значи брат ми има 48 години, кредитот го зема на 43. Рачунај 43 + 30 колку се. Сам ми кажа дека е на 30 години кредитот. Иначе ни за тоа не влагам, електронски плаќам.
Ама порано било тоа. Кога се исплаќал трудот. Сеа и газот да си го запалиш од работа, нема. Ќе треба на кредити цел живот. Цела мк од кредити живее. И бебињата уште неродени веќе се заглавени во кредити.
Многу лаги има во постов. Висината на кредитот зависи и од годините за исплата, каматите, досегашните кредити и како ги исплаќаш. И мене една плата ми оди за кредити, па што. Да одам кај на маж ми мамичка? Дојди утре со мене, те канам, да видиш како се прави самостојност. Донеси и ташаци. Ако се мажат и раѓаат со една плата, јас стојам на тоа дека не смеат да си одат од кај свекрвата, им треба уште надзор, не се за сами.
Лага. не може да е на повеќе, закон има. Те лаже оти гледа дека не знаеш ништо. Не ја читајте, лаже суши. АКо е така криминал е
Сумите ги пишав одоколу. Џабе живеете со розови очила кога реалноста е многу подруга. Ве молам не ги навредувајте оние кој стварно се трудат а не можат. Не значи ако јас и ти или Јанко , Петко се снашле дека секој може. Не секој заработува ко мене или тебе, или брат ти . Сеедно . Читајте ги кои пишуваат и во какви финансиски услови се. Многу е лесно да јадам кавијар и да му се смеам на оној кој јаде леб и сол, реално. Има други теми за кредити, сите видови ако треба таму ќе продолжиме за условите за зимање и што се ти треба.
Така така. Знаеш, во мислењава сите лажат, само ти знаеш се'. Роден брат ме лаже, ајде ти да си задоволна
Шо си чудна една плата цела за кредит? Шо убаво со свеки ке си седи ке си прави муабет за уроци. Ке си спијат во детската на мажот. Им обои им нацрта ама полесно е бе да плачеме.
Те читам и просто не ми се верува што пишуваш. Работењето за минималец е желба? Нека крене два прста таа будала што не сака повеќе пари, туку сака минималец да зема. Ако не си кадарен, неискусен, на што да побараш поголема плата? И да побараш, кој ќе ти даде. Па и да си кадарен и искусен, стоматолог зема минималец, си чула за таа небулоза? Како пример мајка со дете, бебе би одела во смени? Како бе се дрзнуваш да коментираш кога појма немаш од носот што има подалеку. Така во странство се идело. Се е така лесно кога се кажува.
Абе не знам, ти што сакаш можеш овде да си пишеш. За мајка ти зарем лошо ќе кажеш. Невер мајнд, кажав пример за кого било, не за брат ти, сестра ти.
И матичните лекари се на минималец. И вработените во аптека се на минималец. Ама изгледа Скопје е посебна држава.
Епа седи дома и плачи шо да ти кажам да се објаснуваме цел ден? Се е залудно менталитетот ни е научен на ќути има и полошо. Многу лесно ве дирнува вистината одма сте сите жртви. Не секој има ветар во грб ама бира да порасне да прави жртва.
За станбен кредит не е задолжително жирант, ставаш хипотека на станот кој го купуваш + животно осигурување најчесто. 20000 евра е супеп собрана сума, дури и за сегашниве цени се сосема доволно учество за станбен кредит. Ни еден човек не знам последнава декада што земал кредит за стан со жирант.
Немој не ги чепкај за ноктите )))) Не ги знам цениве ама знам дека сум несредена по многу етикети затоа што ми е луксуз истото.
Може. Ама многу фактори имаат улога. Дали и кога ке го купиш твој стан/ куќа зависи од примања и капитал. Маж ми има свој бизнис кој работи доста добро. Дома со неговите живееше тогаш, без да плаќа сметки и сл. Домаќински размислувал и штедел. Плус добри цени фати. Сега тоа што гледаме е со дупла цена од пред 5 години. Да дополнам дека финансиски моите ми дадоа пари за средување топ топ. Да била ситуацијата поинаква, и работите би биле поспори и потешки. Двајца да земаат по 500 евра, ке можат да купат стан за најмалку 5 години, односно да соберат за учество. Невозможно не е. Тешко е. Е сега, не е ок да се расфрлаш со твои цифри и квадрати, или јас со овие на маж ми, затоа што сте биле и сте во многу поинакви ситуации од многу парови. Полесни ситуации конкретно. Ако читаш, многу често овде не станува збор за немање пари, туку игнорантност од страна на мажот да се оддели од мама.
Е така де. Кога ќе слушнат дека се спрема кредит за стан, одма болни паѓаат старите, како така, при толкава куќа во стан ли ќе одиш, папучар само жената ја слуша, шо ќе кажат комшиите, кој ќе не гледа нас, ако одиш не те сакаме повеќе како син дрн дрн....
Ако, тие може да зборат, младите може да не слушаат. Кога синот ке каже, ајде тука ке седиме, не е свекрвата крива, туку самиот.
Татко ми за 20к, за викендица, ако имаше 52 години, не му даваа на подолго од 65г. Знаеш оти? Оти со бенефициран стаж, пензионер беше. Така што ај едвај што најде банка, иако добра пензија зема, плус ратите ич не се мали за да може во тој период да се исплати. Многу се зезнати со тоа, возраст... ах, башка животна полиса.