Па еве ние си купивме стан и тоа во друг град па пак доаѓаат и се мешаат.Некој може нема пари како така купете стан,одете под кирија,не бе живеат со свекрва од што им е убаво.
Не знам како можете да дозволите да ви се мешаат и ѕоа во друг град, и сопругот треба да разговара со нив. Иначе кој колку сака може да збори, ама тоа е реалноста додема живеете заедно со свекор и свекрва во иста соба 90% ќе имате нервози, на никој не му е лесно, ниту кирија да плаќа ниту пак станбен кредит, ама раатот нема цена, па на вас е останатото.
Тој што нема пари не треба да стапува во брак. А, за мешање има само кога некој од брачните партнери го дозволува тоа.
Чим си вака стручна, се надевам дека нема да се омажиш дур немаш работа со 40.000+ плата, еден стан за живеење, еден за под кирија (за плус приходи), едно 30.000 еур на страна заштедени и немој случајно да земеш некој голтар што има плата помала од 30че. Секој пат ист филм, различни глумци.
Така е, јас те подржувам, ако некој не работи и не е способен, уопште не треба ни да помисли на брак, како ќе гледа фамилија ? Или уште се живее со тоа нашето старинско, битно нека земе жена да не остане стар ерген луѓето да го зборат , еве старите ќе им дадат спрат/соба, ако не му се работи, не мора да работи љуби га мајка, мама секој ден јадење ќе му носи, сметките тато ќе ги плати, која е таа жена што би испуштила таква "златна прилика" од маж?? Ма исто важи и за жените. И јас имав еден таков пример во комшии. Наполнило магарето 40г, уште чека од неговите, а таа мајкаму па на сите страни му бара жена, разведена со 10 деца, пијаница, домаќинка, распуштеница, абе било каква да му смести за да не збореле луѓето дека никоја не го сака. Епа нема да го сакат. Се фалат дека он е син единец дека се на него ќе остане, абе уште од улица некоја на сила да ја земат уште тоа им остана, викат дека кога ќе се жени ќе станел домаќин, ќе се научил.... курац мој ќе се научи попрво отколку он.
Е алал да ти е бравоооооо.Ненормална работа купи стан иди под кирија незнам што.Навистина е мачно да зборам на темава очигледно е дека ние луѓето се учиме само на сопствените грешки.И многууууу е лесно да збориш од страна и да солиш памет.Се откажувам од темава а тие што викаат дека е лесно нека ми земат еден кредит па јас 30 години ќе им го исплаќам.Кој може да ми земе нека ми пише.Ви благодарам однапред
Ние купивме стан ама со помош на моите, на мајка ми што и остана наследство од баба ми и дедо ми и на татко ми исто, ни поделија на мене, сестра ми и брат ми подеднакво,нешто имавме заштедено,од свадбата парите за внатрешно уредување и така,ама не се фалам дека сама купив без ничија помош,кој може на 30 години да купи сам стан?Па и кредит треба услови да исполнуваш.Не е тоа темата ама сакав да доловам некои работи П.С. колку и да живеете далеку свекрвата ако е таква ќе се меша.
Ај да ги обесиме тие што немаат пари ? Се е муабетот ако нема пари нека не се женат/мажат. Бреј. Сега на 30 неам пари , може на 40-50 ќе имам, тогаш да се мажам?
Ма ич ако некој има минималец никако да се мажи/ жени, а за деца не доаѓа у обзир. Како не сфативте до сега овде сите се нај нај и до 25 години и станови и фирми имаат и тоа све сами постигнале.
Не е само до парите дефинитивно. Во повеќето случаеви, проблемите лежат во друго, финансиите се потребни, но споредни. И се разбира не може секогаш да имаме исто.