Еве детето оди во градинка,и сабајлето качува тт и да сакаме дадилка каде да најдеме во 5 до 12,и јас лично не би сакала непозната жена да ми чува деца,а градинките не работат втора смена,некои родители работат на смени не само прва ..и дете се разболува,не само да кажете има градинки и дадилки ,па некои дадилки не се нафаќаат да чуваат болно дете,значи децата кај бабите не ги оставаат секој ден туку во некои ситуации кога нема кој да го чува .Значи и градинка да плаќаме а кога е болно детето и дадилка .
Аа не си ја прчам во меѓувреме, во градинка го пуштам. Сум нашла па сум жашла, барам работа само со прва смена, луксузен живот барам. И треба да најдам жена што ќе ми го чува, кога ќе се разболи ненадејно, на повик, да чека до телефонот.
Одамна имам кажано дека во темава коментирам како девојка која растела во заедница и има трауми од семејни расправии. Ти на твој форум кажувај кој да коментира, на овој не. За тие знам од роднини. Кога моите сфатија каква штета е направена, ме поучија да не летам и да бидам попаметна од нив. Затоа во претходни мислења пишав дека не треба да се рипа во брак и родителство без имот и финансии. Не е глупо да не ги мачиш старите кои веќе си го направиле своето со чување на своите деца. Не е глупо да влезеш во брак спремна за да не зависиш од никој. Не е глупо да имаш ресурси со кои ќе можеш и да излезеш од тој брак доколку веќе не ти одговара.
Така е потполно те подржувам.Ма и ќе чуваат и ќе чуваат како јас ќе им кажам а не они како сакаат.Јас кажувам секогаш работи од лично искуство и не се правам паметна на теми што неам искуство.Еве жив пример.На свекрва ми и оставила комшиката дете на чување требала жената да заврши некој обврски не оспорувам имала работа немала каде.Се е во ред.И свекре моја ми се јавува мене на работа ме прашува дали да му даде на детево да јаде и што да му даде.А кога чуваше мое дете тогаш јас бев таа што висеше на телефон за да не му се дава на детето чоколади пред оброк,да се знае кога е време за спиење и такви работи.Што сакам да кажам има одговорност за туѓото дете значи и прашува што смер а што несмее а нема одговорност за своето внуче да праша дали нешто смее.Кога се работи за моето дете тогаш е паметна нели што сака ќе дава а за туѓото жената чувствува одговорност.Не е така и за своето внуче имаш одговорност да прашаш не само за туѓото.Така да многу се паметни кога им одговара.Ако немаат одговорност да чуваат свое внуче зошто прифаќа да чува туѓо.Ќе чуваат и ќе чувам и одговорно тврдам дека сум морална утре задутре да чувам свое внуче.Никој неможе да ми го смени мислењето
Ама обврска и е неможам да сватам зошто не би и било обврска.Тебе утре задутре да ти рече детето твое немам каде да го носам мамо може ли да го чуваш што ќе му речеш немам обврска да ти чувам дете носи го каде сакаш???
Ама обврска и е неможам да сватам зошто не би и било обврска.Тебе утре задутре да ти рече детето твое немам каде да го носам мамо може ли да го чуваш што ќе му речеш немам обврска да ти чувам дете носи го каде сакаш???
Ок така нека биде јас не мислам како тебе сите си имаме свои сваќања и нема потреба да се препукуваме на форумот.Секој си знае за себе јас во секој случај никогаш не би одбила да чувам и ќе чувам со господ напред дај боже сите да си дочекаме.И да јас се чувствувам обврзано да го чувам ако треба тоа да го правам.Ок сите си имаме свои размислувања поштувам туѓи.Позз
Ја само да потсетам дека заборави да изболдираш неколку реда за овие жениве ништо што не разбираат. Си живеела во заедница, си била дете ок. Still, појма немаш како е да создаваш своја заедница и какви одговорности носи заедницата, бракот и децата. Какви борби водат партнерите за на тоа дете да му се пружи најдоброто. Секој смее да каже мислење, само твоето е ирелевантно пошто немаш посериозно искуство за да ги разбереш оние во конкретни ситуации. Животот е толку непредвидлив што кога правиме планови некој од горе се смее. Убаво е да тераш како си замислила, уште поубаво е и да ти се оствари така како што сакаш и се надевам никој нема да ти се “насмее” над плановите за да не сфатиш на потешкиот начин како уствари навистина стојат работите. И колку знае да е длабоко комплицирано некогаш, а не толку површно и едноставно. Ама, се сложувам и дека има бракови каде што може да биде и многу поедноставно особено кога се имаат опции, само кога само едниот или двајцата партнери би сфатиле некои работи. Некаде нема опции. Ама секаде во одреден момент може да се почне да се работи на создавање опции. И не. Не може секогаш да се чека на опции пред време, оти животот е за живеење и си врви. Некогаш, опциите доаѓаат подоцна. Ова излага ако немаш дебел акаунт во банка ич не диши, што ќе арчиш воздух на тие што имаат.
Следен пат хахах не е ова препукување не сум јас таква личност,само различни мислења тоа е се.Кога ќе има пак ќе ти пишам во лб а ти земи и за мене пуканки ок.
@nextredstyle, се согласувам, не се должни бабата и дедото да чуваат внуци, тоа е должност на родителите. Градинки има, ама градинките не примаат болни деца. Дадилка кај има на лагер да побараш за следниот ден, ко ќе ти крени детето температура навечер? Мене последниов пат ми крена температура сабајлето пред работа. @Калатеа е во право, си пробала да земеш 20 дена од работа за нега на дете? Ќе те пушти газдата некој ден едниот месец, ај еве и втор пат, трет пат, ама никој нема да те чува ако секој месец те нема по десет дена на работа. А нели треба да имаме работа и пари за да имаме семејство, така ни е кажано. Сето ова што го кажувате е ок, ама во идеални услови ко што вели @Emy867.