Ја ништо со нив. На мм чекам зборевме денес после зет ми што рече мислам ќе и рече не знам ќе видиме. Не сакам ја директ со неа он и е син нека преземе одговорност, ако се навикнит да се задеват со мене ќе и стане у навика, вака со син и ќе ја заќутит. Ќе видиме ако не успејт ова инаку ќе постапам. Ова е совет од членка фала и
ОК со тоа дај му да лизне на бебе мислам дека сите водиме борби. Ова со тортата ти е добар пример. Ама ако не разбираат т.е. знаеш дека нема да ти ја послушаат "наредбата" детето под мишка и ќе си го носиш на друго место, а не ем сакаат друг да им ги гледа децата, ем не им чини како ги гледале. Имам луѓе во околината што не ги оставам на само со детето на 5 минути, а не па цел ден дете да му оставам. Едноставно, не се спремни да чуваат деца.
Апсолутно. Втор пат грешка не толерирам. Ќе си ги носам под мишка. Фала му на Бога тоа беше последен пат. Сега и за најмала ситница прашува. Ама не треба да се случи нешто големо за да се опаметиш.
Па и наредба е и треба да биде наредба.Секоја мајка си знае што треба во кои ситуации за своето дете.Таман работа ако сите се мешаат два пара баби и дедовци и тетки итн. детето можно е да расте на грицки смоки колачи.Плус во одредена здраствена состојба некои работи можат да предизвикаат голема штета.
Ги споредив 40 годишнаците, оти тие се тука плус минус со мои години и со такви сум во контакт, приватно и професионално. 60 годишните следствено оти ни се родители, па од што гледам и слушам како се однесуваат и што споделуваат познаниците. Младите не би можела да и споредам, оти за жал немам контакт со такви ни во Македонија ни во Холандија. А претпоставки не би сакала да правам. Ако можеш ти да ја направиш спордбата, слободно, баш ме интересира во кои правец се движиме. Ако како репрезентативен примерок го земам форумот, тогаш за жал, само на прсти се бројат добри млади исклучоци. Од моето скромно посетување на Холандија, од прилика 20-30 пати, немав можност да се дружам за жал со младина, ама она што го набљудував ми изгледаше сосема во ред, без некои огромни девијации. Ако ја споредиме економски, спортски или според ранг на образование, или како и да е, Холандија со МК, не мислам дека имаме добри шанси. За другите како да се однесуваат не можам никако да им кажам, а за мене дури и со задоволство се трудам да се однесувам подобро и посвесно спрема мојата околина и спрема сите. Не се тупам во гради дека јас најдобро знам и дека кај нас најдобро е, а сите други не ги бива, туку радо превземам се она што сметам дека е подобро и подобро функционира. Бидејќи само човек кој може да се менува и нема проблем со егото, или кој што кога згрешил знае да се извини, е човек кој што е способен да расте и станува подобра верзија од себе. Се трудам и на моите истото да им го наметнам иако честопати еве од родена мајка наидувам на отпор. Ама полека има напредок, па можам слободно да кажам дека дури и од многу млади овде на форумот, поседува поотворен ум. Абе ова уште побетер е, или мојот начин или не ми го ни оставај. А зошто да не се јавам прво да прашам дали смеам? Круната ќе ми падне? Оти членката си кажа дека малото подобро било веќе и кажала што смее да се јаде, а што не. А јас реално еве како дијабетичар што под контрола со исхрана држам дијабети со години под контрола, знам точно дека во фамозното пудингче освен шеќер во форма на кристален шеќер, лактоза и скроб ништо друго нема. И тоа ако изело на пример 40 грама од пудингот, сметај како две големи лажици шеќер да кркнало. Значи освен што ќе му оптерети панкреас и еден налив на енергија шо ќе трае пар минути, после ќе биде уште поистоштено. Ништо арно не донело пудингчето. Затоа и десерт треба да се јаде после избалансиран ручек и треба да се контролира, за да не се оптеретуваат детските организми уште од мали.А уште помалку при истоштеност. А нема дете кое не би јадело само благо. Нормално, благото е првото нешто што го вкусуваат уште од плодовата вода, ама затоа се тука нели родителите да контролираат како и што јадат децата. Пошто тоа им е одговорност, да се грижат за своите деца. И сум чувала дете на пријатели кога не биле во можност да се организираат со работа. Пошто у светот на возрасните мораме да работиме и кога децата ни се болни. И не, не сме секојпат во можност да откажеме и мораме да се појавиме на работа. И тоа два цели дена се чувавме. Ни еднаш не му дадов нешто што не ми било дозволено, нит па тв нит телефон му тупнав. И мајката цело време ми пишуваше и знам колку и беше тешко. Па ете преживав. Се работи за почит, ништо повеќе. Ова твоево исто како да ти дојде вегетаријанец дома на ручек, ама ти месо да му послужиш, оти еве дома ти дошол и ти шо сакаш смееш да принесеш. Ако не му се свиѓа нека си оди и нека не ти иде веќе.
Иста сум со внуци, од другарки деца. Не можам и не сакам да се правам "паметна" за што смеат да јадат или не, мене до душа се' здрави ми се оставани, ама сеедно, ни на здраво дете не гледам потреба да му дадам нешто што прво дома не му даваат. Имам одамна зборено, сестра ми до голема, дур не почна градинка (некои 4 год. имаше), немаше јадено грицки, како смоки/чипс и слично. Т.е. имаше ама во игротека кај др. деца на роденден, мајка ми не гледаше потреба да и' дава тоа, и готово. И прилично беше напорно кога без причина рандом некој ќе ја нудеше. Единствено болно дете (т.е. 9 месечно бебе) што сум чувала по неколку саати (да дремне мајка му да не пцовиса она) освен чајот што она ми оставаше да му дадам ништо друго не му давав, а пошто сакаше се', во тие саати не вадевме храна пред нас едноставно. Пошто со стомачен вирус беше, ама ако видеше месо, не си јадеше после компирот варен итн. Не е тешка толку филозофија, колку неуклучување мозок на моменти. Не знам, јас како дете кога бев не ми даваа млеко, месо при стомачен вирус, така што се сомневам дека денешниве баби не знаат. А и да не знаат, има телефон, јави се, прашај. Освен инает и кур*ење према мајката не е ништо друго ваква постапка, они деца израснале.
Абе ајде не ги оправдувајте свекрвите... повеќето (вклучувајќи ја и мојата) сакаат да се супериорни, да ја потчинат мајката, да се прават мајки на внуците а не баби. Во снаа гледаат конкуренција а не жена на својот син односно мајка на нивните внуци....Посесивни створења. Секоја чест на исклучоци.
Не се сите исти. И пред брак со мм и после жената е коректна со мене. Низ тежок период минавме. Таа беше тука за нас. И да помогне со детето и ручек. Од мм никогаш не ме двоела. Можам само најубави работи да кажам за неа. Инаку живееме во заедница. Само на различни спратови.
Здраво нова сум на форумов и читнав неколку страни во темава дека тие што живеат во заедница повеќе имаат проблеми со свекор и свекрва отколку тие што живеат подалеку.Да си кажам од мое искуство,ние живееме во Скопје, на сопругот неговите во Штип,сами си го купивме станот,ако не секој викенд секој втор се кај нас свекорот и свекрвата,и само ми се меша свекрвата де во кујна де во децата им дава благо пред ручек и после децата не сакаат да ручаат,нагласено и е да не им дава не се разбира од збор.Значи нема врска живеење во заедница и посебно тој што си е таков се меша и со посебно живеење секако дека има исклучоци.
И јас сум во иста позитивна смисла на свекрва и сличен случај на твојот.Свекре е супер во секоја смисла на зборот и се надевам и еден ден јас ќе бидам супер како неа. Гушка за нашите свекрви Ете има и супер свекрви,не се сите снаи исти,и од нив има добри души.
Тука е им кажал милион пати не разбираат.Не го пишав ова за совет дека барам туку дека тие што се навикнати да се мешаат и да не живеете во заедница затоа го пишав моето искуство.
Овие дешавки со свекрвите ваши ,нека ви бидат школа за у иднина кога вие ќе бидете свекрви -што е ок,а што не е ок понашање кон снаата, давање храна на своја рака на внуците и сл.Немој да забравите до тогаш .
Кога ќе ви се јават друг пат за да дојдат кажете им на викенд негде ќе одите. Кога се кај вас фино кажи им и сопругот да те поддржи секако, дека овде си имате свои правила како тие што си имаат кај нив дома и сакаш да ти се почитуваат особено кога се работи за децата.
И јас се надевам дека нема да заборавиме и дека ќе бидеме поразлични. Му реков утрово на сопругот, дај да штедиме кога ќе порасне детево да имаме доволно пари да му дадеме стан да си купи. Кој знае ако ни избега паметот какви ќе бидеме за 20-30 години...
И да ја понижат. Па многу често и будала да ја направат. Онака лагано. Мене некогаш на српски ми се обраќа