Јас до сега немам сретнато фамилија да немаат леб да јадат.Така да никој за јадење не умрел па нема ни моето а сигурно ни твоето дете.Зборевме за станови и кредити тоа неможеш да си го дозволиш а за леб и со леб тоа сите го имаме.
Твоите ти помогнале финансиски да се осамостоите, а вие дозволувате луѓе однадвор да ви се мешаат? Дефинитивно вие сте криви, не ти зборам за лошо туку пошо јас бев иста будала.
Па и ние не сме кој знае колку имотни, се трудиме и работиме со сопругот. Од небо ништо не ни падна, и сами сме си купиле и спечалиле да! Вие вратете се во 5ти век и живејте со мама и тато и на 40+ години, па уште им сметале.. оди испоти се од работа, штеди пола живот, и на крај некоја нека дојде да ти паметува во лично твој дом, тогаш ќе ве прашам дали вака ќе земате замав. Во Европа од 19г ги осамостојуваат децата, нашите не знаат јајца да си спржат сами на 19г. А не па сами да живеат, боже пази.
Денес имаш утре немаш,и еве имаш пари се мажиш/жениш и деца имате,утре снемуваш и што треба да ги дадеме децата во дом?Еее колку случаи имале многу пари па наеднаш снемувале,има и обратно немале па се снашле некако и имаат.
и парите и љубовта се пролазни ги имаш и ги немаш ама апла треба да си талент или не дај Боже ситуација ако имаш поише нули, да ја истенчиш работата никој овде не сфаќа, или се праите дека не сфаќате со години истото се вергла не се мисли као немање пари, скршен денар да немаш. Никој неќе да живее со свекор и свекрва, а уште помалце да им се вади после низ нос како они им купувале им помагале итн а од страна на жената ретко коа ќе го чуете тоа. упорно со години истото го вртите, а истите плачете како немате мир дома а колку од вас работат? 50% така? и као вие очекувате само маж ви ако работи, да имате пари за кирија, за кредит или за било шо? и после викате не требаат пари знам луѓе шо доаѓале до 0 и да видиш како бледее љубовта коа си нервозен од шо си гладен или шо не знаеш како ќе преживееш ја пример за моето дете го сакам најдоброто, и дур не изринтам да можам да купувам и за мене и за него без да трепнам и да се тресам дали ќе ми останат пари за нешо друго, не праам дете. пошо тоа дете ТРЕБА НЕШО ДА ЈАДЕ брзо израснуваат работи, брзо се разболуваат, алишта, козметики, средства, суплементи, све тоа кошта а ја кај сум после? Моите потреби, мои козметики, некад и ја да се нашминкам да искочам мажите исто си имаат свои потреби и додај на тоа некои 200е за сметки еве и поише да се сериозно не требаат пари? па на шо живеете вие? на воздух и вода
Е арно де, супер. И моите свекор и свекрва доаѓаат ама откако станав безобразна како нив, ептен ретко, а и на телефон веќе не досаѓаат. Ќе отвори ли уста да каже нешто непобарано, ќе и плеснеш во лице и чао.
Tака треба за безобразните безобразна,само они имаат син другите немаат,па мајка ми што живее во Скопје само друга населба има директен автобус до кај нас поретко доаѓа од нив. Незнам како им се оди по патиштава само
Значи бракот и потомството станаа ексклузивно право само за богатите и имотните кои најчесто израснуваат дебили, останатите на бесилка чисто за инфо најголемите достигнувања и откритија се препишуваат на луѓе од најниска класа, а дел од нив биле во план да ги абортираат,… ама среќа се родиле
Мхм.. Пошо не не знаат што се човечки судбини и дека има и полошо од тоа да не си си успеал да купиш свое! Еве на пример не си успеал со цело богатство да го спасиш животот на своето најмило. Дај бе сериозно престанете да судите зошто некој не купил стан, ко демек чорапи купува. Не е тоа никакво оправдание за свекрва, или мајка не битно кој, да малтретира, снаа, ќерка, зет, син внуче. Тоа е некултура и ништо друго. Еден куп имаат станови, па пак се мамини синчиња. Нема буквално никаква врска тоа со темава. Башка шо не знаеме и таа свекрва може е дојдена у таа куќа, ја наследила од свекрва и слично. Со останатиот дел се слагам. Колку ќе им дозволиме толку. Еве јас откако пресеков, скоро и да не се жалам.
А еве пример имаш многу пари и се мажиш/жениш и имаш деца и наеднаш ако снемаш што тогаш? Се се случува во животот. Еве колешка имаа пари и собираа за стан,пред да земат решија под кирија,7 години во брак неможеа деца да имаат,незнам кај не беа исподадоа пари 3 инвитра неуспешни,сега со 4 инвитро дури имаат бебе,значи не иде се по планот.Недај боже може некој ради болест да остане без работа .
А замисли може и обратно да се деси. На 30 да имаш пари, па на 45-50 да немаш. А си створил фамилија. Да не има некој учебник за совршен живот за кој јас немам слушнато? Ако да, дајте да го прочитам!
Leleee zodto e ovaa ovde? -Zatoa sto mene mi se svidga da stoi tamu zosto? ( ako zakuti super ako iskomentira samo kazes pa doma jas su odlucuvam kade ke stoi STAMA) Go prasa nesto sinko namerno vo ednina-on odgovori vo mnozina...nekolku pati ke se napravi demek ne e cula Nie ke si prodolzi so TI... Sinceto ke ja potseti po 100 ti pat deka on ima zena i deka za sekoja situacija ke si razgovara i planira so zenata,saka nejke ke si svati... Ako pak ne svati vrata i cao prijatno