Не, и јас велам дека не е одговорност на бабата и дедото секојдневно да чуваат деца, ама ете ко ќе испадни некогаш потреба можат да излезат во пресрет. Оти на пример, ако свекрва ми нема обврска некогаш по потреба да ја почува малата, зошто јас би имала обврска кон нив кога ќе снеможат? Ете има домови за стари лица. Таа е логиката на овие што напнуваат за градинки и дадилки.
А на пример ако свркрвата рече дека не сака никаков контакт со вас, нема да ви пречи, да се меша ич ама нема ни внуче да чува Дали е така океј? Не, не се контрам или карам. Само гласно размислувам кое е поарно. Оти не знам, факт е дека не може ем да не се меша ИЧ, ем да чува внуци секојпат по желба. Мислам идеално би било така де ама иди најди таква
Има,познавам таква свекрва комшика на мајка ми живеат посебно на спрат свекрвава кај неа ги чува децата и не се меша за ништо ,кај снаава не ни иде неповикана,снаава доаѓа од работа не ги зима одма децата туку одмара па си пие кафе после некое време ќе ги зема,инаку и двете деца не сакаа да одат во градинка,првото беше 3 дена и толку вршитело таму,второво не се ни обидоа да го однесат и бабата си ги чува двете,едното сега прваче беше дедово го носеше и го зимаше од училиште,нон стоп си излегуваат негде пак ги чуваат свекорот и свекрвата и ручек им прави и се,е ретки се такви . Родендени и имендени си слават кај свекрвата на спрат на снаава и е чисто .
@Cvekarka А по која основа свекрвата е должна да чува внуци? Овде ти твојата ја правиш партал и ја множиш со нула исто како многу снаи, ама од друга страна свекрвата била должна да ви оди по газот. Мајката бе... Во кои илузии замислени живеете и притоа имате драконски очекувања од сите околу вас? Свекрвата да дадела стан, притоа да немала пристап во истиот, со синот комуникација снаата само кога ќе дозволи, ама за деца чување во секое време да е подготвена. Што нудите вие за да добиете е прашањето кои многу снаи треба да си го постават пред да се мажат.
Еве мојата отруено ме има да го чува, ја не и го давам од х причини, ти пред 2 страни ме обвини дека ја сум очекувала од неа да го чува и дека сум требала да го пуштам во градинка или дадилка да најдам за 2 саати на ден 4/5 дена секоја втора недела, ПОСЛЕ градинка. Де најди ми градинка што работи втора смена, зошто жена неможам да си дозволам. Е сега јас не го рачунам ко нејзина обврска, она сама бара, а ја не ја поднесувам најискрено кажувам. И сега? Значи ако денес сум му оставила леќа, ако очекувам да му даде леќа, а она му даде пржени компири, од пуста желба да кажува на сите дека она и го чува и јадење му прави, дали според тебе јас имам право да се побунам, како мајка на тоа дете? И зошто не?
А има и будали ко мене што не сакаат вака. ја сум еден посесивен чудак што одма си го зема детето и кафе низ нос ќе ми излезе ама до мене ќе е.
Јас на мојата свекрва никогаш и немам оставено дете да ми гледа.Како прво а како второ јас не зборам само за свекрва зборам и за мајка за сите зборам па и за дедовци зборам.А како трето зборам за жени што немаат каде да ги остават своите деца.Добро би било да ме читаш малку подобро.Зошто јас кога моето дете беше мало не работев додека не тргна во школо.Ама не се сите како мене некој работат после 12 месеци и немаат избор тоа дете мора некаде да го остават така или у куфер и на работа.А што ти па толку си за свекрвите сите тука зборуваат и се жалат само ти си за нив.Аааа заборавив може и ти си свекрва па се пронаоѓаш.Извини не ми текна на тоа
Не кажувај дека не работиш жити се. Несамостојна жено. Од маж ти чекаш, немаш дома што да правиш, затоа имаш време да се нервираш со свекрва, цел ден на форум си, чекаш од маж ти да те нахрани, а можда и од свекрва ти дека чекаш ќе излезе.
А зошто на ќерките децата ги чуваат како ќе им кажат а на синот не ни сакаат да ги чуваат? И ако поклониле стан не значи дека треба да се мешаат,го поклониле на свое дете.Пример некој ти поклони нешто дали треба тоа да го користи?И зошто тие што им купиле стан на ќерките не се мешаат таму туку само кај синот?
А што е наметување на мислење, што е дискусија? Што е проблем, што не е? Што е малтретирање, што не е? Колку сме во право, а колку е нашата перцепција субјективна? Ама на кој му се размислува за вакви работи Иначе на пример, се подразбира дека си во право ако е во прашање одлучување за твоето дете. Никој нема друг право да одлучува. Има право да те одбие да го чува, ако не може на твој начин. Ама да се однесува спротивно на твои насоки, нема право. Според мене само
Не бе што ти е само сум на одмор.Хахах па затоа толку ме има.Нема грешка ако чекам од маж па и од кој и да е.Не работев додека дете не ми тргна у школо не си ме прочитала убаво.Хахах одмарам па се занимавам
На @Mnik постот и беше ироничен,напротив не сакаше да те навреди тебе,дека другите така пишуваат за тоа .
Што сакаш мисли си, но јас да сум ти свекрва нема дете да ти чувам ни еден час. Уште ќе ми наредува дека било обврска, ти се молам...
Јас не знам за со дете, ама јас сакав да има син ѝ повеќе комуникација со неа. За мене беше ненормално да не комуницира, или минимално да комуницира. Си имаа они свои проблеми, ама јас сум растена ете поинаку можеби, не можам и не сакам да замислам да не комуницирам со моите. Тоа секако носи свои нервози, па и сама живеам и мајка ми знае живец да ми крене, ама не е причина за да не комуницирам со нив. Не би сакала идниот да нема комуникација со родители, сестра/брат, ете мене не би ми било ок (и не ми беше) да бидеме странци. Нормално секој својот двор да си го гледа, ама некако џабе е сето ако немаш со кого да споделиш, и убаво и неубаво. И да, не ја обожавав свекрвата бивша, ама не сакав да не ја комуницираме ич, го терав бившиот да ја вклучува, жената беше сама, вдовица, тажна и депресивна, не ми беше ок да не се замараме, иако не ми чинеа нејзините муабети највеќе. Ни моите муабети де не им чинат на сите, па што.
Не види, и мене не ми е океј скрос оттуѓување. Зборот ми е не може да очекуваш да чува внуче кога сакаш, ама никогаш да не се замеша во нешто или да не те замоли она нешто. Демек мое дете ќе чува ама за нејзините маки нека си го бара синот само, не мене. Е ако решите да немате контакт оти не се трпите, ондак ќе си раат од нејзини маки ама ни внуче чување ќе нема. Значи сакам да кажам, тешко ќе е идеално да е. Било кој избор ќе потегне некој проблем. Сеа свака част на тие свекрви што внуци чуваат без проблем и не се мешаат ич и не бараат за возврат ништо. Ама јас барем не очекувам да добијам без да дадам ич.
Јас бев, не те нападнав, туку кога ќе се навртат хиените ова ќе го прочиташ. од сопствено искуство ти кажувам
Ок поздрав.Можат што сакаат да си пишуваат тастатура се трпи.Така да не се замарам да ти кажам искрено.А за хиени секаде сум опкружена со нив и надвор,дома па и на форумов ама ич не им се замарам кој сака може да ме свати што сакам да кажам,кој не негов проблем ме заболе
Ако чуваат внуче за и ние нив да ги чуваме на стари години ич нека не чуваат тогаш,како што на нив не им е обврска да чуваат нивно внуче нивна крв така и на нас не ни е обврска нив да ги чуваме,нека ги чуваат синот и ќерката,во поголемиот случаи снаите ги чуваат,на синот гајле му е.А зетот нигде го нема тогаш само за на маса е тука и кога има корист .