@Cka @CameliaMiller @ALISA0000 џабе се објаснувате. Многу овде се финансиски неписмени. Не знаат да работат со пари, со картици и ги одбиваат. Да не идеме офф топик, кој како сака нека си живее. Сакаат ао свекрва, без свекрва и слично. Јас не би можела да живеам во заедница да не можам по гаќи дома да се прошетам ако сакам.
Ама и не се разликува заедница што е. Не е заедница друг кат со одделен влез (одделно домаќинство), ниту лепенка куќа, ниту 2 куќи во еден двор. Мислам по некои дефиниции за домаќинство, да купиш 2 стана на ист кат еден до друг се заедница. А 3 примера имам и дефинитивно не се заедници. 1 - младиве купија стан до старите 2 - другарка ми купи стан над станот на мајка и' 3 - родителиве имаа мн. голем стан, некои 120м2, го поделија на 2 по 60, со посебни броила итн. си се со младите. и 4 ама не е од земјава примерот, ќеркава си купи свој стан под станот на нејзините. Ова се заедници колку што е заедница посебен кат да имаш. Заедница е кога исто домаќинство е, иста кујна, купатило, дневна значи "свое" само спална имаш. Останатите примери не се примери за заедница, а колку ќе почитуваат сите граници е друго прашање.
А со вас од "40ка" стварно нема смисла дискусијата, треба да ве забранат повеќе од една во иста тема Чка апла се избламира, до пред некоја страна секој втор пост беше од неа како се "треска во гради" дека ни 100 денари нема помош од никој а уствари излезе едните станови, купување работи за детето, другите храна, прасиња Не знам кој ви е филмот со лажење на форум.
По гаќи сакале да шетаат, голи, да пискаат за време на секс. Е добро, еве не живеете со свекрви. Со деца по дома ќе ги или ги правите овие работи?
Ние со маж ми купивме стан веднаш до станот на неговите (кој ќе ни остане во наследство). Претходно живеевме во заедница со свекор и искрено воопшто не ни сметаше. Сега сме во поголемиот стан, а свекор ми е во помалиот (кој ние го купивме) . И не, не живеевме во детската на маж ми туку свекор ми беше во неа. Одредено време и го издававме помалиот стан, па со парите од киријата исплативме добар дел од стамбениот кредит. Ни мене не ми беше најсјајно да живеам во заедница, ама со договор и почит се се решава. И не, свекор ми не е човек кој чека се на мене, секогаш во се си бил самостоен и претпазлив - сам си пушта машина, си готви, си средува, а и многу ми се наоѓа кога ми треба помош околу децата
Мене кај бившиот во стан од комшиите ми беше срам да викам.... Ама ние шо знаеме, деца кај баби се пуштаат и јашаааа кој ни е крив нас во двособни станчиња шо сме со нив.
Многу добро сум запознаена со кредити хопотеки и остали врагови. Муабетот не е за хипотеката како поим. Туку за поимот кој Чка го расправа: неспособност и независност. Таа се обиде да скрие како стојат работите, проба да направи неспособни трети лица затоа што немале како да купат стан. Се издигна себе како семоќна која се направила сама. Ни свекрви ни помош. Во 2018 помошта од свекрва и била за да почнат да градат, денес во 2023 е за тераса. Логика ти има? Не, ама се знаете лично па ти е ок некого да риба вака. Гладни биле со по еден оброк, а леб и сол секој може да си дозволи и 3 оборци да има. Луѓе немаат навистина па јадат, тие граделе куќа од 160 кв со вредност 150к ама немале за јадење. Плус испадна мајка и праќала гепеци со јадење. Не го најдов мислењето, друга членка ја цитирала. И поентата што ја вртиме ние се покажа и докажа. Чка испадна дека не е семоќна туку среќна со многу помош. Јас знам дека бараа врски на наши кумови. Не успеаа да земат. Сега дознав дека можеби услови не исполниле ама не знаат тие како треба со пари.
се се може ако ама АКО се сака жртва мора да има кај нас маж ми е жртвата заминат е надвор од мк 12 години веке поарно така одколку да ми пуфа свекор свекрва девер и да неможеш да дојдеш на ред да се иссериш и избањаш Е тие шо сакат и газ и праз немааа Едно ке има друго ке фали сами си одбираме шо ке ни фали
Незнам сеа се мислам дали треба дозвола да пишам на тема кај шо сакам на форум Може треба да ми дозволиш ти? Требало да НЕ забранат Ајдеее мајкатааа Пу срам да ти е Немој те молам со вакви постови срамота е
12 години да работи надвор да не гледа дете, ми е многу тажно. Обострано. Или сите одиме заедно или никој. Имотот е дом кога фамилијата е собрана на место. Така што и во детска соба да живеам, ќе живееме заедно. Ако вие така функционирате и ви е убаво, на друг не му е. И не е репер дека на таков начин треба да имаш шанса за да купиш свој имот.
Да. Ама маж ти навистина се жртвувал во странство толку години. Чка не е толкава жртва. И не е толку самостојна како што прикажа.
да, се слагам ама кога се има цел и план се оде по таа траса за кратко време ке бидне и куќата па ке се присобереме на едно место да не се разбериме погрешно не е он цело време надвор од мк коа е дома е дома ама коа е на работа е на работа јбг живот
Разбирам, или е шофер на камион или работи во странство, познато ми е се. Вашиот план за многу фамилии не функционира. И ок е. Кој како умее тера.
Памтам пред години коа се отвори темана Купи куќа, купи стан, ја бев копиљка тука и нели наравно мој ред беше за реденка, класична инаугурација на форумов. Прва љубав заборава нема. Памтам и кои две членки беа, партиски војничиња, оние шо се сами постигнуеет у животот, кхм. Толку ојде работата, шо Бриџет као половично ме одбрани, Реин избриша се, па дури и моето мислење. А шо кажав? Дека е за партиски војници и челници, а не за обичната раја, оти мајка ми ја одбија као самохран родител под кирија, со редовна работа. И тоа за плац и за мочана барака од Хот и Хот. Едит: А дотичниве ми рекоа да не ја расипувам темата со негативности од мојата тужна прича, тука некој дошол да се информира како куќа да створи. А па да не праам муабет шо и за ваучери за компјутер ме одбија, лол. Битно на тие со ајфоните им дадоа. Али ок, на форумов се жени, мајки, краљици, и ние шо не смееме да се пошалиме за пуштање машини, оти као демек ташак не боли, и онака мајките уште не перат. Лол.
Има три примера: -ностоп се оговара,очекува од неговите родители ,а таа како снаа и син немаат голем удел за трошоци во домаќинството,ниту пак цел да се решат станбено.Повеќе ги гледаат од корист, а не им чинат.И кукаат. -млади што живеат во заедница,коректни се ,имаат несогласување ,ама работат на целта до свој дом.Имаат помош и грб позади нив.Тоа значи дека не бараат од никого на готово,и како морање - овој пример е најредок,а и најтежок во нашава земја.Да постигнеш без апсплутна помош и подрушка од некого.