Па зошто ѝ го остава ако не се согласува со нејзиниот начин на исхрана? Еве јас не би се нафатила. А и немојте да мислите дека од еден пудинг детето ќе заборави на здравата исхрана. Смешки Или нека му оставе таа храна што таа смета дека треба да ја јаде
Кој рече дека ќе заборави? И јас не оставам, на прсти се брои колку пати било кој ми ја причувал. Ако сака нека дава ама на нејзините деца на мое не.
Напротив не мислев на ќути има и полошо. Ама да ми остајш болно дете да ми одбива храна и ја ќе му дадам пудинг. Се прави фама од 1 пудинг ко бог знае што да е...друг пат нека не го остава и решен проблем.
Ко веќе споредуваш 60 годишни Холанѓани со Македонци, спореди ги и помладите де. Пошо, како што старите се разликуваат ко небо и земја, така и нашиве млади се разликуваат со младите Холанѓани. Па затоа, ако сакате да ве третираат како Холанѓаните, однесувајте се и вие како Холанѓани
Не е работата во пудингот.Туку до почитувањето.Првово беше пребирливо.Мака мачевме да јаде.Сабајле прво станување,дојди бебо на чоколада.Изговор дете е.Па ти после чукај си ја главата.Готви посебно и здраво.А некој ќе те праи будала.Што дека некој е мајка,баба и дедо поарно знаат.Тоа е проблемот.Сеа е пудингот утре друго.Што за свое дете некој се бута пред мене и маж ми. И на крај сватив,тоа е инат.Еднаш им велам земи бебо ,чоколада.Ааа не треба да руча.така да смешки се.
Што ако детето побарало пудинг? Ти ко мала ко да не си побарала сладолед. Тоа што ти се јадело тоа ти дале, ама пак е крива свекрвата што дала. Ситничарите, тебе да ти побараше дете ќе дадеше и тогаш ќе ти е ок. Смешна е случкава, какви се не проблеми има ова е гола вода.
Па ете беше алергично на храна ,и му бутаа со сила.Тебе и ова ти е смешно?! Да за некој што прави се за контра и инат ,а се работи за дете не е смешно. Нека проба членкава со пудинков оти е смешна, да напраи она спротивно од тоа што свекрва и и рекла да напраи .
Ти ова не го напомена. Нормално дека твојот случај не е смешен бидејќи имало алергија, но овде не се работи за твојот случај туку за трет.
Значи ќе го скратите детето од пудинг, ако самото побарало така?! А ваму у други теми нешто се силите за ваше дете сѐ би дале ако побара. Не и го оставај и крај.
Случај кога има алергија и случај кога нема алергија не се исти. Ама, да ако пудингот е со млеко не се дава при дијареја.
Супер, бар нема да имаш такви проблеми и нервози. Друго е да ги гледаш 1 во месец, а друго е да ти се тука
Не е само млекото. Ни благо не се дава при дијареја. Шеќерот е храна за бактериите и ја влошува инфламацијата на цревата.
Мислам дека е во право што реагира за непочитување на упатствата што и го дала на свекрвата. Мајката најдобро знае зошто и како нешто дава а нешто не дава. Ако се сложиш да чуваш дете треба да прифатиш вакви правила од родителите. Зошто ако заради тебе утре детето има здраствени проблеми, ќе ја преземеш ли одговорноста? Мајка ми родена, што мене ми бранеше десерти пред ручек, се нај најздраво за внуците, не веруваше дека внуката има реакција од кравјо млеко. Имаше некоја нетолеранција или алергија, после ја надрасна. Викаше како тоа не му даваат на мало дете млеко? Детето сигурно е настинато, затоа кива и има шлајм. И таа му даде пред спиење еднаш без нивно знаење. После кога се увери дека детето иако беше здраво, од шлајмови крчеше и се мачеше цела ноќ, се покаја илјада пати. Се извинуваше и итн.. Егото само треба на пониско да се стави, ама тоа е потешко...
Nope. Може само кисело млеко, ама и тоа не одма додека ептен лошо, туку подоцна кога ќе почне да се оправа полека.
Да, кажано беше што смее, што не смее. И ај да беше здраво детето ок, ама на болно дете да му дадеш нешто што не треба?