Муабетот е нон стоп за кредитиве за стан, или оти живеете во заедница -купете си ваше итн итн. Ако беше лесно да се купи сите ќе купевме, верујте. Еве моите приходи не се на минималец- далеку се од тоа , ни на маж ми. Ама едино кредит да земам можам максимум 20000 евра. Фазла ми треба жирант, кој ќе го најдам на куково лето. Со вие пари за 4 члено семејство само можам шупа да купам, или евентуално гаража. Видете колку оди цена на квадрат па после солете памет.
Се согласувам. И понатаму се потешко ќе биде со кредитите, каматите ќе скокаат. Кој зема на време зема сега само кој ќе може.. ама дека има и такви кои не сакаат да си се помачат има. Мене лично ми е сулудо освен ако нема реална потреба жена во 2023 година да седи дома, здрава, права, работо спосбна и да седи дома со свекор и свекрва и да офка да кука дека се нема за кирија.
Многу апстрактно гледаш на работите. Секакви ситуации има. Често читам колку трудници остануваат без работа. И тоа е сурова реалност. Често остануваат без работа и после породилно. Да, се работи за работоспособна индивидуа, но кој приватник ќе сака да вработи мајка на бебе што ако го остави бебето во градинка има шанса боловање да зема на секои две недели. Не знаеш зошто некој се решил на таков чекор. Подобро прашај, отколку да навредуваш. Таа детска соба, сепак е дом. Колку што е стан под кирија. Ваков или онаков. И како и сите живи суштества на планетава имаат проблеми. Ти имаш. Јас имам. Во ред е да се споделат, за да си ја олеснат душата. Единствено не оправдувам и не ми е јасно, кога се жалат од свекрвата, живеат со неа, а купуваат кола колку пола стан. Тие за ќотек се.
Двајца ќе барате кредит не ти сама. Мене у пола банки ме избркаа дека сум била сиромашна. Комерцијално не сакаа ни да разговараат. Ама седмата се сложи. Не сакате да си ги видите можностите
Да, точно. Еве јас кажувам сега да купам. Ако сум купела пред 20 год пеким. И сега не може да е зборува тука оти вака оти нака. Еве сакам да купам, не даваат фазла. Ќе треба да седам во еднособен стан, а тука имам цел спрат.
Може нема да веруваш, ама јас сум запознала Пари ич не им се проблем, туку форсирање од стари дека е срамота при куќа синот да замине. Околинава моја не е екстремно сиромашна, тие што живеат со свекрви 90% е ради менталитет, а не неможност искрено. И види, на некои им чини така, ти кажувам за пријателка моја. Стварно и' одговара, нема нервози со свекрва и', дете и' чува, по одмори и' носи, она си работи и доаѓа дома се' намирено, ручек направен итн. Нит се жали, нит кука, нејзин коментар е дека придобивките и' се далеку поголеми него да живеат сами со маж и'. И тоа е сосема ок ако си се нашле луѓево, ако се задоволни како живеат, зошто да не? Мојот домашен пример е за две семејства на 2 ката куќа, јас не можам да кажам дека ми било ужасно, децава пораснавме, внуци веќе има, мајка ми и јатрва и' како сестри живеат. Не е трагично ако си најдеш разбирачка ништо.
Не знам дали си била во скоро во банка. Ама еве ќе ти појаснам. Прво ти гледаат приходи, колку време си во фирма. Што има на твое име. Дали со за стално или договор. Еве нашите приходи со маж ми се добри. 20 000 ни даваат. Он да ми е жиратн. Квадратот колку е?
Абе каков станбен. Кој ти дава станбен а да си вработен во приватен сектор? Да се надополнам, сестра ми пред 15 год. купија стан. Преку мајка ми дека е вработена во државно. Гледаат приватен сектор, се гледаат.
Кукањето е нај лесно очигледно. Еве и двајца да се на минималец шо многу се ретки веке тие работници како шо пиша некој по фабриките во бунарџик се зима 35 без никакво образование. Плус постои втора работа постои опција за еден да замине на страна една година да е жртва ке собере пари за учество пример. Ама пак се вракаме на тоа ке плачеме цел ден како ни е тешко и ке нема кај да седнеме во дневна оти свекорот се оптегнал на кревет.
Како бе ретки? Скоро пола мк и повеќе е на минималец. И скоро сите жени сакат свој дом, ама проблемот е шо мажот не сака да се одели од мајкаму.
Немаат некоја богзнае каква. Да си врши своја работа. Ама пак не е битно, ратата месечно мора да се плати, мислам околу 4000 ми рече. И не се фаќајте сега и за колите, кола во денешницава е потреба, сигурно не е луксуз.
Дојди утре со мене у банка. Да видиш како се зима станбен, за приватен сектор. Брат ми е самец, у товарен сектор, 50000 му даваат без жиранти. Ти у која банка беше?
Офтопик - Нормално дека на 90 години ќе бидеш витален кога не си поминал низ ниту пола од срањата што ги поминале луѓето во нашата земја. И јас често пати ги критикувам старците, ама имајте малку емпатија за животот кој го преживувале без нивна вина.