Во тој случај ќе си закаже роденден на друго место. Па нека се мисли свекрвица и дали ќе и пропаднат парите, или ќе смислува изговори зошто роденденот е откажан. Па ќе оди да се кара да и го вратат капарот. За друг пат, нема ни да помисли да оди да закаже нешто.
Па да де. Не можат они да ја контролираат свекрва и'/мајка му, можат само да се решат они што ќе направат.
Како бе не се зема капар назад? Капарот го даваш за да ти закажат дата, као сигурност е тоа, па после си доплаќаш. Членката ќе оди ќе каже се предомисливме и ќе си го земе. И нема шо да разговара со мажот, на мажите им одговара кога мајките се им завршуват работа, еве гледате дека одговорил со " е ако де, нека е" . Ќе си разговара со свекрвата.
Капар не се враќа ако давателот на капарот се откаже. Ако примателот на капарот откаже, враќа дупло. Откако ќе ти искречи свекрвата, маж ти е крив.
Капар се остава за ти кој резервираш на некој начин да им дадеш некаква сигурност (со оставени пари) дека дефинитивно ќе се појавиш на резервираното. Јас разбрав дека свекрвата свои пари оставила за капар, а не нивни. Што значи, не треба она ништо да зема и презакажува, кога не ни резервирала in the first place. Може само на свекрва и' да и' каже "не, фала, ние веќе си испланиравме, ти благодарам сепак за понудата" или "фала, ми се допаѓа и ќе прифатам". И те како има што да разговара со сопругот бидејќи станува збор за нивна свадба и за роденден и крштевка на нивно дете. Токму затоа што не ги дала членката парите, нема што она да откажува. Ако не и' се допаѓа понудата, може да ја одбие, а понатаму свекрва и' што сака нека прави.
Се убаво пиша, само јас мислам дека нема потреба да разговара со мажот, ете разговарала и нема аир од него, на мажите секако им одговара дали жената или мајкаим ќе договорат, за нив секогаш е тоа "е ако де, нека е". Знам пошо и јас го поминав ова истото шо го вика членката. Затоа викам нека оди во ресторанот или шо и да е, нека откаже, и нека се врати нека ја седне свекрвата да и каже два слатки речи. Ова е покажување заби на убав начин, оти ако не го направи тоа, таа пак ќе се меша. Така веќе нема да и текне она сама да си закажува. Мажите не ги разбираат тие работи, нивниот одговор секогаш ќе биде е ако де нека е.
Има една тема, Живеење сами, всушност, има повеќе теми можете таму да се цитирате, овде нека си остане за проблемите со свекрвите. Значи, цитирајте пост во соодветна тема. https://forum.femina.mk/threads/Дали-да-се-живее-со-свекор-и-свекрва.12975/
Како и да, треба да разговара со маж и' и заеднички да си испланираат, макар и ако на крајот се договораат она да биде таа што ќе разговара со мајка му. Делата најмногу говорат што мислиш, затоа сметам дека треба да ја остави свекрва и' да си ја поправа својата грешка, односно не треба ни да ја мисли повеќе понудата нејзина, туку треба да си закаже каде што ним им одговара и само да ја покани да дојде. Секако ќе дојде момент кога ќе треба да каже дека нема да го профатат нејзиниот план и тогаш ќе објасни зошто.
I te kako treba da zboris so maz ti,I te kako treba da se postavi granica do kaj se moze...I te kako imas pravo da si ljuta....ti ne si mrtva za drug da organizers I odlucuva za prv rodenden na tvoe dete E zatoa ja velam poveke vi se krivi mazencata nego sveki
Кој враќа бе назад капар? Освен ако газдата на локалот ви е роднина, капар не се враќа ако откажат тие што сакаат славје и за се друго е така
Идејата на капарот е гаранција дека ќе отидеш и да не го даде на друг тој термин. Затоа капар не се враќа, пошто на тој ден фактички може и да не му закаже некој друг пошто го чувал за тебе. Ако сам сака газдата е друго, ама иначе капар не се враќа.
ММ ми не го интересират работит во два града и е растракан некогаш и онлајн работит затоа и се обратив тука Она со сопствени пари остаила капар заш има голема пензија и сакала внучето да има сопствена забава. Ние се договоривме коа ќе се вратиме од одмор да резервираме се и бевме му рекле на газдана за и крштевка венчавка свадба се. Она пошла и остаила капар само за роденденот на друго место. Денес зборевме дома и мм викат можи поубаво ќе бидит така прослава за нас и прослава за детето. Одма го премисли она. И викам ја денес заш бојадиса а не не праша заш гости ќе и иделе од америка да го видат внучето ми одговори. И сестра и на мм од коа си дојдовме на одмор го мења понашањето кон мене, само врескат и пиштит пред година дена се остаија со маж и ја и бев рамо за се блиски бевме не знам што се смени
Ако и идат гости од Америка нека си ги носи во нејзината соба, бојата на ѕидот во Вашата соба не е нејзина работа освен ако претходно не сте се договориле. Остава капар за роденденот на внучето како да е таа што треба да одлучи без разлика дали таа плаќа или не, Вие сте си имале свој план свадба крштевка и роденден, што значи дека свекичка торта за детенцето ке има таму, е сега пак гости пак забава пак дување свекички не ја бива.Би било и некултурно кон поканетите зошто веке биле на роденденот.
Па чим вие си имате друг план ќе си и кажеш директно, вие сте родители. Која е таа да одлучува колку забави да има.А собата префарбај ја и кажи и за друг пат прво да праша. За тоа служи устата. Со ова ќерка и мајка (свекрва и золва) со роденденов ме потсети на една колешка што ми кажуваше ама ова било одамна пред 15год исто вака свекрвата и золвата се туткале тие бирале торта и сл.
Вчера на свекрва ми и беше оставена малата на два сати да ја почува, морав да појдам до работа. Малата со температура и дијареа, кажано што смее, што не смее да јади, свеки решила да и даде пудинг.
Добро што воопшто ти се нафатила болно дете да чува. Мене не ми се нафатиле до сега. Така да не се замарај за еден пудинг