Еве пак муабети од типот ќути има и полошо. Еве моето болно не го ни чуваат. Ами и членката сигурно со драго срце не го оставила. Не беше тоа целта на муабетот. Туку дека не е испочитувана и чуена. Шо има свекрва мозок да арчи и да слуша шо ќе каже снаата, нели снаата по дифолт не знае како треба и претерува. Та они секако деца изгледале те ништо не им фали, шо има друг да им кажува. А нема врска, како нас не гледале, па се чудиме шо не фаќаат болести од млади години. Никакви здрави навики немаме како нација, шеќери и притисоци кај 30 годишнаци колку сакаш. Расипани, криви и иструлени заби кај секој втор. Имунитет никаков. Малку ветре ќе не фати и право на антибиотици. Ко споредам просечен Македонец на 40 години, со просечен на пример Холанѓанец на 40 години, разлики небо и земја. Туку ај. На 60 години само за смрт зборат и само турски серии зјапат, не дај боже нешто да применат од младите шо ќе кажат. Уф страшно. Поминало нивното. Немало шо они сега навики да менуват. И мене би ми пречело не свекрва, туку и мајка ми да ми направи така.
НЕ е за тоа дека има и полишо.. туку многу свекрви па и мајки на жениве не сакаат да чуваат мало бебе со температура од страв да не му се влоши..
Да ама женава се согласила веќе. Можела и да одбие. Сигурно никој не ја принудил на тоа. А мали деца се постојано со темпертура. Шо вирус, шо заби, шо вакцини. За жал некој пат и родителите неамат избор. Ама ко веќе си се нафатил прави го како што ти рекле, а не да си тераш по твое. Башка било само за два саата, не за два дена. На нос да ти излезе таква помош.
Затоа коа ми чува пр мајка ми дете на 2 саати ја носам кај мене. Кај мене нема пудинг, сокови, чоколади (има ама скриени се) и знам дека што сум и оставила тоа ќе јаде Ете ви финта. И за 1 сааѕ земете ја и нека ја чува кај вас. Не кај неа.
Нека и симне грицки (што и да е) за тие 2 саати па ако и даде пак јас би ги кренала у вис тие 2 спрата
Не не тоа ок, не оправувам што дала без одобрение од родител, муабетот ми беше дека ако сака да направи ќе направи
Ама зошто? Зошто толкави логистики и планирање. Значи станува збор за респект. Ништо повеќе. Значи се работи за здравјето на внучето. И наместо да ти е побитно малото да се храни подобро и поздраво, тебе побитно ти е да водиш инает со снаата/ќерката небитно. Шо повеќе да каже човек. Оти најчесто не се во состојба еден мм да се помрднат од нивното. Па колку и да било погрешно. Страшни фрустрации имаме генерално како народ. Ужас сме искрено. Секоја чест на исклучоци.
Престанете со тоа бабата го чувала па ако му дала тоа што не треба.Подобро дури и да одбие да го почува ке се најде друго решение отколку да не го почитува кажаното од родителите.Штом се нафатила сепак внуче и е треба да го чува како што треба и точка, компромиси од видот ај го чува па нека му дава што ке и текне не признавам и секоја отстапка од тоа е на штета на Вашето дете доколку премолчувате работи, не се работи само за родителска суета.
Затоа што пр нашите ставови се разликуваат и јас не можам да се мислам дали она ќе и даде на скришно пр животинско царство или не (мада мислам дека се нема случено). Да се карам и расправам не вреди ниту она мене ниту јас на неа ќе и го сменам мислењето и ова сум го нашла како safe варијанта. Еве пр денес бевме со малата таму 2 саата и ја прашав ќе вариш леќа или да си донесам? Ме праша што да стави и кажав ја направи дете се најаде доби шмукалче после (како награда од баба и) и мирна Босна...
Никој не ја натера насила да ја чува. Ако и е тешко да испочитува едно барање поврзано не со мене, туку со здравјето на внучето, поарно ич нека не се нафаќа да чува. И да во право е @Jolene, истото важи и за моите. Во суштина ако гледаш повеќе сум им пререкла на моите за работи што ми сметале, отколку нејзе. @nena2010, малата кога ја оставив на почувување беше со симната температура. Почекав да се симне температурата, па после појдов до работа.
Воопшто не мора да се правдаш. Детето си било згрижено, а каде си била тоа си е твоја лична работа. Ама има мајки, свекрви кои едноставно не сакаат со темп и болни деца да чуваат. А каде си била ич не се правдај. Ако сакаш и пред зграда кафе пиј ич да не ти чуе. Доста со тоа правдање. Доволно е тешко мајка да си а не па со болно дете..
Ако е со стомачен вирус детето каков што има моментално, добро е и што барем малку јадела нешто. Со денови ништо не ставав во уста освен 2,3 парчиња двопек. За два дена кило ослабев. Кога се болни децата знаеме дека не јадат многу, а и не знам зошто толку фама се дига за еден пудинг како отров да му дале.
Сами си правите проблеми и нервози, му дала пудингче вауу душичка може и тоа посакало му се сладило, моево болно кога е премија е и пола животинско царство
Затоа што пудинг е млеко. И затоа што може да направи поголем проблем. За диареа е отров, се знае што се дава. Зборот на мајката мора да се почитува. И за јадење и се друго. Доктор кога ке кажеш диареа прво вели млеко не. Нема човек што не знае што треба да се јаде кога се има диареа.
Исто.. Син ми го фати тој вирус, и бевме во др држава па во 4 наутро трчав на рецепција да му барам кока кола и праска оти тоа му се јадело. Секој залак и голтка ми беше битна Жени, да не бараме проблеми каде ги нема..
Не се работи за пудингот, се работи за не почитување. Јас не ти бранам тебе пр да и дадеш пудинг зошто си ти во прашање. Ќерка ми нема пробано пудинг пошто сметам дека има попаметни работи за јадење, пудингот и чоколадото нема да и избегаат. Нека се навикне на тие вкусови што се здрави прво. Ако можам јас секој ден да внимавам и да смислувам нови здрави варијанти на благо и да си го оставам пола слободно време во кујна немој ти за 2 саата да ми се плукаш по трудот. Тоа е работата. Ако јас немам доверба у тебе за таква баналност како ќе имам за нешто поголемо во врска со моето дете?
И те како ги има. Кога мајка остава дете на чување очекува да се следат нејзини ставови препораки и начин на одгледување. Ако сум кажала нема чоколадо пред ручек, никој не смее да му даде. Крај. Ако кажам ке се спие во 9, нема никој да каже нека прошета уште малку. И сл. Поентата е таа. Во 40 мин на дете да пикнеш пудинг е страшно.