Јас се држан на дистанца по милиони проблеми што ми ги направија во бракот неможат во очи да ме погледнат Стигнавме до развод поради нив ,среќа што сопругот се свести во 8 ми месец од бременоста нонвеќе но бракот не е ист јас неможам да го гледам со исти очи довербата не е иста. тие сами си направија синот да ги избриша и да не комуницира повеќе со нив.а за овие 7 години незнам јас уште како сум жива…внуците си ги немаат видено а и нема тој не даваа
Чист инат. И мене ми се случи со сок. Се разбуди дете и одбива да јаде само прст у уста и вика она сакаш нешто вода сок ,другп да јадеш. Малата сок сакам ,јас викам не уште не доручкувала. Она иде у кујна и сипува сок ,помина тој ден. Другото сабајле ќерка ми истото го праи ама сега јас за инат а и ставам витамини у првото сокче инаку не ги пие. И свекрвче ,,па шо и даваш не е доручкувана" јас ко од топ па викам ти вчера зошто и даде ,ете јас денес за истото ќе и дадам. И имаш тука мењање бои правење фаци... А за алергиите ,незамисливо и нова мода било тоа ,,се собира шлајм на плуќа од алергија " такво нешто не постоело плуќата само од јака прелада страдала а алергија се знаело само на телото покажувала како исфрлано.
Свекрвче мое уште еднаш виде дека од фамилија никој не ја есапи, прва братучетка нејзина свадба прави на ќерка и. Сите први нејзини братучеди поканети со се фамилија комплет само свекрвче не. Мумља нешто сакав да и кажам од што " многу си паметна и све знаеш за сите затоа никој не те сака". Во местово нејзината фамилија е најголема скоро сите и се во близина буквално преку улица, никој не и доаѓа на почетокот па дури и сега маж ми само ми кажува кога ќе сретнеме некој и се позз, овој ми е братучед, вујко, тетин... Никој не доаѓа заради неа иако со маж ми и брат му си се во добри односи. Никој не ја поднесува колку ли само пати ми имаат кажано роднини нејзини, вика чувај се од неа што помалце контакт и што помалце да знае што планови имате со маж ти. Ниту мајка и не ја сакаат иста вештерка како неа коса ми се крева кога ќе ја видам.
Од вчера се мислам дали да пишувам тука,а нервоза ме јаде од ситуацијата... Сега сами живееме веќе три години имам пишувано на темава пред тоа што се случуваше и зошто е тоа така... Ама луѓе мм е 37 год и све нешто ако е настинат болен мамичка се секира му пишува звони демек она најмн го сакала се грижела за него (јас демек не знам ако му е неарно да му помогнам) и врвот беше вчера нешто на мм го болеше главата и женава ноќта на врата да го видела не најавена значи се пренервирав јас разбирам да се грижиш ама ова е веќе опсесија не нормална работа и криво ми е што почутев ништо не изреагирав за тоа што така дојде...на крај со мм се испокаравме и на крај јас сум крива зошто се лутам. Дефинитивно на нашиве мажи и свекрви им треба превоспитување!
Тој што се меша и да не живеете заедно ќе се меша ,кај нас секој викенд скоро на врата се ,доаѓаат од Штип во Скопје ,ама има сестра свекрвата и да не сме дома има сигурно место затоа така ненајавени ни се појавуваат ,лани на сопругот раката му беше во лонгета окапа 2 недели свекрвица ко демек доктор е . Најубаво во некоја држава што подалеку ,пример Америка ,да е Германија пак ќе доаѓаат , незнам што да кажам веќе од вакви свекрви ,кај нас и золва ми а нешто кашла одма се јавува му кажува што да пие ,сопругот си кашла од цигарите ,ко ние да не знаеме ништо снајките .
Мојава не ни прашува кога е болен маж, а се спрат под нас. Ама затоа ако нив им е нешто оток невиден се, особено татко му. Пример татко му јас оперирана дома бев две недели еднаш не се качи да праша како сум, на улица се сретнавме ни здраво не ми кажа хахахха Ама пред луѓееее, аууу подобра снаа нема на светот од мене хахаха Стави граници и маж ти нека пушти глас малце.
Подобро ич нека не доаѓаат .Барем пред луѓе те фалат моите кога ќе кажат нешто пред луѓе навредливо да незнам што да кажам ,уствари знам ама ај да не се расправам пред народ ,ме засрамуваат .
Ми се повраќа кога прават лице, ама ми се повраќа незнаеш како. А јас фала богу јазик лопата имам, не ќутам ама ич ако нешто ме допре . Воглавном маж си решава со нив, ако тераат исто јас ќе си кажам што има или едноставно не им викам ни здраво .
Ко за моиве да пишуваш, мислам цела фамилија ги избегнува. На прсти се бројат луѓето од фамилија што ни идат дома. Кај нас има 3 опции - Не сме поканети воопшто никој, за истиот или по некој ден на социјалните мрежи да видиме дека имало некој настан - Поканети сме само јас и сопругот со изговор дека забавата е за млади, а кога ќе стигнеме таму да видиме дека само свекорот и свекрвата не се викнати. Другите сите стари млади се тука. - Поканети сме сите ама по неколку дена после сите други. Ова е баш за мажот превоспитување. Реално ако сте настрана нема опција освен ако тој не се јави да знаат дека го боли нешто. Имам еден таков дома што ако на пример заб го заболи одма се јавува кај мајка, сестра, другари за совет ама не кај заболекарот. И нормално сите со трчање се тука.
Ја Јас коа се разболувам/ настинувам , мајка ми со првиот автобус одма доаѓа а на 100 км сме , плус маж ми е доктор . Не му паднало на памет да се лути оти мајка ми дошла да ме види .
А што не си искочите на кафе така ко ќе ви дојдат? Па нека си се видат со синот на раат Некако за повеќево проблеми уствари вас ви е глупо/непријатно/срам што ќе речат другите, и сте пасив агресив.
Јас и маж ми едноставно си ветивме и си дадовме збор дека нема да се расправаме ниту јас ниту он со неа, едноставно од едно уво влегло од друго излегло.Што сака нека прави ама што сака нека збори.И да ви кажам искрено откако не ја перцепираме и ништо не и враќаме некако се стиши женава.И ние уствари свативме дека кога ние се караме поради неа она е уште посилна а вака изгледа некако не и е интересно хахахха.Така да ако сакате пробајте и вие само аха,да да и толку се стишуваат ПРОБАЈТЕ кај нас успеа.Сега незнам колку ќе и трае ама сега за сега успева
Јас во заедница живеам и 2 години со свекор ми не збориме ни А не си викаме, а со свекрвата само службено ако е нешто итно и битно. И многу ми е убаво што е така Што им се замараш уживај
Леле јас барем со свекор ми си немам проблем.Он е душа човек и само знае да ми рече остави ја батали не се нервирај.Јас 40 години неможам на крај да искочам со неа ти ли ќе се справиш.Легенда е хахах
Ептеееен Баш ми е добро што не зборам , зашто по тересе и самобендисан инает човек не си видела. Не ми е јасно како свекрва ги трпи толку години.