А знаеш дека на форумов не се сите во Скопје? Еве во Магна (Охрид) одат во 3 смени, за 350 еур. За тебе во ред е? Двајца да се со таа плата и во Охрид цениве на станови ги гледаш? Под 40/50.000 стан нема.
Значи не е тоа дка нема да ви дадат стамбен ако сте на минималец или вака или онака. Кога се зема стамбен не се зема со жирант туку со кредитобарател. Заедно се гледа се . Во градба се дава и со учество..
Маќе, ментално здравје е ќар. Не се мери ќарот само на хартија. Се мери и колку нозете ти се враќаат кога ќе одиш дома. Затоа ти реков мене ми се исплати. Наназад имам пишувано дека имам своја заштеда, тие пари ги инвестирав во друго, а не во стан оти во моментот кога го продадовме плацот, веќе цените се покачија доста на становите. Инаку имав за учество и повеќе од тоа. Но, вака сум "неврзана" т.е. можам да се вратам кај моите ако треба - пример западнам во финансиска криза и не можам да плаќам повеќе или да купам ако треба итн. Плус имам други математики, не сум фан на преплаќање било што. Затоа не, не мислам дека се пари во бунар. Раатот нема цена. Тоа плаќаш со кирија - раат.
Би се изненадила какви се парови познавам Има такви што имаат за свој дом, одлучуваат да ги земат и старите со нив. Со таа разлика што ако имаат и за нив, обично мислат и на просторот и приватноста. Односно им обезбедуваат нивен дел, катче, спрат, што и да е. Посебно а блиску едни до други.
Темава машала се поактивна е, ова е и реалноста кај нас, жално е младиве со што се соочуваме, секој би сакал да има можност да се осамостои, но Македонија не е некоја европска земја со ниту таков менталитет ниту социјална заштита, и фала богу постои форумов да си се испукаме на раат сум пишувала и претходно у темава, имам и јас еден социопат дома и знам колку е тешко се да премолчиш замислете јас се борам со стерилитет она гласно го нунка внучето долу, играчки во цел двор кој го минал патот знае што зборам и ко за инат си тераше така, башка секоја што останала бремена едвај чекаше да ми соопшти како да се хранеше е од кога и фрлив два три лафа у очи зошто немаме деца дека е проблемот кај син и не и се деси пак си реков ке си кажеш жената е патологија и терај наместо проблеми со сопругот ради нејзината глупавост ама Да се разведам нема оти знам дека ми е љубоморна од прв ден и се гледа во очите,ние нема што да и правиме ја игнорираме,не зависиме од нејзе материјално сме си обезбедени ама за лажење и смислување будалштини секоја и чест. Може и Оскар да и се додели за глума , ама за кратко ке и падне до крај маската и баш ми е драго. Ништо не е вечно, исто имам девер и јатрва со слична патологија ,не ги комуницирам ради тоа што немаат осет и двајцата не се знае кој кого лаже ,децата им се ко пинг понг и се тоа се дешава во наш дом. Трпам да ама ке дојде момент кога ке го видат и моето друго лице. Фала богу картите се на моја страна а и Бог, и се што си дробеле и ке си добијат.
Еве брат ми во Хилтон беше, со плата преку 45.000, снаа ми со 20.000 плата, пред 5 години зборам, им дадоа кредит на 30 години, со околу 15.000 месечна рата, за 50.000 еур. Станот под хипотека и куќата на мајка ми. Ова за тебе е нешто едноставно? A да, до кај 75 години ќе треба да си го плаќа, да е жив и здрав.
Од вчера тоа се објаснувам. Нити биле у банка, нити сакаат да земат кредити, нити па кирија. Поима некаат што можат а што не. Братучедата, снаата на вујкото, тетката им рекла нема шанси. Немало станови за 10000 денари, им најдов. Е мебелот кај сверката бил поубав. Е здравје било за детето 10 дена на море. Е оти хипотека. Е сеа становите поскапеле, а они 10 години перат гаќи заедно. И се не можат. Многу едноставно. Што е тука компликација: Си имаат покрив над глава, не живеат со паочната врвца.
Во Ск и околните градови работат за минималец оти не сакаат да патуваат и не сакаат да работат во смени затоа. ( Сега за пример ги земав фабриките) А тие шо не се од ск во ред е јасно ми е дека е малце ограничено но постои втора раб како шо пишав одење настрана абе ке направиш жртва ке се мачиш ке пробуваш. Тешко е бре луѓе во дупкава ама не е нормално да седиш со скрстени раце и да викаш ќути има и полошо
Па трагедијата е што не живее во станот, на брод е по 12 саати на ден, 4 години, деца му пораснаа не ги виде, само за да го има и да спие на седмосед, зошто неможеше да си дозволи стан поголем од еднособен. Значи кога ќе видиш кровот над глава му е кабина на брод. И ти кажи ми дека ова е нормално и правилно.
Не знам за др. градови, конкретно ДИМ Маркет во Скопје почетна плата имаат 26 000 + бонуси. Ако си невработен не е страшно, башка дека нон стоп таму пазарам, низ муабет со касиерките знам дека се задоволни т.е. дека им е покачена платата. Не знам индивидуално колку, глупо е да прашам, ама истите се со години и ти викам, низ муабет е речено дека се задоволни. Не дека 26 е некоја плата, не е, ама повеќе е од 0 секако.
Извини ама не сите старите краделе од фирмите за да имаат. Некои рмбале баш вака како што опиша на жешко и без клима за да створат од пола - цело и од едно - две и не чекале да им дадат и да им падне од небо. Студирале и работеле и граделе. А оние кои не сакаа да се помачат да вложат време и труд, сега криви им се другите зошто немале колку нив.
Душо, да ти доловам подобро. Еве ние сакавме од аздис да земеме стан, и да го даваме под кирија. Со тие пари рата да плаќаме, утре да им остане на децата. Еве ќе ти доловам подобро. Станот кошта 75 000 ( лупам суми) , во банка на брат ти да му дадат толку пари на лепе очи мора проценител на објектот што сака да го купи. На сестра ми им беа и воа што ќе ти пишам е од веќе видено. Еве кошта 75 000 , рата еве лупам 25 000 мсечно ( плата ми е да речеме 35 000). една плата оди веќе. Ми го проценува 60 000 евра станов ( колку проценува толку кредит ми дава ) , значи плус уште еден треба да земам кредит така? Брат ти самец 50 000е само ако зима плата 80 000 ден. месечно. Ај да не се лажеме. Тука 80% пишуваат или само еден вработен или 25 000 примања еден. Така? Оди преживеј па дојди да те гушнам.
Ова е лага, кредит не се дава за период подолг од 64/62. Ве молам не ја читајте, у банка влегува само стуја кога плаќа.
Епа затоа помалите градови се празнат, кога веќе едниот оде странство, ја повлекува и фамилијата, ако плаќаат кирија, барем и да живеат како шо треба.
Некогаш е заради децата. Ние како возрасни можеме да се носиме со работи со кои те не можат. Кога станува збор за нивната добросостојба, веќе се друго е небитно.