Има,ама јас не сум една од тие.Не коментирам повеќе затоа што индиректно мислење се познава и преку тастатура.
Да речеме дека сте свекрви во заедница ,си имате лично ваша соба. Доаѓа мајка и на снаата којашто живее со км далеку па затоа доаѓа два-три пати годишно. Дали би ги преселиле цели тие три саати во дневна на сред меѓу мајката и ќерката ?
Има разлика да ти го причува некој детето коа си у густо, и од за да не го мачиш детето ( да не речам себе си), на некој му е обврска да го чува... И после плукаме свекрви болни биле, се мешале у улошки и штипки, коа немаат друг идентитет освен жена, мајка, баба, дадилка до смрт. Ја прашајте ги мајките шо нема кој да им ги чува децата, а па да не праам муабет у странство како баби и дедовци живот си живеат, децата со родителите си седат нормално. Али ок, ја неам деца, нема шо бубрези да јадам тука.
Дека има и снаи без осет има, имам снаа за братучед децава како за тетка ми ( свекрва и) да ги роди. 24/7 тетка ми е со децата неможе раат кафе да се напие со неа јадат, спијат си неа све. Снајка не работи дома е ама и се шета како девојка слободна да е. Да не се разбереме погрешно не дека ако си мајка животот ти се само децата и толку, нормално сакаш некогаш да излезеш сама со другарки на кафе или кафана. Ама постојано да акаш, а децава друг да ти ги чува да ги оставаш и со денови некогаш...Братучедов има таква работа повеќе е на работа отколку дома и оваа максимално користи. Има уште многу што се праи снајка ама да не откривам многу... Секакви свекрви ама и снаи има.
Јас би пиела кафе за да ѝ направам чест, оти штом живееме во заедница, сепак во нашиот дом е дојдена. После би ги оставила сами. Е сега тупнувањето на средина 3ч може да е од простотилук- што ќе речи сваќата ако не сум дома, а може и да е од инает, да не можат да се видат и да си зборнат на раат.
ти си го носиш детето кај мајка ти за уствари детето твое да ја дружи и да ја смири мајка ти… што не ќе чуе човек… местото на детето е во градинка, за смирување постојат соодветни терапии, а за дружби -муабет со луѓе од иста возраст
Ама битно се заебававте еднаш дека најдобра свекрва била таа што била умрена. Или најдобар сопруг тој што немал мајка. Језиво упм Не е срамота да го оставиш на свекрвата да го чува. Срамота е да мислиш дека она треба да ти помогне за тие работи, ама тебе круната ќе ти падне ако неа и помогнеш.. И не збориме за чување на старост 24/7 него рандом ситници. И не е работата за кој имал или немал дете. Сеедно дали се работи за дете или други работи и сеедно дали збориме за свекрви, другарка, родител, комшија, колега. Ти помогнале, ќе помогнеш. Општа култура е тоа. Секогаш ги оговараме тие што ни здраво не ни викаат нит па прашуваат како сме ама кога им треба нешто први идат. Епа исти сте ко нив Јас кога ќе помогнам некому не очекувам дека МОРА да ми врати. Ама не очекувам ни дека ќе ме спушта подолу од гомно, а кога ќе му притребам пак да дојде
Или постојат самиживници ко мене што не сакаат помош. И да, на нашево поднебје во глобала стариве затоа помагаат, така е останато од праисторија. "Ја ќе им чувам деца, они ќе ме гледаат на старост, така си е редот, за што имаат они снаи. Од многу, многу луѓе ова го имам чуено. Ја мислам дека истата личност ја познаваме. Не е можно да постојат повеќе вакви. па и уште ја оваа што ја знам се кара со свекрва и и ја сее по познаници како свекрва и се правела мајка на син и, а уствари детето по цел ден е со баба му. Буквално секоја обврска околу детето, бабата ја има. Дури и детево едно време и викаше ти си ми мајка. Ја и реков еднаш на мајката "а ти што очекуваше?" На детето ни една машина со алишта му нема испрано. Со второто малку поинаква е, ама пак е тука негде.
Свекрвата не "помага" на снаата. "Помага" на синот. Оти тоа дете е на нејзиниот син. Ако снаата си го донела од дома, тогаш може да се рече дека помага на неа. Во оваа тема, некој да чита од страна, ќе си помисли дека снаата и свекрвата се венчале и дете направиле заедно па ајде , кој ќе го гледа, кој ќе чисти.... пошо маж нема во приказната.
Мед и млеко течеше од устата на мојата дури не родив дете, се роди детето јас се погрешно прам почна кавги да прај еднаш ме прат будала попуштам, втор прат ме прат будала попуштам е ова третпат веќе беше капаче. Зетот поарен е од мене рецка со не му мава јас нечинам ама ако, ако така нека биди. И сега шо после кавгите дали вредат да се клават нерви и болести, како сега да остам дете да чува бре жени, вакво нешто немам видено ќе речиш од поштовање спрема мажот кавги нечинат. Башка то вели ќе го чувам, ќе го чува два дена после имам работа на флизер сум, а јас работам од дома и сега како, абре речи неможам ќе се бара друго чаре, а не после не ми го давате незнам што. Башка то испитва јадено е пиено ко небаре така ќе си го остам детето ах, бре ах ми иди да си пукнам. Иди кај мене дома (чиста среќа не живееме заедно имав прилика некој месец да седам со нив бевме помеѓу станови ама то башка приказна за други времиња) почнува да наредва џамот отвори, масата фатија ќе се удри слабо е не го раниш безнам шо, а дете е такво е расти виши така му е. Како јас стигнав до ова дереџе да ги знам од вчера не ги знам 15 години се во прашање ама очигледно на крајот сите си ги покажуваме роговите. Фала што ме ислушавте морав негде да си ја испразнам душата.
Јас имав исти пример незнам навистина зошто се менуваат кога ќе се роди дете.И мојава мед и млеко пред да се породам.Откако се породив друга жена незнам зошто е тоа така навистина.Ако зне некој нека ми каже можеби има некоја дефиниција што јас не ја знам.
Нема решение тоа е тоа.Јас едноставно веке не се замарам од едно влегло од друго излегло.Тоа ми е единствено чаре нема друго.Решив дека ке си гледам маж и дете и не и се замарам верувај.
Мојата свеки од петок е кај ќере, бебето качило тт па ќере почнала да плаче и оваа веднаш отрча. И ете денеска и син( маж ми) и зетот треба да стигнат после 3 месеци, таае уште таму. И што да очекувам од таква личност кога за син не мари, камоли за ќерка ми или пак за мене? Имам пишано за неа каква е, и тоа воопшто не се менува. А ќерка и со свекрва седи, не сака да ја види ни детето го дава, само зетот кога ќе стигне го спушта доле. Значи во 3 месеци и тие го гледаат ако се во иста куќа, ама школо од мајка и.
Не им е обврска ако сака и може ќе го чува ако не сака или не може никому ништо.Мислиш дека тие мајки не сакаат 2 саати пауза да испијат едно кафе на раат?Секоја чест на тие мајки што успеваат без помош ама сигурна сум дека да имаат помош би им било полесно.
Си читаш како ти одговара а само јас знам како мислам.Го носам кога имам потреба или кога мајка ми сака да го чува(тоа што е со нејзе ја смирува затоа што му се посветува на него и не размислува за нешто што пример ја изнервирало пред три дена). Детето ми почнува во градинка од Септември а причината поради која што до сега не бил е приватна и нема потреба да ја споделувам.
Ќе бидам сега малку брутална,и јас вака размислував и ок е,секој го сака најдоброто за себе и за фамилијата ама толку шамари сум добила да не знам кај да се завртам.Еве да речеме дека до 30 години ќе заработиш пари,ќе најдеш партнер и се она што си замислувала,па свадба,па свој стан се се таман и сега така среќни и ситуирани ќе сакате бебе,арно ама бебе нема...знаеш колку многу пари требаат за да добиеш бебе на потешкиот начин? Премногу! Знаеш дека луѓето се разболуваат и трошат грдни пари за да се лечат? Ако недај Боже се разболи еден родител и се трошат многу пари за лечење како ќе го лишиш детето од многу задоволства што си ги замислила да му ги пружиш? Знаеш ли каков rollercoaster е животов? Појма немаш! Не е проблем што имаш амбиции и замислен тек на животот,проблем е што многу осудуваш и упорно дрско паметуваш.