Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.880
    Допаѓања:
    23.447
    Дечко ми кога бевме дома короносани сите, ни пазареше. Исто ни има помагано за работа, нешто околу реновирање или земјоделие.
    Јас кај баба му што ни готвеше ручек (по нејзина желба) кога бевме таму, дома и чистев. Да, има жената ќерки ама во моментот ние бевме таму плус ме угости како нејзина внука да сум.
    И пак би помогнала во иднина, со задоволство

    И ниту дм изиграва послушен иден зет, ниту јас послушна будуќа снаа. Никој од нас не бил дОлЖеН Сум се осетила прифатено и дека заскужиле. Исто и либе за моите.
    Зашто лично премногу ама премногу мразам онаква почит ради реда меѓу фамилии, колку да се рече, формално. Или да ми е мерак да им отидам дома и да се изназбориме што би се рекло со мезе или ич да не се гледаме и да не си бараме услуги. А ако више се мора, епа ќе очекувам некогаш и да вратам.
     
    На cresa-jagoda и Гладиоли им се допаѓа ова.
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.915
    Допаѓања:
    12.841
    Пол:
    Женски
    Дечки џабе се натегаме морало ова, требало тоа, никој ништо не мора. Обврски и должности имаме само спрема децата и брачниот партнер. Многу е убаво да има кој да ти помогне, да те замени бар на пола саат ама се тоа е нивна добра волја. Иритира, фрустрира, знам ама таа е реалноста.
    Не зборам за тие што мора да работите, сметките и кредитите чекаат, ве разбирам скроз. Ама останатите, некој да чува деца за да се пие кафе надвор, да се шета, викенди итн. реално тоа е ‘луксуз’ за нас што живееме сами или сами чуваме деца.
    Добрата вест е што не е засекогаш, на почетокот е тешко и после веќе се самостојни, ќе можеме се на раат да правиме. На крајот на денот, ние сме одлучиле да ги направиме и родиме, врти сучи тоа е.

    Јас на пример откако имам деца си го сменив животот скроз. Ми фали понекогаш стариот живот ама се навикнав и вака. Веќе и не памтам примери ама барем едно дете влечкам со мене по продавници, банки, било што и да треба да завршам. Кој регистрирал кола во јуни/јули во Скопје знае колку се чека, епа со едно дете чекав, сега со две деца дадов полномошно на сестра ми и таа ми регистрира или обратно.
    Пред некое време гледавме станови, јас и маж ми по едно дете во раце и качувај се на 8ми, 13ти, 15ти кат. Жива вода, епа жива вода тоа е. Убаво е да рече некој донесете ги на 2 саати, опуштете се и разгледајте ама нема. Има, свеки единствено е невработена ама не ми паѓа на памет од повеќе причини.

    Стиснете заби, ќе пораснат и ништо од ова нема да е важно.
     
    На mal.ecka, Oneo, MikicaBt и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Види, кај мене она шо се вика плаче да го чува, ама едноставно не им го оставам. Да поигра со нив доле на некој саат или вака по двор, а јас сум тука, да, ама кога ништо од тоа што е речено не почитуваш, епа сиктер. Еве свекор ми е научен дека може да не лаже ко да сме ние мали деца. На пример за Прочка, семеен ручек имавме кај нив дома, со мм бевме надвор, малиов влезе внатре и им нагласив дека од благото дур не руча да не му се дава. Детето е такво, не руча после. Свекор ми земал му дал, итоа детето ми кажа пред него. Маж ми нејќеше да се расправа на празник, ја му викам "добро, нели реков да не му се дава?" Тој ми вика "ее колку касна веќе он, два пати" . Не е проблем детето што каснало, проблем е непочитта кон мене, демек кој ја врти оваа, башка да не кажеше детево немаше ни да знам. Исто така лани еднаш го пуштив со него да прошета (итоа негова желба беше) и му кажав само кај да не оди, добронамерно, овој баш таму отишол, а студи на тоа место, детево по куси беше на него, Мај месец, ќе го разболи (башка си кажа детево, го сликал таму, ги видов и сликите) . И мене малиот ми кажа, ја му го плеснав, он ќути си се прави наудрен. Е сега не ни го оставате, не го пуштате со нас. Епа нема. Чим газиш мој збор, сакаш да се правиш повеќе од мене, нема да биде по твое.

    Да не бидам погрешно сфатена, не сум против да остави било која дете на чување, ама да имаш на здраворазумен човек да го оставиш, да. Ама за да си корнеш нерви, не. Мене сепак ми е предност не се трескам со автобуси, разбирам мајки дека мора и по автобуси да одат, па оставаат деца дома. И се тоа во ред. Ама мене така ми е погодено, така ми одговара, така правам. Секој си знае дома како му е.
     
    На MeowMeow, Oneo, *Amethyst* и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    А тебе ова нормално ти е?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.966
    Од одамна што имаш зборено паметам, така што, јас на родителите на маж ти ни маче не би оставила, а не дете.
    И они се пример за тешки идиоти (извини, не се лути) и не само ради ова, уште милион ситуации.

    Исто мислење имам и за свекрвата на уште една членка, не ја тагнувам пошто сега не коментира и е глупо, ама таа нејзината е за на клоци да ја истераш, а не метании да и' правиш или дете да и' оставаш.
    Со тоа што таа рамно ги излажа да реновираат за себе дел, и за неа дел, во кој секако после не отиде.

    Секакви луѓе има, искрено само затоа на сите им кажувам денар да не даваат ако немаат црно на бело. Оти ај нека докаже членката што било договорот. Не може. И да не си и' во кожа, пошто не знам излез од таа ситуација освен да ја истрпиш. Јас не знам, можеби постои.
     
    На MeowMeow, *Amethyst*, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. MorskaSirena

    MorskaSirena Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    1.387
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски

    Не си сама еве и ја се пријавувам во "немајките" :D Го оставив детето кај мајка ми 5 дена да можам ја да сетам по европава:wasntme:
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    :rofl: Ич не се лутам, несакам да пишувам навредливи зборови, полошо имам да кажам. Знам за која друга членка пишуваш.
    Само се плашам ако родам второ како ќе биде, зошто не е исто со едно и две. Ова како така, порасна скоро. Ама со друго, незнам како би било.
     
    На *Amethyst*, Осе и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.915
    Допаѓања:
    12.841
    Пол:
    Женски
    Кој па рече дека сте немајки? Мајка ти може е пензионерка или невработена, па можеш да си дозволиш. Не сум јас повеќе мајка што не можам без децата 5 дена, ни ти немајка што можеш, кој како си сака.
     
    На VDT2906, Celltica, mariz и 3 други им се допаѓа ова.
  9. MorskaSirena

    MorskaSirena Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    1.387
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Така де се согласувам потполно секоја мајка е најмајка за својте деца и најдобро си знае,ама смешно ми е кога ке се закараат овде за некој банални работи и општо по форумов што се дели на мајки и немајки. Иначе мајка ми е вработена и зима слободни денови да ги чува внуците пошто ги гледа 2 пати во годината
     
    На Осе, Skyler и IRBBB им се допаѓа ова.
  10. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Зошто да не ми е? Мајка ми го гледа почесто дека ми е поблиску и сега баш кога свекрва ми е слободна од работа јас ќе го однесам до кај моите затоа што ми се на 10 минути и се мурти криво и е што не го гледа толку често ама она ми е доста подалеку и сега тоа е.
     
  11. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Вие правите да чувствуваме вина што имаме помош.Еве кај мене ни едната ни другата не се во пензија па за што и да треба се тука.Еднаш имав несогласување со свекрва ми околу одредена храна која што му ја даде на 6 месечно бебе без да праша не и го однесов една година а кај моите идеше на спиење и и беше многу криво и после тоа што и да планираше да даде ми се јавуваше и сега ден денес ме прашува и за шетање и за јадење за било што.
     
    Последна измена: 8 јули 2023
    На *Amethyst*, MorskaSirena, Pa8la и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.353
    Пол:
    Женски
    Можеби затоа што и они си имаат свој живот, си сакаат мир и одмор, а деца ко деца огромна одговорност се, напорни се, си го бараат своето да трча некој постојано по нив, напраиле скоро 60год, уште идат на работа, дома обврски, додаи уште некоја болест ….

    А пак уште полошо ако се во пензија, додека во бели свет пензионери светот го шетаат, нашиве се вработуваат поново на старост бејбиситери со фул работно време, внуци да чува не смее да одбие јер снајка одма става забрана за доживотно гледање на внуци.

    и кога ќе видиш цел живот роб на децата
    Сега малце појасно ти е?
     
    На tanjita, Oneo, *Amethyst* и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.972
    Допаѓања:
    13.723
    Па уште не можеле сметки да платат, мора во секое време да се бабите на закачалка што се вели. Некои се навистина без осет, раѓаат и сакаат плус неплатени дадилки да имаат во секое време.
     
    На elimkd и tanjaaa им се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.915
    Допаѓања:
    12.841
    Пол:
    Женски
    Ако си ме прочитала ќе си видела дека никаде не напишав нешто за да набијам вина.
     
    На IRBBB и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  15. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    Скајлер баш секогаш е коректна, ја згреши форумџиката @LanaDelReyQueen :)
     
    На LiquidLuna и Skyler им се допаѓа ова.
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.826
    Пол:
    Женски
    Сепак не е нормално да се дурли зошто не е со неа. Нешто налик посесивност.
    Јас во една тема баш пишав дека сум им љубоморна на сите што имаат со кого да остават дете. Ти имаш, јас имам, ама исто ко да немам.
    Можеби не би го оставала баш на секое, ама камо среќа да можев да го оставам. Ете свекрва ти научила лекција, моиве уште толку инает тераат сите години. Незнам кај прочита дека некој ве прави немајки. Барем јас нигде и @Skyler не напишавме такво нешто. Насочи си го на право место мислењето.
     
    На *Amethyst*, No Makeup и Skyler им се допаѓа ова.
  17. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Јас немам таква мајка а ни свекрва на која што и треба одмор од внуче.Напротив мајка ми самата кажува колку ја смирува тоа што има кој да ја дружи.
     
  18. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Можам,ама не сакам.Не ме познаваш за да коментираш дали сум без осет и никаде не напишав дека треба да се достапни во секое време.Многу пати не сум имала каде да го оставам па сум го носела со мене ама кога сум можела да го оставам сум го оставала.
     
  19. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Најверојатно.
     
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.972
    Допаѓања:
    13.723
    Темава е за коментирање, односно цел форум е за тоа, не мора да те познавам лично.Јас зборував дека општо има такви родители, бараат достапност 24/7, имам такви примери во околината.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.