Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    23.448
    Не мислев баш за чување на стари години.
    Ете некоја повремена услуга ко пример да им испазариш нешто, во недајбоже ситуации да и' зачистиш по дома или зготвиш.
    Ете ти чувала внуче и те замоли за ваква работа. Ќе направиш?
     
    Последна измена: 7 јули 2023
    На *Amethyst* и Cvekarka им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.760
    Пол:
    Женски
    Колку и да не сакав едно време морав поголемиот да го оставам на свекрвче, зошто идев на смени и дур тргне во градинка ( иако се покајав 100 пати) немав избор. Затоа сега скоро и да не и ги оставам децата ептен во некој ситуации кога не можам да ги земам. Има деца кој често се разболуваат јас сум била таква, мајка ми самохран родител имала среќа што работела во државна фирма инаку вика ќе останев и без пензија, секој 2 недели била на боледување да била на приватно никој немал да ја трпи. Некогаш и ме оставала кај баба ми и тетка ми по цела недела се снаоѓала како знаела и умеела. Многу луѓе кој работат приватно не можат да земат боледување па единствена опција е да остават кај баби и дедовци кој најчесто не сакаат да прифатат дека не е исто како во нивно време гледањето деца. Некој тоа го прават од инает, искрено ако не мислиш да ги почитуваш правилата за детето дадено од мајката воопшто не се нафаќај. Не разбираат дека тоа нивно водење инат е само лошо за нивното внуче.
     
    На MeowMeow, jelo, Erika.greeneyes и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Женски
    Алал ти вера за ова.АЛАЛ браво како не ми текна мене порано супер кажано.Бабами на татко ми мајка цел живот ја малтретираше мајка ми.Овие двајца нон стоп се караа заради тоа.Треба негде да искочат неможат заради мене и брат ми.За да не чува баба мо она несака не била должна да не гледа.Се така викаше.Тетка ми се јавуваше на телефон тогаш немаше мобилни на домашен само кога е мајка ми на работа.Со мајка ми никаква комуникација се заради баба ми.И сплет на околности бабами остаре мора некој да ја гледа и нормално кој МАЈКА МИ.Ја ранеше,ја бањаше,пелени и менуваше се што треба и знаете што бабами на секоја лажица плачеше.Ако и давав јас плачеше а зошто е тоа така зошто се чувствуваше виновна.И на крај дојде тетка ми(ќеркаи замисли)ја зема ја однесе у геријатрија и за еден месец умре.Мајка ми должна ли беше.... Доволно е се кажав
     
    На MeowMeow, Mumoftwo30, Гладиоли и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.966
    На мојава нова работа, бабата го носи внучето оти нема кој да го чува.
    Мајката го има оставено, нема комуникација со детето (има ново семејство). Детево има баба пред пензија, татко и тетка (која не живее со нив).
    Од сите, бабава работи државно, го носи и ок е. Тетка му и татко му го чуваат кога не се на работа или кога можат да се дома. Пример кога е во школо, таткото и тетката се снаоѓаат за носење и земање.

    Итн.

    Секакви приказни има.
     
    На Mumoftwo30, bertold, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    25.076
    Оф, душе. Се надевам ќе му се насмевне среќата понатаму. Многу ми е мило што има таква баба и тетка. Лесно можат да го откачат оградувајќи се со "не е моја обврска да гледам туѓи деца", па татко му нека му ја мисли, ама тоа се вика љубов, без разлика на сè.
     
    На see.emily.play, Гладиоли, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Оди тој, но изгледа не и ја доловува целата ситуација, дури му рекла не постои родител кој си го мрази детето. А воопшто не станува за мразење туку изгледа за уништување, многу родители има кои не ги мразат децата ама им го уништуваат животот. Тој претходно еден период беше на дистанца со неа/нив ама можеби повеќе од советите од психологот попушти. Засега е само контраефект. Роднини му викаат блокирај и гледај си здравје, сите му викаат ама џабе. Незнам до толку да не се разбере, тој сам и кажува ама не се разбира.
     
    На Erika.greeneyes, Pa8la, Skyler и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Буквално и имав кажано но изгледа не ја интересира, со такви зборови и пак џабе.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.966
    Се согласувам. И не е баш малечко, школарче е.
    Тетката го чува и тоа многу, со оглед дека е некаде моја возраст и сама живее, детево нон стоп таа го зема, носи во школо. Таткото исто, само што човекот има чкљ работа и работи во 3 смени, логично сам му е речиси невозможно да чува мало дете.

    Дур беше тетката на одмор (а не отпатува жената) секој ден беше детево кај неа дома, бабава сабајле ќе го однесе, после работа ќе го земе...

    Јас сите на работа ептен кратко ги познавам и не им знам позадински приказни, колку можеле/сакале за толку малце време да споделат. Женава (бабава) се утепа од плачење пошо ми кажуваше како детево сака да ја вика "мамо", пошто сите деца мајки имале, и како ја боли што нема кому "мамо" да рече.

    Сакам да кажам, не се сите луѓе ужасни, нашата перцепција на ситуациите некогаш е претерана или нереална. Може и оваа како свекрва не била најсјајна, ниту син и' како маж, а можеби и само снаата едноставно не се замарала со своето прво.

    Во поблиска фамилија имам сличен случај и пошо е и моја роднина, и мајка и' ја знам, остави детето и не се сврте, не е ни во Мк повеќе. Го чуваат двете баби (бивша свекрва и мајка и'). Таткото не е баш заинтересиран татко да биде. Ни она, очигледно.

    Затоа некако, еднострано "свекрвата е ужас" или "снаата е ужас", не ми е баш толку веројатно.
     
    На mal.ecka, 1209, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Не се проблем парите барем засега, понатаму ќе видиме како ќе се одвива, само за овој месец дадов 20000 за прегледите без терапии. Воопшто не ни имам комуникација со неа извесен период, не ни доаѓа, навредена е ама може треба да кренам телефон. Доста се правам дека игнорирам, го чувам ко капка вода за некој вака да му прави, не давам ни деца да го нервираат, се сама решавам. Се што можам превземам на мој грб, патот е долг а веќе вакви работи ме исцрпуваат. Понекогаш повеќе се лутам на него а знам дека се ова му е од состојбата во која се наоѓа.
    Ќе чекам на нареден испад и да ја решам работава инаку на крај од сите само јас ќе се разболам.
     
    На Гладиоли и Cvekarka им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.966
    Реши ја со неа.
    Он мислам дека нема да те сфати толку добронамерно, со оглед што рече за дијагнозата, човек такви работи го поместуваат, станува посебичен, поплитко размислува.

    И да, ако ти не пресечеш, тебе душата ќе ти ја изедат.

    Имам тетка што маж и' уште во 30ти години стана инвалид, квадриплегичар, како да не е тоа мака ненормална сама по себе (+ две деца за растење), душата и' ја извадија свекор и свекрва, посебно што правеа работи што строго беа забранети да се прават на човеков.
    Она си знае како изгура, сеа не ја чепкаат веќе, ама дека ја излудеа начисто, ја излудеа.
     
    На Elena1001, Cvekarka и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.834
    Допаѓања:
    41.004
    Пол:
    Женски
    Не знам што би ти кажала за брачниот проблем, ама ова е црвено знаме за психолог, подобро нека ја смени.
     
    На MeowMeow, Elena1001, Гладиоли и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Па внучето е нејзино,ако не сака немора да го чува,инаку ниту ми чувала ниту ќе и зачистувам,на мајка ми јас и сестра ми и помагаме за слава само не снаата.Не дека не се понудила,ама она не е слугинка,она е гостинка кај мајка ми,исто и ние сме ама ние сме и ќерки и ние и помагаме.
    Така и свекрва ми си има ќерка нека и помага,нејзини деца чува .
    Читав во темата снаи и золви пишувале дека ќерката не била гостинка била нејзина куќа штом така нека си чисти она .Од една страна нејзина куќа била од друга страна не било тоа на снаата а за да чисти може .Кој како ми помогнал така и јас .Незнам како викате деца ви чувала,па тие деца им се внуци од син,не сме ги донеле ние.
     
    На Cvekarka и Гладиоли им се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    42.927
    Ја мајката само свекрви да ви чуваат деца. Свекор немате, мајка, татко, брат, сестра, јатрва, золва, зет, братучед?
     
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    ^ И пази, гостинки да ти биле снаите, ама екслузивни права да уживале.
    Море море..
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Не не туку ќерката е гостинка кога треба да се помогне во нејзина куќа ,така вие што браните свекрви пишувавте не била на снаата таа куќа,ќерката има право кога сака да доаѓа ама кога треба да се чисти и помага снаата е тука.
    И да гостинка сум кај свекрва ми и она кај мене,и мајка ми е гостинка кај мене и јас кај неа. А за помош кога се работи за нешто поголемо и комшии помагаат,па и дете може да ти причуваат,јас сум причувувала на комшика дете,човечки е да се помогне,изгледа и ти си свекрва штом толку ги браниш.Море море чинот ќе им падне на свекрвите ако причуваат внуче тууу.Зборам општо мене не ми чуваат си живееме посебно.
     
    На jelo, DevilGirl212, Cvekarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    А свекрвата нема ќерка,маж,син,брат,сестра,братучедка да и помогнат,да и испазарат,зачистат ако неможе,зошто очекуваат дека снаата само треба?
     
    На jelo, *Amethyst* и Cvekarka им се допаѓа ова.
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Тогаш зошто свекрвата треба да осеќа должност за дете чување и стан давање?
    Инаку не сум свекрва, а и да бидам ниту ќе имам должност, ниту ќе сакам некоја овде да ме оговара, а притоа дете да и чувам и слугинка да и бидам.

    Секоја што пристапила кон брак треба да е свесна дека сите обврски околу семејство и деца се нејзини, а не мои како на свекрва!

    Тука вас ви се погрешни очекувањата, оти си мислите дека свекрвата на 65 години ви е должна и куварка и дадилка да ви е, притоа да не смее збор да каже!
     
    На winnie02, elimkd, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    42.927
    Ако некој нешо очекува од тебе, не значи дека треба да го направиш... Не знам шо не е јасно.

    Ако ти и идеш на свеки по гзот, и трпиш тортури, само за она да ти ги чува децата, не знам шо да ти кажам. Голема си, твој избор. Нема шо да се жалиш тука.
     
    На *Amethyst*, Cvekarka, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    23.448
    Леле дечки аман.
    Муабетот е дека ако сакаш помош за чување деца, тогаш и ти во некоја прилика ќе помогнеш.
    А не свекрвата ќе ми го чува детето ама боже сачувај јас да и се најдам еднаш во животот.
    Ако неќете никогаш у живот да и помагате, нема услуги да и барате.
     
    Последна измена: 8 јули 2023
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    За жал мајка немам за да ја почува, ама да, татко ми, сестра ми, тетка ми, внука ми ја чувале ко ќе имало потреба. Не е сиот терет на свекрвите паднат.
     
    На Pa8la, Cvekarka и Гладиоли им се допаѓа ова.