Во многу тешка и деликатна ситуација си. Колку и да те советуваме да пресечат комуникација не бива, мајка и син се. Ама пак можеш да ја викнеш кога ќе има панични епизоди да се погрижи за син и, да го однесе на лекар и сл. Со закана дека нема да се слушаат не знам колку би помогнало, може на инает повеќе да ја ставиш. Некој психолог сите задно да посетите, ете стручно лице да и ја објасни ситуацијата ?
Има себични стари. Кај мои роднини, на синот буквално му се броеја деновите, мајка му се качуваше од првиот на третиот кат по скали без ограда за да му се жали дека нема кој да и подаде чаша вода. А водата на два чекори од неа. И ред слични ситуации имаа.
Да и кажеш "ако ти не го сакаш син ти, јас си го сакам маж ми, децата го сакаат татко им" И дека буквално ќе го умре вака. И со маж ти да седнеш, мада сигурно е претешко да му објасниш некако да не ги рецка тие муабети. Да посетите психолог заедно, можеби ќе успее повеќе од вас да му долови зашто не треба да го допираат тие муабети... Тешка и деликатна тема
Епа ти си ја откачила ко што те сфатив. Така и треба штом те лажела. Јас искрено не можам да ги разберам оние снаи што им пречи свекрвата, не може да ја поднесат, не ги почитува нивните одлуки, а очекуваат да им чува дете и се жалат ако не им го чува. Мислам
Ма каков психолог жената кажува дека го носи по 3 пати на прегледи во приватна болница,каде ќе најде пари за психолог.Слушај ме мила моја самата ќе си бидеш психолог.Нема што да седнуваш со такво чудовиште да разговараш(на мајка му мислам) ако може таа мајка да се нарече ама ете го родила.Нема седнување и објаснување на неа таа треба самата да биде свесна а не ти да и кажуваш што незнае ли.Ма одјеби тоа ѓубре брее ако дојде на врата не отварај,ако звони јави и се и отера ја у бестрага.На што личи бе тоа па за свое чедо ако прави вака па тебе ли ќе те гледа или па ти неа ќе ја жалиш а она не го жали него.Јас да сум ти кажувам најискрено има да ја отерам кај што нетреба и никад више да не ја видам.И само извести го маж ти а не да го прашуваш зошто ти трчаш за него и со него шо доктори,ти се бориш за неговиот живот не она.Верувај дека маж ти ќе те свати зошто така си постапила.Гледај си го маж ти и децата не се замарај за ништо и отерај тоа се у да не кажам каде
Вака кога ќе си кажувате нешто од ракав колку да е кажано.... Мислиш некоја сака да и остави дете на свекрва што не ја поднесува? Има ситуации во кои мора да го остави и што да прави? Имаш луѓе што немаат избор. Ја сум (бев) ете една од тие. Пред 2 лета (околу 2 месеци) немав друг избор освен она да го чува неколку часа кога со мм бевме во исто време на работа. И што да правам? Требаше да најдам жена да ми чува дете и цела плата да и ја давам неа? Сега немам такви ситуации, последно што го имам оставено е лани кога умре татко ми. Ама неможе секоја да најде работа со прва смена и све да и е наместено во тој поглед, оди на работа носи дете во градинка, се враќа, си го зема, детето никогаш не е болно па не треба да го оставаш некому дур ти мораш да одиш на работа.[/QUOTE]
[/QUOTE] Да, ако не ја поднесуваш свекрвата и се прави мајка на твоето дете, жена или градинка. Не знам што е чудно толку тоа. Мене жена ми ја земаше големата од градинка еден период.
Па кај да го носи бе алоо госпоѓо.На улица ли да го остави.Па ако и го оставила на чување свое внуче чува.А да и го остави комшиката знаеш како ќе го чува оооо за да се покажат пред народ први се.Ако и го оставила на чување незначи дека треба да прави што сака,да му дава да јаде она што сака,да го изнесува она кога сака нема ќе се држи до принципите на мајка му.Тоа дете си има навики си има режим на исхрана.Ќе го почитува сето тоа и ќе го чува како што треба да се чува.Не сте ми јасни како го остава па нека го стави у куфер и на работа нека го носи жената ако не.Која мајка би сакала да го остави детето друг да и го гледа(па макар и за своја мајка да е немора свекрва)ама ако мора што да прави.А ако не го гледа како што треба итекако ќе се жали зошто она му е баба и обврска и е да го гледа како што треба
Госпоѓо, смири се малку. Ако свекрва се прави мајка и оди против твои правила, трпи си ја де. Што да ти кажам. Некои не можеш да ги промениш и на само ќе си тераат по свое. Има луѓе немаат ни мајки, ни свекрви, па тие како се снаоѓаат?
Дедото и бабата не се должни да ги чуваат внуците. Родителите се должни за своите деца. Дадилки и градинки постојат за чување.
Се нафрлаат, а после кукаат. Кукаат оти свекрвата му дала нешто што снаата нејќе, оти детето рекло дека повеќе ја сака баба од мама, оти повеќе ја слуша баба од мама или од тоа што повеќе на неа ѝ се доверува. Сами си прават белја.
Ја откачив и те како. А за чување деца госпожата се лути ако не го чува она, па плаче па драми пред маж ми. Значи она сака да го чува еден ден во неделата, додека да тргне во градинка. Јас имам кој да ми го чува ама воопшто не ми сметаше она да го чува тој еден ден во неделата, баба му е, ако сака да го чува нема проблем. Амааа од кога дознав дека ме лаже нече мочи. Па нека бидам лоша снаа јас, ич не ми е гајле. За дете мое да ме лажеш, па ако сакаш и мајка биди ми ист третман ќе добиеш.
Па кој да го чува ако не мајката или свекрвата.Кај да го носи жената не сте ми јасни јас утре задутре кога ќе имам внуче со господ напред мислиш дека би се противела да го гледам.И се чувствувам морална да го гледам зошто со љубов и најголемо внимание ќе го правам тоа.И да моралност е да ги чуваат бе зошто да не ги чуваат не ми е јасно па затоа се баба и дедо нели.Како што го израснале своето дете така ќе си го гледаат и своето внуче што е тука спорно и чудно
Ааа сега гледам дека си и советник за детско воспитување и едукација? Фала што ни кажа, ти колку деца имаш, 0? Си пробала да запишеш дете во државна градинка? Си пробала да земаш 20 дена за нега на дете од работа? Дадилка знаеш дека е од 20 - 30.000 месечно? Дај бе олабавете од темиве со глупи коментари, стекнете некое знаење за живот и организација ван тоа што ви го пружа форумов. 3 теми ако сте прочитале не ве прави нит бистри, паметни ниту гуруа за тоа како се живее животот.
Ама во ИДЕАЛНИ услови. А кога било идеално некаде??? Или на тастатурата се е идеално. Абе смешни сте, не сте свесни колку! Еве детето оди во градинка, се разболува, мајката и таткото немаат опција од работа да земаат ден/ови, или ќе земат ама детето ќе се разболи повеќе пати, нема газдата да го занима кој и како ќе се грижи за твоето дете. И ти ќе бараш жена за само по 2-3дена месечно??? Каде има таква??? Не, сериозно, проширете малку видици, погледнете го животот таков каков што е, не си замислувајте тоа што нема смисла! Сите сакаме најубаво за нас, ама не секој може и НАЈБИТНО, не секогаш е изводливо!
Е тука ве чекав. Значи јас престанав да работам одреден период зошто морав да си го чувам, за на никого да не го оставам, овде партал ме направивте зошто сум оставила работа, а сум кукала дека сум била слаба финансиски. Сума сумарум што и да пишеш на форумов, ако не си идол на 50 барем членови ќе те каменуваат.
Абе нека го чува ако сака, но да не му глуми мајка на моето дете и да не ме лаже. Но дека е обврска, не е.