Имам некаде поназад пишувано за ова - со мојата свеки исто немам проблеми, и таа се случуваше да ни зачистува по дома (кога ние сме биле отсутни, на викенди или на одмори). И тоа не „потфаќање“, туку цели генералки, со прередување алишта по плакарите, со перење теписи (добро, 2 мали се ) и се` пропратно. Ние ги ангажиравме да доаѓаат, за цвеќињата, за рибата, за проветрување, што да е. Успут, по своја желба, свеки се фаќала и за метлата Искрено и лично мене - НЕ МИ СМЕТАЛО. Не знам зошто, ама навистина не го сфаќам тоа како „Не му е доволно чисто на син ми/внука ми, па ете дојдов јас да им средам“. Можеби затоа што во објаснувањето на целава постапка мора да се земе во предвид целиот ваш однос, нивниот кон вашата фамилија како самостојни единки, нејзиниот карактер - дали си има обичај да прави работи за да „подбуцнува“ итн итн. Дури и кога доаѓаат да ја чуваат малата за ние да излезиме, се` што ќе начека немиено го средува, иако 100 пати сум и` рекла да не се мачи за џабе, ќе ја пуштиме машината кога ќе имаме време (во превод кога ќе сакаме ). Ама ете, пак си мие, си средува....на крај краева, може има голема љубов кон тоа, по што решив да не и` ја ускратувам
Па и јас препишувам на желбата за чистење. Дека подбуцнува- не. Дека се ангажира за што и да правиме, да. Во смисла, кога биравме мебел, дава мислење, ама не очекува да и се прифати целосно. Бара совети од мене кога прави одреден избор- дека го прифаќа целосно- не Можеби треба да се помирам дека сака да чисти за да ми е полесно во животот...
Баш така е дека никој не готви како мајка ми,знаеш што е интересно што јас кога дојдво снаа не наогав манаа на тоа што го готви свекрва ми ,иако мајка ми готви на друг начин и други јадења,нејзините дома и наоѓаа маана ,јас како ќе направеше така ќе јадам,ако сакам нешто да си направам сама ќе си го направам,иако и она повеѓќе пати ми имаше речено дека јадењето ми имало многу зачин,не се замарав со тоа,така сум научена да готвам и така си готвам,кога останавме сами да живееме со маж ми он почна да ги бара јадењата на мама,е сега му фино лепо објаснив дека мене не ме растела мајка му и дека јас не можам да готвам како неа,туку ако сака да јаде од нејзините јадења да оди кај неа,ќе си јадеме јас и малото од моето,виде невиде се привикна на тоа,инаку секој си е навикнат на тоа што си го јадел да не речам 30 години и малце му е тешко да си го смени вкусот на јадењето,инаку јас лично не наогам маана на ништо што некој го зготвил,сепак некој се труди да направи па грешно е јас да плукам по тоа,кога одам на госте кај свекрва ми кога и да ми понуди јадење никогаш не сум го одбила,за разлика од мажот мој кога оди кај моите тој знае да одбие демек не е гладен,а после кога си дојдеме дома да рече демек не може да јаде од тоа и така
Ах тие јадења И мама најубаво готви, и он ете за мајка му може така си мисли. Знам дека на некоја свеченост кога бевме поканети кај брат му, мајка му имаше однесено некои домашни салати. Е он после икс години се сети дека он многу сака такви салати и смрморе нешто, јас ништо не реков. По некое време оп еве иде со кантичето со домашна салата од кај мајка му. Наредно одење се заблагодарив и побарав рецепт. Јас такви работи не сакам, некој мене јадење да ми прави. Ако сака ок е, сваќам. И мене ми недостигаат некои рецепти од мајка ми и сум ја препрашала за да ги направам истите. На фин и љубезен начин се заврши уште пред да се почне и нејзино јадење никад више не беше внесено низ мојот куќен праг. Е сега има некои работи него му имале јак мирис не сакал да јаде Ама и мене некои негови деликатеси ми се прејаки За среќа на една рака се бројат па немаме никаков проблем, плус и еднаш годишно ако направиме колку од иштав. Тие работи си ги прави секој сам за себе без мешание. Инаку свеки е воодушевена од моето готвење и креативноста па не верувам дека би имала некој проблем во иднина
Во врска со готвењето, во право сте. Секој е навикнат да јаде како што му готвеле по дома. Но има и исклучоци кои сакаат да експериментираат со храната и сакаат да вкусат нешто ново, нешто поинакво. За моја среќа, мажот ми не прави проблеми во однос на храната. Тој јадел во животот разни манџи од разни готвачи, а и самиот знае на веќе готовото јадење (во својата чинија) да си додаде ајвар, јогурт, доматен сос и сл. Прави комбинации кои јас не би ги ни пробала. Така што, во однос на јадењето можам да признаам дека јас сум многу по пребирлива. Е сега што се однесува до зачините, јас избегавам во јадењата да ставам Вегета или сличен мешан зачин (освен во некои: пилешко, потпечен ориз и сл), едноставно не ми е убаво, но свекрва ми обожава и таа става во се‘. Јас ќе го јадам јадењето но не ми прави ќеиф, го осеќам, сепак го јадам. Од друга страна јас многу ставам мелен црн бибер во јадењата (а луто не јадам, но ова едноставно не ми лути ), скоро во се‘ (особено ако е со месо јадењето). И свекрва ми го јаде (во мала количина додуша, колку да не се навредам). Ни јас, ни таа не го менуваме зачинот (се надевам нема ни мажот ). Таа готви во текот на неделата, по нејзин терк, а јас готвам за викенд - по мој терк. И тоа ти е, сите среќни и задоволни. И фала богу, мажот ми јаде секаков зачин. А што се однесува на чистењето, да бевме одделени и да ја викнам свекрвата за едно (чување дете на пример) а таа успут и да ми чисти, може и нема да е толку лошо, но, во плакари, фиоки и веш машина не сакам да ми се плетка. Тоа е за мене интимна ствар. Не мора свекрва ми да знае какви се гаќи имам Спојлер Колку само гаќички ги оставив кај моите, бидејќи ми е срам овде пред свекор и свекрва да ги закачам и да ги сушам , а уште колку пак секси долен веш сум видела (бендисала) по продавници, но не ги купувам од истата причина. Можеби е глупаво, но јас така се чувствувам. , и дали вешот во корпата во бањата ми е многу или малку валкан. Едноставно никој не сакам да ми реди и прередува шкафови и фиоки. Сакам во секој момент да знам што каде ми стои, затоа сама си редам и прередувам. Така беше и кај мајка ми, така е и сега (кај свекрва ми), така и сакам да остане и кога ќе се одделиме од свекорот и свекрвата.
не сакам никого да навредам ама стварно некогаш не сте ми јасни, зошто ви чистела или зошто ви пратила јадење??? данишамп те почитувам многу ама ова " нејзиното јадење веќе никогаш не го помина мојот праг " ???? мислам ме шокира со оваа изјава. зошто мајка му да не му направи јадење коа го сака а ти незнаеш да го правиш? што има толку лошо во тоа неможам да разберам? зошто да му скратувате некое мало задоволство на сопругот што мама знае да го прави? мора ли се да биде натпревар? мора ли цело време да има ограничувања? за девојката која што и чистела свекрвата незнам што е толку чудно ете на пат си била на гости па му помогнала на син ти а и тебе која што знае дека работиш патуваш се трудиш и сака да помогне. зошто не размислувате на тој начин да и кажете благодарам што мислиш на нас и се трудиш да ни оставиш повеќе простор за шетање а не одма да мислите ете била на гости па мислела дека не ми било чисто па исчистила. ослободето го срцето у умот бидете позитивни и пријателски настроени не барајте рачка да се скарате таму каде што нема простор. јас искрено кажувам дека додека не беме земени кога биле на гости а јас сум била касно на работа сум ги наоѓала и пердињата испрани и ми беше многу мило оти јас немора да го правам тоа. сега не доаѓаат често но и кога доаѓаат секогаш или мие садови или ручек и мило ми е затоа што знам дека се чуствува корисна и исполнета и сака да им удоволи на синот и на снаата. така сите се задоволни. навистина е неблагодарано да не ја оставите мајката да се погрижи за својот син еднаш во незнам колку време, вие и да сте му жена и девојка сепак таа му е мајка и го ггледала 20-30 години пред вас и сега наеднаш целата грижа престанува бидејќи на снаата така и одговара.
„На тој начин да и кажете благодарам што мислиш на нас и се трудиш да ни оставиш повеќе простор за шетање а не одма да мислите ете била на гости па мислела дека не ми било чисто па исчистила. ослободето го срцето у умот бидете позитивни и пријателски настроени не барајте рачка да се скарате таму каде што нема простор.“ Двата пати кога ми помогна и се заблагодарив, прво зашто е знак на домашна култура, второ затоа што и искрено бев благодарна. На мајка ми сум и се заблагодарувала кога ми ја средувала собата (а не сум и побарала и ме нервирало да се мучи за мој неред). Ама мајка да ми помогне е едно, ова е друго. Знам, треба да сфатам дека ТОЈ и е син, па не е различно, но ми дојде чудно што средила кога не сум дома и покрај тоа што никогаш не сум коментирала дека немам време или дека ми е хаос заради недостаток на време (може син и коментирал???? ). Цитатот погоре го ставив и затоа што никогаш не барам р'чка за да се скарам со неа, напротив во изминативе 11 години НИЕДНАШ не сме се скарале, ниту замериле со неговите родители, зашто, како што пишав и во друга тема, неговите родители се заслужни за тоа што е ТОЈ денес.
Хмм интересна тема сте начнале со јадењата. Јас ќе си кажам сопствено искуство. Мене воопшто не ми пречи мм кога ќе ми каже како повеќе го сака одредено јадење, или дали наместо јас да го направам, ќе му го прати свекрва ми (потење во кујната = -2 часа, мене ми одговара ). Се` додека нему му е убаво, не се бунам затоа што знам и јас да откачам со некои каприци за храна поради кои со трчање и насмевка цел пазар го обиколува. Нормално свекрва ми има поголемо искуство во домаќинлук од мене и ако на мм му се допаѓала нејзината кујна, т.е. бил навикнат на неа, ќе се потрудам да научам нешто. Toa не е дека ми е свекрва. Со братучетка/тетка/баба да живеел ќе се навикнел на нивната храна. Нормално, се` додека е со мерка и се` додека не се коси со моите навики за готвење. Различен табиет сме по прашање јадење така што не ни можам да му го наметнам мојот стил (за додатоци повеќе). За финеси како што се зачини, густина и сл. ако треба правам посебно за него и му викам „Може вака?“ „Може.“ „Добро. Коментарите после ова не се прифаќаат, ај пријатно јадење.“
Не е никакво напреварување во прашање, ниту гнас или некаква одбивност. Само целосна независнот. Јас си имам свој дом, со правила по кои ние си го водиме нашето домаќинство Не сакам никој да ми готви, не сакам никој да ми чисти. Немам никаков проблем таму да си седне да јаде, но нема потреба јадење кој он очигледно ги преферира некој да биде должен континуирано да ги готви и нас да ни ги препраќа. Истата реакција ќе биде и за мојата мајка. Љубов на далечина и чиста сметка. И не му скратувам ништо. Кажав дека најљубезно се заблагодарив и му го направив истото. Имам кажано дека за роденден ја однесовме на вечера, за нова година ја зедовме со нас на дочек да не биде сама, јас одам можеби 1-2 месечно но он секоја недела а си се слушаат секој ден... И никогаш немам покажано некаква непочит кон нејзе. И да, тука јас кај што живеам се малку по ладни односите и луѓето, и ништо од ова не се сваќа така лично или трагично.
Спојлер се сложувам ама една салата или одредено јадење не ја нарушува вашата независнот или правилата во вашиот дом. како и да е секој си го гледа и живее живото на свој начин така да излишно е да коментираме дали постои правилен начин. мене зборот ми беше дека ми е премногу крут оној став дека ете кај мене не смее никој да готви или чисти. ама јас сум јас,и можда сум премногу либерална во тој дел односно баш ич не ми е гајле ама имам приметено дека оние што се жалат од свекрвите ( не се однесува на тебе ) односно од своите мажи баш имаат воведено некој таков строг режим на правила и однесувања од кои што на мажите им се лоши па мораат да бираат помеѓу мама и жената и настануваат тие кавги (ова за у македонија зборам кога се живее во заедница,/ иста куќа стан)
Вчера собирав еден куп пластики,тегли од зимници,ајвари.Некои беа од мајка ми ,некои од свекрва ми. Колку пати мајка ми ќе ми прати благо,зимница,која со задоволство ја прифаќаме и ја јадеме. Свекрва ми кога ќе направи нешто,качува горе. А децата,колку ги сакаат питите на баба им(свекрва ми).Знам и јас да ги правам и кога сум сакала да направам,најчесто ми викала,остај,млада си ,јас додека можам ќе месам. И Никогаш,ама баш никогаш не ми паднало криво што децата сакаат од баба. И некое јадење на маж ми од детството што го сакал,мило ми е да му го зготви.Не гледам простор за никаков натпревар помеѓу жената и свекрвата.Наклонетоста на мажот не се добива преку готвење омилени јадења. Ние сме во иста куќа,на различен спрат,маж ми се качува дома кај нас на ручек,не оди доле,па колку и да е вкусно тоа што има доле. Маж ми знае и да си направи нарачка кај мајка ми,да му направи нешто. Секоја жена си има своја посебност во кујната и таа треба да се почитува,без разлика снаа ли е,свекрва или мајка. А јас утре кога ќе имам снаа,здравје боже,не ми било сеедно доколку снаата се противи ако му направам на син ми лазањи,омиленото на син ми.А,ако сака ќе ја научам,може и ќе ме надмине?
Не е работата во една салата, туку евентуалното од сега натаму ти секогаш таа салата да ја праќаш. Јас не сакам ниту мојата ниту неговата мајка да има таква обврска и мене да ми готви. Најчесто ајс готвам, кога сум капната он, и двајцата кога не можеме си нарачуваме. На ручеци никој не не кани па си одиме по ресторани... и така функционираме. Во однос на чистење поторно е истото. ЈАс доколку имам многу работа и малку слободно време, една шеесет и кусур годишна жена не е должна мене да ми чисти. Ќе си платам жена.
А бе види....не ми е проблем, зошто ако ги види костимите, „помагалата“ и чудниот веш - 100% сум сигурна дека збор нема да речи, зошто ќе значи дека тарашкала кај што не треба, и кога ќе видиш - исто ко да не ги видела, а ние ќе си продолжиме со животот ко дотогаш И искрено, свеки ми е многу обзирна (во контекст на 2та реченица) и не сака да ме збунува, па само предиплува и на ИСТО место враќа. Фала и` најмногу! И во контекст на јадењата - значи, да ми е уште толку добра и секој ден да ни готви јадења - ПОСРЕЌНА СНАА од мене нема да има! Не се согласувам со даничап, зошто во мојот ум територија не се обележува со такви тривијални (за мене) работи, ама секој со своите принципи и го почитувам тоа. Е да, единствено за славата одбив да прават јадења за мене (ама ова важеше и за свеки и за мајка ми), освен грав едната и сарми другата. Шта речи, прва слава, ЈАС сакав да направам се`, ама за и тие да се чувствуваат ОК прифатив Спојлер (а и да не ми мириса по дома )
...туууу...да му е мерак на еден антифеминист да ве чита... ...со вашата толерантност, разбирање и кулинарска способност ми давате надеж дека сепак светот и не се променил до толку... ...колку за споредба, ке споменам дека овие фемининкиве кај јас што живеам се во споредба со вас се... хммм еден лош сон...кошмар... ...ке дојдат ке си се напијат најадат , изнасексаат...потоа ниту да помогнат да се зачисти ниту да прашаат дали објектот на нивната сексуална потреба е гладен или изморен...ке си квакнат на тоа мобилните пораки да си пуштаат и ке си запалат колата...чао...пропаст... ...мислам дека ке бидете свекрви за почит...затоа мастерот вас многу ве љуби...цмок цмок...цмок...
видете сега мене не ми преЧи свекрвами да прави јадење бас напротив убаво ми е. и кажав на поЧетокот едното ти едното јас,ти ке готвис ја ке заЧистувам кујката и готово ке е арно ама кога поЧнавме така едно време и јас си правев по малце јадење со нејзе и некако и се зблажи неа и ми вика ти ке готвис и ти ке Чистис а јас ке уживаам хахаах малце ми се смеесе бидејки јас цел ден нема да седнам а она само ке седи,и навеЧер јас цофната сто се вика од работа.. е сега да се надоврзам на темите над мене,засто да ми преЧи она да готви за мажотми,па син и е и она го сака кога јас нема да можам несто она нека му готви засто да не,иако уживам да готвам само за нас,некогас и таа ни готви.. сакам да кажам најЧесто моето готвење е само за нас двајцата а она за останатите,бидејки мажотми работи на смени кога се сложуваме за некои работи и најубаво е така едно таа едно јас и ете ти заврсена работа на време и сите одморени
Баналните и секојдневни работи како што се обврските околу чистењето и готвењето и те како знаат да го загорчат животот во заедница...плус ако како бонус на тоа се додадат уште свекор и свекрва. Јас поминав многу лошо...како и за се во животот и тука има потреба од компромис, договор и меѓусебна толеранција...ама за некои луѓе ова се само апстрактни поими кои никогаш нема да најдат своја примена во пракса. Налетав на свекрва која иако цел живот седела дома, не одела на работа барем да научела да готви..ама не.. Откако појдов таму еднаш месечно дали ќе зготвеше нешто (некоја помија..манџа со запршка)за да може потоа да прави буцки и да си има оправдание за мрчење ете ја снаата мрза е, јас уште да готвам, да правам ручек.Мене најискрено подобро ми беше јас самата да си готвам секој ден по мој вкус и на мој начин,онака како што сум навикнала и ме научила мајка ми и да јадам како човек...отколку да се надевам на нејзиниот ручек и да останам гладна.Кај и готвиш и не го очекуваш тоа истото од неа па,уште и се лутеше и правеше кисели фаци зошто не сум готвела на истиот начин како таа што готви,па немој не ставај од тоа....и коментари ова маж ти нема да ти го јади..(.премногу самоуверено) јади онака само јас како што му готвам.. Ее како да не лажеше...почесто ручал во кафана/ресторан отколку дома а,според неа и јатрва ми не знаела да готви и не и било јасно како другиот син се навикнал на нејзините јадења па,како тоа така освен јас никоја друга не знае да готви..комплекси и ништо друго!!!Ете така бидејќи не се докажала на други полиња во животот се фати за готвењето и таму најде да се докажува..безуспешно морам да потенцирам За Велигден зедов да припремам нешто благо нели празник,ќе доаѓаат гости и тоа не чинеше со изговор ти незнаеш,не е така по наше овде кај нас никој не спрема за празников(во позадина нема потреба да правиш и да арчиш пари...циција невидена беше). На почетокот таа кажуваше што ќе има утре за ручек и како да се готви строго по нејзини инструкции,за пазарење исто не ми беше дозволено(само таа знаеше како се пазари домаќински)...се обидов на секој начин за да се надминат овие банални и непотребни тензии и на крајот пукна тиквата
...многу е лошо кога треба да живеете со некого во заедница а се работи за нетолератна вештица у форма на неспособна мрзлива стара жена како гореспоменатата... ...вистина е дека постојат исклучоци во секоја работа и мое мислење е дека ако навистина не иде...сменете ако сте во можност...затоа што промената во сите работи може да е слатка...
Апсолутно си во право...решив да ја применам Panta rei...и ја сменив дури и со судска постапка..има и печат и се...