Идиотизам. Од се' што можела да му даде, малце логика треба дека при стомачен вирус млечни работи не се даваат. На крај краева и таа свои раснела, ваљда не им давала пудинг при стомачен вирус
Малиов мој е алергичен на млеко лом се прави од него, има и у фамилија кај маж исто тетка негова алергична и она лом е ја виделе како изгледа од млеко. Свекрвица никако да разбере дека исто и малиов реагира на млеко и нели они све знаат експерти дур беа доле кај неа им дала млеко. Се качува малиот после нафрлан утикарија ја прашувам вика не дала, другиов ден дете дерматитот му бувна цел лом и покажувам само наведна глава и вика па малце проба не можев да не му дадам. Е да ама сега глеј го каков е дур се смири ќе се чеша. Од тогаш не му дала, ама во тоа главине не сфаќаат дека и полошо од тоа можат да направат па не дај боже и до несакана последица да дојде. Тогаш џабе е се и да ја утепаш што се вика.
Детето има две години. Детето може се да побара, ама возрасните се тие што треба да одлучат што треба и што смее детето да добие. За оставање на дете, не си ја искусила лично ситуацијата, затоа така велиш. Идат ситуации кај што некој друг освен родителите мора да го причува. Ако мислиш дека некоја мајка од ќеф остава болно дете да и чува некој друг, си се излажала.
А кој ти рече тебе од ќеф си го оставила?! Никој тоа не ти го кажа, сите ти дадоа совет да не го оставаш друг пат, имаш градинки имаш дадилки на крај краева. Не сум се излажала јас туку ти сама си го измисли тоа.
Па ти кажа некоја мајка од ќеф оставала дте болно. Ја ти кажувам дека ниту една тоа не ти го кажа туку си го измислуваш. Доби совети и не знам што те здоболе моето мислења, нема да го оставаш нареден пат и крај на муабетот. Што сакаш повеќе не разбирам, да го решиме место тебе проблемот или како?!
Значи може да се заклучи дека кога ви е болно детето, а нема кој да го чува, никако кај свекрвата, туку треба во градинка да се пушти, за да останатите деца добијат проливи. Да, така беше пологично.
Моето дете кога беше со дијареа завршивме на инфузии пошо беше во почетен стадиум на дехидрација, пудингче да побараше ќе му дадев. сите мајки што им ги чуваат баби и дедовци си имаат проблем со комуникација, ја седнуваш и и кажуваш ме нема дома на 2-3часа не смееш да даваш тоа тоа и тоа во спротивно правиш штета по здравјето на внучето, е сега и покрај кажаното и предупредувањата ако свекрвата постапи поинаку ондак оставате детето да ви го чуваат личности со психички или други здравствени проблеми.
Не е поентата дека детето ќе се отруе од пудингчето, туку дека не се почитува зборот на мајката. Дали од инат, или што знаат ова младиве, не знам. И не е ништо да, додека не излезе некој поголем проблем. Од искуство го пишувам ова. Поради вакво не е ништо, завршивме во болница со малиот со тешка ултикарија. Од тогаш нема вода дадено без да ме праша.
Ај што не се почитува зборот на мајката, реално на сите жал би ни било дете да ни побара нешто и баш ништо да не му дадеме. Ама во ситуацијава болно дете со тт и пролив, можела да смисли попаметна работа од млечен пудинг да му даде во секој случај.
Мене тоа "не се почитува зборот на мајката" не ми се допаѓа во ниеден случај. Звучи како наредба. Секој различно гледа дете, не може да очекувате дека свекрвата, вашата мајката, негувателката во градинка, ќе го чува исто како и вие, можеби ќе е полошо, можеби подобро. Пример, некој на две капки мокро менува блуза на дете, друг му обува чизмички и го пушта на дождот да си игра. Во случајов со пудингот, ја имам истава ситуација деновиве и сама не знам што да правам. Докторката ни рече никако млеко да не даваме, но препорача да даваме јогурт и кисело млеко што исто се млечни производи. И деновиве и јас како мајка сум збунета што смее, што не смее од млечни производи, а не па мајка ми на пример што деновиве ми помага околу детето. Така да, не мешајте поими млеко и млечни производи. Ако добро ја разбрав докторката млеко ( секако овде спаѓа и пудинг со млеко) не смее, а кисело млеко не само што смее, туку е и пожелно. Човек лесно може да се збуни, подобро да разговара со свекрвата и да и објасни што е што. И верувајте, нема баба на овој свет што сака внучето да и биде болно, објаснете им, покажете им слики од интернет, ако не разберат, нема да им оставате деца.
Знам дека ниедна од членките не кажа така, ама фала ти што ми укажа. Жените дадоа свои мислења и совети. Тебе ти се обраќав со реченицата "Ако мислиш дека некоја мајка од ќеф остава болно дете да и чува некој друг, си се излажала.".
Ама ако пишеш треба да си свесна дека јас ќе ти речам не е во право свекрвата и дека бубаче (или некој друг) ќе ти рече дека е во ред. Сите сме со различни мислења. Затоа на крајот од постот можеш да пишеш дојдов да се испукам не ми требаат мислења. Па и тогаш некој ќе ти пише.
Нормално дека секој има свое мислење, ама не мора ако некој смета дека неговото мислење е исправно, другите да ги
Така е, но постои разлика помеѓу вреѓање и грубо изразување, кога ќе прочиташ со трезвена глава (иако на мене и бубаче ставовите ни се разликуваат) ќе видиш дека не те вреѓа туку туќи кажува само ако не ти одговара бабата како чува да не го носиш веќе детето таму. И со тоа се согласувам и го применувам. Пошти не можам да се мислам
Денес ручавме сите заедно беа дошле сестра ми со мм и децата. Она знаеше за ѕидот што го исфарбат свекре и и велит кога офарбавте нели бевте на одмор и свекре и одговарат а не они дури уживаа у хотелите ние овде чистевме маки видовне. И сестра ми и викат како така сте им офарбале и на мм вистина ли е ова? И мм ќутит не прозборе нишо. Ја ладна игнорирам и зет ми викат мене така да ми дојде некој у стан да ми офарбат ја коа сум на одмор има да се измочам у ѕидон. Мм ми викат од кога си отидоа неубаво вака мајка што напраила убаво си беше вака бело не ми се свиѓат и ја ќутам. Ги слушам у дневна се расправаат свекре со мм она со наведната глава шетат од тогаш на мене ниту збор не рече
Да наредба е. Ако не давам благо и ако немам воведено белка и е кажано тоа и предупредено пред оставање на детето, по некоја логика не треба да се даде тортица со белка на 10 м бебе. Допаѓало или не допаѓало, мајката е најупатена во редот и здравјето на детето и нормално тоа треба да се почитувА. А не ништо не е ако лизне. 100 пати може да не е 101 пат да настане проблем. За преоблекување, играње и сл не фаќам замерки, ама кога здравје се доведува во ризик трета светска војна кревам.