И јас реков дека не е обврска секојдневно да мора да чува. Инаку, нема родител кој никогаш немал потреба некој друг да му причува дете. И кај што постојано има родител дома да се грижи за детето, излегуваат ситуации кај што мора некој друг да ти причува дете.
A бе свекрва ми живее во друг град не ми чува мене,општо ми беше пишано,а и децата немаат должност и обврска кон родителите .А што е должна па снаата да им биде куварка и слугинка?А дојде слава или нешто дома кречат зврц кај синот и снаата не кај ќерката и зетот ,па што се должни синот и снаата? И не ,не ми дале мене стан свекор и свекрва,моите ми помогнаа за станот да го купиме а свекор и свекрва кога ќе дојдат како дома да се .Па ако не дадеш на свое дете незнам на кого,себични родители .Зошто не застанете вака да ги браните снаите кога свекрвите бараат помош од нив?
А бе не живееме заедно,си живееме сами во наш стан,не ми чува деца не ни сакам. И не се жалам,пишав дека сакав само да ми олесни што доаѓаат за викенди. Ќе го решам и тоа ,не побарав совет,само се надоврзувам на мислењата што многу ги браните свекрвите .
Абе сè треба да се прави со желба и љубов. Ако праиш било што, било да си снаа, свекрва, ќерка, жена, што год, само за да утре другите се осеќаат должни поради твојата услуга, налет и фамилија и брак и сè. Никој не е должен за ништо у животов, ама после да не се чудите зошто ви се сјебани односите и нема топлина и почитување помеѓу.
Јас баш заради и овие очекувања не оставам дете освен во најголем зорт (како на пример погреб). Зошто стариве претежно се' така си имаат сфатено. Дете ќе и чувам, ќе им правам ручек, за на старост снаа да ми готви, да ми чисти, син ќе ми поправа, ќе ми реновира, додај што сакаш. Колку помалку очекувања од двете страни, толку помирна глава. Порано кога ќе читав во темава немало ништо лошо да оставиш дете за викенд кај баба и дедо, немало ништо лошо да го оставаш дома со маж ти да си излегуваш во кафана, а од друга страна ќе ти се најде некоја "епа ете ти си го оставала, нормално да и се најдеш, да и помогнеш" (пак очекувања). Затоа дете со мене и до маркет и на заболекар и на свадба и сегде. Ем и тоа ќе излезе од дома, ем мене мирна главата.
Во врска со чување деца, јас мојава ја пратам како коментира тука за една жена што секој викенд ги чува внуците. Демек женава измачена, и влечела деца по градов и пак лоша свекрва била, на тоа младите снаи ништо не им е задоволено. Чим е ваков муабетот за друг, ке е ист и за мене. Па од тука, сама ке си се спремам утре за чување дете, може да го придржи ако сака ама не и да ми чува.
Еве јас да се пријавам во клубот на "немајки" затоа што сум го оставала детето кај мајка ми или свекрва ми да се одморам или прошетам.
Хаха за ништо не те бива Хаха.Оставаш дете друг да ти гледа.Срамота у торба ќе си го носиш со тебе секаде.Од кам ти се најголеми еве да те подучам хахахха.
Мене не ми е јасно како има такви мајки и свекрви да не сакаат внуче да чуваат.Кога доаѓам на гости кај мајка ми ако дојдам сама одма прашува кај и е внучето,а свекрва ми се мурти ако го однесам на чување кај мајка ми а не кај нејзе.
Јас си ги носам децата со мене, на пазарување, сметки да платам. Не ќе ангажирам баби постојано. Не знам што е толку смешно што родителите одат со децата.
Твој став.Мојот став е зошто да го малтретирам детето по продавници или банки кога може некој да го причува да завршам работа и да се вратам.Плус јас имам 3 годишно дете сигурно не планирам да стојам со него пред банка или да го шетам по автобуси.
Па ако не живеат заедно гостинка и е. Ако сака ќе и помогне ако сака не,исто како што на свекрвата не и е обврска и должност да чува внуци така и на снаата не и е обврска и должност да и помага на свекрвата .
Една комшика има син единец во брак 3 години уште немаат деца,се ежам кога го пишувам ова,знаете ли таа жена колку е желна за внуче?Моите кога ќе ги види од што и е мерак за внуче само им дава нешто,за родендени секогаш им купува и само ќе ми подаде.Мерак и е на жената,а не некои збеснати ,од снаата се очекуваат да им биде слугинка,а не сакаат внуци да чуваат,да не ме сфатите погрешно,не зборам за мене живееме во различен град и не ми чуваат деца,ама гледам во моја околина има такви .Тие што живеат во заедница очекуваат снаата да им чисти,да им пере и ручек да им прави,па не им е слугинка .
Свекрвата не е должна да гледа внуци но по желба ако сака може и нека ги чува пошо тие и се внуци, крв и се. Но тоа не значи дека треба да очекува после од снаата да ја гледа. Може да го очекува тоа од синот и ќерката. Снаата воопшто не е должна да ја гледа на свекрвата, си има таа син, можеби и други деца, нека си ја гледат они.
@Mnik многу убаво напиша. ОЧЕКУВАЊА. Тоа многу пати напишав, ама не чини Да, ако е дадилка на детето (или на возрасните постојано им се наоѓа) веројатно ќе очекува возврат. И старите си се криви - нема што да очекуваш снаи да те бањаат и перат. Од син/ќерка тоа. Од снаи/зетовци не. Ако имаат желба, супер, ама ОЧЕКУВАЊЕ е друга работа. Кај мене имаат контраефект очекувањата, искрена да бидам. Правам многу за сите околу мене, ама кога некој ќе почне да има очекувања дека нешто треба да правам (а не сум дала согласност) се повлекувам и одбивам. Ништо не морам и не очекувам, ништо не се очекува од мене. Може секој да ме праша дали можам/сакам, ама да ми рече "тоа треба"... не, не треба. Треба да си гледаш свој двор. Ништо на светов не е погрешно ако бабите сакаат да чуваат внуци. Ако сакаат. Не може да се ОЧЕКУВА дека ќе чуваат. Секогаш е одлично да имаш што поголемо "село", но реално, може и да го нема. Важи ова обострано и во секој однос, не само со свекрви, и родени мајки, и браќа/сестри и сите останати. @RainBow макар е друга темата сега, пример е за тоа што зборев. Уцената. "ќе ги гледаш внуците само ако се отарасиш од мачките". Точно, ќе ме изгуби тој што уценува, ама не ради животно. Туку ради тоа што мисли дека има право да ми одредува што ќе правам со својот живот. На тоа нема право никој. Не е заради животното. Заради мене е, а јас сум човек. Ако не си способен да ги почитуваш моите избори и да сфатиш дека твоите се исправни, ама само за тебе, тогаш и родена сестра да е, извини, нема потреба да се труеме меѓусебно.
Да, ако се прави нешто на сила, односно со задна намера, ништо добро нема да излезе од тоа. Не може да не сакаш да чуваш внуче, ама сепак да го чуваш затоа што во иднина за возврат ќе бараш да те чуваат тебе. Како уствари изгледа тоа чување на внуци без желба? Пак ќе кажам, за сè треба да сакаш да го правиш нештото. Јас лично, за одредени луѓе речиси сè би направила, зошто ги сакам толку и тука сум да им помогнам како можам, па дури и ако тоа значи некако да ги гледам на постари години. Така си функционираме, како мал tribe. Цел живот сè си правиме едни за други, секој со своите познавања и вештини. Иста сум и со свекрва ми, и пред да се земеме со мм и сега. Исто и тој со моите е таков, што е во негови можности, сака да им заврши работи. На никој не му е должност as in да е приморан на сила, туку сè поттекнува од блискост и грижа. Е сеа можеби никој немал некакви огромни потреби до сега, па да осетам товар, па да имало несогласување. И за крај ќе кажам, има разлика меѓу некој да е стварно неспособен и да му треба целосна помош (за што е подобро дом); има разлика некој да е полуспособен (на пример да не смее да крева) и да му треба да му зачистиш или испазариш повремено; и има разлика некој да е способен ама од старинска мрза да сака да му средуваш chores. Од многу работи зависи, треба да се земе во обзир и какви се намерите. Ама реално, ако фамилијата/најблиските не можеш да очекуваш помош, од кого би?