Не е невозможно. Ама се е подобро од живеење со мама и тато, со свекрва... И со нивна помош. И јас ќе помагам на моето. Јас немам проблем со помош, имам проблем со неодвоени од цицката на мајките. Свесни сте само дека мажите ви се уште деца, дека сте се омажиле со сите, не само со еден, па Лопате туѓи мислења за вие да се осеќате добро. Ние сме во наша куќа. Наш имот. Наш кредит. Вие чекате свекрвата да заспие за да имате секс. Не сте и дале идеја да даде хипотека. Не сте запнале да кажете дека нема за јадење и да ви донесат. Готовани. Ви е страв од кредит, ама повеќе од свекрвата ви е страв.
Ако не било невозможно немаше да чекаш од родителите да ви помагаат. Ваша куќа, благодарение на свекрвата. За последното си во право, имам страв од кредит. И да имаш страв, значи рационално да размислуваш. Дали сме спремни со тие плати да издржиме рати и камата. Колку треба да скратиме од нормално живеење, за да можеме да тераме во сопствен имот. Не е кредит, како да позајмиш 200 евра од мајка ти. Сума е во прашање. И сосема е оправдан стравот. Инаку имам кредит и немам апсолутно никаква поврзаност со свекрвата. Ниту живеам со неа, уште помалку ја гледам. Очигледно тебе ти е полесно да мислиш дека живеам со свекрва. И мисли, што да ти кажам. Готован исто значи дека чекаш помош за да создадеш свое. Кога од темел без никаква помош ќе направиш нешто, дојди и продавај демагогии како се станува успешна жена со свој имот.
Ќе кажам нешто, можи и многу патетично ама јас го сметам за вистина. Тие жени со навистина мека душа (не одглумено, како повеќето) обично не завршуваат во брак. Дури и на повеќето им е тешкотија да стигнат до врска дури и ако се лепотици. Повеќето мажи/маженца денес уживаат да бидат манипулирани. Дури и како некој вид гордост им е каква итра жена имале. Ако се однесуваш со почит од сам старт, веднаш се кретенизираат. Ако не ги почитуваш и ги заебаваш, те опсипуваат со внимание. А чесен човек не сака ниту да заебава, ниту да биде заебаван. Ете таква е играта.
Сама кажа дека парите од свадба горе долу се враќаат. Сите гости или порција покриваат или ставаат нешто плус. Се испомажија сите наши блиски и сите потврдија дека зеле повеќе од што дале. Со нирмални алишта, порции, украсувања итн. Колку дадеш за свадба, толку земаш назад. Освен ако не платиш шминка 200 евра и венчаница 2000, нема да си во јак минус. Не е свадбата сама по себе проблем. Не сум ни слушнала некој родител да им ги земе парите на младите. Значи ако сакаат, имаат некоја сума за кредит за стан. Со овие цени за квадрат, нема шанси. Евентуално за 5-10 години. Ако збориме за сосема сами. И пак ке е тоа стан на кредит. Сума сумарум, не си ти толку прејака како што првично напиша. Еднаш беше сами со маж ти темели сте копале. Сега испадна дека кредити земале за вас и храна ви носеле. Патем, мене ме направија лом што ми готви свекрва ми.
Јас бев една од тие што те направија "лом" и ти се извинувам искрено. По се што пишуваш поинаку излегува дека се работите, од тоа што делуваше тогаш.
Леле жено комплекси еј. Ова ти е она шо викаат дека се гледа каков човек е некој, кога ќе се крене на ниво погоре од тоа што бил порано. Изгледа имаш заборавено од дно дека си почнала. Многу си арогантна, мислам дека за да си задоволна треба да се соберат гласови шо да ти се даде, поклонче од нас вака дека единствена способна шо има куќа "сама" изградено, можда утре ќе пишеш дека темели со раце имаш копано. Намали доживљај, цела Фемина чека свеки да заспие секс да има, не**ани останавме, само ти не. Јеееее, брааавооос. Иначе маж ти одвоениот од цицето на мама и се обратил за хипотека. Како бе така?
Каква љубомора фрче од некои од вас не сте ни свесни Запотите газот а не само на форум и олеле не чине со свекрва под еден кров И шо и се втиливте на Чка ? Нејзиното јајце вие може да сонувате да го снесите Коа ке направите и вие куќа дојдите тогаш за дискусија а до тогаш чукајте с епо рамо тука која е полоша свеква вашата или на петкана
Како изгледало тогаш а како сега? Јас истото го пишувам секогаш кога ке влетам во темава. Патем, не памтам дали си била ти. Знам неколку бевте. Извинување прифатено. Доблесно е да се извиниш, не умеат сите, браво.
Никој не зел за нас. Сами сме кредитобаратели. Погоре прочитај зошо сама со понуди за хипотека плус. Не скокај во заклучок и не читај селективно. Тоа во основно се учи. Она сама дојде да ја види куќата, мерак. Сама се понуди за тераси. Прочитај, еднаш ти објаснував. А вас секој ден ве ранат. И децата ви ги ранат. Мене два пати ми донесоа моите. Ако не беа они, помалце ќе јадев, ама немаше да живеам со свекрва. А маж ми од 18 живее сам. Не со мама. Не како вас со мама па со свекрва. Јас од 18 сум одвоена. Не од мама кај свекрва. Ако ви е утеха, еве јас не чинам. Одете во скутот на свекрвата и плачете. Ако го тргнете мажот од цицето
Нека земе да дискутира ко човек. А не да вреѓа луѓе што неможат ко неа. Може некоја и 3 јајца има снесено ама не ги искрши овде.
Да она се понуди, вие како така да речете "не фала". Мене ме ранат? ако ти е полесно вечер да заспиеш, така нека е.
Па оти да речеме?! Не сме глупи. Триесет квадрати плус. Сами ги плативме тие пари. Оди ручек да јадеш кај сверква ти.
Е ај ама го дрвиш. И тебе мама и тато ти дале пари/ плац небитно, па си правела. Ти дале и свека и свекор. И ти си готован тогаш. Аман.
Нејзиното јајце не сакам да го несам, затоа што е полно горчина. Не знам зошто само. Искрено. Не би знаела ни како изгледа да љубоморам на форумски лик, не ја ни знам, не ја ни познавам. Имам се во животот што ме прави среќна, ни повеќе, ни помалку. Зошто Чка е мета? Прашај ја неа и прочитај ги невкусните коментари која таа прва започна да ги реди. Куќа немам направено, но имам друг имот. Не сум го копала, туку платила. И тоа не ми дава право да омаловажувам друг што живее со свекрва. Кога веќе читаш, прочитај и другарка ти што има коментирано. Боже ми помогни ако станам како Чка и да имам толку презир према луѓето.
Твое мислење од 2018. Свекрва ви дала стан за да може да градите. Му дала стан на маж ти и кажала прави што сакаш. Твоите носеле храна на 2 недели. 60 кг месо ви дале. Многу од жениве овде што се жалат сонуваат за ваква помош. Ама ти ке им триеш сол на рана дека се неспособни. Затоа што вие исклучиво сами успеавте.