Не викам дека требаше да остане кај мајка и, туку сакам да кажам дека е тешки патот до свое, можам да речам претешки. Имаше други опции, ама снаа ми не сакаше. На пример да бараат стан во друга населба, ем поголем, ем поефтин. Ок, не сакаше. Имаше опција да се селат сите во Чешка, снаа ми пак не сакаше, убаво и било тука. Тоа се веќе други проблеми, не сакам да им навлегувам во нивни живот, ама имаа опција да се над моите, им се понуди спрат на нивно име да е, имаше опција и свој двор да има, во задниот дел од куќата и се тоа, ама пак снаа ми не сакаше "у тоа селото". Без разлика, вистина не е за во темава, ама не е дека е така лесно ете купи куќа. Башка способност на една индивидуа не се мери со тоа дали ќе земе хипотекарен за куќа. Не мора све со дрскост да се објаснува. И ја можам да ја исмевам шо морала мајстори да плаќа, шо маж и не е способен сам струја да пушти или што не се потрудил да научи плочки да лепи во животот, ама не се исмевам нели? Крај краева у реду е, греота е некој со години што се мачи да створи колку толку (зошто вистина гледам такви луѓе, многу) и конечно се решил да има дете, зошто животот си поминува, а џебот останува сличен или ист и иде на темава да чита и гледа дека ја викаат идиот зошто живее со свекрва и и укажуваат да нема дете зошто има помалку од некој друг. Жално е нели?
Од снаа ти си патат, не од друго. Решенија значи имало, и спрат на НИВНО име, и стан поголем на страна, и странство - ама снаата не сакала ништо од тоа. Мажот се мачи и не си ги гледа децата оти на жена му се исживува и пребира.
Затоа реков, не навлегувам, ама сепак кредитот е земен и тоа е тоа. Не почнувај муабети за спрат, аман ќе ти се нафрлат, тоа само неспособни го бираат.
Ако ме погодуваа сите туѓи мислења, не требаше да живеам Пред некоја страница им се повраќа од мене, дете ич да немам итн. Зошто мислиш дека кого било освен себе би послушала? Што ми се луѓево овде па да ги слушам? Види, за брат ти конкретно пошто го стави во приказна, значи приказната си има повеќе страни, он си има проблеми пред се во бракот, а потоа финансиски. Не е важно повеќе, самиот факт дека не гледаат во ист правец со сопругата е доволен да сфатиш дека се и сешто ќе биде проблем, и село, и куче, и маче, и центар, и брод, и друга држава и се можно ќе биде проблем, ако меѓу двајцата нема консензус за тоа како треба да им изгледа животот. Способност се мери по свои стандарди, секој од нас, па и ти. Способност се мери со преземање акција за својот живот наспроти пасивно гледање и прифаќање дека “тоа ми е судбина“. Очигледно е дека не се сите на светов исто богати, никаде, способноста се мери во тоа што кога не ти чини нешто, работно место, куќа, стан, свекрва, мајка, маж - правиш се за да си ја промениш ситуацијата. Полесно е да си жртва, и многу луѓе радо ќе бидат жртви него да се мачат, и да, постојат такви, со 0 иницијатива за свој живот. И ќе праша што да прави, ќе дадеш идеи, ништо не чини... те потсеќа на некого
Не мислам дека спратот како спрат не е ОК. Ете се понудиле на нивно име да е... тоа е реткост и го нема кај 90% од случаите. Спратот е проблем кога пример му го давам на детето мое, викам еве ти спрат да си живееш со фамилијата, ама тоа значи дека ќе ви влегувам кога сакам, ќе ви чепкам што сакам, оти јас сум газдарица, и вие треба сус да седите. Плус снаата/зетот ќе вложат во спратот, ама ќе се дојденци тука, и секогаш ќе бидат. Ако поклонам од срце, го ставам на име на детето (син, ќерка) и ги оставам младите да си живеат, и да си тропаме на врата за кафе да пиеме, тогаш спратот не е лоша идеа воопшто. Тоа не е ништо поинаку од животот со комшиите под мене шо ги имам, значи ок е
Да, точно е се. Исто ја така живеам. Со спрат сам мм што го крена, све сами си направивме, свеки моја не е цвеќе, ама она истиве работи ќе ги прави и да живеам на 1000 км така да мање више. Е снаа ми не сакаше, ја цитирам "ќе ти живеам ја со свекрва", ама затоа кај мајка и во 1 соба седеа, сега ете пак седат. Башка што ја знаат мајка ми каква е, живеевме едно време со другиот брат и снаа, дур се вселија во нејзиниот стан. Знаеа дека нема да им се меша, језда е тешка личност за некои работи и овде имам пишувано, ама она си кажа како планира да живеат. Си кажа дека не планира да си го менува животот и дека она ќе си гледа дома кај неа, они горе. Им рече ставете си ограда во дворот, слободно, не се задолжувајте. И сега ради хипотеката неможе да си ја продаде куќата, а сака. Ама пусти комплекси да не е свекрвата во близина. Нема врска, не сакам да коментирам повеќе за нивниот живот, излезе тема на муабет ради становите и тоа ми беше поентата.
Ич не планирав да пишувам на темава, се додека не видов дека многу работи се како копирани од моја блиска околина. Да не се лажиме, и некои снашки не се баш жртви. И нема ништо повеќе, оти дегутантно ми е. Толкав стрес поминавме како фамилија, што сега ниту се прави муабет на темава, напротив почнавме да “страдаме“ од колективна амнезија.
Абе види, јас имам напишано уште ооооодамна, да имав прилика да градам врз куќата на моите или врз куќа на тогашна свекрва, ќе градев затоа што е стварно поефтино и поедноставно. Ама за тоа да функционира треба сите да имаат граници, а ако ги немаат да знаеш да им ги поставиш. И баба ми и вујко ми живеат така, ама на баба ми не ѝ паѓа на памет да се качи горе неповикана, ни па тие кај неа доле доаѓаат кога ќе им текне. Вујна ми е човечиште, колку ѝ се наоѓа ама навистина, вистина баба ми на неа ѝ се наоѓаше и на вујко ми кога мало дете имаа, ама сеедно, требаше клексани да се боцка баба ми, сама нема шанса, или ние ќе доаѓавме од друг крај на град или вујна ми ќе ја боцкаше, жената сама се понуди. Пример само, милион примери се. Никој не е цвеќе за мирисање, знае и баба ми (т.е. знаеше како помлада) да истресе глупост, ама овие двајца горе ѝ ставаа граници до каде може. Самата велам живеев во таква куќа и реално мораш да мислиш на многу народ ради мир, не можеш што сакаш кога сакаш да правиш, секогаш ќе се знае и кога си дошол и кога си пошол и општо, комплицирано е, ама не мора да е трауматично ако се сите свесни дека компромис од сите страни мора да постои. Ако со тој што живееш имаш разбирање, нема да дозволи родителите негови да те малтретираат. И неважно чии се “тие доле“, дали на жената или мажот. Инаку, кревање спрат со свој влез (па и двор башка), не е заедница, буквално е како стан да имаш, тука може да е проблем само менталитет, ама пак, тој се решава ако има разбирачка меѓу двајцата што создаваат ново семејство.
Да и јас имам поназад пишано. Сите што се денес олош снаи, утреден ќе се истите олош свекрви. Олош свекрва не се станува кога ќе се ожени синот, олош си цел живот. Еве имам една во блиска фамилија, си кажува уште сега - тешко снаата со мене, ќе и правам исто што и мене ми прават и си се смее. Јас поучена од како не треба ќе знам. Мене свекрва ми ми вика да си дочекаш па ќе видиш каква ќе си. Каква да сум? Да и џапам на снаа ми бебе од раце кога ќе плаче? Да и носам комшики дома да и кажуваат дека не треба да дава ад? Да ја зборам дека од мрза не дои? Да ја чекам да ми смени постела зошто мм цел живот бил нели машко? Да им се потсмевам зошто се мачат да створат нешто? Да патам од комплекс зошто Мира цел ден шетала по улица со внучето, зошто јас не сум ко неа? Боже сачувај.
За ова потполно се согласувам со тебе.Сите сме прво луѓе ,жени па после мајка,сестра,жена или свекрца.Не може некој со мека душа и срце,да биде манипулатор и ѕвер.Тој човек си е тајов без разлика на улогата.
Или па тие свекрви биле добри и послушни снаи оти тогаш биле научени дека така треба и не се ослободиле од тоа размислување дека свекрвата е нај.
Абе ти за друго нема да чиниш нешто Еве и сама си напиша... очекувањата. Во случајов на твојата свекрва, таа има очекувања, затоа е разочарана од тебе. Е сега да си снаа што очекува се' и сешто (кат да ти дигнат, дете они да чуваат, ручек да ти прават, "на сите другарки бабите им купија злато на внучињата, само мојава на моето не", "она си се шета по одмори, ние со мало дете не можеме" итн колку сакаш примери) и ти ќе бидеш разочарана пошто нели, имаш очекувања и желби кои не ти се исполнети. Затоа викам очекувањата се мајка на разочарувањето. Ти и се да и' исполниш, пак ќе биде разочарана, нема да и' чиниш, оти тоа е до карактер едноставно. И снаите што се' и сешто очекуваат, ќе бидат свекрви што се' и сешто ќе очекуваат.
Леле ова како јас да сум го пишувала, истите работи да не оделе на истиот курс за свекрви?Само кај мене плус беше зошто да носи шпикозни требало стегнато повиено
Ако сум го избрала за партнер во се и сакам деца или веќе имам направено деца со него, а немам доверба за да извадиме заеднички кредит за стан, што бараме уште заедно? Пола и повеќе само се жалат, а немаат пречекорено во банка само да прашаат за кои се условите за кредит. Даваат и без учество, даваат и на мали плати, ама се губи комфорот на платата за себе да си ја имаш. Родителите на маж ми се прекрасни луѓе, ама не би да ме слушаат на долен спрат како имам секс со маж ми горе или колку пати пуштам машина за алишта. Дека имаш 100% приватност во заедница-немаш. Сум пораснала во таква куќа. Ама па и немаш - 50% од примањата за кредити и сметки. Ќе дојдеш на темава ќе се испукаш колку ти го јадат џигерот, па ќе земеш дигитрон и ќе пресметаш колку малце пари ти остануваат, па си викаш абе не тешко е кредит, невозможно е поплатена работа да се најде, мораме да седиме овде. Келнер нема испод 30.000 без бакшиш, диспечери нема испод 40.000, работници по странскиве инвестиции нема испод 25.000, маркети се старт 24.000, секаде се бараат работници пошо се иселува народ, ама читајќи ја темава изгледа како во 2017та да сме уште.
Ахам, да бе нема, оди прашај во помалите места колку пари е келнер да работиш, а диспеџер?? Диспеџерите се и на помалку од минималецот во мојот град, знам пошо пријателка работи таму и тоа со години, немат ни осигурување ни ништо. И не се само во една, туку во сите е така. Барем во мојот град. Не сме ние во 2017, туку ти немаш излезено пошироко да рашеташ па да знаеш како стојат работите, не живеат сите во Скопје. После немој да се жалите зошто пола мк доаѓат во Скопје, а пола одат во странство.
Ќе си земам за право да ги цитирам овие два поста од друга тема, затоа што сакам да дискутирам на оваа тема. Ќе го наметнам прашањето, дали сепак не можеме да дејствуваме за сопствен имот без помош од страна на родителите? И друго прашање, зошто кога знаеш дека е тешко и скоро па невозможно без туѓа помош, вршиш пресија на останатите како се неспособни и неподобни за живот? Останатите да имале таква помош зарем нема да сакаат свој имот. И кога си го одел патот, како судиш друг кој моментално е на тој пат и бидејќи нема помош, сфаќа дека излез нема.
Не живеам во Скопје, во мноогу помало место Сакаш да им вадам изводи од плати на луѓево? Ова се работни места кои ги имам околу мене па можам да кажам со сигурност. Келнер под 1000ка стартна дневница нема, никој не се нафаќа да работи. Плус процент, плус бакшиш. Диспечер (за транспорт за УСА) на минималец Смешно е, диспечер старт е $600/$700. Кажи и на другарка ти да не ја заебаваат. Казина нема испод 30.000 ако сакаш да продужам? Намерно зборам само за професии за кои нема потреба за повеќе од средно образование. Единствени што ги знам со мали плати се тие по државните институции
Очекувањата од едната страна дека кога синот ќе се ожени, снаата ќе го среди, па од неа се бара се што своето дете не било научено, не добило, затоа што со женењето треба да добие лотарија нели. Очекувања од другата страна, дека некој друг ќе ги помага, врши работите, а самото нивно присуство во бракот и раѓањето на потомство треба да биде воздигнувано. Не, ни тоа ни тоа не функционира.