Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За чистењето.....

    И јас си сум по чистењето :lol: од мало си сакам со крпата да си бришам, да ми е се средено. И така освен нашиот спрат, секогаш го поминувам со крпата и нивниот спрат (не толку детално како кај нас, зошто сепак си чисти таа) и знае малку накриво да ме погледни.
    Мислам дека и беше незгодно, си помислуваше што барам да чистам, како таа да не чисти... Ама пак, отпосле и беше мило што некој друг ја завршил работата наместо мене, а и да има да се пофали со снаата. :) Иначе не оставам таа да ми чисти :$ за да не ми префаќа по работите (прељубопитна е, а и заборава каде ги остава работите).
    И башка јас сум помлада, повеќе ми може снагата, побрза сум и поспретна, сепак таа е жена во години и секој ден ја боли нешто. :?:

    За готвењето.....

    Има некои специјалитети кои знае да ги прави убаво, и ако ја замолам, ај спреми ни од тоа, таа се радува, зошто се осеќа корисна и мило и е да се пофали со јадењето.
    И обратно, секогаш кога направам нешто посебно им давам и ним. :)
    Иначе, уште е засекирана што јадел син и, стално си мисли дека гладен, ненајаден... |( ама тоа е... Никаде не е сјајно...
     
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.345
    Допаѓања:
    148.282
    Пол:
    Женски
    а бре за грев откако ке се оженат синовите живи гладни се оти никој како мајка не може да ги нахрани :D :D
     
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Баш така. Секое утро, вечер го препрашува што јаде, како јаде, колку јаде, со какви зачини било.
    Како да е мало дете, па го проверува. А, малку и за да дознае што готвам, онака трачарски. |(

    За споредба, мене никогаш не ме прашала дали сум гладна или не. :$
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.451
    Секое лонче да си најде капаче најдобро.

    Како што кажав така функционираме ние (јас и мојот сопруг), не е нешто што јас сум му го наметнила него. Напротив и он целосно го дели моето мислење бидејќи и он е воспитан на тој начин, да се нема никакво мешание и целосна дистанца.

    Ај јас пак со салатата :rofl:
    Тоа беше една случка после 3.5 год брак.
    Тоа она веќе никогаш да не прати нешто (уствари само пола година има поминато, може пак ќе чека 3.5) е нејзина одлука.
    Никого не искарав, не забранив да прати...жената верујте се израдува.
    Кажав дека барем два пати месечно одам таму со малиот. Некогаш ќе ме праша дали сакам вода, најчесто ни тоа не. Ручек никогаш не ни дала.
    Он оди барем еднаш неделно таму. Еднаш не јадел во овие 4 год.
    Она си се води по тоа дека он си има дом и нема што она да му готви.
    Пуста мајка ако сакала да му направи нешто на синот...никој не забранил. Прилики прилики колку сакаш.

    Салатата беше еден специјалитет за кој она знаеше дека мене ми е непознат па затоа го направи. И он нејќе такви работи и знам дека се тегнеле.
    Идејата за рецептот и он целосно ја поддржа и сите тројца си бевме среќни дека сето тоа ќе го ставиме зад нас и веќе ќе нема мешание.
    ЈАс споменав за чистење и готвење како главен носител на тие обврски ги изоставив оние кои се на малиот.

    Пред една година се селевме од стариот стан. Целокупниот мебел го исфрливме на отпад или поклонивме во црвен крст. Облеката и малите елелктрични апарати само ги задржавме.
    Секоја даска, секое парче мебел сами ние (или поточно сам он) изнесе од станот и шлепаше.
    Пакување, белење носење се сами. Не сакаше никој да му се меша.

    Исфрливме се што исфрливме дојдовме во нов целосно празен стан.
    Секоја даска сам ја носеше на трети спрат без лифт и сам ја монтираше. Зборувам за елементи од кујна, спална, дневна...
    Само 1/2 пати мораше да го викне брат му кога физички беше целосно невозможно една личност сето тоа да го оствари(за полесните даски заедно носевме, ама оние кои беа претешки и истовремени преолги). Останатите 10/15 пати се сам со моја мала помош.
    По сто пати нагоре надоле сме оделе со даските. За некого може бесмислено но за нас е принцип е во прашање и ние си функционираме на таков начин.

    Ние се венчаме малку на брзина и сеуште неваме најдено стан.
    ЈАс уште 2/3 месеци после бракот живеев во студентски а он дома(трособен стан каде ќивееше сам со родителите и си имаше своја соба).
    Никој не ме покани. Тоа бил нивни дом.
    Си седев во студентски и чекав ние да си најдеме наш.

    Знам дека она веќе имала внуци, немала време и мои деца да пригледува и помага здравје боже еден ден.
    Има јога, учи јазик, пријатели, си се справува со своите здравствени проблеми, психа после загубата на сопругот и својата 96 годишна мајка која истотака живее сама, исто како нејзе сега после смртта на свекорот...

    Она кога била млада немала никаква помош од свекор и свекрва а градинката не го примала малиот.
    НЕ знам колку месеци биле во прашање, може и година малиот одел секој ден со нејзе на работа и седел под биро додека она цртала(архитект била).
    Секој ден по 8 саата она цртала на биро а он седел и цртал, боел или си играл под биро.

    Му било кажано дека не смее да плаче, да биде гласен или да шета, рипа...оти ќе ја избркаат и после нема пари и ќе трпат.
    И он пустиот така си седел под биро.

    За некои луѓе е таа строга дистанца најдоброто нешто на свет.
     
    На Annath, Moira, ilipili и 5 други им се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ќе искористам делови од твојот пост колку за споредба меѓу нашите свекрви.
    Ставам во спојлер да не зафаќа простор, кого не го мрзи нека чита.
    Имам пишано и порано дека сум гурман и многу сакам да готвам.
    Кога се преселивме тука, свеки беше таа која готвеше (намирници секогаш сме купувале и заедно сме користеле, што снемало одма сме купувале) за сите нас.
    Мене дури и ми беше незгодно да се петљам во нејзината кујна (да, ја сметав за нејзина :!: , така некако таа си се постави одбранбено кон кујната, иако донесовме еден куп нови садови) кога ќе најдев некој интересен рецепт и сакав да го зготвем. Најчесто тоа без некои специјалитети и гледав да ги правам откако ќе се ослободи шпоретот и секогаш ја прашував дали може.

    Еден ден, свеки беше излезена и јас реков јас ќе спремам ручек. Си дојде таман за време на ручек, си се најаде, и после дека уморна од шетање си легна и ме остави мене и да раскренам и да измијам и дете да чувам, не измаршира од соба и нагласи до толку и толку саат да не` и влегуваме, ќе спиела.
    Ова и се случуваше неколку пати.
    Често знаеше и да каже-што било убаво кога некој друг ќе ти зготви или пак викаше-не чекајте на мене, јас не можам за сите да готвам.
    Кои сите :^) ...жено, тоа е твоето семејство, маж ти, син ти, ќерка ти....(ќерка ми беше мала, посебно јадење си имаше) едно тањирче плус-МОЕТО и беше проблем очигледно. :!:

    ОК, почнавме да готвиме наизменично и имав замерки од сите (освен од свеки, неа се` и` беше ок, само да не мора таа да готви :!: ), ама баш од сите, затоа што јас готвев како што сум јадела кај мајка ми, по нејзини рецепти со повеќе зачини, поразновиден зеленчук, малку помрсно од она што се навикнати и сл.
    А ако ја прашав свеки како да зготвам нешто, многу ми се чаламеше и искрено ептен ме нервираше и решив да не ја прашувам.
    Да додадам само дека мене нејзините јадења ич не ми беа по ќеиф, не бев учена и јас на таква храна.
    Со тек на време се уходав и гледав на сите да им угодам, за жал мене никој не ме ни праша дали имам јас некои желби и дали нешто мене не ми се допаѓа. Наивна и глупа, проста бе проста :swear: ...100 пати сум рекла, ех сега да ми е овој памет.

    Инаку ако мм сакаше мајка му да му зготви нешто, ако изразеше желба за некое омилено јадење, таа викаше-еве ти ја жена ти, таа нека ти направи, за што си се женел.
    Дури и роденден кога му беше не му направи торта, а на золва ми и` правеше. И ако мм речеше зошто него не му направила торта, таа пак -ене ти ја жена ти, од неа барај.

    Не ретко се случуваше да седнеме да ручаме мое зготвено и свекор ќе ми дава коментари-добро е снашке, ама следниот пак ова вака и вака да го направиш.
    Ајде, ок, ништо не викав.

    Малку по малку ми пукаше филмот ...ем што киснев во кујна што со готвење, ем со миење (посебно кога останав без работа), ем од коментари и еден ден му реков на мм-од сега, па на даље и у будуќе, готвам онака како што знам и онака како што јас и ти сакаме, и ич к*р не ме боли дали на некој друг му се свиѓа или не, а у брзо време да гледаш да се делиме....и јас веќе не можам за сите да готвам...преку таквото (се извинувам на францускиов) ми е. Вака веќе не бива.

    Следното седнување на ручек, свекор ми пак со истиот коментар |( , го погледнав мм и тој рече-имаш ти жена, еве ти ја овде, неа да `кажеш како сакаш, а еве ја и ќерка ти... и неа можеш исто да и` кажеш, а оваа е моја жена и веќе никој не смее ништо да кажува...се разбравме.
    И толку беше.
    После веќе и се поделивме.

    Друга работа е што свеки често знае кога ќе направи некое тортиче, некое колаче, питиче или било што, ако сме само јас и малата дома, ќе влезе кај нас во соба со едно тацниче и ќе и` го даде на ќерка ми.
    За мене не носи, јас не сакам :x , не ме ни прашува...така ќе влезе, ќе и` го даде благото и од сам старт ти вика-кој те е*е тебе, ако сакаш ти, направи си.
    А ако мм е дома, тој знае да и`побара да го извади скриеното тортиче :lol: ама тогаш носи за сите тројца.
    Му кажував на мм и се чудеше.
    Еден ден си дојде порано од работа и ја затекна како носи само едно чинивче, само за ќерката, лом ја направи, се испокараа на велико Ама џабе и до ден денес го прави истото.
    Му викав и тогаш дека не вреди, дека џабе само се изнервира и џабе направи кавга, некои луѓе се такви какви што се и ништо не ги менува.

    Откако се поделивме, едно време ни беа бајаги лоши односите, потоа се смири некако тензијата и ајде некако функционираме. Ако ништо друго барем нема замерки кој кога и што зготвил и кога измил.

    Инаку кога ги каниме моите родители било на ручек, било онака на седенка, обавезно спремам и за нив, јас поставувам, јас раскревам, јас мијам.
    Ако се најави па золва ми да дојде, свеки си готви и некогаш ако сме дома и нас не` поканува на ручек. Тогаш па таа е задолжена за сите перипетии околу ручекот, јас може салата да наравам да и` помогнам (а таа мене ништо не ми помага кога доаѓаат моите, ама ако).
    Неретко се случило свеки да ме замоли да направам одреден специјалитет.
    Никогаш не сум ја одбила, дури и ако дента се спремаме да излегуваме, прво готвам за нив, па потоа излегуваме.

    Ако некаква замерка упатува свеки, тоа е дека готвам многу голема количина храна за нас тројца и дека сум го поправила син и`.
    А што да правам, кога е бетер гурман од мене, ако направам малку одма ми коментира-само олку си направила :D
    Затоа мое мото е-подобро да остане, отколку да снема. ;)
     
    На Anyshka, mimoza.mk, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. FineChina

    FineChina Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29

    Tуф...да ми ја пуштеше мене :) Свекрвица моја ко ќе и речев ајде да чистиме како прст во око да и ставав,еднаш годишно..ќути си и уживкај си се додека тебе лично ништо не ти вика не се замарај со тоа..може на жената и е кеф не мора да значи дека има негативно мислење..како и да е мислам си ја познаваш каква е, што е..
     
    На awl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FineChina

    FineChina Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29

    Една ситуација
    тој-(дојден од на работа )леле, како ми се јаде..
    јас-ете направив манџа, јади..
    тој-(фаци) ама не ми се јаде манџа..
    свеки-сега мама ќе ти купи еурокрем,сакаш еурокрем
    тој-ммм.. да сакам
    и тоа е нема за шо да прајме муабет а јас можи и манџа да јадам ама кој ме прашува,нели...
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ^ И чија е вината што вие сте одбрале за партнер нечија мамина маза? :^)
    Толку не видовте на времето додека бевте дечко и девојка каков им е односот, не ве заплаши малку тоа, не се запрашавте - леле, со ваков ли човек ќе делам кревет?
    Почнувам полека да го оправдувам и запознавањето со родители и повременото преспивање кај нив и се` врзано со родителите, зашто само така може да увидиш дали папочата врвка е скината навреме. :D
    Кремче ќе му купела мама... |( Мочко.

    На времето имав една постара колешка и секое утро дремеше на телефон - сине, надвор дува, облечи јакна, сине најаден ли си, на топло ли си... и јас бев под импресија дека синчево е малечко некое 5-6 годинки.
    Еден ден ѝ викам - А извини вака, колку години има син ти?
    - 25, зошто?

    :o
    И мене ми се испушти махинално - МАГАРЕ!
    Викам, па со вакво мазење тешко дека некоја друга ќе му го најде крајот утре.
    - Па ако не го трпи, мама е тука.

    :|
    Ау, браво.
    Еве ти орден за најгрижлива мајка, посесивна лудачо. |(
    Само ти имаш дете на светов, другите на улица сме најдени.
    Сериозно шлакнати во паметот и вие со цел памет сте одбрале - таков дечко, таков маж и сега се жалите?
    Или менувајте го (ако е можно, а не е најчесто) или ќе си трпите.
    Што е до мене, не би ни била со такво мамино галениче никогаш.
     
    На Anyshka, marama, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.472
    Пол:
    Женски
    Абе шо им е на свекрвите со одбранбениот став кон нивната територија - кујната? Не сфаќам. Во најголем дел од случаите станува збор за нешто далеку помалку наивно и невино од желба за помош, но ако си го свртиш во твоја корист, нема да имаш проблем :devil:

    Мене така ми правеше на почеток, па јас после не ни идев. :devil: По толку месеци бркање шо се вели од кујната, јас си се откажав, па кога имаше еднаш гости и ме кандиса да спремам, јас и` вратив: „Ама што знам јас дете да спремам, башка ќе ти го пореметам редот во кујната, да не се посрамотиме, поарно.Ти си знаеш, како тебе нема. Допрва има да учам од тебе. Научиле луѓе на твој домаќинлук.“ И оттогаш ми нема спомнато ништо или пак да ми бележела територија. А јас си бев слободна, ако ми се готви, ќе зготвам, ако ми се мијат садови-ќе измијам (не праам муабет за садови од мене и од маж ми, нормално). Ништо под принуда. :D Во своја куќа сум, во која сум имала крајна почит кон сите. Она мене. Не ја кривам, золвиштето ја боцкаше тогаш, а таа наивна и тоа е тоа...ама мораше малце будење во реалноста уште од старт.
     
  10. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Ги читам коментариве и смешно ми иде, ама не е за смеење работата, секоја што си има мака од свеки си знае како и е во душичката. Јас цело време си велам уфффф полоши од моите свекор и свекрва нема :lol: У ствари, јас повеќе би се жалела на свекорот. Свеки сирота, сакала нејќела мора да се сложи со него :| Што повеќе да ви кажам од тоа дека не ни дојдоа на свадба :x Јас и мм не сме од иста држава, и решивме да имаме две свадби, една тука и една таму. На венчавката таму, која требаше да биде свадба ама излезе само црква, матично и свечен ручек за најблиските поради тоа што татко му на мм сакаше да одлучи за се, ресторан, музика, храна и + јас и мм да му ги дадеме парите од свадбата што ќе сме ги зеле за тој да плател се па ако нешто останело ќе ни дал или пак колку тој сметал дека треба да ни даде од тие пари ќе ни дадел :x на што секако не се сложив, дојдоа моите и кумата од моја страна. Свекорот револтиран нели од тоа што јас не се сложувам со неговиот план, реши да не доаѓаат на свадбата овде и така и би. Си направивме свадба овде без нив. Од страната на мм беа само братучедите негови, кумот и тетка му, толку. На кого и да кажам што се случило, на никого не му се верува ама ете, и тоа постои, да не дојдеш на свадба кај своето дете... Од тогаш некако и многу се заладија односите, не дека нешто пред тоа беше мед и млеко ама ајде, некако беше ок. После скоро година дена јас и мм се одвоивме, си дојдовме тука да живееме и мислам дека тоа ни беше единствено решение. Таму едноставно не беше возможно да се живее заедно, ма да не бевме заедно да кажеш, тие на 1ви спрат а ние на трети во куќата, ама сепак под ист покрив. После свадбата немаше ден да не ми помине во нервоза и плачење, свекорот постојано го буцкаше мм да се расправаме, знаеше кога готвиме и таман ќе седневме да ручаме ќе му се јавеше да го прати негде и нас да ни пропадне ручекот, а ако мм одбиеше одма за тоа јас бев крива, женати не те пушта, ти жена слушаш, сега нема колата да ја добиете итн... Во најголемите снегови не будеше на телефон во 5 саат сабајле да се симнел мм да му ја загрее колата и да исчисти снег пред куќа за да можел господинот ми свекор да оди на работа, ако одбие нели, истиот муабет женати слушај ја, она не те пушта и одма санкции, нема да даде клуч од кола кога ќе затреба за негде. Кога одевме на зимовање, оставивме клуч на сестра му на мм да ги храни миленичињата, за кога се вративме да го најдеме станот наопаку, таа си викнала друштво кај нас во станот, готвеле, спиеле по спалната без никој да ни каже ништо. Уште мм кога и се развика како смее така, таа да ми се налути на мене и да ми затвара врата пред нос а татко му да биде лут на нас како сме и викале на керка му :x Од свеки не видов некои потешкотии, ама па не видов ни ништо добро. Таа секогаш ги правдаше постапките на татко му на мм, па што ако побарал некоја услуга, па што ако ова, па што ако она и најмногу што ме нервираше беше кога ќе спреми нешто за ручек и ќе ни донесе горе а ние веќе готвиме или сме зготвиле и ќе ни го тутне од врата, демек ајде тоа вашето утре згответе го или фрлете го, јадете сега ова и ако го вратиш се лутеше, демек веќе нема ништо да ви направам, небаре некој и побарал... Има милион ствари да пишувам на оваа тема, ама ете накратко да си ги кажам и јас маките мои :lol: Инаку да напоменам, со мм пред да се земеме бевме година дена во врска, пред тоа се беше некако ок или пак мене ми се чинело така ама после свадбата си видов како навистина стојат работите. Ехх да можам сега да го вратам времето наназад 2 години, па ич да не му се замарам, од едно уво да влезе од друго да излезе ама исто така и да не преќутувам на се. Колку само сега би играла поинаку, ама тоа е, назад нема. Извинете за долгиов пост, сакав да споделам со вас :*
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски

    Една ситуација
    тој-(дојден од на работа )леле, како ми се јаде..
    јас-ете направив манџа, јади..
    тој-(фаци) ама не ми се јаде манџа..
    свеки-сега мама ќе ти купи еурокрем,сакаш еурокрем
    тој-ммм.. да сакам
    и тоа е нема за шо да прајме муабет а јас можи и манџа да јадам ама кој ме прашува,нели...[/quote
    Кога сме кај ситуацииве слично нешто ми се случи е мене...
    Еднаш се спремавме за пат,пакував куфери, плус имав и гости и некако до пладне не стасав да направам ручек а,во меѓувреме свеки со комшивката цело време си седи во двор и муабети.
    Стига малиот и вика кај е ручекот(луто).. викам нема...не стигнав..еве сега ќе ти спремам набрзина нешто и во тој момент влегува свеки откако претходно прислушувала на врата и му вика сине...јас ќе ти направам.И така појдоа си се најадоа а,јас не бев ни прашана дали сум гладна...откако се најаде таа ми вика..па ти не јадеше и се потсмева ..а јас иако умирав за јадење и одговорив не сум гладна :@ ...па после прашува и не му било јасно зошто сум лута и јас сум била крива што немало ручек. :fubar:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...да предпоставиме дека навистина има по некоја лоша мајка на мажот ваш, и да ја осудиме таквата...но мислам дека е генерален безобразлук и дрскост, да се љубомори на подобрите кулинарски способности на нашите прекрасни мајки...

    ...треба да се трудите да ја победите свекрвата во кујната и на некој начин да го убедите со примери дека вие подобро или слично готвите за вашиот љубенко...

    ...немојте да се трудите да ја победите свекрвата ваша во отварање уста и блуење оган од таму, затоа што на тој начин ке се препече ручекот и ке станете исти ако не и бетер од свекрвите( а ке бидете и вие свекрви еден ден-дај боже)...

    ...мастерот ве љуби...и нестпливо ке чека да станете свекрви за почит еден ден, знам дека ке се гордејам со вас...цмок цмок, цмок...


    PS. а ако сакате да ви каже некоја тајна свекрвата од кулинарството, пробајте и сменете го односот кон нив вие први( затоа што повозрасните треба да се поштуваат)...незнам дали сте знаеле ама едно мило утринско кафе и обракање кон свекрвата "повели Mамо", ке измени многу нешта...пробајте ...знам дека можете...
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.472
    Пол:
    Женски
    Кога мм на мајка ми ќе и` вика „мамо“ и ќе прими совет од татко ми за тоа како повеќе да ми угоди...е тогаш ќе се подразмислам за предлогов.
     
    На Spidy и irena.1 им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Никој не вели дека се љубомори на кулинарските способности. Туку самите свекрви одма те гледаат како помлада, неискусна и како конкуренција.
    (Иначе, јас готвам поприлично здраво, не пресолено, премрсно, а баш од многу повозрасни жени имам пробано *специјалитети* кои се презачинети и премрсни, баш направени по старско)

    Зошто да ја убедиме ? Не го сакаме да се чувствуваме како на војно поле. Животот е краток за нервирање кој бил подобар в кујна и докажување.
    А, и да направиш нешто превкусно, знаат да не признаат, намерно!

    Напротив, од тоа сме заморени. Од нивно блуење по комшии и кај втасаат. Сакаме мир и да си го гледаме својот живот. Немам попаметна работа на овие години да се замарам со неа.

    Ќе ја прашаш за совет, и после ќе рече како таа те научи на готвење, таа те направи домаќинка.


    Знам дека малку бев построга, ама на некои повозрасни жени не можеш крајот да им го фатиш. Кога не сакаат да ја прифатат невестата од прва, што сакаш прави, каква сакаш биди, ќе си тераат по нивно.

    Иначе, те сфатив дека добронамерно го напиша постот, ама жените не за џабе се комплицирани и вие машките едноставно не сфаќате некогаш.
     
    На Annath, midnight.flower, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...дрскоста на снаите нема да ги однесе подалеку од патот по кој некои свекрви се сопнале и мислат дека другиот треба да ги поштува повеке...

    ...за мајка на жената има начин на обракање, се вели ..."бабо"...

    ...нафрлање, дрскост и пркосење не се добри особини ниту на свекрвите ниту на снаите...
     
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    13.654
    Пол:
    Женски
    Се изнасмеав на муабетов, ама жива вистина е. Јас имам помал брат, сега има 21 година, слаб и висок како скакулец, доста специфичен за јадење. Баш пред некој ден мајка ми ме прашува што сакам за ручек, јас и викам кајгана сакам. Е не можело тоа да јадеме, зошто брат ми не сакал тоа |( Ајде бее... И викам, ич не ми е гајле, ако сакаш спремај му нешто посебно, јас сама ќе си направам тоа што сакам. И јас си направив кајгана, она му вареше јајца (демек варени сакал, пржени нејкел) :fubar: Ќе го осакати детето, ниедна жена понатака нема да може ред со него да фати. Разбирам да нејке некои јадења, ама ако е маж нека си се снајде, а не мајка му да му се потресува, мало магаре да не е он! Јас многу не го тинтрам. Сме останувале сами по 2 недели, еден ден ќе му спремам нешто, еден ден му викам снајди си се. Во фрижидер све има, гладен сигурно нема да седи. Не мора мусака да знае да направи, ама нека спржи нешто, толку ваљда ќе знае да се снајде...
    Мојон среќа од мал е учен сам да си зготви ако сака, да си собере позади него, ако треба и да си измие. Бидејќи јас почесто одам кај него отколку он кај мене, јас сум јадела повеќе јадења од него зготвени отколку он од мене. Дури криво ми падна, па му спремив нешто специјално пред некој ден. :inlove:

    Здравје за во брак, со свекрва нема да се натпреварувам. Сум се помирила со тоа дека нема да биде моето "исто како на мама"... Секогаш ќе ја почитувам како мајка на мојот сопруг, а дали како личност ќе ја сакам ќе видиме. Кој е добар со мене ќе бидам и јас со него. Па и да не е така, за инат ќе и ја раскревам масата и ќе ги мијам садовите, ќе и се плеткам во кујната чисто за да ја нервирам ;) :lol:
     
  17. FineChina

    FineChina Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29

    Да не знајш како да речиш..како и да е од ко се иселивме од таму и од ко можи мамичка само преку скајп да си ја гледа ..кефојни е и супа ако му напрам а ако не му се бендисува прај фаци ама јбг празно е мешето ..не дека којзнај која готвачка сум ама ептен различно јадиме и некогаш само за него готвам ..
     
  18. FineChina

    FineChina Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29

    Tреба да се поштова.. да, ако се фер една спрема друга ама кога ти зборуваат зад грб,критикуваат,и мешаат во сите работи, тогаш што правиме..
    И тоа викање" мамо "зошто?.. то останало од турско и сега мора да се поштова?
    Се знае која ми е мајка не можи свекрва ми појќе да се грижи од мајка ми ..како и да е..јас досега не сум и викала мамо па и нема никогаш да и викам..знам многу снаи кои викаат мамо а и плескаат се во лице на свекрвата и тн.Jас уште кога појдов кај мм и викам слушај јас не можам да ти викам мамо не ми иди некако природно она вика ок ..па немаше проблем меѓу нас си се поштовавме..пак ќе нагласам да не ме разбере некој погрешно потоа дојде јатрвами која и вика мамо пред луѓето а се и сешто пред мене.. така да, не ,фала ..поарно да не и викам мамо ама заради мм да имам некое трошичка поштовање ...а и некогаш и да бидам свекрива не би ми било гајле ни кроки да ме вика се додека не се кара со мене и си ги знае границите како што и јас би си ги знаела...
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    ...па ако праи таа ке и кажеш вака бе...

    ...мамо пошо многу говна јадесш за грб за мене а не заслужувам затоа што се трудам да те сакам искрено и ми значи тоа(се извинуем за ова со говната сто морав да го напишам) , ке ти купам тегла со мед за промена малце да лапнеш...

    ...и тоа пред цела фамилија...

    ...мислам сепак мастерот е на ваша страна као свекрви, затоа со ве љуби и мора да ви казе дека секој што заслужува треба да си добие, пошо кај со има луге има и говна, али нема везе вие бидете сепак по фер од нив и бацете го коа ке им го казете тоа - ако стварно претеруваат...
     
  20. FineChina

    FineChina Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29

    ех сега.. не можеш така да и кажеш ..немаш свекрва затоа не знаеш ;)