Мене реденка која ја памтам ми беше за тоа што свекрва ми ручек ми прави. Уште ме болат муабетите. Да не беше старото мислење, за толку малку ке поверувавме дека Чка е семоќна жена мајка краљица која ребри неспособни во слободно време.
Хаха ако по нешто те запамтив тоа е дека свекрва ти ручек ти праи пошо секој пост ти е тоа… озбилно, толку ли е тешко еден ручек?
На крај ќе испадне едниве храна давале, другиве стан и хипотека за изградба на куќа, додај на тоа партиско доделување на субвенции за купи куќа купи стан и на што се сведовме. Да сумираме, ни образование ви е битно, ни работа. Ниту пак родителите да ве учат да бидете способни сами да создадете. Туку да имате добро ситуирана свекрва. Добро ситуирана свекрва отвара можности и широки порти. Еее Александрит, требаше кога се мажиш да бираш некој по свекрвата што џеб има. Сега некоја среќлика ќе има убав поглед, а ти ќе гледаш комшика ти како брише прашина по дома. А најјако ми е овие пар членки што се ложеа и ја бодреа. Тоа се вика ,,in your face". Сега може да продолжите да сонувате дека после факултет ќе бидете веднаш добро платени и оспособени да купите стан.
Абе кај си ти, со таков чуден аватар, си викам која е оваа духовита Неее, подморница никако, кој ќе ја види под море, како ќе се фалам безвезе Еден ручек не е тешко. Многу ручеци, плус многу вечери, и така секој божји ден, богами тешко е. И досадно. И би си ја земала свекрвата, ама многу запршка става, нејќу така Мајка ми пак, во све магдонос става, така нејќу ич. И тоа е, ќе се мачиме, шо да праиме Ај уше некој брод да напраам со бродоградилиштето, белки ќе ујдисам некој професионален готвач после
Види, независно од Чка, јас за мое искуство ти зборам со хипотеки, пошто можевме да го ставиме станот на мајка му под хипотека за ПОГОЛЕМА куќа. За помала не ни бараа хипотека, за поголема ни' бараа. Односно, зависно од висината на кредитот.
Не е тешко, можам и умеам да зготвам ручек. Ако нешто не знам, ке научам. Ама, има едно ама. Имам свекрва која, прво, сама се понуди да ни готви, друго ни готви што сакаме, некогаш посебно за нас посебно за нив. Неколку пати месечно и сама готвам, не е проблем воопшто. Вака сум фокусирана на работа и на син ми. И ми одговара вака што функционираме.
Тоа е друго, јас на пример сама сум дома со детето и баш ми е интересно да готвам, барам по нет некои нови рецепти, зачини, да сум на работа секоја помош од ваков тип е добредојдена
Во ред е сето тоа. Независно од твојот кредит, Чка убаци у 6та со фалење. Реалноста нема допирни точки со тоа како се одвивале работите во реалноста. Нијанса е што некои ни за еднособен не можат да се изборат.
Јас од дома работам и ја сецкам работата. Неколку часа одсабајле, син ми или со татко му се излезени, или се игра сам по дома, голем е и умее да се заигра неколку часа. Влезе излези, ке направи муабет и си продолжува. Доработувам навечер откако ке заспие. Е сега, кога ке стане, првите неколку часа е мирен и сам си наоѓа занимации. Ама после тоа бара внимание, и си играме заедно. Се на се, супер функционираме вака.
Веќе неколку дена читам никако да дочитам. Сега конечно ги прочитав сите мислења. Интересно е како беше почната дискусијата а како завршила. Многу се променил правецот на движење. Тие што ја поддржуваа Чка а и таа самата, беа арогантни користеа навредливи зборови како идиоти, неспособни и слично. Се удираа во гради дека никој не им помогнал. Правеа пресметки за јадење и за кирии. Дека ако живеат кај свекрва се неспособни пошто она им плаќа сметки. (А реално како свекорите така и младите плаќаат во заедница, не битно да не навлегуваме длабоко). И доаѓаме до тој момент дека утре би и купила стан на ќерка и а овде се тепа дека се неспособни другиве значи и ќерка и неспособна ќе биде. Може некои ќе застанат неколку год во заедница да соберат пари за учество и сами ќе си земат кредит сами ќе си купат стан. Да можеби свекрвата ќе плаќа сметки а они ќе плаќаат јадење и слично неколку години. Ама сами ќе си земат стан а не како ќерка и на готово некој да и купи. И овде ќе проповеда за неспособност. Сума сумарум на почетокот се удираа во гради,скокаја до небо а откако беше постирано мислењето наеднаш сите тие омекнаа во дискусијата. Го свртеа текот на муабетот. Само не знам што е поентата од таков вид на комуникација со толкава арогантност,горчина,понижување плукање отров буквално. Сигурно тоа е резултат на некоја не така совршена позадина. Човек може да ги има сите пари и сите дипломи на овој свет ама ако нема понашање и култура, џабе му се.
Имам феминки проблем и сум очајна, немам никад пишано овде, заш сум немала причина Бевме отидени на одмор со бебчето кое за скоро ќе праит година и мм, живееме у кујча ја мм, сестра му е соо нас, свекрва ми и свекорот, година и половина живееме. ММ заш работит у два града на две локации мењаме средина и у станот у друг град и у кујчата со свекре. Кога се вративме од одмор свекрето со ќерка и решиле да бојадисуват и ни бојадисале и на нас у собите у спална со мини дневна имаме, другото се делиме, еден спрат е но голем. У спална ни беше бојадисано беж на жолто, они бојадисале БЕЛО, и викав коа дојдовме дома се, и мене ме нападнаа не сум сакала чисто ММ ми викат не е страшно на готово си добивме чисто и не се замарат. Гоелмиот проблем што закажале роденденска забава за детето мое, а ние ќе правевме и свадба, крштевка,венчавка се во едно во август. Капар остаиле не знам што, а на нас се резервирано. Свекриште викат аа детето требит да имат оделна забава не со вашава, а тоа ни е трошок Не знам што да правам
Што има она да одредува детето твое колку и какви забави ќе има? Кажете не жени, не давајте да ви одредуваат.
За која земја правиме муабет? За Македонија? Каде се вие плати, во Скопје? Ако е за таму пресметај колку е кирија, сметки, храна и сл. Во Велес овие суми за вакви работни места е научна фантастика. Еве повели дојди и види.
Седни и разговарај убаво со сопругот.Кажи му дека може за него е убаво што ви исчистиле, но каде е вашата приватност и избор, денес е боја на ѕидот утре ке е кој знае што.За организација за роденден на Вашето дете треба сами да си одлучите, прашај го како би се чувствувал ако твоите би направиле такво нешто.Не толерирајте мешање од никој, кажи му да си разговара на фин начин со неговите зошто поинаку е син им е, во спротивно твоето трпение ке се намалува и ке настанат кавги и ке се нарушат односите зошто ке преќутиш нешто ама ке ти дојде преку глава и лом ке стане, Затоа добар смирен разговор и решение мора
Нема шо да се караш, како они така и ти, ако не ти одговара така, ќе одиш таму без да им кажеш и земи си го капарот и презакажи друга дата. Или ќе им кажеш они нека го платат роденденот. На маж уопште немора да спомнуваш ништо, значи дирекно со пачаврата ќе разговараш.
Мислам дека треба да разговарате со сопругот, односно вие двајца да си направите план како ќе ги прославите тие пригоди заедно со вашето дете. Сите останати луѓе се гости кои би добиле покана да дојдат. Ако и баба сака да организира и плати роденден за своето внуче и тоа е океј, секако додека не ви го пореметува вашиот план и на вас двајцата не ви смета прослава плус.
Како бе си зема за право да одлучува за роденденска забава па и капар дала. Сите со душа чекаме да си дочекаме прв роденден, она главна ќе се прави. Може тебе тоа место не ти се свиѓа. Разговарај со со мм и појди земи го капарот и врати и го. Преку ова ако поминеш, ќе си земе за право се по нејзино да биде.