сите. Кажав 90% од луѓево што ги знам. Или се по бутици, или во Кам, Кипер, во Магна, во конфекција. А знаеш колку значи и таа хипотека? Мајка ми да не ја ставеше нејзината куќа под хипотека и брат ми станот што го купи, немаше да може да го купи. Ич не е од помош ич. Да не беше мајка ми, ќе требаше да собираат пари уште со години. Исто и ти. А замисли да немаше свекрва ти што да стави под хипотека, ни твоите. Само замисли. Луѓево живеат на раб на сиромаштија, пола држава се испразни од тоа. Свесни сте?
Јас незнам вие дали живеете во Скопје или не, шо не сте знаеле човек шо е на минималец, ама во помалите градови секоја работа е на минималец. Работа во маркет минималец, работа во казино минималец, работа во фабрика минималец, мајсторска работа ако работат среќни се ако некој им даде чиста 1000ка оти повеќето дават 800 дневница. Среќни се да најдат работа шо е со клима, да не се пржат на жешкото или да се тресат на ладното за исти пари. Тешко таму дека некој ќе се нафати да земе стан од помладиве генерации, а старите си земаа затоа шо крадеа од пропаднатите фирми. Затоа и повеќе се одлучуваат на кирија.
Остај жити се, исто е и во Скопје, не е Цирих. Може некои одредени струки, иначе тие се платите. Пример големиве маркети сегде иста плата даваат. Такви муабети им одговара да прават. Исто ко ја сега да се чудам како така мајка и земала минималец, а мајка ми 30+ и е пензијата. Така си е на форумов. Све им е пеперутки и цвеќиња, поѓубрени со измет од еднорог.
А да ве прашам, зашто се почесто читам јас сум дома не работам, мажот ми работи? Чувам деца.. демек градинки нема.. Како бе жени и работат, и деца гледаат, во градинки ги праќаат па еве живи се.
Ако мажот и жената се согласни и договорени така да живеат, воедно им е убаво, функционално и се среќни, не гледам како тоа е нешто лошо.
А бе да ама тогаш ќе си седат во заедница, ќе си трпат и нема да стига за кредит и слично.. Во тој контекст го кажав.
Зошто секој си знае дома како му е и што причини има. Незнам зошто мислиш дека ќе добиеш еден конкретен одговор и ќе ти ја реши дилемата. Башка што нема потреба некој овде да се правда за сопствените избори. И незнам шо врска има едно со друго.
Многу има пријавени на минималец, а земаат поголема плата ама пак нема да можат да земат станбен кредит заради тоа. Еве другарка имам работи кај нотар на минималец е пријавена др пари кеш на рака и ги дава. Се нафатив во заедница ( делени сме посебен влез и спрат) зошто уште од почеток бевме решени чарето да го бараме надвор и фала богу уште малце остана. Така решивме за да имаме некој денар за почеток, мада да знаев дека ќе бидат вакви ќе идев под кирија ич немаше да му ја мислам. Затоа очи отворете убаво каде ќе влезете се поретки се тие свекрви кој се разбрани и не се опседнати со синчињата и нема да ви пикаат нос во све.
Има, како нема. Ако има два приходи, полесно е и за кредит и за кирија и за заштеда. Ама една плата освен ако не е во илјадници евра не стига.
Јас познавам пар, шо излегоа од кај свекрвата со се деца, оти неможеа да се трпат. Ете ги сега под кирија, и тоа само едниот работи, едвај врзуват крај со крај, одмор не се виделе со години, ни па на кафе не излегуват. Ама знаат дека поарно им е, раат им е, пошо ја знам таа свекрвата и не дај боже да му се падне на некој таква. Знаат дека нема да има луксузи, али таа е.
Во право си, ама пак и тоа не е правило. Имаш разни ситуации. Еве имам пример другарка, во Скопје живеат со маж и и детето, во стан на мајка и (она во странство е) маж и работи работа во 3 смени, неа од аптека и дадоа отказ зошто многу и се разболувало детето во градинка, земала многу боледувања. И они сакаа стан да си купат, сега неможат, мора дома да седи. Ама годините си поминуваат, заштеди се трошат итн. И ќе дојде на форумов и нема да и се живее, зошто некоја ќе ја смета за неспособна зошто се осудила да роди во Македонија на 25 години, а немала заштеда за стан. Башка имаат кредит за кола. Ова ми е еден пример.
Има млади што не сакаат свој дом. Мој роднина зема кредит за плац, но го потроши на коцкање, но важно кука од родителите. Епа не оди така бе.
Луксуз е самостојноста, мирот е луксуз. Не да одат кај Ане нокти, а бабата да му дава на внучето мед до 1 година. Мачките од маало да го лижат бебето, ама мајка да пече газ една недела на море.