Што е во право? Јас мислам @Stressed Out е во право, се објасни до детали, животот е непредвидлив, тој што нема осетено ништо незнае како е да фрлаш пари по болници. Познавам многу такви што се борат за потомство или родител им се разболел, дали знаете колку пари се даваат по болници? Ако не знаете не зборете како не заработиле пари за стан, кој на 30 години сам купил стан без помош од родители? Така лесно демек се заработувало за стан. Тука на форумов сите сами купиле стан, никој не е љубоморен на мажот, а во реалноста не е така.
А што ако не ги заработи тие пари кон кои цели? Ќе се лиши од дете? Животот и те како е непредвидлив. Јас мислам дека девојката е млада сеуште. Нека се соочи со реалниот свет, како се заработуваат тие пари првин? Секогаш има ај уште ова да средиме, ама животот врви. Имам во канцеларија што сакаше се да среди има 35 год и 2 абортуса во 6ти месец. Имам золва која сакаше се да среди па да има дете , ама за жал на 30 год. доби автоимуна болест ( посериозна) која ја спречува да раѓа. Така да животот и те како мава шамари страшни. Живеј го спонтано.
За првата.. и на 20 да родела истото ќе и се десело.. За втората си ја носела аутоимуната болест и пред да и се појават симптомите. На крај не сонува секој да е мајка на 20 години.. муабетов ич не ти е во ред. Демек пропуштиле воз? Еве околу мене имам на 46 прво раѓаат без проблем, и на работа идат и се по ред.
Ниту една крајност не е ок. Никогаш нема да е се погодено за да речеш еве уште дете остана реалноста ,животот како сакаш кажи го знае да ти залепи шамари а се чудиш. Ама па ни раѓање без план не е фер првенствено за децата. Знам пример шо живее во туѓа куќа комплет со старите ,па може сите да ги избркаат ама жената ладно си роди машко дете. Јас сум личен пример кај шо се беше договорено како ќе функционира па на крај ништо од тоа не е испочитувано од свекрвина страна. Арно имаше пишано некој ко ќе се роди внук/а забегаваат и то во мојот случај барем е најточно.
Гледаш како ја промаши поентата? Јас не велам дека им прошол возот, таман работа не се по 60 год. Велам дека животот не оди како што си планирал. Читајте како што пишувам, не си вади сама заклучоци.
Па тоа е факт дека не оди по план. Ама не значи дека некој ако сака да си е ситуиран пред да роди греши а оној кој раѓа па после печали е во право. Некој сака да роди на 20 некој ни на 40 не сака да биде мајка, не сака брак. не сака калап. Секој за својот живот си знае.
И да си ситуиран пред да родиш не значи дека животот ќе ти оди по план. Членката убаво кажа. Толку непредвидливи работи се случуваат што мислиш дека не можат тебе да ти се случат. Знаеш како сум осетила на своја кожа? Мислев дека некои работи се случуваат само на друг. Не ни сонував дека животот ќе ми добие друга насока. И да видиш како планирани пари за стан одат за друго па бргу се вративме да живееме во заедница од нула.
Па немора одма стан да се купува, одма за стан се фаќате, младите прво треба да работат па кога ќе дојде до свадба да си овозможат свое живеалиште. Нека е и под кирија. Скоро сите млади по цел свет праат така а кај нас одма се тупнуват кај свекрвата и после плачки. И парите и те како се битни за се, еве шо викате не дај боже некој да се разболе, пак пари ќе треба, сигурно нема со молитви да го лечат. И за децата сте се фатиле као демек сите жени сакаат деца, не не сакат , некои може сакат да друго поле да се остварат, може децата не гии праат среќни. Кога малку повеќе ќе бидат потикнати да бидат самостојни и да живеат самостојно мислам дека друго ќе биде. Едит: членката убаво мисли дека сака прво да заработи па после дете да прави. Нема ништо лошо во тоа, треба за се да се има план. Дете се раѓа и на 30 и на 40г., подобро да се има план за нешто отколку после да се вика оф леле.
За ова со болеста... Мајка ми нѐ родила мене и сестра ми на 24 и 26 години. На 29 години заболува од автоимуна болест, заради која и е препорачано да не раѓа за да не настани влошување. Да немала родено пред појавата на болеста, немало ни да има деца.
Она што за мајка ти би било хорор ( живот без деца ) за некоја друга не е. Не сака секоја жена дете ! Не сака секоја жена да се мажи на 22 години!! Аман доста со осудување на оние кои немаат дете, кои не се омажиле пред 30 тата..
А каде пиша членката дека би било хорор??? Само сподели лична приказна, не знам зошто одма се пронаоѓаш? Па и да, за некои би било хорор, има луѓе што животот не си го замислуваат без деца. Лошо е тоа? Ако е спремна нека роди и на 20, ние ни ќе и го храниме, ни ќе и го гледаме.
Ве читкам, па да се надоврзам малку. Немам деца, ама за кога ќе имам, ниту сакам мајка, ниту свекрва да ми ги чува. И нема потреба од коментари, роди па ќе видиш дали нема потреба. Имам милион примери околу мене за да можам да знам што сакам што нејќам. Инаку и двете се помлади жени кои работат, така да секако е неизводливо, а и не им е обврска. Плус во друг град живеат, па нивното чување би значело да дојдат кај мене и да живееме во заедница. НИКАКО! Ќе работам само за приватна градинка и дадилки ако треба, ќе се лишам од тоталната слобода што ја имам, ќе макнам дури и дете секаде со мене, зашто нели ја сум зрела личност која кога одлучила да раѓа била свесна кои обврски и жртви ми следуваат. Мајка ми и свекрва ми си чувале деца кога требало. А и секако не се некој role model по кој би требало деца да ми се водат. п.с Некој кога ќе рече колку и помага свекрвата, и готви и чува деца, цревата ми се обрќаат. Воопшто не ми е за восхит и алал
Не се пронаоѓам, ама не треба да ти нацрта некој да знаеш што сака да каже. На форумов врие од осуда на оние жени кои не се омажиле млади, кои поинаку го замислуваат својот живот од традиционалниот калап. Интересна ситуација е.
Не е точно, повеќе се осудени оние кои се зеле млади, па деца, па немаат пари за свое живеалиште, па неспособни се, па шо трчале за брак, па...уште мал милион осуди.
Не е традиционален калап повеќе да се мажиш на 20 години и да живееш со свекор и сверква. Тоа е смешен калап. Зашто мислам така?! Зашто на 20 години ти си незрел човек, немаш стабилна работа зашто не можеш да имаш, а и да имаш примањата не се големи. Немаш сопствено живеалиште, а и да имаш уште си дете во паметот и сакаш да пиеш по кафичите а не домаќинка да биваш. А ако станеш домаќинка, фрустрациите од тоа покасно ќе те стигнат. И проблемот настанува тука. Идеш кај родителите на маж ти кои успеале да уредат некое спратче за вас или мајка ти дома ќе ти даде некој денар за спална оти така е редот. Па свекрвата те гледа и тебе како дете кое мисли дека треба да го учи на памет и домаќинка да бива. Маж ти исто така уште зависи од манџата на мајка му јер ти сакаш со другарките на кафе да седеш не манџа да правиш дома и настанува една општа калакурница. Ако родиш дете, ќе мислиш дека крали Марко дојде и сите мора да се ангажирани околу тоа дете. Која си па ти жртва да правиш?! Им роди внук, шо кукат сега ?! И така до 30 години, двата или барем еден од партнерите веќе шврља на страна, од проста причина неизживеаност и така е, не се изживеани и од сите проблеми дома им дошло преку такво. Еве јас уште не сакам деца, а имам многу повеќе од 20 години Зашто?! Затоа што ми се допаѓа животот без обврски, зашто сакам да си трошам пари на мене и партнерот. Сакам да си патувам кај сакам. Има места што сакам да ги видам, а да имав сега дете ќе беше неизводливо. Сакам уште фустани да си купувам, а не пелени. Сакам да си лежам дома и да гледам серии по 1 месец. АМА кога ќе се решам да имам дете, ќе знам дека тој себичен момент во главата што го имам е надминат и апсолутно ќе се помирам со се што ме чека, психички спремно ќе го дочекам без да кукам секаде како се правам сама, без помош.
Сега за кој се осудите вака безобразни??? @nena2010 Или сега ти одговара вака? На секоја 2ра страна е истото. На 20 манџа не и се правело На мене на 37 не ми се прави, на мал милион околу мене не им се прави ни чисти од љубов, туку од ОБВРСКА! Свекрвата девојко ако е безобразна, ќе те гледа како неспособна и на 40, оти така сака, а не оти си таква. Оти те гледа како баба Рога кој дојде од нигде никаде да и го земе синчето, те гледа како конкуренција а не среќа за син и. Ти може и да си златна, ама за неа никогаш нема да чиниш ако така и одговара на неа и крај. Така да, намалете малку со зборување на памет и со фантазијата дека ако створите семејство на 30+ ќе имате СЕ' и сте го фатиле Господ за м*да
Нема што мене да ми одговара кој кога сака нека си раѓа, ама нека не ми суди за мој избор и за мој живот. Погоре ме изирита постот, едната чекала па сега не може деца да има демек ете и казна место на млади години да раѓа. А за мешање како што јас не сакам да ми се меша некој у матка така и јас не се мешам.